На дистракции мислев пред да почне тантрумот односно да пробате да го избегнете, кога веќе почнал знам дека ништо не помага. Дома е лесно, ставаш перници да не се повреди кога се треска и игнорираш, на улица верувам дека е невозможно. Ама да, ќе отрпнеш ама и конзистеноста е клуч. Ако при секој тантрум зашто нешто не добил стоиш цврсто ќе види не види ќе сфати дека му е џабе и веројатно ќе почнат да се намалуваат. Така викаат во книгите за детски развој
Требало да ја прашаш да не ѝ треба помош да го однесе до кола Не ми се десило во јавност толку драматичен испад, ама сум размислувала ако ми се случи дека баш ќе барам помош за до кола.
Мене ми се има случено, со двете на плажа, маж отиде на пола саат на состанок, со бебе во раце големата имаше страшен испад.. оти намачкана со крем за сонце кожата и се лизгаше и за малце од тегнење ќе паднеше на скала со главата. Тогаш почнав да плачам ствармо се осетив безпомошна и долетаа две жени над 50г и ми помогнаа, го зедоја бебе во раце за да ја смирам големата и од кога ја смирив ме однесоа во соба со си сите ствари. Следниот ден си отидовме на сред одмор дома тоа беше едино кај што ме фати паника, страв дека ќе расцепи глава. Други пати како што кажав сум се праела дека не е моја додека не се исплачи. Десено ми е во лифт во Каптол да сака да стегни на дугме ама една жена се погоди паметна и и рече во лице, јас ќе стегнам и го стегна човек. Вие не знаете кога се отвори вратата како почна да ми бега и застана пред рамстор се фрли на земја и вриштеше. Тогаш ја гледав од страна и обезбедубање отиде да ја прашува мислеа сама е кога им кажав дека е моја се насмевна човекот само бабароги имаше што не гледаа попреку ама кој ги шиша.
Ууу јас сум од тие што ич не попуштаат. И ете не намалуваат, дома си ги имаме секој ден за иста работа најчесто. И ќе му речам ти реков тоа не може и плачи до утре ако сакаш и ништо. Тој пак си се треска и вреска. Јас си го гледам и така Инат е голем, си има карактер дечкото
Ова со удирањето не го решив ни јас. Не знам кај се научи стварно, сега доаѓа и намерно ме мава и чека реакција. Читав дека кога ќе направи нешто така, треба да го оттргнеш од “активноста”. Јас тогаш викам пример, не ме мавај ме боли, ајде да се галиме ама не. И викам ако ме мавнеш уште еднаш ќе станам. И секогаш ме мава уште еднаш и јас станувам и така. За стоп, ние имаме една песна со многу активности, пример трчање, лазење итн, и на секоја активност песната вика стоп. И така си ја пуштаме еднаш дневно, во првата строфа трчаме па песната вика стоп и застануваме. И сега стварно ако му речам стоп застанува.
За сите кои не очекува или ни се случува истово, сценава е одличен пример на справување со тантруми. Ова, да се насмееме малце Многу ја сакам
Така правам и јас кога ме удира. И кажувам дека ќе се тргнам и се тргам. Па трча по мене и се нервира оти не и давам да ме мава. И ја оставам да си мрмка така. Ова со стоп и песната е супер идеа. Ние со маж мислевме надвор, еден на друг, да трчиме и еден да каже стоп, да застанеме и да се смееме, нешто бодриме. Само уште да се погодиме сите тројца за надвор е. Он се враќа од работа и има 1 саат додека она заспие. Најчесто е вечера, бањање и кревет. Сабајле станав веќе зовриена и нервозна. Цела ноќ, од 1 па натака само иде да се гушка, ви раце да ми спие, на пола саат се буди, ме кубе, ме бара. Преморена. Ова трае веќе со денови, море недели де. Или е болна или запче или нешто учи. Ама не можам веќе. Цркнав. Избив сабајле, му реков да ја однесе во градинка порано, да одморам. Отиде он во 7 ипол. Го чекав да се врати да каже како поминал наместо да спијам . Вечер ќе барам што има од апчиња за спиење и ќе се делам од нив. И порака од апп од градинка само што стигна, нема што нема од болести. На прво место инфлуенца и воспаление на средно уво. Ама воспаление на уво заразно ли е? А и вошки има. Ај држ те среќа што и да донесе, полесно да минува. Од умор под око ми отече. Вака и порано ми се дешавало. Кога се видов сабајле, уште и ова ми фалеше.
Држ се сваќе, уште 2 3 години Кај нас коксаки има плус стомачен вирус, одложивме пак почеток, до кога нз, бар 2 недели, се мачиме вака, ама па дирек во оган да го фрлам ич не ми е. Ќе притераме со последни сили, мм денес крв даде и ќе има 2 дена слободни. Шала на страна, мене окото ми игра кога сум мн заморена. Во 4 сабајлево го презедов јас, ама едно станување имав во 1ч плачеше мн и морав да одам да го нацицам за да презаспие. Мм само 3-4 часа исто е спиен. Уште вака тераме по пола ноќ оти не се издржува. Само што јас и тие часа што ги спијам сама се будам, не ми се пак споени. Никогаш уствари и не сум спиела цела ноќ без прекин јас, ни пред деца. Мојов мава по брат му, има и по мене мавнато ама го фаќам за рака и му ја туркам, на големиот на 3 год му имам вратено, така во моментот ми дошло, дал не треба или треба нз, не е тепан воопшто, нема ни да бидат никогаш ама ко ми врзи шамар му вратив, нормално не јако и се зачуди му реков ако ме маваш ти и јас ќе те мавам не ме има удрено од тогаш. Иначе шо прајме за одбивање ако сум до него нон стоп си бара, ми носи перници дека ставам перница под рака и сега сам си носи па си се мести леле мори мајко, заглавив, а велев 2ро дете поќе од година нема шанса да дојам
Чувајте живци мајки, како растат сѐ потешки се. На моево и роговите му растат заедно со него. Овен со подзнак Близнак, скроз си ги има особините уште од сега. Нека ни е со среќа. Тантруми јас успешно избегнувам со дистракција. Го осеќам во кој момент може да пукне и одма менувам игра и средина. До сега пали. Еднаш само имал испад, тогаш кога пишав дека трескаше ствари од земја. Ама после тоа сите тројки беа видливи на непце, па нервозата и нетрпеливоста беше дополнително од тоа. Вака не е нешто претежок, само криво ми е што од ептен мал сам се заигруваше, а сега се послабо е така. На друга тема, доење. Не знам луѓе што е со детево, ама ноќе цица како новороденче. Се буди 49583840 пати и нема шанси да презаспие ако не му дадам да цица. Сабајле пелената е толку полна, да мавнам со неа по некој, ќе го утепам.
Леле Бела исто, партал ми се градиве, не знам што е стварно проблемот, и онака лакомо цица ме влече, се тресе. Луѓе знам дека не е за тоа темата ама ве молам што може да пијам за дијареа при доење. Се исцедив, некој вирус ме фати изгледа, 3 дена сум на двопек и банана и се исцедив, од вц не можам да излезам, а и болки имам во стомакот, па и некое бледо кафеаво крварење една недела пред менструација, не знам што ми стана ама многу му е лошо. Се надевам него ќе го одмине.
Пробиотик, чај од кора од калинка исто помага, ама треба да е сува. Јас си чувам стално така, не ги фрлам па си ги сушам.
Ентерофурил капсули најмногу ми помагаат за дијареа. Скоро пиев кога имав мака со дијареа. Уште дојам и јас, така да слободно пиј
Имате ли давано сируп од темјан за кашлица, докторката ни препиша но во аптеката не сакаа ни да ми го издадат дека бил за деца над 4 години а детето е 18 месеци
За што е тој, за смирување или за искашлување? Докторот ако ти дал сируп за искашлување да си ја искине дипломата, деца до 2ипол години не смеат да пијат такви сирупи, а овој гледаш и до 4г не се дава. Малку несериозно од негова страна. Би го сменила тој доктор без око да ми трепне. Моево има пневмонија, па не ни советуваат никаков сируп, прво да се излечим после ќе видиме.