Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.221
    Допаѓања:
    26.233
    Пол:
    Женски
    Даваат и Мк , без рецепт можеш да си купиш сирупи за кашлица,само што некои аптекарки не гледаат само да продадат нешто туку се ептен информирани, учени и даваат одлични совети ( знам една што буквално знае за се да ти објасни и да ти даде совет).
    Обично сирупите за кашлица се над 1г. Јас ден денес не знам да се искашлам и да исфрлам шлајм. Големава еднаш пиеше и мислам полошо и беше, прекинав на своја рака и се упрај шо знам.. а како што кажав со спреј и со чепче им поминувало за 2-3 дена како нови. Иако ние немаме кој знае колку имано проблеми со децава
     
  2. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    6.441
    Пол:
    Женски
    Сестра ми е аптекарка. Не знам колку пати ме куртулила и од атб,и од такви грешки на доктори. Матичната дава атб, само што ќе влезеш, ама ми се свиѓа другата што работи кај неа и за тоа не менувам. Среќа имам кај да се јавам.
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.935
    Допаѓања:
    203.218
    Пол:
    Женски
    Јас не прашав на форум, си прашав лекар, ми кажа да давам. Им верувам на матичните на децава што ги имаа порано и што ги имаат сега, не прашувам по форуми. Ако се двоумам нешто, со нив дебатирам, и на крај сама решавам, ама најчесто нема потреба, оти досега како кажале, така испаднало.
     
  4. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Не знам ни јас да го исфрлам шлајмот, го голтам, ама далеку од тоа дека некогаш ми направил проблем до задавување.
     
  5. warrior

    warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    497
    Пол:
    Женски
    Леле ве читам за да знам шо ме чека..Синко е скоро 11 месеци, тантруми ако можам да ги кажам не знам дали се ги имаме и не знам ни јас како да се испоставам..Ако не е по негово буквално се фрла на земја и вреска и станува црвен...Како е правилно да се постапи у таква ситуација дека мало е, не разбира дека не е добро и не можам да му објаснам..Дали да го оставам да се исплачи или да го држам додека плачи или да му дистрактирам внимание со нешто друго?
     
  6. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.737
    Допаѓања:
    21.429
    Пол:
    Женски
    Без разлика на возраста, правилата се исти. Пред да се случи тантрумот кога гледаш дека има изгледи да избувне, правиш дистракција. Наоѓаш нешто поинтересно, го криеш тоа по кое што плаче. Ако веќе се случи тантрумот дистракција не делува дур не му помине. Обезбеди ја средината за да не се повреди и остави го да се исплаче. Ако дозволува симни се на негово ниво и гушни го, ако не нека го. За 10ина минути најмногу обично се смируваат. Син ми има неполни 2 години и до сега само еднаш имал тантрум. Секогаш кога гледам дека има шанси да се деси измислувам возбудлива активност и му правам дистракција, секогаш пали. Се зависи и до детето, не се сите исти.
     
    На 1209, Carolin., warrior и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.221
    Допаѓања:
    26.233
    Пол:
    Женски
    На мојава изгледа и пробива долу двојка и 4ка, па слабо јаде предпоставувам заради тоа. Обично ме тегне по цел ден да цица али вчера бевме на детски бањи, 1 недела така да моеме и одкажана е од цицање хаха еднаш не побара дури и кога ја прашав дали сака оти слабо јадена рече не :rofl: бањање е поинтересно секако.
    Она е татина, маж за првото ми велеше дали ќе дочека он некогаш да го гушне како мене, па жена му роди второ за да е залепено за тата.
    Он да ја носи, он да ја преслекува, он со неа да игра хаха јас немам второ дете, ако не е кај него во раце вришти да ја земе, му лупа на врата го прати секаде. Си бараше си доби :D
     
    На Mother of 2boys, 1209, Carolin. и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.160
    Допаѓања:
    40.522
    Пол:
    Женски
    Во врска со сирупите за искашлување и старата матична на големиот и оваа што ги води сега е против, ама никогаш не спомнала дека е заради тоа што не знаат да искашлуваат или пострашно да аспирираат туку едноставно дека се на билна основа и да не направат проблем од алергиски аспект и дополнително влошување. Особено за најмалите. Дури и во козле кога лежеше големиот дека лето и комарци, не искараа да не прскаме средства (мустикер користевме кое е ептен на билна основа) од иста причина, да не иритира дополнително. Ова со незнаат да искашлуваат и мене ми е малку нелогично, зошто даваат и инхалации кои скоро и да имаат иста функција (разредување и исфрлање секрет).
     
    На 1209, Carolin., Mandela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.696
    Допаѓања:
    7.658
    Пол:
    Женски
    Во градов скоро и да немаме педијатри. Општите лекари се принудени да прегледуваат и деца така да често даваат сирупи за искашлување. Сум и дала и јас на ќерка, не сум видела некое подобрување и сме прекинале.

    Во врска со муабетот за алергии и иритирање, педијатар строго ми забрани на своја рака да не пробуваме ни сирупи, ни домашни лекови од типот мед со ова, она. Ваква тревка, таква тревка, како на времето што ни давале. Еден куп рецепти најдовме на база на мед ама за ќерка ми е шубе да пробам и покрај тоа што нас некогаш на времето ни ги давале.
     
    На Carolin. и lackygirl им се допаѓа ова.
  10. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.160
    Допаѓања:
    40.522
    Пол:
    Женски
    Затоа и споделив каков е советот кој нас ни го даваат.
     
  11. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.737
    Допаѓања:
    21.429
    Пол:
    Женски
    Има тема ама гледам не е активна, па тука ќе прашам. Во потрага сум по balance bike. Некои совети како да избереме, на што да се внимава при изборот итн?
     
    На atz1995 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.696
    Допаѓања:
    7.658
    Пол:
    Женски
    Со иста дилема и јас. До лето ќе е 2,5 години.
    Се мислам дали баланс, дали точаче со 3 колца што е, класично со педали, дали тротинет.

    Најмногу око ми фатија овие модели

    https://www.encimenci.com.mk/balans-bike-tech-mint-qplay-bk00105

    https://www.encimenci.com.mk/trotinet-sema-pro-5-vo-1-green-qplay-st00405

    Ако има некој искуство, може да сподели.
     
  13. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    13.184
    Пол:
    Женски
    Баланс бајк ни беше најискористеното нешто. Од две години почна да го вози убаво.
    Баш учат баланс на нив, па кога се префрливме на обичен точак не и ни требаа помошни.
    Не за трицикл, нема ни да го вози сигурно.
    А тротинет е скроз различно од баланс бајк, така да имајте си ги тие две :)
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.157
    Допаѓања:
    111.182
    Пол:
    Женски
    Ајде нека и не е така до искашлувањето, мада доктор пулмолог ми го кажа ваљда знае повеќе не знам, ама сирупите не се сите за кашлица исти, едни се за сува, други за надразнителна, трети за рсзводнување на шлајм, четврти за искашлување, да не ги набројувам, ако не знаеш да одбереш отиде јабана со сируп за смирување ако тоа има зрел шлајм или обратно. Стрикно за нашава ситуација моментално ми рече дека може да направиме беља ако дете се надразнува да кашла моментално зошто му е многу затната плуќата, треба прво да се разводни секретот, да созрее па после да се исфрла. Две деца ниеднаш не сум дала за искашлување а машала имаат голема мака со бронхити и пневмонии и двајцата.
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.221
    Допаѓања:
    26.233
    Пол:
    Женски
    Ние го имаме Scoot and Ride и е преестабилно и цврсто, еве сега второво го користи и потоа како тротинет. Не е со две тркалца ама според мене е супер.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.737
    Допаѓања:
    21.429
    Пол:
    Женски
    Тротинет има, трицикл не планирам. Доби подарок таков што е на буткање како количка, ама до сега не сме го користеле, да се стопли може ќе се вози и во него. Баланс точак обавезно ќе му земеме зошто е многу добро за развојот да возат. Планот ни е пред вториот роденден да го купиме, да го учиме дома недела дена, па да пробаме и надвор, таман ќе запролети. Мислам дека брзо ќе научи зошто дома нон стоп се вози на камионче и коњ што се на тој принцип со буткање. Само ќе треба балансот да го извежба.
     
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.157
    Допаѓања:
    111.182
    Пол:
    Женски
    Да земете и тоа да вози на нерамен терен најубаво. Они општо децата да одат на нерамен терен е добро за развојот на мозокот ама со баланс точаче па е најдобрата работа за деца. И ние имаме тротинет како Скот што е, сличен модел, ама ќе земеме и баланс.
     
    На Mihaela123456, Lavender13, Miss_S и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.737
    Допаѓања:
    21.429
    Пол:
    Женски
    Да да, во парк секогаш го оставам да трчка по трева и песок/земја. Не сакам трчање/возење по бетон од повеќе причини. Уште е како шатка и не гледа пред него секогаш и не е исто да падне на бетон и на трева или земја. Убава занимација е балансот, корисна од секој аспект. И за развој и за трошење енергија. Уште да видам каков модел да одбереме.
     
  19. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    439
    Пол:
    Женски
    Која крема ви се покажала добро за решавање црвенило на пеленска регија? По потреба користев Веледа ама сега како да не делува. Од што одбива да смени пелена и седеше неколку дена подолго со пелените и сега баш е зацрвената. Газето и е во ред.
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.157
    Допаѓања:
    111.182
    Пол:
    Женски
    Судокрем или ако најдеш Панетен во лименка таа, ја нема кај нас веќе, мене од Косово ми ја донесоа.
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.