Му се јадеше, ќе почнеше да јади и почнуваше да плачи и оставаше јадење. Пак пробуваше да јади и плукаше оти неможеше да голта. 3 4 дена имаше тт и испадна коксаки вирус, ова пред 3 год, првото дете. Не велам дека има коксаки, туку да не има некоја афта нешто на грло и да го боли па неможи да јади.. Од паднат имунитет се прават афти.
Епа не е коксаки или афта пошо јас имав коксаки само кај грло афта и над непце, вода не можев 3 дена да се напијам од болка. Може оти е настинато и омалаксано не можи да јади, што знам.. битно течност да пие, кога ќе оздрави ќе јаде.
Вака е супер, вчера и завчера помалце јадеше ама гледам проби двојка долу и четворка. Весела си е, си играт. Вечераше подобро денес, па ќе видиме утре.
И моево станува по цела ноќ за цицање (новороденче кога беше не цицаше волку), и обавезно ме чепка по лице, ме кубе, гркланот ми го притиска до степен да не можам да голтам, меѓу дојки ме гребе и корне и чепка. Тоа е борба, цела ноќ му тргам раце, го покривам гркланот со пижамата, ставам дланка за да не ме стиска, ама се нервира, се бори со мене, ми ја бутка раката, ми ја тегне пижамата Напорно ми е и на мене, преку ден на работа, ко ќе дојдам да средам нешто, легнувам и немам сон ни еден саат. Знам да го скарам зашто стварно многу ме гњави, ама џабе, мора рачето да му шета. После и јас имам грижа на совест дека не го оставам да ме чепка, дека му ја тргам раката и дека го карам, ама напорно ми е без сон толку долго време веќе, одвај функционирам на работа. Сега па и преку ден знае на сред јадење да му текне дека сака да цица, и ако не му дадам тоа е урнебес. Ама успевам некако да го залажам, па бар преку ден да намалиме подои. Во градинка јаде, пие, спие во креветче сам, дома уште е со нас на лежај, креветчето не сака да го види. Јас стварно немам идеја како да го одбијам и кога да пробам, страв ме фаќа Големите пред годинка ги одбив, полесно одеше.