Ako gledas taka se e marketing. Ne samo za manuka tuku i za ovoj od srbija, i za se drugo. Na kraj ostanuva koj kako saka da si gi trosi parite.
150мг, јас комбинирам Неофен и Ефералган. Ако качува на 6 можеш и ист лек, ако качи порано даваш различен од претходниот.
Колку време му треба на еден заб да пробие? Уште кога беше болен последниот пат почеток на јануари, сите тројки побелеа на непцата. Се гледаше цел заб, само не пробиен. Скоро месец помина од тогаш и уште нема врвчиња. Синоќа имавме епизода слична на таа од претнодниот пат. Прво касно заспа зошто сакаше да седи врз кујна, едвај го убедивме. Заспа дури во 22:40, 2+ саати покасно од вообичаеното време. Не можеше да заспие лесно, што обично не е случај, плачеше и се фаќаше за носе/уста. Си реков заби се и му дадов парацетамол. Спиеше мирно докај 1:15 и тогаш се разбуди прво кенкав, ама од еднаш почна да вришти, да се тегне, да ме бута и да бара да оди во дневна. До 3 и нешто беше буден, поголем дел од времето плачеше и ме тегнеше за рака да го носам да седи на плотна. Ама плачење од петици, не знам како грло не го фати. Па ќе се занесе нешто, пак ќе му текне и пак од ново се дере. Откако заспа пак спиеше немирно и заплакуваше во сон и се смирува само кога ќе му дадам да цица. Во носот е затнат и му течат мрсули, претежно проѕирни. Друго нема ништо. Може ли од заби да се затне нос и да тече? Кога ќе му излезат сите заби ќе славам три дена жими се!
@Bella_Stella , за тројки ко да не видовме многу мака. Ама 5киве месеци со ред излегуваат и никако да излезат. Не да славам, не знам што ќе направам ко ќе ги видам излезени.
Можно е да е од забите. Јас би рекла и дека е тоа. Тројките се многу болни, а синко мој многу лесно ги извади,болно беше ама брзо беше. Уште 5 ки ни останаа, ама за нив ми се чини дека ќе има многу мака. Инаку и те како може да се растече нос од заби. Ти пак пропрати да не се појават и дриги симптоми. Ве гушкам
Благословени се тие мајки што децата лесно им вадат заби, верувај. Жално е да се гледа колку го боли, срцето ми се кине. Ќе издржиме, ќе фати уште сигурно година дена дур да излезат сите, ептен ептен бавно ги вади.
Го мачкаш ли со нешто? Ние имавме мака со големата само кога ги вадеше кецовите горе, тогаш така стануваше пиштеше, ја мачкав и се смируваше. Иначе кога ќе вратам филм нананзад некаде кај 22-23 месеци из чиста мира ќе плачеше силно, се фрлаше и не ни даваше да ја земам, не знам дали се работеше за заби или сон. Со малово неаме за сека мака со заби, еве за една недела испадна долу двојка четворка и горе двојка, освен слабо јадење нема друг знак.
Јас многу видов аир од Осанит гранули, првите 4 ги извадивме со мака, земав Осанит и толку беше. Ги има сите заби веќе и супер е.
Фрези Дерм, ама се нервира уште толку плаче откако ќе го намачкам. Забите дефинитивно го мачат, а дали се они единствената причина за вриштењето и тегнењето не знам. Каде можам да ги најдам?
Да не се урочам изгледа јас сум благословена Од кога е родена немам појма кога и излегува заб. Ама и доста е толерантна на болка, не знам дали тоа има врска. Со лесно
Ќе потврдам за гранулите, ги давав редовно и немавме проблем, е после за 5ките ги заборавив и многу тешко ги изваде. Едит @Bella_Stella мене ми ги носеа од германија.
Јас го имам и гелот и гранулите, од германија ми ги донесоа. Јас искрено не приметив некоја разлика и со мачкање и без се понашаше исто. Кога беше болно, тие два три дена, ништо не ублажуваше. Среќа моја брзо му пробиваат забите,само со едната 4 ка имавме мака.
Бела кај нас скоро 2ипол месеци, излегуваа сите 3ки и 4ки наеднаш. Брадавициве партал ми беа, ем плачеше ем викаше, нервозен тоа кога помина детево една недела спиеше по 3 саати дремка на пладне, башка ноќе. Осанит јас од една жена во групите на фб ја најдов ми испрати од Бугарија ги носи. Некоја голема разлика не приметив. Гингигел и дентинокс мачкав, помагаа нешто ама пак кога излегуваа беше плачки. 3-4 дена на давав и парацетамол колку да се одмори и малку да преспие кога баш беше растревожен и плачлив. Сега еве сме иста песна со 5ките пак сите наеднаш излегуваат.
Според мене тој ич не помага.. јас овој и го ставам и кога имав афти од коксакито со овој ја се мачкав Мојава тогаш сама бараше да и го ставам од што и помагаше Ако можеш некако да го набавиш, не знам дали го има таму
Го има, имам истрошено една тубичка, не му помага. На мене си мачкав од овој и од Фрези, Фрези ме отрпна, а овој не.
Како давате осанит редовно? И кај нас е како што вика @Carolin. 3ки и 4ки веќе 2 месеци вади болно и тешко, понекогаш давам гранули ама не знаев дека може и поредовно да биде тоа, секој ден?
Да си се собереме ние што сме тука и после петки у кафана да одиме. Забар тука ми има речено да ен мачкам гелови. Останите давам само по потреба, она кога ќе побара.. имам и Оса гел, значи од истата марка, не можам да ја намачкам, ме јаде и го голта гелчето. Најмногу помага да гризе нешто и навечер ако е ептен болно да се даде пола доза ибу или парацетамол. Две тројки излегоа кај мојата, маж ми вика и горната ја видел. Ја уште не сум ја видела. Ни донесе грип од градинка, она оздрави а ние се разболевме. Маж ко бајаги зеде слободен ден, за да одмори малку. Планот пред три недели беше, да ја однесеме во градинка и ние да одиме на дејт и да поодмориме малку. Марфи не почасти со цела ноќ кашлање нормално, и цела ноќ се будевме сите тројца. Еве она дремка си прави, ние што попрво да фатиме низ дома. После една недела дома, и болно дете, па и родители, може да си претставите нели.