Мене за чудо не ме разранува, ама дур цица осеќам боцкање како да има врвчиња, а нема од тоа што успевам да видам. Добри сте вие колку толку чим до петки сте стигнати. И кај син ми така, сите од еднаш. Не знам што е полошо кај деца што тешко вадат заби. Маката секако е голема, така да може подобро повеќе од еднаш, не знам. Само знам дека ми се плаче кога го гледам. И никако не можам да сфатам како некои деца немаат никаква мака, а некои се мачат толку многу. Не е фер.
Да се пријавам во мајки чии деца тешко вадат заби, петките се на ред ама веќе повеќе од месец дена ги бута тамо прстите и предметите и уште нема ниедна на повидок. Едвај чекам да искочат и да се раатисам малку од тие заби. Нејадење до максимум, само на лева страна јаде веќе долго време, будење вечер сто пати и нервозен преку ден. Лудило...
Колку темп може да качува од заби? Јас и мм сме болни цела недела, а бебо е 3 дена многу нервозен и денес качи 38.5 темп. Други симптоми дека се разболува нема, а до сега од заби не ми качувал темп. Еве не знам што да мислам...
И мене ми го имаат препишано на клиника. Мислам дека тогаш имаше опструкција малата. Јас еднаш и дадов и после ми беше шубе да не не знае да го искашла и не и дадов веќе.
Бела тука ги има можам да ги земам и некако да ти пратам. Ако не се снајдеш пиши ми ако знаеш некој од ск што живее тука ќе ти ги пратам
Фала што се нудиш. Имам познати во Германија, ќе пробам од таму да ги набавам некако. Каде живееш ти?
За Осанитот? Мислам и во мк можеш да ги најдеш, некои жени ги носат од Бугарија. Еве @Carolin. ти спомна. Чудо не очекувај, ама за кратко како да смирува.
Ауу што е ова, од ко заспа од 9 и пол досега станува на пола час и плачи, на цицка заспива и го легнувам се разбудува одма и плачи парацетамол му дадов да не е од болка, ама не... 18 месеци, регресија, плус заби, да не има и скок? Значи не се издржува ова. Го донесов в дневна и го оставив да се изнаплачи, па еве заспа испревртен, ако го покријам одма се разбудува и плачи пак, чорапи слекува а не е толку топло. Ако го преместам одма ќе се разбуди
Швајцарија сум јас. Како и да е имај ме во предвид. Веќе пишале не помагаат 100%, на мојот му ги давам стално кога вади заби исто многу тешко и долго ги вади. Смируваат моментално само малку, ама пак е мачно за гледање
@firequeenn @DaisyDream @Nataliii @meri24 генерацијо проодеа вашите бебки? Моево 13месеци е веќе 2 3 месеци станува клекнува оди фатен за мебел ама сам не се пушта никако, не зима за раце и тргнува да оди ама сам не се пушта си седнува и лази.
Не ме тагна ама ќе напишам. Ќе се пушти кога ќе се осети спремен. Синко мој два месеца одеше цврсто за прст не држеше ама сам никако. И кога се пушти трчаше и стабилен беше ептен. Се гледаше дека и предходно одеше само што нешто го кочеше за сам. Не му се секирај. После е маката, се ќе трчаш по него уживај уште малку дур нема тргнато
Фалааааа ние и вака не сме застанале Детулево е малце како камиказа не гледа каде се улетува,лази, станува, се врти, седнува клекнува рипа и затоа вчера омодре уста се гризна откако лизна нанапред Ама дека гледам до 15месеци требало да прооди викам аман тргни веќе. И моево така зарива ноктиња во прст и брза брза брза оди држејќи се, штом го пуштиш одма на газе се фрла.
Пиши на фб една жена продава, јас од таму ги зедов. Ама и кај мене и со нив и без нив исто е. Мајки ај совет.Сабајле спиеше на грб и многу завлече од носот и како да голтна шлајм се задави, ама и онака како кога иаме киселини ми се слушна од стомакот закркори, го кренав и го исповрати. После се смири, му го ишмукав од нос и заспа, прво фрчеше на носот па престана и заспа. Откако стана, јадеше, какаше нормално, па на двапати закенка и се фаќа под гради вика ме боли мешето, и тоа трае неколку секунди, после ќе го прашам дали го боли пак, вика не помина и продолжува да игра. Други знаци на болест нема, нема тт, нема дијареа, не повраќа, јаде весел е, ама повремено ика, носот се одзатна. А ние бевме со стомачен 2 недели и јас и мм, Не кашлал, ама можно ли е да има спуштено на гради, а да не приметам и да се жали на стомак од тоа уствари?Може глупо прашање ама до сега 2 пати беше болен и тоа ништо сериозно, па се исплашив. А особено никогаш не повратил шлајм.
Исти сме и ние и со кецовите и двојките , а еве сега и со 4ките, затнат нос мрсули прозирни , спиење ужас нервозен у еден збор хаос сме . Кецовите и двојките до 40 температура ги вадеше
Оди веќе 2 недели, самостојно од земја не знае да се исправи, со лазење се исправа на кревет или комода и тргнува по сите соби и не гледа дали има нешто пред неа, модрици има секаде, до пред некој ден беше модра на образ, па на брадата, па на непцето се раскрвави и така. Нас не спука регресијата на најјако, 2 недели и повеќе нема врзано сон навечер, се буди да си игра, тешко заспива како зомби сме по дома
Од ниеден препарат не очекувам чудо. Ама и 20% да помогне ќе бидам благодарна. И малку да има ефект, пак е нешто. Плус мислам гранули повеќе ќе прифати од гел. Од гелот уште толку се нервира. Син ти мислам не вади многу тешко заби, затоа може не примеќаш некоја разлика. 40 температура не е од забите. Вадењето заби ви се поклопува со болест, и кај син ми скоро секогаш е така. Организмот е осетлив зошто има процес, и полесно се разболуваат.
Има ли некој да ми каже дали тука постои специјалист или било што, некој стручен за хранење? Малото ми е 11+++ и уште не сака обична храна, јаде со парчиња или пасирано и џвака мафта низ уста храната, ама нејќе ништо ни од наша рака да проба, ни па сам кога го оставаме не ја носи до уста храната туку гледа само, ја мафта и ја фрла или пушта од рака. Играчки и раце и прсти става во уста, храна не. Ме загрижува па ако има сакам да го однесам негде. Знам за БЛВ за Катерина ама не работи со деца она, ние не почнавме по блв туку со каши и прејдовме на пасирано со парчиња сеуште не сме освен ситно во пасираните, и купечки што се за 12+.
Мојата е годинка и 8 дена, многу брзо де исправи и по мебел се движи ама самостојно не. Знае да направи две чекорчиња и ќе седне.
Ич ич не се пушта. Еве сега надвор бевме стои скроз самостојно му ги тргам моите раце си стои сам, потоа ме фаќа и оди. Ваљда ќе се отплаши па да тргне веќе...