Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Забележувам дека блокмакс има подолготрајно дејство од далеронот. Блокмаксот го држи 6-7 саати ноќеска дури 8ч без да покачи темп, а со далеронот на 4тиот саат покачува. Требаше да давам наизменично, но се мислам дали да продолжам само со блокмакс.
     
  2. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.596
    Блокомакс е бруфен, далерон парацетамол, затоа. Бруфенот е појак.
     
    На atz1995 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.210
    Допаѓања:
    46.823
    Пол:
    Женски
    Пак повратил кај моите, после јадење, значи дефинитивно има нешто. Ако е вирусот како мене и мм се надевам дека ќе помине полесно. Маж ми е катастрофа, веќе беше на инфузија.
    Пролив нема, кажете ми може само со повраќање да помине стомачен? И што да давам.
     
  4. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    983
    Наусолвит капки ни дадоа нас, помина со 2-3 повраќања во еден ден и нормална столица. Неколку дена полесна храна давај му, ќе помине.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.189
    Допаѓања:
    40.553
    Пол:
    Женски
    Од каде тоа дека до 15 месеци треба да прооди?! Мојот првиот прооде на 15, второто на 20. На 18 месеци исто загрижени го однесовме зошто уште не оди, ортопедот се изнасмеа. Му ја виде моториката, дека станува стои и се нормално и ни рече да не се грижиме. До 2, па и до 3 години не е проблем се додека се останато моторички е во ред.

    Давај наулсовит капки за да му го смири стомачето. Не форсирајте храна, само течности, ама бар половина час после повраќање за да не го иритира. Со лесно нека поминува.
     
    На DaisyDream, 1209, Fenix05 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    983
    Не знам за таков специјалист, ама би ти препорачала да седнете на маса сите заедно, барем еден оброк во денот секој ден. Без форсирање колку и дали ќе јаде, после некое време ќе почне да ве имитира.
     
  7. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    983
    Имате ли искуство со враснат нокт на прстето на стапалото? Ги сечам право секогаш ама и се поткршуваат ќошињата некогаш. Сега си стои право исечено ама гледам малце е потечено на страната и црвено, ја боли на допир :(
     
  8. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.870
    Допаѓања:
    9.822
    Пол:
    Женски
    Нас ортопедот ни кажа да оди држејќи се лево десно и да клекнува до 15м тоа го прави од 10месеци ама никако да се пушти. А некој педијатар на инстаграм од Канада ми излезе дека требало до 15 да прооди ако не да бараш физијатар итно. Па гуглав пишуваше до 18 да проодело самостојно. Веќе главава ми е турлитава од рокови
    А да не збориме дека сите роднини пријатели баби стринки се јавуваат секој ден и прашуваат дали проодел?
     
  9. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.596
    Ќе прооди кога е спремен, зарем има дете што не проодело?
    И моето прооде касно, еве сега ела застани го да те видам.
    Опушти се мајка и не се грижи.
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.210
    Допаѓања:
    46.823
    Пол:
    Женски
    Имам да дома се, ќе му дадам. Белким така ќе пројде, додуша и јас само дијареа имав и малаксаност еден ден, ама маж ми дека е со имунолошка терапија, го сотре скроз. Вчера тт му падна на 35, а притисокот 70/50. Се преплашивме.
     
  11. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.189
    Допаѓања:
    40.553
    Пол:
    Женски
    Кај двајца ортопеди сум одела со децава, никој не дал такви рокови. Дури едниот на контрола на 6 месеци ми рече да не се секирам за помалото дека веројатно ќе прооди подацно, ми објаснуваше дека еластичноста на лигаментите има врска со тоа колки стабилни ќе бидат и спремни за проодување.
    Ако моторички е во ред детето не ми правете притисок
     
    На Fenix05 и 1209 им се допаѓа ова.
  12. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.455
    Допаѓања:
    78.925
    Пол:
    Женски
    Ќе се пушти. Големата на 10 ипол почна да оди, а еве малово само кога ќе се осети сигурна по 2-3 чекорчиња и седнува ама затоа на колена лета :D:D:D:D
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DaisyDream

    DaisyDream Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    4.990
    Пол:
    Женски
    Се пушта некогаш, по некој чекор, ама строго ако јас сум пред него, па ќе ми се фрли. Сам да оди се плаши без да се држи за нешто. Многу брза, мислам ќе почне да трча детево директ :D Ќе проодат, кога ќе се осетат сигурни. Нема споредби.

    Мојов и со јадење сеуште е строго на пасирано, или може и парченца, ама јас да му давам. Не е јадач, свашта сум редела пред него, и освен што ги реди и прередува во тањирот, во уста не му текнува да пикне.

    Јас сакам и го чекам да зборува повеќе. Сè разбира, ама само мама, ме (за цуцла), мао (мачето како прави), други зборови не кажува. Бамбори нешто на кинески. Едно време викаше тааааа-таааа, бааа по баба му, ама престана.

    И нервозен е мнооогу. Ама мислам за возраста е нормално. Не знае да каже што сака и се фрустрира дур му погодам. Фрла и растура се, бомба хаос е дома, играчки коцки на секој чекор. Ако ме види дека собирам нешто и редам, инстантно го растура.
     
    На BoNaNa123 и Fenix05 им се допаѓа ова.
  14. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.282
    Допаѓања:
    26.503
    Пол:
    Женски
    Моето почна на 9+ да јаде цврста храна мхммм не на 6 туку на 9 месеци. Почнавме ама со блв одма, спремна беше тогаш, порано не беше спремна и не форсирав. Види вака, ако сакаш блв мора да знаеш дека нема ти да даваш храна, ќе јаде колку што ќе изеде оно и тоа што сака ( пример ставаш ориз, месо, патлиџан) ако сака само ориз ок, ако одбрало патлиџан пак ок, не форсираш. Заврши со јадење тргаш и не трчаш по него и да го молиш. Прво ќе си игра со храната, после ќе покуша да јаде, треба време живци и еден тон чистење.
    Јас имам две искуства, едното не сакаше парчиња, само мазна храна, пробав блв не прифаќаше никако, се гадеше и си остана нејадач и гадлива е уште. Второто не прифати мазна храна и пасирано затоа и не јадеше до 9 месеци цврста храна, па од кога беше спремна за блв почна и сега на 22 месеци јаде без да се капне, не прибира многу.
    Така да вие на 11+ сте и те како спремни за блв само без страв и упорност. Мафини палачинки солени/благи од овошле, ориз, тортили, макарони.. остави да се запознава со храната
     
    На DaisyDream му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LeL15

    LeL15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    481
    Пол:
    Женски
    Знам дека е веќе секако спремен ама проблематиката е во тоа што не зема сам, не ја носи во уста храната само мафта фрла или ја пипа, а раце прсти и играчки става во уста. Од наша рака има земено неколку пати гриз само да проба и се се фаќа за чоколадо, ресана, такви работи додека јадеме ние. Негова храна спремна за оброкот не сака да проба, затоа и ми треба помош да знам барем што да правам насоки и како да сака да пробува и од нас, и сам да грицка колку толку да става во уста
     
  16. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.870
    Допаѓања:
    9.822
    Пол:
    Женски
    Хахаха исто.. не може да трпи кога се средени играчките. Ќе дојде ќе ги расфрли и си продолжува со своето. И моево разбира се, покажува и се тресе од нервоза кога не разбираме. Многу се смешни на моменти со испадите. За јадење исто парченца јаде ама да земе цело парче да држи па гриза нема шанси. Мене ќе ме храни ама сам не
     
    На DaisyDream му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.282
    Допаѓања:
    26.503
    Пол:
    Женски
    Нема да јадеш пред него тоа што не смее. Седнувате сите на маса заедно, и ве гледа како јадете, нема да зњме да јаде ти кажав одма, мора да гледа прво, мора да опипа што е тоа, да почне со храната да игра да ја гмечи, после таа фаза следи пробување. Не можиш чококада да јадеш пред него, замисли пред тебе да јаде некој упорно а ти не смееш? Јас уште се кријам и од поголемата. Ти кажав ако почнете со блв нема давање храна од вас. Имаш апликација и инста страна Solidstarts мене многу ми помогна за да знам и како да сервирам храната соодветна за која фаза е и која возраст
     
  18. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.958
    Допаѓања:
    21.932
    Пол:
    Женски
    IMG_3451.jpeg
    Брунчево на челото го има веќе 2-3 дена. На други места нема. Од што би можело да е?
     
  19. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.282
    Допаѓања:
    26.503
    Пол:
    Женски
    Не знам.. и на моиве им се појавувало и само си поминува и тоа само едно. Како со вода ли е? Пошо кај моите беше така последно на прстето и излезе на големава и го чешкаше, помина само.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.111
    Допаѓања:
    15.077
    Пол:
    Женски
    Не сум ти генерација за малце, ама да споделам. Првото дете застана на нозе на 7ипол месеца. На 9 бевме на ортопед, ми рече ќе прооди наскоро. Пушти 7-8 чекора на 11 месеца, и нешто се пресече. Реално прооде (значи да оди насекаде низ дома без да се држи) на околу 15мес. Значи 7 месеца и требаа од стоење на на нозе и држење за мебел до слободно одење. Во меѓувреме секаде одеше со придржување за нешто или лазење.
    Второво се исправи на нозе на 8 месеца и на 10 прооде и протрча дирекно. Година прави за 2 недели и овие неколку месеца без модрица на лицето не бил. Една ќе помине, друга ќе направи. Минимум 3 пати на ден треска по дома и гајле нема. Едноставно нема страв за разлика од сестра му.

    Така да чим оди по мебел да не се секираш. Реално веќе оди, само да си развие стабилност и сигурност во себе и ќе прооди. Ортопедот мене ме советуваше се да се става на 1 чекор плус од тоа што прави детето. Две табуретки на раздалеченост од 1 чекор без држење. Кога редовно ќе го прави, ќе поместиш на 2 чекора. Друга стимулација нема потреба, и што помалку паткање.
     
    На warrior, Fenix05, Bubish26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.