Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.135
    Допаѓања:
    21.904
    Пол:
    Женски
    E не ми текна на тој момент, да
    Моево дека недоено 3 дена се дереше по цуцла и немав како да ја утешам баш ама ми прекипе веќе, сите слики со цуцли и беа |(
     
  2. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.212
    Допаѓања:
    20.380
    Пол:
    Женски
    Исто! Преку ден и он не цица, во градинка си заспива без цицање, ама ако е дома нејќе да спие дремка без да цица. Викендов шетавме па заспиваше надвор и така успеав да не цица и тие денови. Он не е од тие деца што немаат ред и бараат цел ден, само пред спиење цица. Ама ноќта ме пукнува. Не знам од каде ми е силата следниот ден. Почнав и на работа да одам по 4 саати, дома да средам, ручек, со него и на крај на денот сум како да ме тепал некој. Ќе пуштиме серија со маж ми и ми вика ама заспиваш, е да заспивам седејќи дури од шо сум преморена. За одбивањето мислам треба да стиснеме заби една недела да потрпиме плачки и ќе се одбијат, ама кога да биде тоа. За разни опции ми кажувале, сенф, ланолин, паста. Морам за нешто да се решам и морам во следниве месец дена да го одбијам, доста беше.
    Он не е толку зависен. Стана малку позависен откако тргна во градинка зошто таму на сите им ги даваат без ред. Јас дома не давам освен кога е ептен ептен кенкав. А и он самиот не бара ако не ја гледа, само ако ја види почнува како навиен цуцу цуцу цуцу. Сум примеритила дека кога му е досадно ја бара. Ќе игра ќе му здосади и не знае што следно и одма оди кај што му стојат и бара.
     
    На 1209, Carolin., LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.839
    Допаѓања:
    23.655
    Пол:
    Женски
    Цуцлата е многу лоша за забите, знјате секако ама се прави како отворен загриз кај децата, можда не кај сите ама јас лично до 5 год сум држела цуцла, горните 4 заби ми се сите напред, никако не ги исправив бидејќи сеуште голтам како бебе, т.е со туркање на јазикот напред, како што голтаат бебињата со лазиче под цуцла и напред оди кај забите, после година или поќе нз точно ова треба да голтаме со јазикот горе на непце ама јас од толку години што сум голтала со цуцла не успеав свесно да научам да голтам, пробував, протеза носев и џабе пак се вратија напред забите па док ми рече дури не се научиш да голташ ништо, еве ме 35 год јас голтам како бебе :wasntme: можи и сум еден од поретките случаи и нема секое дете со цуцла ко мене да е :P ама јас од тој страв не ни пробав со цуцла со децава, уствари пробав малку на почеток ама не бев воопшто упорна бидејќи не сакав да држат цуцла, на мајка ми и ден денес и велам да си ме натепала ама цуцла да си ми тргнела.
     
  4. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.616
    Допаѓања:
    7.889
    Пол:
    Женски
    Ма паметно што не си дала цуцла. Ама ете грешки се прават. Моето цуцла за заспивање, и кога се буди ноќта ја бара. Инаку ја плука. Мислам цуцлата да ја тргнеме ќе почне ноќта да ја преспива, не само цицањето. Едно по едно мора да се трга до пролет. Забите кај синко се ок, бевме кај стоматолог. Ама добивме совет да ја тргнеме за да не дојде до искривување. Инаку повеќе се искривуваат од цуцлање прст, така да чисто како инфо да имаат мамаситите ако некое детенце цуцла прст да го одвикнува побрзо
    А јас имам пиено млеко до голема од цуцла,и стално сум била со шишето во уста, ама немам криви заби. Сепак и до детето е
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.212
    Допаѓања:
    20.380
    Пол:
    Женски
    Исто и маж ми. Се шетал со шишето со цуцла во уста до голем, а не познавам некој со поправи и поздрави заби од него. Генерално не се препорачува, ама сигурно до 5 години нема да е со цуцла моево. До 2 ипол максимум ќе го одвикнам. Џабе е и да сакам порано кога оди во градинка и таму сите се со цуцли. Јас нема да му пратам ама ќе отиде ќе ја земе од друго дете, така правеше на почеток, такво си е детето.
     
    На Ceneva и Fenix05 им се допаѓа ова.
  6. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.212
    Допаѓања:
    20.380
    Пол:
    Женски
    Јас па не се согласувам во целост со ова. Ти имаш негативно искуство, ама реално цуцање цуцла до 5 години е многу неприродно од секој аспект. Јас воопшто не се каам што дадов цуцла. И друго бебе да имам пак ќе дадам. Голема помош е според мене и на нив им е утеха во многу моменти. Сигурно дека нема до 5 да цуца, што е многу многу е. Ќе се одвикнат и од неа како што ќе се одвикнат и од доење, пелени итн.
     
  7. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.702
    Допаѓања:
    24.528
    Пол:
    Женски
    Леле јас до 5 сум била со цуцлата, ужас. Јас не дадов ни да двете, мене ми се искривија забите, а мама и тато прави заби имаат па да речиш наследно, па носев протези, маж исто со цуцла горните приви скроз долните не баш. Мене ми е повеќе што како растат се позависни и потешко е да ја тргнеш. Не знам за каква утеха се прај муабет.. ни па ми е природно да мрда со устата цело време посебно тодлер.

    @Ceneva цуцање прст.. јас знам две деца 4+ години со прстот в уста, тоа па исто тешко да го одвикнеш.

    од неубава навика ќерка има кога ќе цица да стои со нозете и газот на горе, а на другата брадавица да ме стипе.
     
  8. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.616
    Допаѓања:
    7.889
    Пол:
    Женски
    Имаме сите неубави навики. Едноставно не се може без нив :lol:
    Нека се живи и здрави само, никој не е совршен :l::inlove:
     
  9. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    1.990
    Пол:
    Женски
    И моето заспива со цуцла. На врвка му е закачена и сам си ја става преку ноќ. Планирам до вториот роденден да ја тргнам. Ако ја види преку ден одма ја бара, ако не ја види си игра. Во кола гледам да не ми ја давам освен нешто ако е растревожен...
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.212
    Допаѓања:
    20.380
    Пол:
    Женски
    Уште во меше дур се цуцаат прст, па кога ќе се родат цуцаат од шише за да се хранат или цицаат од мајка. Нема ништо неприродно во тоа. Ако нема бенефити од цуцлата немало да се измисли и да се користи со децении. Нормално дека како и сѐ друго така и со цуцла не треба да се претерува и да се прави детето зависно од неа. И мене ми е грда слика кога дете е нон стоп со неа во уста. А познавам такви и тврдам дека тоа е предизвикано од родителот. Братучетка на маж ми што има дете на возраст на син ми кога и да ги видам девојчето е со цуцлата во уста. Еднаш ме праша не цуцал ли син ми, зошто он надвор никогаш не цуца освен кога ќе му се приспие му давам за да заспие полесно. Викам не цуца он преку ден многу, и она ми вика ааау не можам јас и давам да ќути, многу писка. :?: Нема правилно и погрешно во ова. Ниту јас сум згрешила што сум дала, ниту ти што не си дала. Ствар на избор е и сѐ што не е претерано, според мене е ок.
     
  11. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.827
    Допаѓања:
    5.838
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella , во нашава градинка и во прва мала група од 2-3 години има дечиња со цуцла.
    Само за инфо, не знам како е кај вас ама да си спремна дека може и понатаму ќе гледа дечиња со цуцла.
     
  12. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.885
    Допаѓања:
    18.108
    Пол:
    Женски
    Мајки, деновиве детево станува со сув памперс, да раскажам што се дешаваше и дали јас направив беља сеа се мислам. Има нокшир од летото и насабајле седнуваше на него јас додека се средував низ вц, почна наутро како ке го седнам да кака обавезно. Јас после 2 недели му го вадев памперсор барем да си кака на раат ама почна да не моча ноќе насабајле да моча и да кака на нокшир и ме фати страв уште цицаше а цела ноќ да држи не го седнував и си продолжи да моча во памперс, ама од декември некаде сам почна да седнува и да го тегне памперсот од него, и пак насабајле мочкаше и какаше ама памперост беше мочан. Еве го три дена не само насабајле туку и преку ден, чека да му го извадам памперсот и почнува да моча, а памперсите суви ги вадам, освен за какање преку ден кака во памперс. Он не знае да каже моча или кака, насабајле станува и оди кај нокширот ама што ке му правам преку ден да шетам со нокширот сегде. Ми вика мм пробај еден ден ништо не губиш ама како ништо не губам кога он не знае да збори прво. Ама ми е страв да не си направи проблем со држењево вака
     
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.212
    Допаѓања:
    20.380
    Пол:
    Женски
    Знам дека има, ама ќе видиме како ќе биде. Не планирам ништо однапред зошто не зависи сѐ од мене. И во одбивањето од цицање и во земањето на цуцла и во тргањето пелени планирам да го следам него и да одам постепено, па ќе видиме.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.827
    Допаѓања:
    5.838
    Пол:
    Женски
    Штом е свесен за потребите без разлика дали зборува или не, јас би пробала и без памперс некој ден. Ќе најде начин да ти каже или покаже што сака.
     
    На 1209, LizzyGrant и Carolin. им се допаѓа ова.
  15. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.135
    Допаѓања:
    21.904
    Пол:
    Женски
    Ама пробај, убаво ти кажува мт.
    Ние имавме еден неуспешен обид околу 2 години, 2-3 дена пробавме и баталивме. А иста ваква беше
    Не знае да каже ама да покаже знае
     
    На 1209 и Carolin. им се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.620
    Допаѓања:
    43.234
    Пол:
    Женски
    Моево па знае да каже, кога го ставам не сака да оди.
    А не сака ни пелена, не можам нзс да му најдам ама уште е со пелени.
    За цуцли муабетот, моето толку што е гадливо, кога ми ставам цуцла сега некогаш да го презалажам ноќеска, го тера на повраќање:D Ја цуцаше докај 5-6м и не ни побара кога ја тргнав.

    Инаку розеви образи од забите се?

    Значи пред два дена повраќаше, вкупно 3 пати во два дена. Мислев вирусот од мене и мм го фатил, се спремив. Денес и вчера е супер, не повраќа, нема пролив, дури повеќе од вообичаено јаде, чат пат се накашлува, ама има многу лиги, значи течат, 6 заба се набабрени да пробијат, скроз се при крај. Мајка ми вели можно било од нив да повраќа, ама што би од нив? Денес приметив цел ден е црвен и топол во образите.
    Стварно не знам што е и што да лечам.
     
  17. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.839
    Допаѓања:
    23.655
    Пол:
    Женски
    На моево му се црвени образите кога ваѓа заби, а деновиве е така црвен не секој ден и не цел ден, на периоди, плус става раце во уста и многу се лигави на периоди, 3ките и 5ките се сега, нема ниту една 3ка пробиено сеуште, ама го измачија. И плус му течат мрсули, сите заби со мрсули ги ваѓа :D
    @Carolin. Пробај без пелена како ќе биде, мал е ама можеби е спремен, штом имал претходно седнувано и ако траело повеќе месеци, тоа му иди како тренинг, можеби се навикнал. Ако не оди ќе му ставиш пелена.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    2.865
    Пол:
    Женски
    @Ceneva син ми од Септември е без цуцла, пред тоа немаше дете што цуцаше повеќе од него. Во градинка го научија да заспива без цуцла, голема помош ми беше тоа. Дома вљубен во една цуцла и ја искина, нова не прифаќаше, мене ми беше страв да не се задуши во спиењето и не ја дадов, веднаш се навикна, АМА уште не ја преспива ноќта:D Сега се буди за чај/сок/вода. И без тоа пробав, баш кога го опериравме од крајниците не смееше да пие од шише со цуцла, и не давав ништо во текот на ноќта ама се будеше и плачеше, после тоа полесно ми беше да му дадам да се напие и да продолжи… и така остана.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.839
    Допаѓања:
    23.655
    Пол:
    Женски
    Првото дете го одбив на 14 месеци со надеж дека ќе ја преспие ноќта, ама не, полошо беше, почнав вода да му давам бидејќи млеко воопшто не пиеше, никакво не прифати, па стануваше 3 пати за вода, конечно почна да ја спие цела ноќ на 2 и пол години, тогаш почна и без пелени исто така, а сето тоа беше откако му излегоа сите 5ки, затоа мислам дека стануваше од забите, можи не сум во право ама така си мислам :D затоа пред 2 и пол не очекувам да спие малово :D а тоа е само уште 1 година :wasntme:
     
  20. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    2.865
    Пол:
    Женски
    Ги поминавме тие 2 и пол пред две недели:rofl: Јас немам повеќе надеж, се навикнав. Нека тера и до 5 ако сака, само нека си ја врати навиката за во креветче. Некои совети за тоа? Значи и да спиеме сами на спална тој ми спие во бубрези буквално, а последно бара да сум завртена со лицето кај него.
    Сериозно бебе ко беше и во креветче заспиваше САМ без да го нишам, имаше периоди кога си ја преспиваше ноќта или ќе станеше само еднаш за млеко. Значи цели 12 часа во креветче одделено од спалната, сега и го залепивме до мене ама не, не сака ни да слушни за тоа..