Ги поминавме тие 2 и пол пред две недели Јас немам повеќе надеж, се навикнав. Нека тера и до 5 ако сака, само нека си ја врати навиката за во креветче. Некои совети за тоа? Значи и да спиеме сами на спална тој ми спие во бубрези буквално, а последно бара да сум завртена со лицето кај него. Сериозно бебе ко беше и во креветче заспиваше САМ без да го нишам, имаше периоди кога си ја преспиваше ноќта или ќе станеше само еднаш за млеко. Значи цели 12 часа во креветче одделено од спалната, сега и го залепивме до мене ама не, не сака ни да слушни за тоа..
Оф мори мајко јас спијам на спална со големиот, моментално 6 год, не сака никако в детска, таму спие мм рече си напрајв детска за мене в креветче почна да спие на година и пол и спиеше до 4г и 8 месеци дур се роди брат му, јас и мм на спална. Сега малово спие в креветче, па јас и до мене лево големото повлечен е и емотивен многу, тежок карактер е, затоа не форсирам дури сака нека спие со мене, а план ми е на лето здравје двајцата во детска, таман ќе биди 2год малиот.
Да не се плукнам покасно. Ама искрено ќе гледам никогаш да не дојде до тоа маж да излезе од свој кревет. Мене ми е неприродно детето да спие со мене а мм не. До сега сум упорна 10 пати станува 10 пати го враќам во креветче. Го оставам баш ретко покрај мене. И план ми е пред трет роденден да почнувам да го навикнувам во своја соба, дај боже да успеам. Уште сега си стискам палци за среќа
Ние сите тројца како сардини спиеме заедно. Бегаше и мм во дневна ама се фати кутриот па се врати на спална. Сакам да му купиме кревет во вид на автомобил бидеќи е мерак за автомобили, па да видам ако го излажеме за сам да се префрли во соба, ама ако станува вака… Поплукај си, бидеќи исто зборував и јас па и ова ми тропна на врата. На сите му солев памет како на детето му е место во креветче а на мм до мене на спална Залепен до мене спие, еден период го преместував во креветче, сега сеќава
Многу е потешко кога ќе дојде второ дете, тогаш првото прави чекор наназад и се што успеало да научи, кога ќе дојде бебе се заборава. Мојава има 5 полни, уште станува на вечер, јас ако ја сетам ќе ја презаспијам и се враќам во спална јер бебе нели, а маж не можи и си легнува до неа и спие од 2-3 саатот до сабајле спие во детска. Нема не природно природно кога си мртов уморем, те чека работа од 7 саат, сигурно нема да се рашетуваш низ соби за да презаспиваш дете. Јас сум рекла, никогаш за дете не викам никогаш пошо дур не дојдам до тој степен можам да кажувам после ама се паѓа во вода.
Па ни јас не велам никогаш, затоа реков да не се плукнам покасно Друго дете немам во план да имам да бидам искрена. И ќе пробам да направам како што мислам сега. Ќе ми треба среќа голема тоа знам
Баш вака, се враќаат чекори назад, се прават бебиња големите мене ми е уште убаво да си спијам со децата големиот спие мирно и цврсто, нема шанса да се разбуди, дури не сеќава ако заплачи брат му, ако плачи подолго сеќава. А многу често крв му течи од носот и така станува сред ноќ со крв, па многу пати се плашеше, што е. Ама ко што реков здравје на лето ќе пробаме 2цата в детска.
Како единче ќе научи, мојава од кога и се направи детска си заспива сама и си спие ама и си станува вели кога ќе спие сестра и со неа тогаш нема да станува. Јас се надевам дека второво ќе сака со сестра и пошо се поврзани многу, ептен се блиски. Не очекувам да почне да спие цела ноќ бар до 2 и пол години ама ако нема веќе станување на вечер мислам дека ќе се препородиме. Маж пак и да си спие она без да стане, оди во соба да ја покрие и ја буди
Прв пат после 18м легнавме заедно на спална, а мм во дневна. До сега ми нема качувано температура и не ми се ризикуваше да спие во детската зошто качува на 4-5 часа. Се надевам откако ќе оздрави пак ќе си спие во собата без проблем. Не знам што би правела поинаку..
Ова ме подсети на мене.. ехх ама јас голема средношколка, чим настинев одев кај мама на спална и ми беше најубаво, ќе си се уселев таму и тато избркан во дневна аку голема бев, најтопло и најсигурно ми беше со мама. Па оти се мажив многу млада, пред да си заминам кај мм, со неа си спиев А замисли тие мали плашливи душички што уште се на светов им е мама и ќе ви признам уште нешто, пошо големото спиеше нели со мене до 4г, кога прв пат рече ајде чао одам јас и си легна во детска сама, пукнав од плачење брзо се менуваат работите, брзо растат, колку и да е напорно и тесно и " не им е место" кај нас, еден ден менува се. Јас само потајно се надевам дека ќе се исти како мене и ќе бараат мама да ги гушка и кога ќе се големи.
Да секако, ако доаѓа наутро да си легнува до нас или почувствувам било каков страв кај него дека не сака да спие во својата соба без размислување би го оставила со нас. Но тој и сега немаше да спие на спална туку јас го ставив за да го проверувам.. ќе видиме натаму
Како се справувате со бебињата кои спијат во креветче а започнале со стоење? Веќе од 7ми месец почна да се исправува на креветчето но немавме толку проблем, сега е 12 месеци стои сам, почнува по некои чекори да прави, но највеќе ако се држи до нешто оди без проблем. Секоја вечер кога ќе го легнам за спиење не сака се буни, плаче и одма станува се исправува и не сака да легне. Напоменувам дека уште од прв ден он си спие во креветче. Сега после цела година не можам да го заспијам. Почнав со начин да го заспивам до мене, па кога ќе заспие длабоко да го преместам во негово креветче, но чим стане вечерта се под разбуди одма се исправува и плаче. Помош?
Во иста ситуација бевме, не само што се исправуваше него пробуваше и да излезе, веќе беше опасно да ја оставам така. Го спуштив дното на креветчето на најдолното ниво, ама дека сум ниска веќе беше невозможно да ја спуштам заспана без да се разбуди. Сама да заспие пробувавме долго, со некои понежни методи ама ништо не успеа. И тука попуштив и ја земав до нас на спална. Исто од прв ден си спиеше во креветче и викав дека никогаш нема да ја земам на спална, дека сум со болки во кичма и лошо спијам се вртам, неудобно е и страв ми е, ама немав друг начин. Слушам совети и јас ако има нешто што може да не спаси
Исто се случи и кај нас. Плус откако почна нон стоп да е болна, се одлучи скроз од креветче. Сега нема шанси да ја вратам пак. Ама тоа, кога ќе се разбуди и по неколку пати стани крени, грб боли. Си мислам нека ја кај нас уште некое време, па од лето може да се пробаме со детско креветче некако. Или и тоа ќе стои така, а она ќе спие со нас до трето одд.
Ќе го земеш смириш и заспиеш и се така во круг. Кај мене е таква сликата. 10 пати да стане, се исправа да го земам, се смируваме, заспива покрај мене и го враќам назад. Ала не спијам ама тоа е мој личен избор за да не се одвикне од креветчето. Кога е покрај мене, станувам цела укочена и не ми е тоа решение. Повеќе ми сметаат болките во грбот, отколку тоа што не спијам, и затоа бирам да го враќам на секое будење
Сто пати станува се исправа, сто пати го презаспивам и го враќам во креветче. Друго не знам. Најново е што почна опулен да си стои по 2 сати секоја ноќ. Уствари не ми е ни тоа ново, со големиот истото го поминав и него дури го оставав да си поигра од што немаше шанси да презаспие. Малово не можам да го земам на спална, големиот уште спие со нас и шутира на сите страни. Летаат лакти, колена, нозе... опасно е. И тоа ми е решението, ќе стане ќе го земам ќе го заспијам, го спуштам за 5 минути пак станал и така во круг. Синоќа после 2 сати презаспивање и будење му го предадов на маж, му викам шо сакаш прај му до сабајле, не спие ако сака веќе и цртани пушти му не можам веќе. И отидов да легнам, нормално дека не можев да спијам и по 15 минути станав да видам дали го презаспал. Овој со цел ум стварно ме послушал и цртани му пуштил во 3 ноќе. Некоја вечер ќе се фрлам низ прозор, при крај сум веќе.
Исто и кај нас се случи, година и 5-6 месеци имаше, се разболе и престана да заспива во раце за да можам да го спуштам после во креветче. Заспива на спална и си останува таму. Мене не ми пречи, јас си створив друг мајндсет по ова прашање. Се искривуваме некогаш да, зошто спалната иако е голема он спие како шериф, ама од друга страна ништо не може да ми го замени будењето со него до нас. Во последно време почна да се бута де во мене, де во татко му и така гушнат да спие. Епа нека си фаќа прашина креветчето, ми е гајле. Еднаш е толку мал. Убаво ќе беше и да останеше да спие во него, не викам не, ама убаво е и вака. Има многу бенефити од cosleeping. Е малку ни фали со таткото да се гушкаме, ама тоа во дневна.
дневната за гушкање, од ко е роден првиот Сабајлево крена тт малово аѓа не е висока, 37.8 па 37.6 ме дадов ништо, се си мислам од забите е, ама ќе видиме како ќе оди натаму. А никој не сме болни дома
Луѓе 2-3 дена како е болен, кака еднаш на ден, нормална столица ама некако многу крем/бледа. Не е бела и сивкаста, тоа знам дека е знак на проблем со црниот дроб, ама сепак е бледа. Скоро сум сигурна дека од стомачниот вирус, ама се десило ли на вашите да имаат ваква столица со стомачен? Инаку не јаде ногу повеќе е на цицање, ама сепак каснува нешто. Онака си е нормален, може треба да идам да му земат крв, ама стварно мислев да не го носам вака кога изгледа добар на доктор во сите други болести…ич немам ум.