Бледа имаше мојава, тогаш лежевме на болница оти повраќаше и имаше стомачен ама беше 8 месеци и затоа лежевме на болница. И земаа примерок од кака и испадна некој вирус, ни рекоа на секое да се дезинфицира дома и да не излегуваме неколку дена т.е да не се мешаме со луѓе е сега ја не знам што имаше тогаш името не го знам ама сите бевме покосени така да изгледа ќе да е од вирусот ама оти не кажеш на педијатар? Може ќе ви предложи испитување
И пишав на матичната уште не ми е вратена. Мм денес остави примерок од столица, по крвна слика кај него вирус покажа, ќе видиме што ќе каже столицата. Инаку јас и мм бевме покосени, јас 5 дена, он ете втора недела веќе, вчера дури престана дијареата, два пати беше на инфузија и ептен му беше лошо. Мене ми беше лошо ама функционирав, нема шанси детето да го има одминато јас мислам дека е тоа, ама дека ми изгледа ок, само еден ден повраќаше во петокот ноќта и сабајле сабота, 3 пати вкупно и толку, затоа не сакав да го носам, ама сепак мислам дека утре ќе го однесам за крвна слика. Инаку не сме мешани со народ дома си седиме оти знам колку е заразен стомачниот.
Син ми пред да го покоси вирусит имаше таква столица, мислев јадел нешто во градинка и не обрнав внимание ама еднаш беше само тоа. После 3 дена се појави вирусот..
Ох леле, пишав на матичната, рече ако се влоши да го носам, ако не, да продолжам вака само. Мојов има ваква веќе 3 дена, само варира со нијанса, мислам дека веќе е со вирусов само не знам дали допрва иде полошо.
Во најлошото кај нас беше вода со црни кончиња.. ама тоа дека не јадеше ништо, како што кажа твоето јади се можеби затоа е со таква боја. Давај ориз, варен компир, банана кога веќе јаде. Исто тие про лајф шишенцата многу помагаат и ентерофурил. Кај нас ништо од ова не помагаше додека не помина вирусот еве денес еднаш имаше потечно ама веќе оди на подобро и црвенилото се повлекува. Ми кажа докторката да не давам мрсна храна никако бидеќи ќе го повтори.
Големата почна кај нас среде ноќ со повраќање и со маж отидоја на детско оти едвај почна на нозе да стои, таму се напи од магичното апче со не знам какво апче е тоа ама 2 пати има фатено стомачен и два пати тоа и го даваат, се враќа од болница како нова. После 2 дена малово ама тогаш немаше 8кг за да и дадат и неа од апчето и примаше инфузија, за тоа време маж и мама беа катастрофа, јас избегнав некако не беше страшно. Големава беше на аеродеом во Вц, така мислам закачи нешто. Затоа ич не сакам толку мало вадење на памперс, ние сме луѓе што се нон стоп некаде отидени, а не секогаш е опција надвор да го извадиш да си заврши работа.
Еее по аеродроми уште нокшир ми фали на тој багаж ама да сигурно е практичен како и да е не сум за одбикување од пелени порано
Море поарно место уште за еден нокшир, само да не фати нешто од јавни вц-еа. Јас планирам да си земам кога ќе почнеме со одвикнување
Не бре, еве денес не е црвен. Значи секој ден некој симптом има, а ништо така саглам да е неарен да знам што му е. Ем не е вака да речеш болен е, ем се гледа дека не му е баш се топ…
Јас идам тука да си поплачам, ама како г... се осеќам да знаете. Нели мојата има навика да станува среде ноќ и да седи будна. Епа синоќа избив, почнав да и се дерам, излегов од кожа. Она нит се расплача ни ништо, само лежеше знаеше дека сум нервозна, ама ете не сакаше да спие. Секогаш скоро кога е вака, се дешава после нешто. Проблемот е што мене се ме боли, и температура имам мутава, и затната сум во нос и не спиена бев два дена. И сега ја однесе сабајле татко и во градина, јас ќе ја земам. Ама толку ми е криво, поима немате. Еве си потплачнувам. Ама ме боли кога ме тегли за коса да се успие. А вчера буквално цел ден ме теглеше. Сега ми е оти знам дека нешто не е како што треба. Зборување се пушти, на два јазика почна да кажува зборови. На мк дури и по два три ги сврзува. Презадоволна сум од тоа како се развива. И одењето скоро па ќе го усоврши ко што треба, оти нели покасно почна па баланс не знае баш секаде да држи ама и тука е добра. Заби, штом цивка мора да ја боли нешто. Дали се пак заби или ја повторува вирусот, а вчера прв пат отиде на градинка после 10 дена. И имаше супер недела предходно, сите на куп, правевме излети. Се ново ама со двајцата нас. Гушкање и оп не знам од каде сега ова. На целата мака што ми е, и што не издржав значи толку ми е тешко што и спискав. На крај се сврте на меше и си заспа. Ама има мака а јас не знам што и е.
Не се обвинувај мајка,сите сме горе доле со исти маки. Иако некогаш знаеме да им најдеме тактика да ги смириме,некогаш (особено ноќе) и заморот си го прави своето и ти си душа со емоции и ќе експлодираш. И ние имавме бурна ноќ. Во процес на одбивање од доење сме, почнавме пред еден месец,веќе 3 недели цица само во текот на ноќта,ама не само да цица туку и да дреме потоа долго иако нема млеко. Мене толку иритантно ми стана тоа што ми доаѓа да вриштам ноќе. Млекото скоро и да го нема,ама него не му е проблем,ќе тегне на суво. Ноќеска се разбуди му дадов поцица и толку снема млеко. Се тргнав,почна да вришти, да ме удира,да клоца, да се тегне,а при тоа мижи. Едвај со триста маки го заспав реков не давам веќе ако треба будна ќе седам до сабајле. Во текот на ноќта имаше уште два испади. Јас полна со гнев едвај заспав. Сега он спие јас треба да правам ручек и други домаќински обврски. Вечно ненаспани мајки...
Не треба да дозволуваш да те тегне за коса. Од тоа имате обврска вие да ја одвикнете.. на секое тегнење, мама не се скубе - спушти ја долу. Зошто ѝ дозволуваш така?
Za stomacen virus samo Gastrozol barajte da im stavat, vo bolnica preku infuzija. Nas nekolku pati so toa ne imaat spaseno, odma deluva. Sea neznam dali ima sekade za deca i dali stavaat, nas vo Sistina toa ni stavale. Bas lani od odmor se vrativme so stomacen site i bebevo tamu vo bolnica na infuzija barav gastrozol nemase, koga stignavme vo mk pravo vo sistina odma stavija i bas prasav mi rekoa deka go nemaat segade zatoa. Ama jaka rabota e.
Јас ќе бидам од оние мајки за кои викаат: не си го воспитала детето многу е лошо. Ете само тоа имам да кажам зошто ќе пукнам од нервоза. Не е можно толку да може да те изнервира 18м дете.
Мила и мојот се буди по 100 пати и ржи, јас се расправам со него од умор, мм се смее утрето и ми вели види се сега го гушкаш а сношти се расправаш со детето. Уморот си го прави своето и јас искрено немам грижа на совест што му викам некогаш. Па нека бидам и нај не мајка. А кажав еднаш ме скубна и му вратив да види како боли. Од тогаш ме нема фатено за коса, само ме гали. Ние сме тие што поставуваме граници, они не знаат што се граници, мали се. И мора да и покажеш, кажеш дека тоа не е добро што ти куби коси. И дај веќе доста си правиме притисоци и наметнуваме кривици ако и подвикнеме. Леѓе сме бе луѓе, не роботи. Те гушкам и опушти таа душа малку и диши
Леле денес ми идеше да го оставам цел ден у соба. 2 дена пека да одиме кај езерото, одиме денес, не сака да оди, да му биде во раце сама. Леле пукнав... Замисли дете 12 кила, шуќур качи кило, у раце, ај не е тоа толку колку што сме наоблечени, се лизгаат јакни, шалови, капи, тешко ти е, мачно... У раце го држам и ми заспа човекот, заспа еј, во 11, а стана во 8. Се прибравме во соба и не заспа до 2. Е сега ќе биде весело. Четврти ден сум 24/7 сама со него у многу сум уморна, едвај чекам на работа да отидам.