Малиот е 22 месеци, уште од мало бебе имав проблеми со јадење, воопшто не беше јадач, плус има и ниско железо. Сега поткаснува , но, со цртани. Ако јаде во дневната јаде со шетање јас да трчам по него и тв пуштен цртани, а ако јаде во кујната, пошто ми е посебна од дневната, јаде на маса во неговиот стол заедно со нас на маса, и пуштен телефонот цртани, ве молам што мислите, како да го прекинам ова? Пошто сум загрижена не зборува само баба кажува и понекогаш мама, и нешто на негов јазик, нешто разбира од наредби и слично, исто така и добро слуша, му пуштам само кога јаде ( да напоменам и бавен е во јадење) многу сакам да почне да јаде без екрани, ама како........
Дали да сум загрижена во врска со зборувањево? Со оглед на тоа што изговара баба и понекогаш мама, вака изгледа за здраво дете.... Слуша, разбира...
Не знам што да ти кажам освен да пробаш, друго нема. Обиди се да направиш форми од храната, маче, куче, брод, најди инспирација на интернет. Направи приказна. Јадењето со телефон не е воопшто начин да јаде, напротив, проблем е. И сега пак ќе почне муабетот со Ама ти немаш нејадач! Знам совршено како е. Еве сум на одмор со малово сама, кога како ќе му текне е, еден ден јаде друг не, денес изеде цела мекица и сиренце, вчера ништо за доручек. Телефон не ми текнало да пуштам.
На скоро 2г треба да има поголем фонд на зборови, ономатопеја, да имитира звуци, показен гест, да извршува наредби... Ако он само гледа тв или телефон и вие бутате храна, нема никаква интеракција. Јас роман раскажувам за една кришка леб, види сега како ставивме сиренце на лебот, како да е багер го направивме, ајде сега полека багери носи го сиренцето до устата на Марио... Во тој стил ни е секој оброк. Мора многу да комуницирате со детето.
Зборува, има 25м. Знае да каже кај сака да оди, што сака да прави, што сака да јаде да пие, да гледа, пее песнички, нозе, раче, глава, мачиња, кучиња, коњче, спушти ме доле, земи ме... Има прилично муабет и разговараме.
Еве една виртуелна за сите мајки. Не се обвинувај, нормално дека некогаш ќе спискаш сепак сме само луѓе. И мојава има навика да се буди да си игра по 2 саати, што и да направиме не сака да спие и готово. Па сигурно еден месец нема врзано сон цела вечер, пред тоа знаеше да не почасти ама сега не. Денес згора на се се разбуди во 5 сабајле и не сакаше да спие заспа дури во 10 . Легнав и јас ама после полаа саат станав со огромна болка во грлото, вака ме нема болено со години, сигурно имам закачено некој вирус па да видиме кој е следен Да помрчам уште малку, уште не сака да јади едвај по некој залак и стварно веќе не знам што да правам.
Прва грешка што трчаш по него за да јаде, втора што даваш цртани. Ставаш на маса, сака да јади ок, не сака тргаш, нудиш покасно и така во круг. Си имам јас нејадач дома, 5г е, денес е јадена само банана и авокадо. Не била гладна ооокееееј
Еј ова најубаво тука на одмор сеа го изведов. Знаеше и моево да негодува, да се влече, ама сеа у хотел не ќе седиме на маса 2 саата, станувам за 40мин и да го видиш ручекот како го јаде во еден здив, вечерата исто. Нема грицки, нема сто ужинки да задене дома, и како јадеее...
На што се должи збеснато заспивање? Обично заспиваше релативно брзо, цица, ќе се поврти лево десно и за 5-10 мин го нема. Преретко се случувало да се помачи да заспие, да се врти низ кревет и да прави салта. Сега секоја вечер ни е таква. Го носам на спиење во типичното време, го гледам дека му се спие. Ќе дојдеме во спална, ќе изгасам светло, ќе се нацица и почнува со лудории во рок темница. Пее, збори, се качува врз мене, ме гушка, ме штипе по брадавици и се кикоти и сѐ тоа трае добри 30-45 мин, па од еднаш ќе почне да квичи и за брзо заспива. Неделава е особено возбуден и преку денот. Он и така си е многу динамично дете, ама сега ептен е зазборен, по цел ден збори и пее на неговиот јазик, дури и кога јаде.
Учи нешто ново, најверојатно ќе почне да зборува повеќе веќе. Еве го и на 25 полни месеци, почна да учи повеќе, изненади денес до броење до 10 и боите основни, ама затоа збес за спиење го фаќа. Сака да каже се што научил а не може уште. Мојот се кара со мене како стринка и мафта со прстот, ме имитира, па со рачето не не ми прави ако нешто не му е по ќеиф... Еве го почнува журката, а стана реално доцна, во 5, како ќе заспие не знам.
Па тоа тоа, јас лани на одмор не сака да јаде и тоа од се што имаше она шпагети суви, а ручек не јадено ништо, цел ден по плажи и типката одлучи да се тегнеее, да не јаде ок ја остадов. Секако мини диско го пропушти, стаса кога се поздравуваа и рикаше два саати. Следен ден да видиш како знаела да јади без лигавење, прва се нацрта таму. Аку акуу така ќе научиш ќерко дека тебе никој не те чека. Не те молам ама живци губев кога ја молев, вака еве ти имаш јадење, сакаш да јадиш јади, сакаш не ти биди гладна. Сме имале и ситиации кај што не попушта вели ме боли стомак за јадењее и си зема сама чоколадно млеко да пие. Епа нема, дома немаше една бисквитка, ништо се дур не научи дека благо нема јадење пред да јадеш солено ( додуша и запекот ни помогна многу) и тоа 1 коцка на 3 дена смее. Детево ми е препородено од кога не јаде благо секој ден, не беше количински многу ама зарад маж шо мисли дека вкусот на риба или јајце мора да се тргне, ќе си апнеше благо. А Мк со баба и дедо ја шеќердосуваа, па мораше да се 'ржи. Сега има на дофат ама не смее без прашање ништо да земе. За се има чаре, отрпнуваш од пискања и за недела дена имаш ново дете дома.
На 20 месеци треба да има 15 зборчиња со значање, ама пак оставаат простор и до покасно логопедите, зошто секое дете е различно. За јадење нуди го моли го, ако не сака остави го. По пола саат пак пробај. И ако треба скокни и оброк у прво време, кога ќе огладни ќе јаде. Јас така со моето, со молби ама заменско не нудам и сега малку подобро почна да јаде да не го урочам. Пуштам цртани и јас при крај од хранење некогаш, сега е тоа се поретко. Ама кај нас цртаните немаат ефект да се загледа до степен да биде како хипнотизиран. Туку си зборува што гледа, ако е крава тој одма крава му му, итн. Ама кај вас ете не е случај. Затоа пробај да му ги скратиш цртаните. И многу сака да им се зборува. Зборувај му дур јаде, раскажувај приказни, пеј. И биди упорна. Др совет немам.
И мојов нешто се буни не сака да легне а му се спие. Ама пак препишувам на тоа што е станат како прав папагал и само си кажува нешто. Брои до 10 како ништо. Сака боите да ги учи. Имињата на сите ни ги научи. Значи баш период со голема промена во развојот гледам, посебно во говорот. Плус тоа што е преактивен и не седнува на газ. Денес случка звони телефонот фиксен и тој звони звони и отиде го грбна и го става на уво и вели ало. Само си реков кога бе порасна и на тел да се јавуваш. И ете ме од премор ќе се помачам сега да заспијам и кога тоа ќе се случи, тој ќе стане. Баш едвај му ја пратам енергијата периодов. Ама нека се здрави живи и енергични. Тоа е знак дека се здрави
Моето е 22, зборува, пее, разбира, ја знае азбуката. Имиња на сите, може слободно да си збориш со него за се. Да не ме сфатиш погрешно не дека се фалам со мето ама дефинитивно само мама и баба на 22м е малце, искрено. Да напоменам дека и моето гледа цртани, а и не јаде, ама некогаш и цел ден ништо да не каснал не пуштам цртан. Обично со книга пробам да јаде, ако сака да гледа нешто му пуштам видеа од него или да се јави на баба му да думаат. Нема да даваш екрани за почеток, никако, и јас би се консултирала со специјалист на твое место чисто да знаете дали треба да се реагира.
Ако веќе мора со екран подобро покажувај му слики од него, со вас, клипови и зборувај му во меѓувреме. Не го оставај сам да гледа, прави интеракција во меѓувреме со вистински ликови.