Броиме 2 дена со тт, само мрсули малку има др ништо, матичната вика мешана крвна слика, рече антибиотик ама не го почнав реков ќе почекаме малку. Иначе супер е јади, пие, кога крева има треска и омалаксува и само в раце сака, штом спушти нормално се како да немал ништо. Му се пуштаат секој ден нови зборчиња ама не ги повторува, ќе кажи еднаш и толку, вака памтам и првото правеше, па после почна се да зборува чисто. И мене ме штипка ситно кога цица и ме боли и ме нервира, му ги трагам рацете ама пак почнува и така се бориме Кај двојазични мислам дека е нормално дури и после 3 год да се пуштат, или на пр ќе зборува повеќе на тамошниот јазик, ама штом ќе почнеле да зборуваат 2та јазици ги зборувале. Едно дете родено Германија до 3 год само на германски му враќаше никако на македонски, а баба му се смееше вика никако да се разбериме
Синко има блага темп, 37.4 Прашањето ми е дали може да се 5 ки иако вели нетот од 24 до 30 месеци дека они пробиваат, да е кај нас порано тоа? Го бута прстот таму назад, ама не ми белеат десните. Само да не е некој вирус. До последно трчаше,весел и се. Кога го успивав го сетив како топол, мерам оп
Јас не будам кога спие мирно, кога има температура што бара лек, сам се буди. Само разоткривам и следам. За 5ки не е рано, познавам деца на возраст на нашите што ги имаат сите заби. Ама 38.5 не е од заби.
Го правев сирупот, ама моево нејќеше ни да чуе да се напие, а не е грд. Сецкаш на ситно кромид, го заливаш со мед, да отстои минимум 6 часа и процедуваш. За кака и моево кажува, ама далеку е од спремно за да тргнеме пелени. Пред да се искака се фаќа за пелена, прави една смешна фацка и вика ‘кака’ или ‘какаџи’ и одма почнува да кака. После следи бегање зошто нејќе да го пресоблечам, и така. Планот ми е здравје на лето да пробам да го одвикнам, ама ако видам дека е спремен, не се форсирам нешто пошто се мали уште, не е толку итно.
Сируп или чепче? Моево сирупи не пие, а и некако ми се чини невозможно во сон да испие, сум пробала и плука. А чепче без да го расонам тешка работа.
За сируп зборам. Пикам шприцот усмерувам во образ и на два три пати стискам. Ова со големиот,имал антибиотици на 6 часа за кои морало и ноќе да ги пие. Со малото уште не сме имале потреба.
И мојот вчера до 38.5 го држеше од кај 4 некаде, па со расоблекување симна на 37.8. Не сакаше после доручек ништо да јаде, вечерта во 7 конфлекс и јогурт јадеше ама во 11 му стана 39.2 и дадов блокмакс. Многу немирно спиеше ноќеска, премногу и од 5 сме станати плус се лигави ептен веќе 3та недела, ама од завчера и поткашлува водено, дали од што му се слева од плунка па има мака не знам, еве го одсабајле шиба низ дома со косилката не ми е клапнат ама времетоке покаже
Ќе видиме како ќе е. Она на се се буни, сигурно и на ова. За пелени не мислам скроз да ја тргнам, туку да пробам за каки само. Ама и она само што ќе каже, врши работа. Немаш време ни да реагираш. До лето не планирам ни јас. Ќе видиме. Неподнослива е во последно време исто со бегањето..па не ти, тато. Па ќе ја фати пелената, па не дава нова да се стави. Да ти се спојат жички буквално. Ја однесов во градинка и им реков ќе си ја земам пред спиење. На 5 мин од дома ми е, ама тие 3 саати малку да здивнам и ручек на раат да и направам. Нормално се израдуваа. А и мене ми одговара дома да спие, таму мислам само мижи и после уште во 6 ипол и се спие. Во 7 и 15 ќе заспие и сабајле пред 6 е будна нормално. Е ама ние околку 8 ја носиме во градинка и она до 11 е мртва уморна.
Дадов сируп сабајле кога стана, плачеше и темп не падна цела ноќ. Сега нема темп ама ништо не му е погодено. Други симптоми нема. Не ми се носи одма кај лекар, а викенд фаќа и плус празник овде, нема дежурни педијатри. Се надевам нема да се влоши.
Мене не ми се мафта по доктори и плус крвна слика ке треба па лабараторија.. премногу заразени има од грипов да не направам од ништо нешто
За одбивањето ако најдеш чаре мајка, те молам пиши Макар што од друга страна кога се настинати и не им е добро, само така се смируваме, претпоставувам и кај вас исто
Не сум сигурна ама мислам дека обратно оди прво за мочкање па за какање се тргаат пелените. Ама можно е и да нема правила, шо знам. Веројатно си е и до детето. Кога е здрава праќај на градинка, и ти си човек. И за спиење ќе се навикне. Син ми правеше проблем, виде не виде почна да спие и сега седи до 3 ипол. Знае да го фати криза накај 6 ипол-7 да почне да трие очиња за да спие, ама му поминува и заспива накај 8-8 ипол, па сабајле таман е станат во 7 ипол.