Чај не, сок цеден пие. Следно така ќе пробам да испие сируп. До душа деновиве и за витамините се лажеме дека се сок и ги пие. Се надевам дека нема скоро да притреба, ама ќе се проба. Не знам како ќе најдам чаре, беспомошно се осеќам на таа тема. Ете синоќа пак иста песна беше, квичи мижејќи, се тркала низ кревет и само со цицање се смирува, ако не му дадам вришти. Деновиве планирам да пробам нешто со снеф, паста, не знам.. Утеха му е кога е болен и кога вади заби да, ама не може ради тоа вечно да цица. Време е да се одбие.
И мојава не сака никако сируп, само чепче и тоа да се молиш да не го искака. Будна имам пробано со овошен јогурт да и дам измешано пошо е вкус на јагода сирупот и ми успеа, а за будење да треба не знам.. пример со големава немав проблем за сирупи, дури после Оп требеше едни гадни капки да пие против болка и една доза беше на вечер, стануваше да ја испие со вода ќе промрчеше и заспиваше пак. Овааа малово нема шанса ништо. Ама па ако мора да се буди тоа е
Една моја колешка кажуваше јас мачкам со сенф, тоа брише со влажна марамица Да се насмееме, на сета мака
Другарка го прелажа дека волкот ја каснал, а намачкала црвен кармин. 1 месец во спална не сакаше да спие пошо волкот бил таму. Со децава не знае човек дали да се смее или да плаче
Моево па контрадикторно е, капките ги пиеше без проблем до скоро, а они имаат погрд вкус од сируп. Сирупите се сите со некој благ вкус. Он не дека не сака благ вкус, ама не знам зошто има аверзија кон сирупи, ете сега и кон капки. Дур се лажат некако ќе камуфлираме во храна, а за покасно стварно не знам. Еден педијатар ми рече дека демек и со чепчињата не е добро да се претерува, особено кај машки, зошто се прави непотребна стимулација. Демек нааајкасно до 3 години и после да се дава исклучиво сируп. Хахаха па моево како шо е опасно сигурно и он ќе проба такво нешто. Тешко се прелажува, се му фаќа окото. Не знам колкаво е твоето детенце, ама знам дека како растат сѐ потешко ќе биде да се одбијат. Има врска и карактерот на детето, ама има врска и возраста.
Да, да се приметува и потешко се лаже како што расте. Инаку сме 15 и пол месеци, вие колкави сте мајка?
Е на таа возраст кога беше син ми, ја направив најголемата грешка што не го одбив. 16 месеци имаше он и морав да сум отсутна од дома 5 дена. Па одржував лактација за да можам да продолжам со доење кога ќе се вратам и продолжив зошто сама му понудив, он не ни почекав да видам дали ќе побара, може и немаше. Да ми беше овој памет тогаш секако ќе го одбиев зошто беше доволно, ама ете бидна. За два месеци ќе полни две години и ептен сѐ разбира веќе, тешко да го прелажеш.
Јас мислам моево дека ќе го излижи сенфот и ќе си продолжи да цица Уште не ми дошол моментот да се намачкам, одам во тој правец полека и сигурно
Јас на големата и направив со какао така и и велев расипано е бљак, главата од земја ја маваше од разочараност секако попуштив
Не, веројатно како за цицањето им доаѓа инстиктивно да голтаат. Можеби ќе се подразбуди,ќе занишкаш и готово. Ако си решена да го одбиеш,ќе успееш. Пишував јас како направив. За големиот се ишкртав со молив за уста и кога дење побара да цица реков расипано е. Нормално плачеше,негодуваше, го заспав дента нишајќи на фотеља клацкалка и читајќи приказна.Тогаш тој имаше 20 м. Вечерта знаеше дека е расипано, праша, не дадов, читавме приказна за заспивање. Ноќта се разбуди,полузаспан цицаше и така теравме неколку дена кога една ноќ не се разбуди воопшто во текот на ноќта. Со малово, почнав на 18м, се ишкртав,не ми пројде таа финта и ја лапна. По некој ден намачкав сенф на едната. Итар, ја побара другата. Ја намачкав и таа, па ги покриваше,па бараше други,бегаше,плачеше на крај му дадов да лапне и се згрози ја покри. Шетав со теглата сенф неколку дена дење и ноќе за заспивање откако сфати дека е расипано,му давав само ноќе зошто урлаше без да цица,ама ме фати инат дека дреме на цицка,па еве две ноќи како не цица,вчера воопшто,завчера еднаш и мислам тоа беше последното млеко. Најбитно е постепено да се одвива процесот,за да не дојде шок ни за тебе ни за детето. Бидете подготвени на се
Он не цица денски. Оди во градинка и таму ја спие дремката. Цица ноќе пред спиење и во текот на ноќта едно 200 пати. Си цицаше 1-2 пати, сега не знам што му е. Целта ми е прво викендов ако не сме излезени за време на дремка, да пробам да го заспијам без да дадам. И да го скратам и тој подој ноќе пред заспивање, а како ќе заспие еве не знам. Моментално заспива во скроз темно, легнати сме на спална, цица па се тркала низ кревет, па пак цица итн. Не знам ни каква реакција да очекувам кога ќе се намачкам, ама морам да пробам веќе. Ти звучи како релативно лесно да си ги одбила. Син ми не презаспива ноќе за жива глава без да му дадам и тоа највеќе ме плаши.
Јас ви пишував, и сенф лижеше и кафе излижа и бибер и лут сос и црвен пипер, ма се излижа и на крај ставив кармин прво го избриша, па ставив црно од каминот и тоа го избриша и се откажав, на прво одење кај мајка го одвикнав со спиење со баба му и водичка навечер некој месец , помина и тоа и еве ги нит бара вода веќе нит ништо, а за одбивање буквално за 1 ноќ се одби, не побара.
Леле Бела и моето е исто ноќно време, стварно одамна не било вака мака ноќно време со цицањево. Секое будење ме бара агресивно, на секои 40мин, немам врзано сон веќе со денови, ако не и недели. Ама знам дека проблем е со забите, сите 3ки растат наеднаш и долу 2ки, 6 заба наеднаш, добро е што не е полошо. Јас велам да излезат забите и крај ќе го одбивам. Кажете ми луѓе дали агресивно чешање на носот и очите може да е од забите? Веќе недела дена секој ден си ги чеша очите, ужасно е, а црвенило нема, ништо нема вака видливо дека има очна болест. Му ги чистив со физолошки, помогна малце ама пак продолжи следен ден.
Здраво мајки .Сакам да прашам дали е загрижувачки имаме 16 месеци и воопшто ништо не зборува. Односно ако и кажеш на пример ајде викни го тате ке каже тате. Мама кажува само кога е расплачена па некогаш ни тогаш не кажува. Под наредба све извршува во тој дел мислам дека е океј све разбира што ќе и кажам донеси далечинско,донеси патики итн. Пред некое време почна да одговара со да/не траеше може една недела тоа. Сакаш вода? Да. Сакаш да јадеш? Да. Деновиве некако се пресече повеќе не одговара со да/не само м’мка . Дајте ми совет. Дали е за паника и дали треба да посетам логопед. Од моја страна све правам цело време зборувам/пеам играм со нејзе цело време сме сами ама некако не гледам дека има никаков напредок. Молам за совет ❤️
Да, и уши чешале моиве, очи, нос, коса кубеа од 4ки... Иначе, провери да не е алергија, зошто сега големиот е 4г. и тоа истото чешање резултираше со алергија.
Верувај дека и мојов беше страшен ноќе. Завчера вриштеше 15мин се убив од нишкање на спална во сите правци. Мислев дека ќе засипне од што вреска. Откако заспа мораше да спие залепен до мене,потпрен на раката како што ми беше во прегратка за нишкање. После имаше уште едно будење со врескање ама пократко траеше зошто беше повеќе уморен. Ноќеска прво будење му беше 2:45 со помалку врескање и викање мама. Но исто го нишкав и држев во раце едно 30-40мин. Потоа го легнав до мене залепен. Си реков ќе жртвувам сон ако треба и ќе издржам уште ден два.
За две недели би требало да се стабилизира. Кај нас така беше. Јас прво укинав за дневна дремка и почна сам да заспива и за ноќно без доење, ама ноќе ме правеше пуздер. Се додека не ми дојде преку глава. Првата недела 375152 пати ги раскажав волкот и прасињата. За 2 недели почна да преспива ноќ. Сеа сме хаос со ноќното ама излегуваат 5ки и тоа друга тема... Само упорно, малку ке жртвувате сон и уши ама поминува брзо.
Фала богу нема качено пак температура. Поминаа 8 саати од сирупот, и се надевам на тоа ќе остане и да остане да се чудам што се случи. Битно тој си е весел си јаде, ете сега тера дремка, и јас покрај него ќе фатам хоризонтала. Цела ноќ дежурав око не затворив, па троо да одморам.