Мразам да речам пошо сум голем поборник на доење ама испаѓа дека доењето до поголемко дете е меч со две острици. Божем за нивно добро ама на сметка на мајката, со непроспиени ноќи и тешко и мачно одбивање и за детето најчесто. Како да станува потешко како растат а им требаме здрави присутни мајки и преку ден нели, испаѓа сепак никому не се прави добро
Да две недели траеше. Синко има такви епизоди од 9 месеци некаде. Кога има возбуди во денот, или бил со многу луѓе, кога прави тантруми страшни во денот, заби ... Во тие ситуации имам приметено дека вечерта така се тегне на назад, целиот се витка, мислиш ќе се скрши, се дере. Во некој ситуации е како дезориентиран, турка не сака да го земаш, и ако го земам како змија во раце да имам, ми се лизга. Јас сум скоро и сигурна дека се ноќни терори, иако dr. Goodnight ми рече дека под 18 месеци не се јавувале. Стресни ми се мене тие епизоди. Колку и веќе да научив да го смирувам брзо.
Така е, иди до точка кога се те боли, врат, раце, грб, половина, моево в раце цица, а е 16.5кг има 18 месеци, на братучеда на 6год толку тежи детето, значи како пораснато дете да цицаш, седнат не го бери веќе, цела се искривив. Не го личи се шалам, значи станува многу напорно, па кај и да одам неможам ни фустан на пр да облечам, само со петлици да е горе оти детево "новороденче" е па мора да се дои на 2 сати помина тт нема кренато од четвртокот вечерта, нека помини уште некој ден, здравје др недела ќе земам слободни денови и викенд ќе имам 4 дена па ќе пробам да го одбијам. Дали ќе успеам нз
Сите сме на иста мака. Јас сега со овој ум на годинката ќе го одбиев. Мене ми е пренапорно, а дома сум, да одам на работа боже не знам што ќе праам. Сега цица само кога се буду ноќе, и немам веќе толку млеко, а он смука ли та смука на празно. Брадавиците ме болат. А јас будала, продолжено доење до две години. Убаво е. Убаво шипки
Јас го носев бебо на лекар, фала богу ништо не е, вирус ама има шлајм. Сируп за имунитет ни даде и проспан за кашлица ама по потреба ми рече. Така да сеа душава ми е мирна.
Ако е заспан стави мал прст на крајчето од усната, ќе го скрши вакумот и ќе пушти. Мојата почнува да вика на цел глас ако го направам тоа ама цица по пола саат будна, мин. 6 пати вчера избројав, може и повеќе биле. Кога ќе заспие тоа ми успева за да дишам малце и да си поплачам на раат
Од мали победи, заспан денес дома во раце, без да дадам да цица. Не побара, само еднаш ја брцна раката, ама ептен му се спиеше. А спремна бев сенф да мачкам ако стане нападен. Надежна е ситуацијата си викам…
Два месеци не цица преку ден и пак бара секој ден. Јас само му речам нема млеко го испи, и толку престанува. А ноќе во полусон не прифаќа го испи Еве денес легнавме и сам си кажа, нема аш млеко и толку, се пикна во мене и заспа.
Потполно се согласувам!!! Ептен сакав да дојам и сум пресреќна што имаме успешно доење ама зошто зошто толку се форсира доење што е можно подолго??? Заради тоа имав замислено дека до година и пол најмалку ќе дојам. А зошто, кои се бенефитите? Да, еве еден ден минатата недела имаше температура и поминавме без лек благодарение на цицањето мислам, не се тргна од града цела вечер. Ама и тоа мора еднаш да запре. Со тројките уште се мачиме ама и тоа не може да е изговор. Ајде ако не и петките да ги чекам. И јас мислам како @Ceneva дека требаше околу годината. Колку повеќе да цицаат тогаш, сепак се мали и помалку разбираат. Мислам дека вистински стана свесна за цицањето на 13, 14 месеци. Еднаш само на околу 16, 17 месеци и реков е не може сега млеко, расипано е. Тоа беше крај на свет. Како и кај повеќето нели. За дремката заспива и без цицање. За навечер не знам дали би заспала, не сум пробала. Ама сите будења навечер се за цицање. Господ да ни е на помош.
Џабе се пофалив, тешки драми се десија пред малку. Спиеше неполни два саати и очигледно не се доспа па брзо откако стана почна да кенка. Ручаше, си поигра и сега апла му се спие. Ок реков ќе има две дремки, го однесов нејќеше да заспие како прееска, почна ептен ептен да се тегне и да плаче. Го ставив на спална се смири ама почна да бара цице и кога не дадов пак почна многу да плаче. Си реков ќе се намачкам со сенф, сега е моментот. Се намачкав, случајно се допре до мене кога врисна уште толку да плаче и да бега од мене. Се трчкавме низ цел стан, ме гледа и плаче не дава ни да го земам, не сака ни цуцла дури. Се смири сега со цртан, немаше друг начин. Си го гризе прстето, сигурно и тројките го мачат, не се излезени.
Ох душа. Ама мора да се пресече некогаш. Јас знам ќе има плачки ама уште не сум се спремила психички да го слушам како плаче.
Сигурно има бенефит од нутритивен аспект, тоа е неспорно. Подобро да пие мајчино млеко него да пие кравјо или да јаде кашкавал. Знам дека има некои деца кои се "културни" цица пред заспивање и сабајле кога ќе стане и тоа е, си преспиваат ноќ. Не влечат за блуза денски. Ваљда од тука муабетот дека е топ продолженото доење. Потајно се надевав дека ќе биде од тие, ама секако дека не, исто како повеќето си бара по цела ноќ, некогаш и ден и иако бев јака цело време и не ми пречеше, сега со болките стигнав на раб на трпение и мислам дека ако моментално не ја доев, ќе бев подобра мајка.
Имам другарка девојчето само и се одби после 2 роденден. Цицаше еднаш само за заспивање и спиеше 12 саати после тоа, ја реков сто пати да цицал еднаш така до 3 години би го доела, ама не беше тоа случај.
Ооо камо среќа така да беше и јас како @Carolin. до три би го доела. Мене ми се одразува многу тоа што ноќе се буди често. После преку денот сум нервозна, и не сум си своја што би се рекло.
Имам другарка во друштво што ексклузивно ја доеше керќата, сега е година и 2мес и дава само пред вечерно спиење и тоа ако не и даде нема да побара сама, заспива и со мм или со бабата ако некогаш излезат. Преспива по цела ноќ од неколку месеци сврзува 12ч сон. Спие во своја соба, не спие со мајката ако тоа има влијание..
Ова како рај звучи јас мислам има влијание тоа што не спие со мајка, шо знам.. јас кога и да влезам во соба ( и со големава исто) само за да ја покријам и одма стануваат, маж ми може цела соба да ја преврти да чука и немаат гајле.
Се приклучувам во тимот "морам да го одбијам под итно". 13,5 месеци, и претходно ме подгризуваше ама полека, сега мислам брадавицата ќе ми ја одгризе и кај и да е и ќе треба да ја крпат Вади 4ки, и веројатно затоа е ваков, ама штом сум тука одма "меее мееее мееее" и цица како новороденче. Дење ако не сум дома и цел ден не цица, заспива со баба му за минутка, а со мене мајко моја. И за дремки и за вечерно успивање цицајќи заспива строго. Пробав да го успијам без цицање, па тоа рикаше без престан и се тегнеше трескаше. Јас зезнав работа, прво цуцла му фрлив, сега бетер ме смука, и цуцла станав Ќе мачнам сенф, ќе ставам прслук да не му се на изволте, и ќе видиме. Мислам мора да се спремам дека ќе зајде од плачење и ќе се премори и така ке заспие (се надевам?). Ај еднаш така, ама ноќта кога ќе се буди? Боже помагај. Еве сега цицаше заспа, ме изгриза, он цица јас плачам од болка