Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    24.644
    Пол:
    Женски
    2 роденден во игротека да ме тегнит да ми слекува за да цицат, постраствен цицач беше него второво. Мислев дека немат крајот да дојт набргу, цел месец цицаше како новороденче, на 25тиот месец од нигде никаде буквално ми рече само мама Нина цице не, ме гушна заспавме така и од тогаш ни дење ни ноќе не побара. А предходно еднаш пробав ете така со какао пишав веќе, имаше 14-15 месеци и 2 саати издржа, после веќе почна да ја мава хистерија и баталив.
    Мене ме нервира што ме фаќа и оваа сега за брадавици и ме штипе, станува на вечер ( иако тоа не ми е проблем голем), ме нервира што во јавност си ме дрпа ама ќе истрпам уш некој месец и се надевам дека ќе биде лесно, безболно како со дада.
    И за памперс исто беше, само стана и рече не веќе и толку. Никави тренинзи, ни измочани гаќи, ја чекав до крај да добие она желба.

    иначе јас имам приметено дека на моево уствари го буди менување на положба, сеуште не можи да си заземе позиција без да си седне да се размрда, јас автоматски ја зеам наместо да почекам дали ќе си легне сама и продолжи
     
    На 1209, lackygirl, kozuf и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    1.523
    Пол:
    Женски
    Јас за преку ден ја одбив можеби веќе месец дена не и давам, морав зошто не се издржуваше влечење и тегнење пред луѓе.
    Сега само за заспивање е цицањето, во моментов не ми е проблем да е така, па ќе видиме понатака.
    Дневните беа лесни, неколку дена кенкање ама ништо страшно, го заменував со дистракција и објаснување дека ме боли и не смее да цица. Брзо разбра. Е спиењево ќе видиме. Пред некој ден беше преморена пробав без, ми падна жал и дадов пак.
     
  3. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.918
    Допаѓања:
    18.209
    Пол:
    Женски


    Е исто за будењево, кога треба да се сврти он седнува на газ па бара начин да легне. За преку ден го имам приметено дека се врти ама навечер нема шанса, а кога е ептен изморен не мрда едно 3-4 саати.


    Ноќеска дежуравме од 3ипол до 5, кашла навечер ко 80годишен пушач. Не знам што да правам и како да го убедам со инхалатор да седи.
    Свекрва ми синоќа ми рече ленено семе се давало за шлајм ке го исфрлал, има фајде од тоа или ич да не пробувам?
     
  4. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.660
    Допаѓања:
    7.945
    Пол:
    Женски
    Ништо не губиш да пробаш. Лененото семе е здраво. Пробај па ќе ни кажеш дали има ефект
     
  5. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.660
    Допаѓања:
    7.945
    Пол:
    Женски
    Како да го одвикнам од кинење книги. Веќе е голем за тоа да го прави или грешам. Пробувам да му читам, не купувам нови од што се сака да сокине. Желна сум да му прочитам приказна. Ама се е џабе, почнувам да читам тој ми ја зема, ја врти врти и сака да ја среди :(
     
  6. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.580
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Ау ме вади од такт тоа. Уште бремена земав и му читав во меше од убавите со дебели корици. Тоа си го практикуваме до ден денес ама не го држи многу фокус. Сака да гледа да врти страници, доаѓам од работа тој искинал цела страна :swear:

    Сега кога ќе свитка страна му викам не книгите не се кинат. И ја тргам. Не знам дали ќе има ефект ама гледам дека полека е по внимателен со нив.

    Јас друго ќе прашав како да го научам дека не треба да фрли се живо на земја? 13 ипол месеци е, ок нели причина-последица учат ама мислам дека веќе е доволно возрасен да не фрла? Ме нервира позади гарнитира џитка и ако кажеш не фрлај забрзува од далеку да фрли само за да го чуе звукот. :drunk:
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.660
    Допаѓања:
    7.945
    Пол:
    Женски
    Мојот е 21 месец и омилена активност е да фрла и растура играчки. Кога ќе ги види наредени, следи одушевување и почнува акцијата.
    Инаку и јас кажувам дека не се за кинење книгите, извесен период не го правеше тоа но ете од некни пак почна. И многу ми е криво што тоа е така, сакам ако има начин да се смени тоа. Зборувањето не дава плод баш
     
    На Splendor., DaisyDream и Fenix05 им се допаѓа ова.
  8. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.918
    Допаѓања:
    18.209
    Пол:
    Женски

    Моево фрла на периоди, ама како расте се помалку. Јас седнувам до него и зборам, дека не е убаво да фрла, ако фрла ке нема играчки. Некогаш ме игнорира тотално, ама некогаш престанува. Сега и не ми текнува дали во скоро време фрлал играчки.

    За книги моево многу сака да му "читам", јас раскажувам по сликите од тоа што знам дека ке го интересира. Прво јас сама ја читам книгата и после му раскажувам за да му е интересно, сега најмногу животни и коли,камиони го интересираат па тие книги ми се извадени. И звучните многу сака да раскажам па он да стисне како правел лавот,мајмунот, кравата, слонот итн. Имаме и ритуал/позиција јас седнувам ширам нозе он во средето кај мене и вртиме двајцата пред спиење, некогаш и преку ден знае да ми донесе книга и да рече "аде мама" и јас треба да се наместам он да седне и читаме :D
    @Ceneva пробај и ти вака, ако веќе не си пробала.
     
    На 1209, DaisyDream, Fenix05 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    2.025
    Пол:
    Женски
    Исто 18м обожава да фрла. Се што му е наместено сака да растури
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    24.644
    Пол:
    Женски
    Имаш време за читање книги, реално кое дете седи 5 мин мирно? Ухх моево тек на 3г спрема 4 така неши почна да сака да и се чита и од тогаш нема вечер да не читаме книга. Ај на малово застани го да и се чита, граба книгата и она брбори, вчера и ја искина едма книга ма дада со светки цела, ти не знаеш која разочаранист беше
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.862
    Допаѓања:
    5.916
    Пол:
    Женски
    @Fenix05 , 2 полни години е уште крокодили не сум извадила од позади гарнитура. Омилено место за фрлање играчки и е.
    Не се надевај брзо да помине желбата :D
     
    На Fenix05, Carolin. и Ceneva им се допаѓа ова.
  12. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.660
    Допаѓања:
    7.945
    Пол:
    Женски
    Пробано ми е. Одма граба книга и бега хаха. И затоа и не купувам. Тоа што имам ни е на поклон. Музичка од дебел картон, партал ја направи.
    Фрла и те гледа и ти се смее. Буквално те зафркава. Таков е, се што ќе му кажеш дека не е убаво тоа да се прави, он прави (facepalm)
    @Bubish26 абе има време за се не велам не. Ама вака за пред спиење многу сакам да му читам. Внука ми кога беше како него седевме и читавме, уживавме во тоа. И до ден ден така заспива,се чита приказна и се спие. И како чува книги, убавини.
    Ама синко е тотална спротивност во се од неа :lol:
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    24.644
    Пол:
    Женски
    Според кажувања внуката ти е ептен мирно дете и тоа упалува само кај мирни и повлечени деца, мене првото ми е динамит прав аку е женско, второво е поразбрано ама сепак не седнува на газ да одмори малу. Од кога почна големата да сваќа што и се чита и да се интересира почнавме со таква рутина.
     
    На lackygirl, Ceneva и Carolin. им се допаѓа ова.
  14. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    24.644
    Пол:
    Женски
    Ок, најголемата грешка што сме ја направиле е што сме купиле на спрат кревет со нормални скали :sweat: добро се држевме пола година да не се качува на нив, сега малу малу горе е. Не е проблем качувањето колку што не можи да префрли ограда и да слезе, падне ли од горе по скали, се утепа. И тоа немаше да и текне да отиде горе пак ако не дојдоја гости и не се испентерија сите горе, онаа долу и да вика дека сака и она. Се расчисти гужвата и со ќутенката си се качи. 3 дена дежура дада, јас мм, виде ли дека ќе не снема на минута ете ја оп :worried:планирам да купам ограда што ја редат за кучиња:rofl:
     
  15. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    24.644
    Пол:
    Женски
    Доволно возрасен да не фрла? Мајка, тек је почело
     
    На lackygirl и Carolin. им се допаѓа ова.
  16. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.580
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    :$:D фала ви хахахахахах
    Мислев дека проаѓа тоа. Имам една колешка што не дозволува детето да си остави играчки надвор да извади се да растура и го кара па од 1 година сега е 3 ма никогаш не правело ко моево често го гледав и не преувеличуваше. Викам моево да не е невоспитано.
    Буквално ме гледа во очи и фрла, разбира дека сум рекла не. Завчера зошто му земав далечинско за да не фрли го докачи мобилниот и го лизна од гарнитура на земја (facepalm)
     
  17. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    24.644
    Пол:
    Женски
    Јас не ги карам, само имаме правило да си играат во детска, таму прават хаос, ќе донесат по нешто во дневна де ама не е тоа цела соба, па така брзо се раскрева. А за соба ако треба малу помош помагам, ако не ќерка од 3-4г си спастира се, да се научи да помага јас прашувам треба ли помош, ако каже да седнувам и средуваме заедно, ако рече можам сама ја затвара собата и кога ќе е готова среќна иде и вели видииии мамаааа и све е на место вистина. Малово и оно "помага" кроз песна обично и враќа на место колку да се рече дека враќа ама мала е, од дада она ќе научи побрзо. Е сега додека немавме детска, дневата беше ужас со играчки :rofl: фала Богу па сега имаме
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.313
    Допаѓања:
    18.475
    Ја му пуштам видеа од него кога го инхалирам и така седи мирен
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.660
    Допаѓања:
    7.945
    Пол:
    Женски
    Да мирна е. Кај ке ја седневме таму ја наоѓавме како мала. Брат ми еднаш ја оставил татко ми да ја чува, а тој задремал. Брат ми влегување, таа си седи до дедо и го чува :rofl:
    Синко така, кој знај што ќе направи и кај ќе го најдеме.
    А такво дете како внука ми ретко се раѓа. Послушна, педантна, милина за чување е.
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.862
    Допаѓања:
    5.916
    Пол:
    Женски
    Чувај нерви сестро. И од петни жили сум се развикала, не се гордеам со тоа да се разбереме и пак истото.
    Фрлањето игра и се. Фрла и се смее.
    Или стои над потпирачот, држи играчка, вика Не, никако... И бам долу играчката. Веќе кренав раце и од зборување и од викање.
    И оставам на дофат тука само синтетички играчки, топчиња, нешто што не се крши.
    Ама пак може и моево е невоспитано или јас не знам како да ја ставам под контрола.
     
    На Carolin. и Fenix05 им се допаѓа ова.