Очигледно до детето си е, и мојов сè живо фрла, и кине, што сака си прај. Мислам дека се ме разбира, јас зборувам, ама долго не трае тоа, не му се слуша тоа што не сака. Јас сум била мирно и повлечено дете ко внуката на @Ceneva , ама после дошол брат ми и надокнадил Да се живи и здрави, и ние сите не сме исти. И јас се чудам како ќе го воспитувам и се надевам дека ќе направам добро човече од него.
Сабајле во 5 ипол качи температура. Цел ден беше кенкав дур не му дадов парацетамол, плачеше на интервали. Дадов поручекта околу 6 и магично се смири, си играше, пееше, ептен беше расположен. Кога дојде време за спиење и дејството почна да се намалува пак почна да плаче, ама такво хистерично и жално плачење, не знаете. Братучетка ми беа кај нас баш и вика леле како да гледам реприза од син ми кога вадеше тројки. Дадов ибупрофен, се смири и заспа. Од што качи во 5 ипол температура уште се чудам, од носето му тече водичка и му се затнува, друго нема. Во 6 ипол му дадов парацетамол, од тогаш уште нема качено. Цело време ми е ко топол и трипам дека качува, мерам ама нема 36.7 измерив најмногу. Не сака баш да јаде. Касна кашкавал, јајце не сакаше а омилено му е, лепче исто не сакаше а обожава. Покасно и боровинки го понудив и тоа нејќеше а иначе ги јаде во еден здив. Испи само пола часа цеден портокал и толку. Вака е свеж, расположен, на моменти закенкува. И многу е залепен за мене. Ако излезам од соба одма се дере мамааааа и плаче со крокодилски солзи. Не знам што е ова сега, болест ли е, заби ли се само, немам ум веќе..
Жени, јас да го пофалам моево ама од тој аспект е многу мирен До сега само една книга скинато има и ја залепивме и од тогаш не кинал, мислам тоа му беше омилената и после не можевме да ја читаме, се уби од плачење, ја залепивмени и толку беше кинењето, си научи лекција. За фрлањето исто ја научи лекцијата откако мавна со далињското по тв и го скрши и немаше на што да гледа цртани, сега веќе не мава освен кога многу му се спие па е во таков хипер муд. Моево прави други глупости кои се поопасни, се качува на прозор, сака да лета и да се беси на ѕидот, се фрла од прозор долу ич како ништо, сигурна сум дека некој ден ќе искрши нешто, качува столица на спална и застанува врз неа да бил многу висок, се качува на мердевен во дворот и не дава да го спуштам. Значи срцево по 200 пати на ден ми застанува од него. Некни во паркот буквално на 1.5м се качи без да го држиме и се лулаше како мајмун, се препотив, маж ми вика остај го така гради самодоверба, се ок ама ако искрши глава мал е уште да е свесен за опасност толку. Не знам мене ова многу ме нервира. За доењево да кажаам дека ако имам друго дете ќе цица до 9м и крај. Не дека ми е толку мачно искрено ама мислам дека колку подолго го дојам толку потешко ќе се одбие. Пред дремка трче накај креветот и на цел глас вика цицаме и спиеме и се смее како кој знае што да ќе прави. Морам да го одбијам полека, барем денски да не цица. Вака не му текнува да бара ама ако сум со разголена блуза брца и не бира каде, срам ужасен некогаш осеќам пред народ.
Срам. Зошто срам. Твое тело, твое дете, ти одлучуваш до кога. Колку ми се неубави реакциите од луѓето кога кажам дека уште цица. Еее голем бил. Абе те прашав ли јас за мислење/совет си велам во умот. Чудни се луѓето. Инаку јас сум била така ко син ти, се на високо да сум качена. На година и пол имам паднато од тераса, 3 метра висина, дирек на глава. Три дена во болница мирна, на четвртиот докторот и велел на мајка ми земете ја овде поголема беља ќе направи ( не било дозволено мајка ми да спие таму ). И мајка ми прашала ... е што прави? Сум се префрлала од креветче во креветче и сум ги малтретирала другите деца
И маж ми иста марка, не знам колку пати е шиен, бесно дете ама скроз. Свекрвата вика на секое ѕвонење телефон очекував некој да ми каже што сега повредил, се покажува и моето веќе дека е иста лоза. А за доењето не ме е срам од тоа, не ме интересира што мислат за доењето, него ми е срам кога ќе ме забрка и ми спушта блуза, ме разголува. Мислам ретко се случува, ама знае у баш незгодни моменти, пример кај другарите на свадба на сред оро ми забрка по деколте, ептем беше незгодно.
Моето многу сака книги и дома има цела библиотека. Мислам дека сигурно има повеќе од 30 книги. По природа е многу темпераментен, но ако земеме да читаме седи мирен. Повеќето книги ги знае по име и знае ако му кажеш донеси ја пр: "Добро однесување" оди и ја донесува. Инаку е
Докторка во Систина ми кажа дека од заби може така проѕирен секрет да има во носето. Ако не е висока температурата може се запчињата, и нејадењето води накај тоа. Со лесно. Пробај со кажување што да прави со играчката, наместо што да не прави. Пример топката е за фрлање, а колата е за возење вака брм брм (прави нешто да му е забавно). Не успева секогаш ама некогаш помага, па се надевам со време и упорност ќе сфати И мојата фрла некогаш и храна и играчки. Другарка ми беше на гости и кога виде се шокираше, како го трпиш ова ми вика, ја ги плескав по рачиња и одма се научија да не фрлаат. И ден денес ги плеснува ако направат некоја беља. Јас тоа не би, не можам и не мислам дека е во ред, ама друг муабет. Прекрасна ви е полицата, браво за баткото. Да не имате препорака за некои книги со поубави реални илустрации? И ние имаме многу, ама пример глушец во една е нацртан со фустан, во друга со раце и нозе и патики, во трета стои, четврта ползи, детето како да се буни како е се ова глушец барам некоја со малце пореалистични слики и да не е натрупана како 101 слика што се од просветно.
Здраво мајки. Која сликовница би ни препорачале да купиме за дете од 20 месеци? Ништо не ѝ држи пажња единствено сликовница со одлепи-залепи
Ми нема потврдено доктор, ама проѕирен секрет, бар што сум слушала искуства, може да направи пробивањето на тројки. Ми држи вода оти секако го викаат носни или синусни заби така да може да прават некои процеси таму.
Здраво мајки. Малиот има година и месец, спиењето ни е жива катастрофа. Нормално спие со две дремки и ноќе заспива кај 9 ипол десет. Ама во последно време со една дремка и пак не сака да спие, значи му се спие ама се бори се турка, се тркала и ништо не биднува, зборувам и за дневма дремка и за ноќе спиење. Башка шо ноќе се ака по кревет цела ноќ, па се исправа и така во круг цела вечер. Дајте совет што да правам? Што правам погрешно? Денеска пример има еднаш дремнато еден саат од 11:30-12:30 и нема шанси за спиење воопшто , ја троши енергијата да не е во движење цел ден да разберам. Ама тој е во движење веќе 7 саати и абер нема од спиење...
@kozuf , мене со најдобри илустрации ми е овие https://prosvetnodelo.com.mk/Product.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&IdProduct=3081 Со Мартина, со Марика ако има да се најдат, со Хајди од Топер. Со животни оваа едиција За фрлање предмети, ќерка веќе пола час се зафркава со маж. Само што ќе извади тој се од позади кревет, таа пак фрла и така во круг. И така си сфаќа како игра. Јас и ги оставам да стојат назад и после едно фрлање нема повеќе.
Заради тоа брцање и соблекување пред други, прекинав подои преку ден. Следно бебе до 6м и ајт адаптирано после. Ова како растат се потешки се за лажење.
Хахаха да е така лесно јас и за првото велев така, па не ми фаќаше шише, второво 2 месеци немаше јас преееболна морав анибиотик пошо првиот не ми поможи што моев за доење, она болницата ја одкорна за јадење пошо со мене беше,шише не фати.
Јас велев второ дете до 1 година ќе дојам, еве ме точно 18 месеци денес а првото на 14м го одбив. На темава денес од 10 до 12, 3 пати ми бараше, па заспа спиеше 2 и пол часа, стана ми побара му дадов, по пол час пак, еее ми се споија жичките, се намачкав со сенф и му покажав, му реков расипано е млекцето нема поќе, плачеше 15 ми, се качуваше на мене и ќе му покажев и се тргаше, после се заигра и заборави, ми побара пак кон 7ч не му дадов пак го заиграв, дури сега еве цица за заспивање. Значи решив од утре нема поќе дење цицање, ќе се мачкам со сенф, или крајно ќе се лепам со ханзапласт, една братучеда така го одбила на 2 год нејзиното.
Јас тврдам дека да може да е од тоа, само што пробија тројките сите 4. Цела недела чешаше нос, уво, црвен образи, проѕирен секрет и очите ги чешаше и беше модар под нив. Денес ете скоро се е смирено.
До забите ќе е изгледа. Цел ден не качи пак температура, ок беше. Не јадеше баш како вообичаено со апетит, ама касна нешто. Повеќе вода пиеше. Е сега пред да легне приметив од едното увце засушен секрет како истечено. Прв пат вакво нешто се случува и не знам дали е нормално. Може ли и од тоа температурата да е? Вака не ми изгледа како уво да го боли, не се чепка. Го исчистив со чепкалка потопена во физиолошки, друго не знаев што е соодветно.
Во четвртокот пишував во некоја од групиве. Син ми цела ноќ плачеше од увото, крена температура 38 и се симна без сируп. Нареден ден утрото немаше болки, еднаш само се допре. Бевме на орл и тек таму приметив исто таков секрет. Докторката ми кажа дека кога ќе истече таквиот секрет се смирува болката. Ја би те советувала да го однесиш за секој случај да го проверат. Порано имавме проблем ние со ушите, никогаш не се пожалал да се фати а му биле воспалени. Сега увелико разбира и ми покажува кај го боли.
И јас ќе ти кажам едно искуство со ушите. Еднаш не се пипна или да плачеше, немаше ни тт. Стана со затнато носе само, стана од дневна дремка и едвај земаше воздух од затната што беше наеднаш некако цела свиреше и ја однесовме на лекар, црвено грло имаше и црвено уше. Не знам дали имала болка или не.. тоа беше прв пат да ми кажат црвено уше, до тогаш не сме имале проблем така да можно е да не реагираат, а да им смета/боли
Од каде ви е купена полицата за книги? Многу е убава. За да провериш дали го боли уво стисни го малце позади ушињата. Секретот од уво можеби пробива зошто му се затнува носот. За затнат нос мора да прскаш некој спреј од типот на Оперил П,Септаназал. Ако вади тројки со лесно нека ви е. Ние поминавме многу тежок период. Им паѓа имунитетот при вадење заби и закачуваат други болести и бактерии. Конкретно моето,фати хемофилус инфлуенца бактерија во нос,што се откри со посебно испитување(прв пат правевме) а не може со обичен брис. Беше месец и нешто болен, со секрет во нос, кашлица,бронхитис. На ова додај дека забушаваше до јадење,лошо спиеше, дремеше на цицка, променливо расположение,кенкање и плачење. Сите 4 тројки одеднаш му пробиваа. Можеби звучи лошо,ама тоа е,и они си имаат мака затоа се такви. Ние сме супер мајки и мора да издржиме..