И моето не крена темп од воспаление на уши,само 50 дена имаше, ама јас го приметив дека има мака од што не сакаше да цица. И бевме закажани на советувалиште,и докторката кога го пипна тој изреагира минимално. Јас да ме прашаа ќе речев не реагира. Ама она искусна го сети. Одење на уво нос грло,двете уши воспалени. 7 инекции прими го изрешетаа. Ама ако се уши нема да може да цица, тоа е најголем показател.
Еднаш се случи така да има жолто од увцето, јас го носам кај матичната да го види кога има некој симптом зашто не сакам да си нагаѓам дали е од заби или што е.. не му беа воспалени ушите во тој случај. Еднаш кога имаше воспаление на уши баш се гледаше дека има болка и беше плачлив, а немаше температура.
Ќе го однесам утре да го проверат увото. Еве го откако е заспан веќе неколку пати плаче во сон. Се смирува само кога ќе легнам до него. Очигледно е дека има некаква мака, само не знам каква. Хемофилус инфлуенца он ја имаше пред некој месец во носето. Се покажа на обичен брис.
Обично кога имаат мака со ушињата,отежнато им е цицањето, зошто се прави притисок во ушињата. Ќе бара да се теши со цуцла и ќе одбива да цица. Барем кај синко беше така. Дај боже да не е се ушињата. Баш е болно тоа по себе знам. Јас си преплакав за синко дека толку мал помина низ тоа, 50 дена имаше само.
Можеш далерон за болка да му дадеш. Инаку не знаев дека и на обичен брис ја покажува бактеријата, ме прати во авицена да испитаме причинители на болеста кои не се покажувале на обичен брис.
Се сеќавам дека имавте мака знам пишуваше тогаш. Мојата цицаше нормално т.е оти затнато носе и се мачеше да земе воздух ама не покажуваше знаци за ушето, она и немаше запаление на средно уво туку ради притисок од затнато носе, запушено каналче што ги спојува средното уво и носот, црвени потечени крајници доаѓало до црвени ушиња и наводно болка која она и не покажуваше дека ја има, па заради таа дијагноза помина само со бруфен и спреј за нос. @Bella_Stella Е сега ако има течност и избрие како што кажа членката тоа значи каналчето се одпушта и болката поминува, ако остане запушена тоа било стварно ненормална болка. Чисти го носето ако има секрет и прскај спрејче со sinomarin, мислам дека тој спреј имаше таа супстанца што ги проширува крвните садови во носето само не ме фаќај за збор тука не го има синомаринот. Ако е тоа со спреј и бруфен ќе помине брзо.
Му давам да. Само не знам што го боли, дали заби или уво. Спиеше ок вечерва, се будеше повремено со плачење ама се смируваше со цицање. Не знам зошто така ви кажале, него му ја најдоа со обичен брис. Баш пишував тука и прашував дали некој ја имал. Го чистам цело време носето. Прскам Марисимо, изотоничен спреј е. А пред и после градинка и диво оригано спреј. Ќе го проверам сега увцето, а после ќе се јавам на матичната дали да го однесам да го види.
Ау луѓе вака детево настинато не ми било до сега Кашла, нос му тече, очи црвени, топол седи а нема температура, ептен е жален.. Кромиди, лукови, рузмарин, камилица што не пробав веќе, спалната ко народна кујна ни е. На висока перница го легнувам не сака, а така поубаво спие иначе кашла. Па пола ноќ во раце ми спие, се буди нон стоп од кашлањето, не знам како да му помогнам тоа најмногу мака ми е. Кога ка ме види со реквизитине за нос чистење плаче и бега. Со сирупине се бориме да ги пие, колку толку барем јаде па викам не е толку лошо. Ама нека оздрави аман веќе, само лежи и само сака да се гали, не сум учена вака да го гледам.
Мајки да ви пуштам грст надеж,а воедно и да го запишам денов 17.02.2025 моето дете ја преспа ноќта без да се буди,без да плаче,без цицање веќе 4 дена. Официјално крај на доењето и сон со прекини можам да кажам. Се надевам вакви ќе ни бидат и сите следни ноќи. Е сега,ќе истрпиме ако треба уште некоја бурна ноќ додека никнат 5ките
Премногу лош грип. Мислам дека нема човек или дете што не го фати. Мене педијатарот ми кажа само да инсистирам на јадење и пиење за не дај боже да стигнеме до инфузии. За среќа освен температура 3 дена ништо друго не прифати, но буквално одев по станот со чинијата и го ранев. Со цртани и со се' што сака само да изедува се и да ги пие сите витамини. Користев well baby и дупла доза витамин Д.
Со помин, ќе му помине, допрва вакви ќе бидат, посебно в градинка кога ќе заодат. Време треба да помине, се прави како досега, ама мора време да си помине. Замисли на 50 дена така беше прв пат моево ми се скрати животов тогаш, за жал со антибиотик му помина тогаш. Се изедов зошто антибиотик на 50 дена ама тоа е мораше. Браво, ми даваш надеж
Браво! Ме мотивираш и ми даваш надеж. Од оваа перспектива ми изгледа невозможно одбивањето без мнооооогу плачки. Моментално го ставив на пауза зошто си има мака дали со уво или заби, не знам. Ама единствена утеха наоѓа во тоа. Не знам како да начекам момент кога се ќе биде идеално за да се одбие, или ич да не чекам, нема таков.
Овој сируп го пие и проспан ни даде матичната, ама 3 ден еве го никако подобар не е. За јадење го лажам некако, ако ептен не сака пуштам Маша и Медо тоа пали сега за сега да касне барем нешто. Давам и молерс и вигантол. Имам дома и сируп за имунитет, уште тоа ако земам да му давам стварно ке земе да ме натепа @lackygirl кога го гледам вака жален, си мислам нека стане нека трча нека ровари низ дома, само ваков да не е
Сирупов зошто? Кој ви го даде? Овај е за имунитет, не би дала јас, на големиот му го давав по шема јас откако имаше повторувачки херпеси од вирусни заболувања, препишан од др специјалист. На 3 год мислам. Нз различни доктори различно даваат ама овај не е баш некој што се дава онака, и во др тема пишев некни кај бебињата.. На болница ко лежеше малово сега пред 4 месеци на излегување ја прашав докторката за имунитет да не треба нешто да давам, ми рече не, ништо мал е. Иначе ако не јади само да пие повеќе течности, тоа е битно, др се со сила така е со болно деца, ништо не оди лесно.