Млеко на првото од 8,5 месеци. На второто не се сеќавам, а на третово со бисквити му дадов од 9 месеци, ама не го сака ич некако, може пошто уште цица. Водичка од чешма на третово од 6 месеци му дадов, и постојано си пие од чешма.
Јас вода давам со вода заспива до 1.5 год ад млеко давав после тоа не го сакаше и сеа со вода заспива.
Јас изгледа ќе се одмолзувам по малку, не мн колку само да омекене градата, да се намали притисокот, така постепено за недела си велам ќе секни. Денес бев на работа и прв пат цицаше во 16ч, градите преполни, десната посебно ми беше. Јас намалувам денски подои оти на секој сат цицаше, денес имаше 3 од 16ч до 20 пак иди на сат и пол ама имаше уште 2 обиди и не му дадов Првото дете 1 месец цицаше само навечер и ко го одбив одма снемав млеко, дури се чудев како можи така, воопшто не се наполнија градите.
На горните кецови и двојки има како бела наслага, ова е нешто слично што најдов на нет. Веќе некое време одбива да му ги мијам, сам ја гризе четката ама колку можам да измијам така. Наслагата не се трга со четкање, пробав. Од тоа што читам може да е прв знак на кариес. Имал ли некој вакво искуство? Можам ли нешто да превземам? Не сакам без заби да остане уште мал.
Кариес. Може да настане и од долго цицање, немора само да е причина благото. Четкај секој ден, може да го однесеш да го види некој стоматолог ама мислам дека е тоа.
Па млеко давај де, само не кравјо туку АД. Според мене кравјото не е добро, ако ти сакаш ќе си дадеш, нема да ме послушаш нормално, ама апсолутно нема потреба од млеко пред спиење. Кравјо давам на моето само со житарици или бисквити.
Ние веќе една недела веќе сме на една дремка. Исто тешко ја заспиваше втората дремка, или покасно дремнуваше па вечерта не можеше да заспие. За фрлање исто фрла позади комоди, од хранилка се фјрла мора да биде чиста и сега најново му е фрла под кревет и се наведнува го бара за проодување уште не е но почна да се пушта повеќе овие денови по 5 6 чекори и паѓа Туку мајки дај кажете чаре како да го мотивирам да јаде. Си јадеше се имаше апетит одеднаш почна да ми одбива се, каши не сака, парчиња не сака, дури што нудам не сака ни да проба едвај со нешто ќе го залажам за 2 3 залака веќе нерви немам. Сам не сака фрла се на земја заби не се како што успеав да видам,следни се 4ките но нема ништо на повидок.
Многу ти благодарам за советот, само со овошен јогурт успеа. Инаку антибиотик ни дадоа и според крвната слика, доста беа покачени леукоцитите.
Пробај смени ја пастата, мојот сега по дава да му четкам јас од кога купив lakalut baby, има вкус на банана и малина
Со флуор е таа. Јас уште се мислам за флуорот иако е минимала количина. Не сум купила паста со флуор а знам дека се далеку поефикасни. Чико со банана ја сакаат моите, таа со јагода не баш. Ќе ја тагнам @Annath за мислење, се надевам не ти пречи.
https://www.zegin.com.mk/mk/chicco-detska-pasta-za-zabi-so-vkus-na-jagoda-12-m-50-ml Оваа нема флуор, ја користам за ќерка ми.
https://www.zegin.com.mk/mk/chicco-detska-pasta-za-zabi-so-vkus-na-jagoda-12-m-50-ml За син ми ја користам оваа. Без флуор е. Ја сака многу.
Оваа е за од 0-2 години. Не ми пречи. Таман работа. Инаку да има ама флуор, ама нагласено е на пастата да се става како зрно ориз баш ради тоа. Во мали количини. Имав без не сака, поробав повеќе врсти. Ги четкавме без паста што мене ми немаше смисла таквото четкање
Извини не била Лакалут, и мојата била Чико. Ама се мислам имаше и без флуор. Утре секако ќе купувам четка и паста и ќе проверам.
Подобро четкање треба за да не се развие кариес. Земи и tooth mousse, после четкање да мачкаш. Додека се само бели дамки, може да се корегираат со реминерализација. Ако има дефект или темна боја, тоа е веќе кариес.
@LivingGlam Да се надоврзам со инфо, баш читав колку точно има флуор во неа, 1000 ppm , а во детските пасти ставаат 1450 ppm која е количина пресметана дека не е штетна по здравјето, и да се користи во количина на зрно грашок на четката кај поголеми од три години,а кај помали од три зрно ориз. Ама сепак и јас ќе си се допрашам со братучетка ми стоматолог, ако е штетно баш и таа количина од 1000 ppm, јас ќе си ја искористам