Само бели дамки се, прво мислев дека се наслаги од храна, но не се. Што е реминерализација? Ако не се лажам стоматолог си? Ќе можеш ли те молам подетално да ми објасниш каква паста, четка и мус да земам. Ептен се изнервирав, сакам да направам сѐ што може за да превенирам.
На ќерка ми и ги четкам со пастата на алверде од дм. Не знам колку е добра. Ама на едниот кец горе до непцето има една ептееен минијатурна точка вака како жолта ми делува не се гледа убаво со блиц едвај ја видов. Мм па вели ништо не гледал он Дали ќе се расипе забот или не мора да значи? Што е ова tooth mouse?
1450ppm е количина на флуор која ја има во пастите за заби за возрасни, и тоа не во сите, а пастите за деца содржат многу помала количина флуор. 1450ppm е доза на флуор што ја има во Флуор Протектор, гел за премачкување кој не се користи постојано, само кога има потреба, кај напреден кариес, односно голема склоност кон истиот. Не претерувајте со пастите со флуор, особено кај деца што не знаат да плукаат.
Бега од инхалаторот ко ѓавол од темјан, а ко мал лани вака овој период исто настина седеше без мака, после тоа што стана како стана не знам, ама да го види не сака Имам синомарин ставено во навлажнувачот на воздух.. барам начин да му помогнам. Спиеме со кромид во спална да му го пушти носето. Ноќеска спиеше подобро и не кашлаше толку се надевам дека веќе почнува да поминува.
Белите дамки се првата фаза од кариес како што си прочитала. Роа е деминерализација на глеѓта, губење на минералите од површината. Реминерализација е враќање на тие минерали во структурата на забот, и тоа е процес што нормално се случува во устата кога забите се чисти. Треба четка со меки влакна, паста со флуор (но кај деца што не плукаат тоа не може), и затоа препорачувам тут мус. Тоа е гел за реминерализација, во аптека можеш да го најдеш или од стоматолог да побараш. Треба прво убаво да се измијат забите, па после се мачка само на забите кои се со бели дамки и не се измива. Идеално навечер пред спиење и ноќе да не се дава млеко/сок/чај, ништо освен вода. Хигиена на прво место, ако не се исчеткаат забите убаво, џабе е се друго. Не можам вака да ти кажам што е со сигурност, однеси ја на стоматолог. Ем да има онака прв преглед, ем ќе те советуваат ако нешто треба да се смени. Тут мус е гел за реминерализација што конкретно се мачка на заби кои веќе се деминерализирани. Помага и да се забави развојот на веќе постоечки кариес, но не го лечи (ако веќе има кариес мора да се струга забот, ама помага да се добие во време). Јас лично го користев долго и превентивно кај ќерката, минимална количина колку зрно ориз за четкање на цела уста, наместо паста.
Може е период само што не сака да јаде. Млеко пие ли? И мојава фрла се на земја освен леб, друго ништо не става сама во уста.
Значи да не ја користам оваа на лакалут, она има 1000 ppm и пишува на неа да се става на четката во количина на зрно ориз. И дека така нема штета. Зошто е за од 0-2 години. Баш за малите кои не плукаат наменета
Им се врти нешто во главче на периоди, душе мило. Ќе помине, штом почнал да намалува со кашлање, и кај нас постепено се смири, па сега само на момент знае да искашла тоа што му останало. Пуштам среќичка да е добар, да здивнете
Епа од несоодветна хигиена е дојдено до ова. Едноставно запечатуваше уста добри 2-3 недели, нема што не пробав за да му ја ставам четката во уста, џабе! После почна полека да отвара уста ама пак не дозволува убаво да го четкам, ем 3-4 четки купив, он држи две, јас една и се мачам бар 20 секунди да ми дозволи да го исчеткам. Друга работа е што не знае да плука и не можам да земам паста со флуор. Мислам он знае да плукне кога ќе му кажам ајде плукни, ама до тогаш веќе ја има изедено пастата. Не знам дали смеам да користам во ептен мала количина или да не си играм воопшто? Трета работа е што он не јаде благо, поточно не јаде вештачки шеќери, ама се засладува со суво овошје (урми, брусница, смоква, суво грозје) и јаде овошје, сокови не пие купечки, ама пие цедени, не секој ден, ама пие. И најголемиот проблем очигледно, уште цица! Дали да направам рестрикции и во храната? Може ли да е наследно? Јас сум склона на кариес ама кај мене се појавува на внатрешната страна од забите. Татко му иако се дави во благо, има ептен здрави заби и ни К од кариес. Како да го користам тут мусот, кога да го мачкам кога заспива цицајки? Дефинитивно ова е уште една причина плус да го одбијам! Дали можам веќе да го носам на прв преглед кај стоматолог и што би му правеле таму? Секако нема да соработува, 1г и 10 месеци има, ама си викам да пробаме. Многу прашања ти поставив извини, ама нешто што најмногу мразам е расипани и црни заби кај дете и ептен ми е криво.
@Bella_Stella Да се надоврзам за пишаното, не повикана. Синко имаше систематски и имавме забар во тој систематски на 20 месеци. Тие знаат како да натераат дете да отвори уста доволно да можат да направат проценка на забите, без детето да се буни. Јас би го однела. Ќе го насмеат тамо, уз смешка, нивни трикови кажи аааа да видиш како вика аааа Барем нашево искуство беше такво
Не знам дали има таму течност пд темјан што се става во вода за бањање када/корито ама со тоа и напраено сауна во купатило 5-10 мин да се бања ќе му пушти носе, плус мачкање на грпче и гради со маст, влажни крпи во спална кај што спие
Од која возраст почнавте со миење на запчињата? Препорака за паста и четка за заби од која сте задоволни.
Гушки. Три недели сме веќе вака. И јас и она. Најмногу за спиење кај нас помага кромид и ладна и влажна соба, нормално ако нема темп. Спие на 17-18 степени. Се е пробано веќе аман. Ова последните три недели е од грип, а веќе три месеци е преку недела болна. Детево се научи да спие само со нас. Страшно значи. Ќе ја оставиме навечер ко филм да пуштиме, милион пати ќе стане и ќе не викне. Јас ноќеска воопшто не сум спиена. Не знам, се вртат ли и вашите по 100 пати и во сите можни пози да спијат. Па ќе се закашла, ќе се разбуди, па дише погласно. Сега ме боли глава кога вдишувам. Ја однесов сабајле во градинка и и реков на воспитувачка дека сум преморена, да одморам малку. Во петок само три саати ја оставив. Им реков да ми се јават кога нема да може веќе. Се одучи скроз, еве ми се јавија дека почнала да кашла. Ќе одам да си ја земам. Еден саат, фала им и на толку. Пак ќе остане и неделава дома. А сите деца се вака .
Баш за сите овие прашања треба да посетиш стоматолог. Првиот преглед не е толку за детето колку што е за родителот. Може да ти посочат и работи што не би ни ти текнало да прашаш. Што и да јаде има шекери. И мајчино млеко, и цеден сок, и суво овошје. Треба да има минимум 8-10ч чиста уста во период од 24ч. Идеално 12ч, за да го има тој природен процес на реминерализација. Пасти и гелови се само дополнителни алатки, во чиста уста и со здрава исхрана природно реминерализираат забите. Значи фокусирај се на четкање правилно и темелно, и на пиење вода ноќе. Не е проблем што цица, нека цица дење, нека цица пред спиење, ама после тоа се мијат заби и готово до сабајле. Ако треба и ќе го будиш за миење. Знам дека звучи лудо, ама верувај дека далеку помал проблем е четкање отколку да му поправаат расипан заб со болка на 2-3-4 год. Особено ако го нема тој физиолошки простор меѓу забите, по 1мм помеѓу сите млечни заби. А да не правам муабет дека детскиов кариес према непце дека не се поправа речиси никогаш (многу боли стругањето, а децата се мали за анестезија, плус пломбата слабо држи тука). Значи сакам да потенцирам дека колку и да е напорна превенцијата, да се бориш како со крокодил секоја вечер, полесно е од било која санација на мала возраст. Второто дете ми е скоро година, маж ми уште ми се смее како од 6мес му мијам заби секоја вечер. Да борба е, ама или тоа или машинката ќе игра
Четкаме заби по прв роденден, треба и по излегувањето на првите заби,има како мек напрсток за од баш малата возраст. Материјално е тоа како газа. За одржување на хигиена. Ама јас покасно сретнав такво нешто и не почнав така рано. Му купив прво силиконски напрсток да можам да го ставам на прстот и четкам. А сега му земав мека четка за до две години возраст шарена, за да му биде интересна. Пасти земав секакви, ни една не префати, и сега земав lacalut baby ама има флуор, со неа дава да му миам. Минимално ама има. И не секој сака таква да зема за детето.
Скроз. Респект што за темава секогаш имаш детален одговор. И јас мијам на бебо откако излегоа, баш завчера се смееше свекор ми зошто мачам детр со млечни заби да мијам. Само се насмеав и продолживме. Моево е се радуца на миење заби кога ќе речам ајде мама запчиња да види штом види четка чека, горе сака ама доле ептен му се повраќа го скокотка и става јазик.. со напрстокот силиконски сака ама со обично четкиче не дозволува ич. Пастата фиксно ја лиже
Зошто се објаснуваш, па им кажуваш дека си приморана за да одмориш? Едноставно, носам во градинка и чао пријатно. Кашлал, па кашла нормално, сите кашлаат. Ако нема температура, може да седи, оди, не е малаксано детето, нормално е дека ќе кашла. Јас не знам дете што не кашла моментално.
И јас поради обична кашлица ја чувам дома вчера ,денес...кај нас од градинка одма звонат ако кашла детето,ептен претеруваат