По препорака на @Spidy јас за првото користев тоот мус, наместо паста со тоа го миев секоја вечер, од 14 месеци одбијан, млеко воопшто не пиеше, ноќе вода му давав и се научи на вода, така до 2и пол год вода пиеше по 3 пати ноќе. Кон 3 и пол 4 гпд почнав со паста од чико. Досега само 1 расипан заб има (6год) кој никако не дозволи да го поправат, со дупка е забот 4ка горе, пред месец бевме на стоматолог и го виде рече дека забот е умртвен бидејки не го боли, а толкава дупка, само да биди чисто внатре, секоја вечер четкам јас, иначе дури на 5 и пол научи да плука паста..
Различни земји Ангел, различен однос со персоналот. Ја имаат чувано кога имала шлајм и др пат, туку мене ми е сомнително веќе. Им реков дека ќе си ја земам ако им е упадливо, оти јас не сум на сигурно. Нормално дека и на нив им одговара да нема дете што кашла и да ги вознемирува другите деца. Ја чекам да дреме малку и ќе ја носам на лекар. Нешто ми не ми чини.
Извини што се надоврзувам на твоево ама кашлица и кашлица. Едно е во ден 2-3 пати да се накашла, сосема е друго да кашла 1 час без прекин, да повраќа шлајм во градинка, да не може воздух да земи. Ќерка ми и само со кашлица седи дома и да ми се јавиле и ми рекле да си ја земам кога кашла премногу. И на врата не имаат вратено, кога јас сум мислела ок си е, весела, си јади без проблем ама воспитувачките не мислеле така. Кај некого може без проблем кашлицата, кај друго со куп компликации. Кај нас викаат не можеме и не смееме да ве тераме да правите брисеви кога кашлаат и кога се со секрет ама нека поседат дома. Еве кај ќерка кога испадна бактерија (на своја рака си побарав брис), фино си отседна дома до негативни резултати. Пред се ради моето, а и ради другите. Моето е тоа што е подложно на компликации и Да, немам право да речам аман зошто Петкана го носи нејзиното со кашлање. Исто како што немам опција моето да е само дома. Пак ќе речам и моето оди ако се случило да поткашлува слабо и неколку пати на ден. Ама во моментот кога е со секрет плус, кога е со температура, кога има потврден вирус/бактерија си седи дома.
Така викаш дека имаш кој да ти го чува, да немаш нема да викаш. И јас не чувам дома со кашлица до заоѓање, додуша одеше големиот еднаш така 3м, сите испитувања ги направивме, вирус излезе кој трае точно 3м, аденовирус, на пнеумослајд излезе, и точно 3м кога ќе се закашлаше кашлаше по 5мин. Отидов во градинка им објаснив, викам 3м нема да го чувам дома здраво дете сигурно, ако сакте потврда од доктор дека е здрав пеки, ако не еве го детето. Не сум пуштала нит со шлајм зошто мене ми е страв дека ќе нема да знае да се снајде со шлајмот кога ќе го искашла или недајбоже им поврати, ама кашлица ко кашлица е друго. Заборавив дека не си во Мк, сори, ама менталниот склоп е секаде ист очигледно. Немој да им викаш Еве ви почувајте да одморам, носиш дете и тоа е тоа. Освен кога и тебе ти е ете сумљиво, тогаш извини ама не е ни за носење. Јас го однесов пред 3 недели малото и ни на крај памет не ми беше дека е болен, едноставно поткашлуваше само, следниот ден пневмонија излезе и дома заглавивме 3 недели. Ама стварно не се сомневав воопшто дека е болен, да се сомневав ќе си седев и јас дома. Знам како ти е верувај, седам на работа а мозокот ми е 300 на саат, да не се разболи пак, зошто имам цела недела сама со деци и не ми се ризикува ама немам опција. А дека ми чади главата, охооо, така ме боли кичма и врат, ми се плаче. Душа ми плаче за една масажа, за една топла купка во када и никој да не мамка 200 на саат.
@AngelOfArh , затоа реков кашлица и кашлица. Не е секоја за седење дома, дали било алергиски или од друга причина. Реално моето дете има краткорочно со кого да седи, тоа е факт. Ама ич ме ми сеисто кога ради некое дете што си кашла во градинка и е донесено со вирус или бактерија, моето да завршува со Панцеф, Трицеф и се останато. Едит: лани имавме случка, мајка буквално на групата да моли деца кои се настинати да се чуваат дома, затоа што нејзиното по период од 3 месеци, било 3 пат хоспитализирано со пневмонија. Не сме завршиле до толку ние ама и не би сакала да сум во кожата на таа мајка.
Ми се плаче веќе од ммкање три недели и едвај чекам да оздрави да ја однесам заедно на бања да одиме, оти сум укочена нема до каде. Сега ќе звучи како тебе да ти се правдам, а нема врска. Ама да се докажам. 4 беа сабајле на 11 деца. Кога ја земаат си прајме смолток. Те прашува како спиеше дете, кога стана, дали доручек имала, нешто ново и сл. Она трчаше од сабајле низ дома. Да имаше шлајм ама нормално е кога станеш и треба време да се искашла.. Е сега им кажав дека она спиеше немирно, во случај ако сака да си легне порано. Не е доручкувана и не е какана. Не е 100% здрава, има мрсоли и кашла повремено. Јас не сум спиена воопшто им реков. Ќе ја оставам и ќе одам да одморам малку, а после требаше во 12ипол да имаме завршен разговор за адаптација и развој. Значи она уште е во фаза на стабилизација. Да три месеци не е стабилизирана уште.Она нема температура, јаде, игра, трча... им реков ако има нешто упадливо да ме побараат. Дома не покажа ништо. После еден саат се јавија да кажат дека не сакала да јаде, кашлала и не сакала надвор. Да не се брзам ама не може да издржи цел ден така оти барала нон стоп во раце. Им реков нормално ќе си ја земам. Откако ја зедов ја гледам дека не е се како што треба да е. Не знам дали е само умор, не доспиеност или спушта на гради. Нема температура, не кашла сега додека спие, не свири...ама не ни јадеше ко што треба и делува изморено. И оти веќе трета недела е болна, не ми се свиѓа на каде оди ова. Две недели немаше шлајм. Последната има. Не тече нос веке толку многу,.мислам тече ама погусти се. Ама кога кашла, кашла со влажно. И мене искрено многу ми значи кога ќе ми кажат дека сметаат дека ен е фит. Оти била и друг пат со мрсоли и ја ставале на високо да спие, не ми ја враќаат секој ден. Ама кога не се осеќа она убаво и плаче за дома, ја враќаат. Денес ми рекоа да не се секирам не плачела за нас, ама да одмори дома во тишина уште некој ден поубаво би било за неа.
Фала ти многу што одвои време да ми објасниш, прилично ми помогнаа твоите совети за да знам во кој правец да се движам. До сега гледав видеа од странски стоматолози за правилно четкање на забите и дефинитивно не сум ги четкала правилно, само сум мислела дека нешто правам. Од вечерва почнуваме со нов метод, плачел, не плачел тоа е. Како што кажа подобро да поплаче сега, отколку да се расипат и да трпи уште поголеми болки. Нарачав и тут мус, ќе мачкам и тоа. Инаку доењето е проблем зошто нема опција да цица па да миеме заби зошто заспива цицајки, а ако го расонам после нема шанси да заспие. Исто така нема шанси да не цица преку вечера, се буди и бара и не презаспива без да дадам. Навика е знам. Затоа единствена опција е целосно одбивање од цицање. И поради други причини е време, а поради ова сега уште повеќе. Се надевам дека со подобрената хигиена ќе превенирам и нема да дојде до кариес.
Јас мислам дека сосема коректно се однесуваат и не бараат начин да го испратат дома девојчето туку гледаат да и биде подобро. Камо кај нас да беа вака грижливи и детални во објаснувањето. Секој ден истиот одговор го добивам, супер беше, јадеше, спиеше, си играше и толку.
Кај мојава примаа размрсучавени, со кашлица ама не и омалаксани и со температура. А се десило да ми звонат да ја земам оти плачела ја болело стомак, како не, плачеше оти погрешна јакна и ставила, а она е знаела да им објасни дека не е нејзина. Знаеја дека сум дома и само приѕвонуваа по телефон, од ко им реков да не ме бараат за глупости прекина. А како што кажав со тт и омалаксани враќаат одѓа. Германија беше ти? Имате Инхалатор спреј? Оти моиве од тоа за 3 дена се како нови. Барај нека ти препише доктор сируп ( ако пиете сируп) што ќе го направат во аптека или чепче ако не пие ситуп, ќе искака цел шлајм ако веќе не сте пробале така.
Бела само еден брз совет, моето не сакаше да ги мие кога користев овошна паста, почна да бара лута. Му купив детска лута паста со ментол, без проблем ги миеме и сабајле и вечер. Он со неговата јас со друга повторувам, две имам четки и така успева да ги мие. Нешто плука нешто голта, не сум проверила во оваа дали има флоур искрено, ама претпоставувам штом е за деца нема. Од нашата знаеше некогаш да лижне и да плаче таква да ставам па ја допирам само до четката и демек со таа се мие. Ама од благи пасти му се гади и дефинитивно тоа беше причината за одбивање миење.
Фала ти @Spidy за објаснувањето. Уште еднаш се уверив колку е важна хигиената на заби од најмала возраст. Да не бев член на форумов, веројатно немаше ни да знам од колку рана возраст треба редовно да се четкаат заби. Едноставно никој вон форумов никогаш не ми спомнал да носам бебе/тодлер на стоматолог, ни за четки, пасти, мусови. Еднаш се најдовме во муабет со жена на пријател што е стоматолог, препријатно беше изненадена дека на детево му се четкаат заби два пати дневно откако излезе заб. Од друга страна другарки ми се чудат што го малтретирам детето од толку мало. Пошто си зборуваме нели како не е баш лесно да измиеш заби на мал крокодил што протестира, ама кога се мора - мора. Исто како со ноското што и вадам мрсули пошто мора да се извадат. Имам купено две различни четки, пастата е без флуор со вкус на јагода (на Лавера) имам и Елмекс со флуор за деца ама да потпорасне па ќе почнам и со таа. Многу ја сака пастата, да и ја дадам ќе ја испие. Заради неа и самата си бара да и дадам да мие заби. Почнува да четка сама, после јас ја фаќам убаво да дочеткам, најчесто протестира ама тоа е. Некогаш успевам со игра да ја залажам, некогаш не е толку забавно. Се надевам како ќе расте, така ќе станува полесно.
Те сфаќам, ама еве да ти кажам во градинка да ти е, да видиш како ќе заспие и без цицање. Се е до можностите. Јас моите деца ги будев после цицање дури и кога немаа заби. Зошто знаев дека ако заспиваат со цицање ќе имам мака со миење. Исто и за цицањето ноќе, цицаа до 10 и 11 месеци, а одбиени од цицање ноќе на 3ипол и 4ипол месеца. Зошто за мене тоа беше полесно од тоа да се бафтам со расипани заби, иако јас лично можам да им ги поправам. Не ме сфаќај погрешно, не ти викам дека лесно ќе го презаспиеш, ама во моментот маката ти е презаспивање и забите ти се во втор план. Утре ќе спие цела ноќ и нема да цица, ама ќе одбива цврста храна зошто го болат заби од кариес. Може и нема, ама ако дојде таа ситуација сама ќе речеш не требаше да го оставам така. Те советувам како и секој пациент што сум го имала, дека најдоброто е да не цица ноќе и да не заспива со цицање. Тоа не значи да го одбиеш, ама ако тоа ти е полесно да го изведеш, така нека биде. Битно е да смениш нешто веднаш зошто веќе си забележала промени, и тоа само полошо ќе станува со тек на време ако не се сменат навиките. На твоја глава пак иде кога ќе треба да го држиш со сила за поправање или вадење заби. Сега можеш сама да смениш нешто, утре може ќе треба доктор и две сестри да го држат и трауматизираат само прва помош да му дадат. Малце драматизирам, не дека на секое дете тоа му се случува, ама има веројатност дека ќе дојде и до тоа. Мене лично не ми се преземал таков ризик кога дошло до моите деца.
Зашто би ја распнале кога никаде не рече одбиј го, туку кажа прво млеко па миење заби, и даде убав и стручен совет како е правилно. Истово важи и за ад млеко, не само за доење. Се јаде/пие па се мијат заби, тоа е тоа. На темата. @Spidy дали и превентивно можам тутмус да ставам? Мојата не прави проблем, убаво четкаме заби и сабајле и навечер. Од вечерта до сабајлето не пие ништо, некогаш вода само. Ги има сите запчиња инаку, освен 5ки ама тие периодов ги вади. Има скоро 2 години.
Ако некој ме читал пред 6год со првото дете, веќе еднаш бев распната, само за спиење не за доење. Не мешам професионален совет со личен избор. Јас лично не би доела дете над една година, ни дење ни ноќе. Со двете деца применував и тренинг за спиење. Мене ми е се тоа сосема океј. На некој не му е. Ама личен избор, кој како му одговара. За здравје нема јас како сакам. Храна, било каков тип на храна, во текот на ноќта предизвикува кариес. Просто и едноставно, не треба да се внесува храна ноќе и треба да се мијат заби. Можеш. Големина на зрно ориз за цела уста. Со малку вода на четка ќе пени, не како обична паста, ама сосема доволно. Повеќе години така сум го користела.
Па да масло е, има и за деца се става како купка во вода пред спиење обично. Јас такво им редам во када а предходно добро испарено купатило. Еве сега маж е настинат, а има Оп за некој ден и не смее да пие лекарства само на природна база, па таква купка си прави, сируп со темјан против кашлица и продишува побрзо. И во Дм ги има.
Бела ако ти кажам дека два месеци во раце ја носеа додека се опушти. Од кај им нерви и трпение, алал да им е. Секој ден ми мириса на парфем од воспитувачите што ја носат у раце. Дека е сегде исто не е. Нашава е таква мала градинка и нема лош збор за нив. Си држат за репутација. Ама затоа може да случи и по една недела да е затворена градинката, кога сите воспитувачки се болни. Лелеле какво чепче каков шируп, каков инхалатор. Се јавувам сега велам детево е три недели болно, сега кашла со шлајм, сумливо ми е. Ми вика сестрата абе свеж воздух, луфтирај, суши алишта дома ќе помине. Ако не јави се другата недела. Сега за сега се е во нормала и имате уште една недела фора. Ми вика ако качи температура само носи на итна или дојди кај нас. И така, облечам чизми и јакна и пуштам на балкон на секој саат. Прошетка низ маало. Оперил ми рече за нос да ставам и толку. Некна ми пиша на рецепт ленти за урина што се за контрола, следен пат да не носам мокрача, туку дома да и проверам. Инаку додека не помине фазата на стабилизација во градинка, не смеам да не сум достапна на телефон и морам најкасно за 20 мин да сум во градинка ако ме побараат. И мојата еднаш плачеше оти и згрешиле чизмите .