Кај мене држеле био биа, ама летоска барав потенок памперс да не го спарува. Па земав од дм на бејбилов па сеа тие ги користам не ми пропуштиле до сега.
Е па тогаш еднаш ноќта менувај пелена. Штом пие мн течности сите ќе ти пропуштаат. Јас сум презадоволна од Био Биа за ништо не ги менувам, ама еве секое дете е различно.
Машко или женско е бебето? Имаш пишано "ми пропушта памперсот" па не успеав да провалам. Ако е машко, многу мајки ја прават грешката да го местат нагоре и стегаат со пелената, па затоа пропушта, особено ако спие на меше.
Епа смени на пентс, не знам стварно освен да е грешка со бројче, колку и да пие на вечер и колку и колку и да е полна не ми пропуштале ни памперс ни бејби лов од дм.
Исто како Анатх мислам многу млеко е ова. Ќерка никогаш не испила повеќе од 180мл млеко по оброк/пред спиење. Всушност и после прв роденден мислам и не и се собираше ни во текот на цела ноќ 300мл. Заедно со тоа пред спиење. Да не му е малку храна преку ден, па да бара повеќе млеко?
Дали е можно да се откажат ноќни подои без одбивање, кај поголемко дете? Имате такви искуства? Или тренинг за спиење кај поголеми?
Наводно може. Мене ме охрабри братучетка ми дека е возможно. Иако јас планирам целосно да го одбијам. Нејзиното девојче е два месеци помало од син ми. Моментално цица само пред спиење и сабајле кога ќе стане. Ја дои и после ја става во креветче сама да се успие. Вика ќе се буни ама ќе трае многу кратко, треба само да издржиш. Ноќе ако стане ја остава прво сама да се смири, ако види дека не може и дава вода. Сега веќе и воопшто не станувала, се навикнала. Кај нас проблемот е што не спие во креветче туку меѓу нас. Ама си викам може ќе успеам да го навикнам зошто во градинка спие во креветче и дома покажува накај него и вика ‘на на’. Сум пробала да го ставам, ќе полежи ќе поигра внатре, ама не и да спие. Очигледно треба друг пристап. Јас од вечерва планирам да пробам да го заспијам без да цица, па ќе видиме. Кога ќе станува ќе пробам вода да дадам, иако знам дека не е за течноста навиката, туку за градите, ама ај. Многу тешко ми изгледа дека ќе се одбие. Ама ете сите викаат да стиснам заби недела дена и веќе морам. И така сум како зомби ненаспана, и така.
Креветче во истата соба? Обично што читав ги одделуваат со тренинг во своја соба. Мислам дека премногу промена наеднаш ќе и биде, и она спие со нас на спална. Ама морам да размислам на сите опции. Вака кога ќе слушнам деца иста возраст што спијат по 10-12 саати ем се радувам за нив ем така тешко ми паѓа каде грешам, не знам веќе што не пробав за да спие подобро, освен адаптирано да дадам и да ја одбијам. Ама се буди и не сака да цица, периодов јас ја нудам за да заспие побрзо, преморена сум не можам да нишкам веќе, а ако ја оставам само седнува и плаче без престан како во бунило. Не е една вечер. Да, вади заби, ама не знам дали можам да препишам се ова на заби. Морам нешто да променам и јас. Со лесно вечер мајка, се надевам дека добро ќе прифати и нема да ви биде стресно. Од што ми кажувале, може ќе помогне да му збориш однапред дека нема цицање, нема млеко, млекото е за малите бебиња и сл. Сигурно си знаеш де секако. Можеби да пробаш цицање, па миење заби и се друго и да заспие со гушкање и приказни на спална. Па со време да го тргнеш цицањето. Извини не сум паметна да солам памет и уште сум мамурна од ноќта каква беше тешка, ова ми беше на ум и јас да го пробам.
Сѐ што опишуваш се случува и кај нас мама, ама баш сѐ! Јас нема да го оддвојам во неговата соба, креветчето му е кај нас во спална уште. Девојчето на братучетка ми е во одделна соба. Она уште од помала почна да ја става да спие сама, па пред некое време се разболе и почна да спие со нив, па сега пак е вратена во креветче. Не знам можеби грешката е што не го оддвоив од помал од нас, поприлагодливи се кога се помали. Ама во моментот мислев дека е соодветно да му дадам утеха и да спие со нас. Веќе ми е многу тешко, се приметувам дека сум ептен нервозна. Сонот ми е нарушен 200% и тоа се одразува на секојдневието. Маж ми си го крка највеќе ни крив ни дужен. Ќе видам што ќе пробам вечер, дали во креветче, дали на спална, ама нешто веќе морам. По природа сум голем инат и кога ќе зацртам нешто го правам па што сака нека е, ама за ова сум сѐ спротивно. Слаба сум на него, жал ми е да плаче, си признавам…
Немам искуство со тренинг на поголемо дете, ама возможно е да одбиеш само ноќе и во иста соба на помала возраст. Двете деца ми се така, само многу рано, на 3-4 месеца. На таа возраст немаат толку капацитет да приметуваат, и сеедно беше дали сум во истата соба. Малиот ми е сега 1 година, сигурна сум дека не би можело исто да терам зошто сега може да стане и да искочи од креветчето. Моја препорака би ти било да спиеш во дневна ако сакаш да пробаш тренинг.
И мене ми се супер од Стокомак тие. Прв пат ги пробав со големата бр.6 само за ноќе,добри беа. Сега со близнаците исто ги користам,задоволна сум,не ми мирисат,газе во ред,издржливи се,ќе тераме со нив сега за сега.
Не се измачувај дека е ради доењето. Односно може да е, ама не мора да значи. Ако одбиваш никакво млеко не ти треба, не давај. Да се пријавам и јас, буквално цела ноќ лежеше со отворени очи. Значи само лежи. Се пробав. И со млеко и без. И со покуса дремка и со подолга дневна, и со изморено, со не изморено, со преморено. Следно ми е на лекар да ја носам, да видм дали има болка. Последните три ноќи не спие добро, по цел ден сака да е во раце и да дремка. Се трудев со една дремка и да стојам до рутината, џабе. Денес плачеше од станување за спиење, а ја понудивме да се додреме во 7 ипол. Стана се напи три голтки млеко, три лажици доручек, се изгушка. Сакав да ја носам надвор, она реши дека сака да спие. И оставив, немам сила веќе. Нека спие колку ќе спие. Нека диктира она, оти јас не можам да погодам колку и да сакам. Кога беше во градинка колку толку спиеше ноќе без да седи будна. Сега оти недооздравена е хаос. Ја прашувам дали ја боли, ништо само ќути. Барем не ми плаче ноќе. Ама пак е напорно, будна сум по цели ноќе. Главоболки, инсомнија, истоштеност, немоќ да се справам со тантруми, толеранција се губи, страшно. Единствен плус што уште не работам, ама и тоа ќе се смени наскоро. И јас си мислам веќе да ја затворам у соба, да и објаснам дека мора да спие сама и да одам да плачам додека и она плаче. Колку се поголеми толку потешко е. Ама јас имав бебе до кај година што преспиваше по цела ноќ, спиеше немирно да, ама барем не беше будна по цела ноќ. Сега не можеше да се успие сама, ја зедов во раце и додека не и дадов да ме фаќа за коса, не заспа. Плачеше за спиење.
Јас лично од преместувањето во посебна соба видов само бенефити. Точно дека имало вечери кога сум станувала и одела до детската 30 пати, но тоа беше во кратки периоди на скокови и сл. За второ дете би постапила скроз исто иако немаме уште една детска, па не знам како би било. Можеби ќе се преселиме
Фала за поддршката мајка. Претешко звучи ова што го кажуваш и ти, држи се. И моево спиеше ок до годинката, после што се деси не знам. Пак ќе кажам не сум за совети јас, ама да споделам дека мене ми помага некогаш пиење електролити и малку вежбање нешто со се дете, помага колку толку да се потсети телото дека може да прави нешто друго, а и да не полуди човек. Иако од ноќеска уште сум потресена, а обична нормална вечер беше за нас. Ама се собира. Исто, исто, си се преиспитувам што требаше и можеше порано. Ама тогаш пак различно мислев, исто како тебе. Тоа е, правиме тоа што мислиме дека во моментот е најдобро и никој не може со сигурност да предвиди како ќе биде понатаму. Сонот е основна биолошка потреба и колку и да сме силни, никој не може да е свој после месеци па и години лош сон. Ама истото го препознавам и кај мене, борбена сум за тоа што ќе го зацртам, ама имам огромна слабост на тие нејзини плачења, срцето ми се крши кога вика и ме бара, а да не се појавам. А и знае да заспива сама, кога и е се погодено (преретко) почастува со спиење или да стане да си прозбори нешто и да си заспие пак. Затоа и си мислам дека можеби нешто комуницира со плачењето и и треба помош и утеха вистински. Ох од тоа се плашев, дека е голема и е касно. Спиеше добро скоро до годинката и затоа не правев ништо, после градинка, адаптација, болна, заби, вакцини, грипови, и еве сме сега тука кај што сме. Не сака да спие ни во креветче, ја удира главата од решетките. Ако правам тренинг треба и тоа удирање да го игнорирам? Или да земам флор бед, да обезбедам цела соба да е безбедна, па така да ја учиме. Секако би размислила и би почекала да излезат забите што се тргнати и да помине скокот, инаку би било уште потешко, како што читав. Во градинка исто прави проблем во последно време, а спиеше од сам почеток во креветчето таму си заспиваше сама многу брзо. Ако да се тешам и дека некои деца се потешки од други, дека не сум сама крива за се? Ете на пример детето на сестра ми спие цела ноќ од 6 месеци без никакво замарање, ни знае што е прозор на будност, ниту што е тренинг. Фала на советите мајки. Знам дека е тренд расправање кој како треба и не треба да прави ама некогаш и малце поддршка ни го прави животот полесен. Затоа сме можеби и тука на форумот.
Јас бев мајката која викаше бебето ке спие во креветче, во своја соба итн итн. Знаете кај спиеме? Сите 3ца на спална. Фала на маж ми што ме убеди 200на220 да ја направиме спалната. Плус е креветчето залепено за неа. @kozuf ке дојде денот верувај ке спие, овој период до кај 3 години мислам дека само тоа ке си збориме и ке се тешиме со добро познаторо - ке помине. Не спиел никако ај до кај 8-9 месеци и некако се тераше стануваше 2-3 пати ноќе и спиеше во креветче и тоа одделено од спална. После тоа што стана, како стана не знам ама спиеме сите заедно. До 16 месеци спиеше обесен значи обесен на града и тогаш ми дојде преку глава и го одбив. За некој е рано, за некој касно. За нас топ според мене. Не можеше подобро да излезе. Да не ми беше толку напорно сигурно уште ке го доев. Ама ми беше ми се одмили доењево искрено. Сеа барем спие и он и јас. Не велам да не доиш, ама пробај барем ноќните да ги укинеш, недела дена плачки ама ке се навикне. Па после полесно може да е. Ништо не губиш да пробаш, единствено можеш да добиеш.
Се осеќам многу убаво кога ќе прочитам дека не сме само ние што спиеме заедно на спална. Здравје за второ дете, ќе инвестирам во подобар кревет и душек да не собере сите како што треба Се плашам што уште не се решавам да не и давам да цица навечер и за заспивање. Се си одложувам, ајде сега сум на работа, ајде сега треба да се наспијам и така до недоглед. Ќе морам да се решам, доста е веќе, стварно се големи. И не е до нив, до нас е. Да се решиме, ќе издржиме. Според мене, вистинска потреба немаат,ниту нешто посебно им врши работа цицањето од аспект на здравје, само емоционална поддршка и блискост.