Се осеќам многу убаво кога ќе прочитам дека не сме само ние што спиеме заедно на спална. Здравје за второ дете, ќе инвестирам во подобар кревет и душек да не собере сите како што треба Се плашам што уште не се решавам да не и давам да цица навечер и за заспивање. Се си одложувам, ајде сега сум на работа, ајде сега треба да се наспијам и така до недоглед. Ќе морам да се решам, доста е веќе, стварно се големи. И не е до нив, до нас е. Да се решиме, ќе издржиме. Според мене, вистинска потреба немаат,ниту нешто посебно им врши работа цицањето од аспект на здравје, само емоционална поддршка и блискост.
Јас го преместив веднаш 3тата недела како бевме вратени од болница, уште немаше наполнето месец дена. Не знам да дадам совет за поголемо дете како би било. Се случи еве да е болен да спиеме на спална, но кога оздраве си продолжив по стариот терк да спие во соба. Сме биле на одмори спиел во иста соба со нас, но кога се враќаме дома си знае каде спие и не прави проблеми.
Јас да прашам дали децава ви одбиваат јадење после грипов? Он е вака добар денес, кашла, не како што кашлаше ама сепак кашла. Никако не сака да јаде ништо, 2 лажички било што и толку. Вчера мм монте донесе божем да јаде не бе, 3 лажички и плукна пак. До кога трае ова?
Да. 2,3 дена кај нас одкако ќе биде подобра. Па после почнува полека да се враќа со апетит. Тогаш и давам само она што ептен и е омилено и нешто лесно: грчки јогурт, јогурт, банана..
Нормално е да не јади после секоја настинка потешка не ми јадеше првото дете, некогаш и по 10 дена некогаш и повеќе дена. Па така стана нејадач... Малово не јади ама спрема првото повеќе јади.
Да не јадеше една недела. Не се секирај пак ќе си почни да јади. Јас сум многу потресена ко ќе не јади, цел ден трчав по него со тањирот ама џабе.
На мајките што сте одбиле дете од 22+ месеци, со карактер како моето, морам да ви кажам секоја чест! До кај сме ние.. Не заспа без да цица синоќа зошто не беше момент за такво нешто. Беше уморен од градинка и многу му се спиеше уште пред 8 и решив да не го малтретирам. Заспа во 7:55. На првото будење нешто пред 00ч решив дека нема да дадам за да презаспие туку ќе пробам да го презаспијам без. Луѓе вие не знаете што беше тоа.. Такво плачење, такво вриштење, трескање со нозе, станување од кревет, бара да цица вика ‘цициии’ на цел глас, а во исто време ме бута. Хаос е мал збор. Пробав да пеам, да раскажувам приказна, да шшкам, да нишкам. Ништо, апсолутно ништо не го смируваше. Ќе прекине кратко, пак ќе му текне и пак ќе почне да вика на цел глас. По некое време дојде маж ми, баш кога беше мирен неколку секунди. Вика сега му даде ли, викам нема готово е не давам. Уште полошо е да му испраќам погрешни сигнали. Сега нема, после има. Маж ми легна до нас и он му раскажуваше приказна, а он кутар плаче ли плаче. Душата во топка ми се собра, ама издржав и после сигурно 40ина минути се измори и заспа. Спиеше мирно до 5ч, се разбуди пак барајќи и плачејќи, ама овој пат епизодата беше значително пократка. Заспа за 10ина мин и спиеше до 6:40. Кога стана се симна од кревет, си тргна накај дневна, ни побара ни ништо. Расположен, си игравме, читавме сликовници. По некое време отиде кај фрижидерот и побара ам ам, му дадов банана. Никогаш не јаде пред градинка, сега ја изеде и побара уште една. Ве молам мајки што успешно сте одбиле поголеми деца, кажете ми дека синоќа беше најтешкото. Ми се плачеше, ми се викаше и мене заедно со него, ама издржав. Сега не знам што да очекувам.. Планирам вечер и да го заспијам без да цица. Со градите исто не знам што да правам. Склона сум на мастит и се мислам дали да оставам така и само да се масирам и да редам зелка или да испијам 1-2 апчиња Достинекс. На колешка снаа и е докторка и она ја советуваше да испие 1.5 апче, по 1/2 секој ден, вкупно три дена. На никој не кажувам дека го одбивам, тоа ми ствара дополнителен притисок. Блиските знаат дека се спремам, ама ќе им кажам откако официјално ќе се случи.
Големиот го одбив одма по вториот роденден, значи тука-така со возраста. Тој цицаше дење-ноќе без престан и наеднаш скратив се'. Во овој период веќе разбираат и можеш слободно да му објаснуваш. Измисли приказна, се расипа, диносаурус го испи, шо било. Да знае дека нема повеќе. Јас му ги скратив од сабајле и еден ден траеше објаснувањето, не плачеше и не побара ич. Ќе тргнеше кон мене, ќе речеше млекото е расипано и готово. Плачеше за 300 други работи, му беше претешко и буквално страдаше неколку дена. Му давав кравјо млеко во мала чаша наутро, ми беше жал и го пиеше без здрив. И какао, обично сварено со вода и јаворов сируп, многу сакаше да пие. Кога ќе го видев нервозен преку ден нешто такво му давав, или го шетав надвор... Навечер приказни. Пак не спиеше по цела ноќ и раскажувавме. За градите, стегни ги со спортски градник и одмолзувај рачно по ептен малку, колку да олесни. Се спремам психички за малово како ќе биде, ама нема да тераме уште долго со него.
Детето ми е 20месеци и му се појави назад на ноџината како егзема сува му е кожата и на неколку места низ телото. Го капам со уриаж млеко за капење ама сакам да сменам со биодерма маслената купка или мустела која би ми ја препорачале? И дали да да земам и млеко за тело ? И дали знаете некаде да се на попуст
Ке помине Бела, колку и да е тешко за 3 дена ке заборави, нас ни е потешко одколку нив, само мораш да издржиш Јас не пиев апчиња, зелка ставав, стегнат градник и чај од жалфија. Одмолзував кога ке ми се наполнеа колку да ми олесни. За две недели немав мака.
Јас ти испраќам виртуелна гушка и те охрабрувам да продолжиш и да не се враќаш назад. Знам, знам колку е тешко,мачно,болно и фрустрира но биди упорна. Те уверувам дека секоја следна ноќ плачките ќе бидат пократки,побрзо ќе заспива. И да, обично највеќе плачеше првото будење,на следните веќе е уморен и побрзо заспива. Еве,скоро 2 недели поминаа откако го одбив, пред некој ден дење ме пипка преку блуза и вика тите се смее. И јас се насмеав, искоментирав расипано е,и ништо си стана да си игра. За млекото,јас пиев два три дена по една шоља чај од жалфија, за апчињата сум читала контраефекти, сепак се хормонски,пробај прво природно. Ако не бива тогаш пиј. Првите неколку дена ми беа тешки,еднаш едната ја измолзев неколку капки. Избегнувај течности ако можеш и носи 24ч прслук. Уште полошо ќе биде мама ако ја нема. Мораш да истраеш,до сега со тебе заспивал и сега мораш ти да го заспиеш,уште повеќе нервозен ќе биде ако не го заспива мама. И најбитно,да не му нудиш вода,сок или нешто друго зошто тој бара млеко и ќе го налутиш повеќе. Ова од советите на нашиот педијатар ,има статија на педијатар.мк Биодерма атодерм лосион и маслена купка
@Bella_Stella ист хорор сношти, цицаше пред спиење, заспа, стануваше нон стоп, цело време в раце спиел, мм до 2 го чуваше в дневна, го зедов во 2 му дадов да цица, плачеше после пак, нз што беше тоа сношти, ко плачиш реков не давам поќе, в раце до 5ч ми спиеше од што плачеше ако го легнам.. Одвај го легнав и јас до него в дневна, цела се здрвив, стана пред 7 и ме давав да цица, цел ден плачи на периоди, иди и раце бара, пика рака в цицки, му велам нема расипано е, ама уште не разбира толку, 18 месеци е.. Јадеше, па ајде малку надвор го извадов, 3 4 тантруми имаше надвор, за се се лути, нејки да го пофатам а коли имаше, в количка не сака. Си дојдовме со тантрум пак, в раце го носев, раце ми паднаа, ајде дома и му дадов да цица па го тргнав и го дозаспав без цицка.. Нз што да правам, сега ако дадам пак вечер пред спиење еднаш и толку си велам после дс не давам. Многу плачи големиот се буди, прашува зошто плачи, ако во др соба се слуша, па за на школо станува рано ми е жал и за него... Стварно нз како да продолжам Левата града скоро и да снема млеко, веќе 3 дена само по 1 цица од неа и не се прават грутки. Иначе планирам само со одмолзување по малку, хормони нема шанса, не сакам.
Здраво. Знам дека не е за совети ама тука се побројни. Кажете ми како миете коса на година ипол девојче а да не влага вода во уши? На секое миење и влага вода па после и се воспалуваат. Исто така не дава, вришти, мрда, одвај мијам, џабе зборам мала е уште не разбира.