Земи и тампончиња за во уши. Гледај горе пајаче и велАм и гледа, татко и некоја забави одгоре и прави и јас плакнам. Ама за со големата имавме ептен проблем и овие финти не палеа.
Има ли за мали деца тампони за уши? Каде да најдам? Инаку мислам дека ќе ги вади ама ќе пробаме. Се мислев и за оние капите како настрешница што се само ама сигурна сум дека ќе ја вади неќе нишро на глава да носи нит шнолче да и ставам нит ништо.
Не функционираат тие, имаме дома, пропушта и бетер. Мојава ставаше крпа на очи и главата на горе, кај нас беа проблем очите не смееше да и капне ич вода на лице.
Колку често давате дома месо/јајце/риба, за дечињата што се во градинка? 4 дена во неделата ручекот им е со месо, ама веројатно количински е малку месо, слабокрвна ми е, па си викам можеби треба да појачам и дома пак да јаде месо. Ама па да не претерам.. исто и јајце, еден педијатар ми рече секој ден можело по едно ама никаде на друго место немам сретнато, баш читав дека тоа е премногу холестерол за дете под 2.
Јас давам секој ден јајце (некогаш и две) за доручек. Месо јадеме дома скоро секој ден, без разлика што јадел во градинка.
Сум го пишела моето искуство неколку пати тука, и моето така правеше зајдуваше од плачење ако не му дадев коа пробав да го одбијам. Го одбив со сенф намачкан на гради и после два дена не побара веќе и беше многу многу помалку стресно и за мене и за него, без плачки и тегнење. Мој искрен совет ти е да пробаш, да му збориш расипано едно друго, големи се веќе разбираат полесно ќе поминете. Јас му зборев боли расипано каке, и вечер коа се разбуди пак му зборев и еднаш лижна и после тоа само се гушкавме.
Фала ви девојки на сите за советите. Оди на подобро, последно што цицаше беше во четвртокот вечерта. Не знам само со градите дали постапувам соодветно. Измолзувам колку да ми олесни, редам зелка, пијам чај од жалфија. Премногу ми се полнат, олово се тешки и ме болат. Знам дека треба време, ама многу ми е страв од мастит, три пати до сега имав. Земав и Достинекс, ќе испијам две апчиња, распоредени во три дена. Хормони се, ама помало зло се од заглавување со мастит. Сигурно и онака за некое време ќе ме стават на хормонска терапија заради Пцос, зошто осеќам дека сум хаос, така да не ми менува многу. Знам дека е индивидуално ама ме интересира колку време, колку често и количински се молзевте, дали рачно или со пумппа, и за колку време ви прекина млекото? Јас имам многу млеко, од секогаш сум имала, а баш не сум човек што пие течности.
Првите неколку дена,до една недела ги осеќав тешки и жешки .Одмолзував рачно неколку капки,2-3мин. Немој со пумпа,бетер ќе стимулираш. Сега тешки ми се ,ама не ми е мака,веројатно постепено ќе се повлече млекото.
И јас рачно првата недела одмолзував 3-4 пати, пиев и парацетамол некој ден пошо ептен тешки и жешки ми беа. Намали течности деновиве ке се среди. Ако не бива земи си апчиња, бетер беља со маститот.
Majki sto pravite koga vasite deca igraat niz park i fakaat se dole i posle racete vo usta gi stavaat. Go brisam so vlazni ama uplav imam od kuceska tenija
Како ги шишате децата син ми 19м неможеме никако фа го потшишаме не седи несака плаче а голема му е косата му се тутка дури
Мислиш со влажните ќе се спасиш? Не! Јас скроз не се замарам ако фаќа и става раце во уста освен ако не фаќа нешто ептен гадно, измет од животни, животни воопшто, ѓубре и слично, ако фаќа камчиња, дрва и песок, тоа е тоа нажалост. Никако да ти кажам, јас го пишам некако ама тешко иде. Се мислам да пробам во Мали ѕвездички, ама големиот кога го шишаа еден единствен пат го направија како муле, многу лошо го исшишаа и решив да го шишам јас колку можам, додека не стигне до косиче за убаво шишање.
Еве 2 плус години ми е мене неубаво кога ја гледам да фаќа се и сешто. Сега бар не става раце во уста. Ако има во близина фонтана/чешма миеме таму. Или ако носам шишенце со вода плакнеме. Не дека којзнае колку помага. Во периодот кога беше помала, гледав до максимум да сум до неа и да спречувам да стави раце во уста.
Големиот на 2,5 години го префрливме во своја соба. И ден денес знае да стане да дојде кај нас или да не бара таму, ама не цела ноќ и не секогаш. Само кога се роди малото (5,5 години беше тогаш), се врати во спална и јас не го форсирав да спие сам додека се навикне на новиот член. Малово сега од пред една недела (2години е) го префрливме таму. Сам изрази желба да спие во детска и без проблем спие таму. Креветот е со фиока предвидена за втор кревет, големиот е горе, малото долу. Е сега малку е проблем со успивањето зошто отприлика исто време легнуваат, а малово додека не се изназбори не заспива па малку му пречи на големиот. За тоа сега смислувам стратегија како да не му пречи. Има едни, на докторс мислам беа, како силиконски кои се модифицираат. Јас тие сум ги користела. Како пластелин може да се месат. А за понатаму имамедни како лепенки сум ги гледала на алиекспрес. Тие за мали деца ми личат попрактични, ама не сум ги користела за да кажам искуство I just found this on AliExpress: MKD73.96 | 10/20/100pcs Disposable Ear Protection Stickers Bathing Swimming Earmuffs Water Baby Shampoo Ear Water Prevention Ear Stickers https://a.aliexpress.com/_EGZDEcu
Во хранилка седнат во дневна, со машинка го ошишав сега првпат скроз кратко. Претходно два пати шишки му шишав со ножички, ама многу се потеше и му сметаше. Скоро 14 месеци има. Инаку и другите две дур беа помали све јас ги шишав, второто до ден денес само со машинка домче се шиша.
Не само што може, него сигурно мочало. Ако така размислуваш, треба никогаш да не го спуштиш на земја. Пази го да не изеде некое камче, и ептен ѓубре да не фаќа. Песок, трева, ќе се сопне па ќе пипне со рацете доле на земја... се тоа не е страшно. Не е чисто ама не е страшно. Веројатноста да се разболи нешто од тоа е минимална. Поверојатно е да земе играчка од друго дете и да ја пикне во уста и така да фати бактерија. Јас повеќе се нервирам дека уште сака да седнува на земја иако знае да оди веќе, па се прави лом од прашина и кал. Па ко небањат се шета
Да ти пратам слика каква ја вратив преѓе од игралиштето. Баш денес на ова ладно реши дека треба да "прави торта" во песокот. Е требаше цела да ја ставам во машина и вака надвор За играчки се нервирам во игротека кога ќе и текне да стави во уста. Во градинка не ја гледам ама по тоа колку вируси и бактерии носи по дома, може и заедно со другите чаша/шише да дели и играчки и се останато.