Со 3 кучиња израсна, 4 ако го сметам тоа кај моите што беше. Откако е роден и се вративме во МК се вала на земја со нив, лазе, си игра, валање во двор, кога завршиме игра со нив ги мијам ама секако дека додека си игра сто пати ќе се фати за лице, облека, ептен пазам во уста фа не став рака, ама се десило. Не можеш да го упазиш и во стаклено ѕвоно да го чуваш, олабави. Ете денес баш го шишав, татко му и он со негова ножичка демек ги шишаа животните, а јас позади го шишав него, многу успешно. За миење глава уште сме со драми, еднаш неделно му ја мијам од толку што е трауматично и за мене и за него.
Второво не сакаше капка вода на коса и по лице да му тече, секое бањање беше со тешки плачки, па му земав онакво капче специјално за бањање, и така се опушти па без проблем му миев косичка. Ако не си пробала со такво, земи, може ќе се спасите.
Мене ми се секој ден така двете, ако не од јас што ги носам в парк тогаш од градинка. Иако имаме целокупна опрема за кал, пак знае да се напраат лом. Јас ги оставам се, во парк, во игротека, дома. Ова мене ми е секојдневие и тоа со двете. Тука не постои парк што нема песок и вода за да се кашкаат деца. На лето ми шетаат боси по парков што од комплексов кај што живееме. До сега не сме имале ни бактерија ни афта. Може среќа де ама мислам дека е сосема ок.
Pretpostavuvam vasite kucinja bile vakcinirani ja zboram za ulicni kucinja a kuceska tenija ne e bas retka i tie paraziti od zivotni sto se. Jas dosta sum gi pratela i onie na tlc monsters pa od svasta nesto zakacuvaat bakterii i paraziti a za raka da pikne vo usta e del od sekunda zasto vo taa faza e a nemozam da go dopazam nonstop go brisam so vlazni ama nz dali e dovolno,so antibakteriski mi e strav
Мајки, на моето 16 месечно дете му се појавија жолти флеки/ точки на главата. Не се перутаат, туку само како флеки се. Колку што знам за теменица (cradle cap) треба да се перута кожата. Некој со вакво искуство?
За кучешка тенија вакцина не помага. Кучешка тенија најчесто се фаќа од немиена салата и незготвено свинско месо. Дека ќе ја фати од трева во парк од куче шансите се скоро никакви. Остај што гледаш на тв, не верувај во се што ќе видиш поточно. Јас во мои 33г немам запознаето никој што бил болен од кучешка тенија, не верувам дека сите до сега оделе по децата и ги бришале до влажни.
Ех да си го видела летово моево како се ваљаше и влечеше/пузеше низ цел парк по сите деца пошо не знаеше да оди.. никаква болест нема фатено од валкање надвор до сега фала богу. Секој ден сме надвор по 2 пати обавезно, се враќа кал цел, секој ден перам скафандер/алишата се што носел. Ама он е среќен изигран и изморен. Имам средство за дезинфекција на бекутан ми го дадоа во аптека со нешто гратис, го користам по игротеки најчесто кога одиме, после миење раце колку толку да се дезинфицира. За надвор тоа ми нема смисла, се знае доаѓаме дома и се бања ако е во кал од глава до пети.
Епа тогаш не го носи надвор, нема друго. Олабави, нема да фати кучешка тенија. И да, кучешка тенија се фаќа и од друго, не само од трева.
А да и ние иаме за дезинфекција и го користам ако планирам да му дадам да јаде надвор нешто и во игротека. Има за деца побарај во аптека.
Мојте две деца се исти како од Бубиш и тоа за викенд 2 пати во денот,. Имаат чизми, панталони за валкање и тоа е тоа. Имам кажано живееме покрај езеро и постојано играат во песок, камчиња и вода. Јас сум од оние што не се замараат многу дали се валкани,избушавени итн, битни ми се други работи. За ставање работи во уста, малото се сака да проба и истражи и дозволувам, ехеее колку пати камчиња пробала и сфатила дека не е за јадење дека нема вкус, за дрва да не зборувам, песок проба еднаш и толку беше. И првото е вака растено па сега за сега е супер не фатил нешто опасно од природава.
Ако ти е шубе, не давај само да јаде додека сте надвор додека не му измиеш раце. За друго.. нека се прави лом.
Тие што пазат повеќе закачуваат нешто него ли тие што не обрнуваат до толку внимание. Кај ми е крајот ако фатам да ги бришам на секое. Нити па тебе те бришеле. И не зато што јас ги оставам така туку не за џабе странство денот на децата им поминува цел ден во парк, играат со песок, берат костени, лисја и седнуваат да јадат ужина во парк. Тука нема дете кое е дотерано за градинка како во Мк, пошо не вреди, тоа песокот кога ќе се разгачка на 90 не испаѓа. Иначе, најздраво е дете да има контакт со земја и да гази босо на трева.
Горда сум на себе и на моето бебе! Вчера заспа без никакви плачки и спиеше цела вечер. Цела вечер! Јас се будев, веројатно од навика и еве второ утро како ме боли глава, тоа сигурно од што сум под напон од целиот процес, ама ќе помине. Се лажеме дека бубата дошла и ги изела циците. Залепив ханзапласт и се ишкртав со црн креон и делува. Малку е creepy, ама има ефект. Не мислев дека ова ќе го пишам, ама до мајките што планираат одбивање, решете се без да одлагате, не е толку страшно како што самите си ствараме филм во главата. You can do it!
Мене ми олесна за тебе жено, не па тебе Ајде сега спиј на раат. Јас еве се мислам да спакуван креветче, џабе ми фаќа простор во спална искрено. Ќе пробам уште еднаш да го вратам, ако сака ок, ако не бај бај у подрум. Додуша и го огласувам да го продадам, ама не го сакаат. А не му барам многу, за 2000 сосе душек го давам, ама нејќе никој.
Во петок кога ја зедов од градинка во косата имаше кал. Палталоните за играње што се и јакната, по еден прст дебело кал. Оставив да се задуши, истресов малку и вчера пак ги облеков. Не се ни исплаќа секој ден да ја перам. Некна беше топло носеше други потенки за надвор. 10 пара има такви за надвор, во три различни дебелини и сите буквално сите се искористени. Некои стојат во градинка, некои дома па се ротираат во зависност од времето надвор. До сега росеше малку, сега ќе ставаме кациги на глава и надвор саат ипол. Нека вози точаче балансер, нека се игра со кал, на игралиште, и после дома на спиење. Мрсоли уште течат, малку поткашлува ама дома не треба да седи на вакво време. Ем воздух чист и влажен, ем ќе се изнаигра. Навечер во 7 капут, едвај чека да си легне. До 8 најкасно е заспана. Страв ми е да се пофалам дека спие последните ноќи како топ. Фала богу што се стопли малку и не е минус надвор, па не се прибираме дома. Од крлеж ја вакцинирав, за другото како за сите така и за неа. Јас сум селско дете порасната надвор, во двор со мачиња и кучиња. Сум јадела директно од бавча не миено, од дрво скинато плодови на дрво качени и не фативме никакви болести од тој тип.
Исто, мислам Германија беше ти. Епа исто држат во градинка и тука опрема и чизми гумени, дома едни дебели едни тенки иам. И нај хит ми се кога ете така сите размрсулавени играат во песок и залепено им е се на фаца мајка ми се зеза вели децава ти се прави шваби. Обавезно имам со мене чорапи други пошо знам дека може да се навиденат. Кај што има чешмичка во парк грч ладна вода има, па тоа кога ќе ги соблечат и кога ќе ги пикнат цели за да ги измијат ми е најзабегано, до тој степен не сум стасана
Моето цело лето беше единствено дете што се бањаше во градската фонтана. Секое одење во парк, па кога ќе ми речеа е што ми даваш, лелеле се избаљал, леле ние не ни одеме натаму. Е добро де, вода е, 40 степени е надвор, он трча низ неа ќефен, радосен. Јас уште носам резервна облека со мене каде и да шетаме оти до го знам детето и себе, нема да драматизирам и да се нервирам ако шлапал у кал или се измокрил од вода. Мене некогаш ми иде со него да се зашлапам жими се