Како што ти пишала и бела, намали подои. Големиот пред да го одбијам (15м беше) денски веќе не цицаше или само еднаш. Пред да го одбијам ноќе почна цела недела на пола саат, саат да бара и пресеков. Со мали плачки една вечер успешно се одби. Малото додуша само се одби на 13 месеци. Еднаш испротестира и одбиваше да цица, ама од жал утредента понудив пак. Вториот пат кога испротестира пресеков и не понудив веќе ниту пак тој побара. И тој беше на еден дневен и вечерни подои. Од прв ден откако се одбија преспиваа цела ноќ.
Фала ви, малку почнува и да сваќа, му велам нема какано е, ама си иди и пушта рака меѓу гради и некогаш ќе се смеј и мафта со прстето демек нема, се навикнува. Кога почнав да не давам многу плачеше. Со првото дете ич немав проблем, последниот месец пред одбивање само навечер цицаше и не ми бараше дење воопшто. Дури ни другата вечер не побара, а мислев ќе плачи, ама па и помал беше 14 месеци. Ова е поинакво.
Мајка,ќе бидам реална, ти не си 100% решена дека сакаш да го одбиеш И ако, не си набивај грижа на совест. Не треба само да се подготвени децата, туку и за мајките треба да дојде вистинскиот момент. Мм прееска ме прашува,среќна ли си дека веќе не цица,можете мирно да спиете двајцата? Искрено, се збунив што да му одговорам...дали сум среќна, во тој момент се почувствував неубаво,како да сум го лишила од задоволство а не требало. Но реалноста е таа,доволно беше голем за да завршиме со ова поглавје. Да,среќна сум што ќе имаме мирен и непрекинат сон двајцата. @Бела, не знам да те тагнам,мило ми е што успеа!
Татини се додека им треба носење, забава, глупости да прават. А нешто шкрипне, одма мама мама. И вика вчера татко и, ај да си легнеш да спиеш. Она му вика, не не тати, мама сака.
И кај мене пресудно беше тоа што многу зачести со ноќните подои. Почнав да станувам нервозна и никакво уживање да немам во доењето. Таман ќе го заспијам, ќе се испружам во дневна малце да издишам ете ти го него 95583026 пати плаче во сон и не се смирува со ништо освен со цицање. Мислев ноќни терори, заби, што ли не мислев. Е откако видов дека од втората ноќ он почна да преспива цела ноќ, сфатив дека не му е ништо, дека доењето за него веќе не е бенефит туку го остава без мирен сон. Фала ти Софи! Поддршката и советите од сите вас тука играа огромна улога во мојата решителност и успех! И мене ми беше криво да го лишам од задоволството, ама тоа задоволство правеше да е кенкав ноќе и да спие немирно. Мислев дека близината ќе ја изгубам кога нема да цица, ама напротив он сега се гушка како никогаш порано. Општо си е гушкалче, ама сега некако е поразличен, или јас така си мислам. Синоќа побара, му кажав дека нема, бубата е тука. Само си легна ме гушна и заспа за 5 мин.
Не сме баш за во оваа група ама решив тука да пишам исто..бидеќи е поактивн и сиг е пресна меморија..ако се сеќавате кога научија даправат браво и чао дали пд тој момент константно правеја иили имаше период на прекин..моево наѕчи браво и после една нед прекина..па ппчна каоо демек мафта за чао ама ниш спешл баш..и прекина и тоа еве...како никогаш да не правел се однесува...олеснете ми дека е нормлано
Не памтам ама мислам после година беше... @Sofi.ja @Bella_Stella спијат сега сите ноќи, Бела кај вас само 2 се поминати, значи 2те си ги преспа?
Да. Јас од четвртокот почнав со одбивање, петокот само се будеше на два пати, саботата и синоќа си спиеше цела вечер.
Браво а ти спиеш? дека навикнати без спиење Иначе исто прави, еве веќе 3 недели се направија, значи нон стоп станува и плачи, па дур не цица не се смирува. Заспива го легнуваш по 10 мин плачи, ајде пак презаспивај Преморени сме со мм, тој па в раце станат го презаспива, со мене мора цицање.
Решението е само одбивање, барем кај нас така се покажа. Јас не спијам без да се будам. Не ми е јасно зошто, ама се будам многу пати во текот на ноќта. Веројатно му треба време на организмов да се прилагоди на новата ситуација. Сепак скоро две години сум спиела на интервали.
Ист беше и мојот пред да го одбијам Лаки. Мене преку глава ми дојде искрено. Може стварно глупо и себично звучи не знам ама јас сум со него цел ден плус не наспана не можам да издржам искрено. И што вели @Bella_Stella јас таман сум заспала или сум застанала да одморам малку ете го него станат. Вака барем знам двајцата имаме квалитетен сон и сме одморени. Еве го 5ки излеговаат па не се буди цели ноќи. Знае да заплаче во сон ама си продолжува да спие. Ке се будите уште долго јас уште знам сред ноќ да се разбудам и да подремам од навика ама се поретко веќе. Вчера ми вели мм ај доспиј се уште некоја недела и да се фрлиме на работа за второ сеа знаеме како, важи викам, нема проблем
Си спие може да се разбуди,да прокенка, уствари не е ни буден,мижи и заплакува,ама ќе го понишкам допрен до мене и си продолжува. Првата недела требаше да го земам и да станам во раце да го нишкам да презаспие. Сега е полесно. Исто, јас се будев првите неколку дена. Особено клучните 3 дена. Ептен бев под стрес дека ќе ми побара и некако не сакав да заспијам,успана да не заборавам дека го одбивам па да понудам
Леле така моја колешка доживеала паничен напад. Се успала, а малото на одбивање не цицало веќе два дена. Си извадил човекот во сред ноќ без она да осети, си почнал да си цица и кога се свестила она драми. После спиеше со ролка некој период. Моево само еднаш два пати проба да брцне, ќе му кажам бубата и одма се повлекува. А синоќа на два пати прокенка ‘мама вово’, вода бараше ама не му дадов зошто не сакам нова навика за станување да му створам, дадов цуцла и си продолжи. Порано викаше ‘мама цици’, сега ‘мама вово’. Изгледа сфаќа дека нема веќе цици, душа мајкина.
Јас имав страшна несоница после првото, никако неможев да презаспивам, пиев и мелатонин и џабе, ми се среди ко се роди 2рово, малку неверно ама тогаш почнав да презаспивам.. Иначе никако сон не ми идеше, до 5,6ч сабајлето. Страшно ми беше.
Мајки ве молам за совет за полесна адаптација во градинка. Син ми од септември е запишан, секогаш кога не е болен се трудиме да оди редовно. Има околку 35-40 денови присуство од септември. Обожава да оди сабајле, сите негувателки ги сака, не плаче и ни вика чао кога го оставаме. После градинак е исто пресреќен. Проблемот е што сакам да го оставам да спие, 12,30-14,30 и после дремката да го зимаме дома. Негувателките ми продаваат филм дека ќе го истрауматизирам, дека не спиел, дека абер немал од спиење а се осеќам дека сфатиле дека работиме од дома па ај има кој да го земе. Крајно е претешко бидејќи со маж ми нонстоп се мењаме и на некој работатат цело време му пати, навечер до ниедно време се работи пошто не се завршува ништо сред ден, а исто така често имаме состаноци со клиенти и едноставно не смеам да ги пропуштам. Како да пристапам на ситуацијава? 17м, во јасли е.
Каков совет сакаш? Не гледам тука никаков проблем кај детето туку кај учителките. Не им се замарај воопшто, утре го носиш сабајлето и кажуваш од денес останува со спиење и тоа е тоа. Ти продават пуфки пошто научиле дека можеш да го земаш. Како знаат дека не му се спие, пробале ли некогаш да го успијат?
Детето трауми од буба ќе има кај ти текна хахха ама добро ти успеало браво оваа колешката како мене, она си излегува од креветче и фаќа да цица, јас појма неам
Мојот кучето го караше со прст. Многу ми се смееше тогаш. Јас му велев ау ау зело цицето. Станува утрр дента го глеа кучето, фацата лута прстето спремно и "ауауау (кара со прстот) цицоо" После некој ден му текна на татко му да се жали: "Тати ау ау бам" Зошо бе сине бам "Татииии ау ау цицеее, бам бам" Да го тепал кучето
хахахах ме изнасмеа Баба ми ставила пердув од кокошка, кај ми текна рече тогаш, вика нижевме тутун и мајка ти бараше да цица, видов пердув и го пикнав в маица и поќе не побара
Лелее зар е можно и тоа. Еве трет ден како ме боли глава од што не спијам и сум на штрек. Се надевам дека ќе се среди без да раѓам уште едно. Мала шала.