Слично и мене ми правеа зошто знаеа дека работам од дома. Пишував и тука, демек цицал па ради тоа не спиел, па ми правеа mom guilt безвезе. Јас им кажав дека за брзо се враќам во канцеларија и мора да се навикне и да видиш како магично почна да спие и да јаде и да е супер. Кажи им дека мора да се адаптира, дека нема кој да го чува и готово.
Ххахах не знам и јас. Еден ден седнав и изгледав милијарда ‘weaning’ видеа на јутуб и една од идеите беше таква, да се намачкаш со креон и да кажеш демек те боли бла бла. Колешка моја со ханзапласт го одбила, па јас направив мал twist и решив и бубата да ја вклучам. Првиот ден гледа мравка во сликовница, ја покажува и вика буба, гледа накај градите и пак таков прашален буба?! Демек оваа буба ли е кај циците. @Carolin хахах ах тоа ау ау што краде цици. Татко ми така цицал до 3 години и баба ми кога решила да го одбие се намачкала со кармин и кажала дека докторот ја боцкал и ја боли. Една недела го пцуел докторот.
@Bella_Stella @Carolin. Децата и нивните бисери ... Се надевам брзо ќе се придружам и јас со позитивно искуство и брзо одвикнување како вас. Само нека оздрави моево црвче и ќе пробам и јас, ми дадовте сила вие за одбивањево.
Не, со ранец на бебе во количка и ранец на бато на него. Јас со моја ташна или кај бебе. Не, чат пат ќе види ќе побара ама не пие да речеш да пие цело. Шише па ич не користи веќе.
Ве читав пред некое време зборевте за играње надвор. Еве овака се врати од градинка минатиот петок. Спојлер Како во водовод да работи. И како да купувам нова облека кога ќе ми дојде дома ваков? Си ја научив лекцијата, од сега само на старо. А сите ми испраќаат алишта за дотерување. Еве мајка ми испратила пролетна јакна, преубава е ама е за шетање, ниту е водоотпорна, ниту отпорна на ветар, светла е, абе се што не треба. И само им велам да не си трошат пари за џабе сите, да купуваат работи како да оди во македонска градинка пошо тука никој не оди дотеран. На посета се свекор и свекрва. Детево изгуби секаков ред, ќе мора да му правам factory reset кога ќе си одат. И што е муабетов со бубата? Не оди таму, бубата ќе дојде. Ако не јадеш, ќе ја викнеме бубата. Јас сум ваква цело време Тројки ( уствари само една тројка ) излегува цела вечност, како може толку бавно да ваѓа заби не ми е јасно. И по ново ја бара цуцлата и кога не му е време за спиење, досега ја користевме само за спиење и не знам од кај му текна вака, по цел ден со цуцлата во уста. Па плачки се ако не му ја дадам, ептен станува зависен. Се мислам да го одвикнам, за цицањето не ми беше страв колку за цуцлава.
Исто е со цуцлата, не знам која фаза е, ако нешто ја боли или не и е по ќеф, одма трча и бара цуце. Па тоа кога ќе почне цуце цуце, ако и речеш нема одма плачки. Ама не можам сега, нека излезат забите прво. Кај нас откако почна со градинка, почна цуце да бара низ дома. Надвор не ја носам и не планирам. За спиење ќе се успие и ќе и падне, може и цела ноќ нема да ја врати. Многу убави се ракавиците, за догодина вакви ќе и земам. Тројки две од доле излегоа, ко ново дете имаме. Сега горните кога ќе тргнат, пак со месеци нема да се спие. Толку беше уморна уште вон7 ипол заспа. Ама се изнаоди два саати.
@Lavender13 @јolene Кај вас цуце кај мене со цице така на пол сат цице, затоа ми дојде преку глава од доењето.
Јас вчера какво фијаско имав со одбивањето. Прочитав тука се охрабрив и викам ај ќе пробам @Bella_Stella го пробав твојот трик и плус засилив со ханзапласт и сенф. И така му вртам филмови го спремам пола ден, дека мама била на доктор, дека рекол да не цица веќе дека ја боли мама…и дојде моментот, знаете што направи моето дете? Ја погледна градата и стана, јас и мм се гледаме, отиде до фиока зема нов ханзапласт, отиде до друга фиока зема влажна. Дојде до мене, го избриша креонот, го одлепи ханзапластот, почна да цица, се тргна, вели мама цице луто, јас велам епа расипано е не е луто и он на тоа, не мама сенф луто. Луѓе занемев, занемев скроз, јас сериозно не измислувам, не знам како детево ја доби идејата ниту па каде пробал сенф…ама разочарана сум и фасцинирана у исто време. А и откако се нацица залепи нов ханзапласт да не ме болело. И пак денес збори дека ме боли и си цица гајле нема. И кажете што јас да правам??? Од друга страна два дена сум многу нервозна, имам некој бес и немир во мене. Не сака да спие, одвива дремка, 3 ден денски не е спиен. Не сака и крај. Заспива во 8, се буди за два саата и тера до 12-1 буден. Станува сабајле ненаспиен и кисел, бесен, не слуша ништо. Во исто време 5ки му никнуваат и многу е нервозен, како друго дете. Вчера изгубив нерви и му се карав. Денес станав без воља за апсолутно ништо, и се осеќав скроз лошо дека пуштив тв и седевме така и блеевме во тв. После ручек и реков на мајка ми да дојде да го земе оти ми треба малце време да се соберам. Он таму бајче. Дојде и заспа и спие веќе 2 саата ама залепен за мене, не можам ни да мрднам без да го разбудам. Стварно не знам што е проблемот. А он се врати од кај моите и му викам како си помина мама, он одговара убаво, бев мирен. Како детето да се брани дека бил мирен. Стварно не сакам таква мисла да му набијам у глава дека треба да е мирен, ама очигледно вчера што му викав одма си ставил во глава Многу лошо се осеќам, многу.
Мене ме интересира дали зборовите ги изговара вака чисто како што пишуваш? Ако да тогаш детето е феномен, зошто таков говор дефинитивно не е типичен за таа возраст. Ќе си најдеш друг начин за одбивање. Чим не се лаже како неговите врсници, нема да го лажеш. Ќе му кажеш дека веќе е голем и дека не треба да цица заради х причини, ќе измислиш зошто. За спиењето јас сум 90% сигурна дека ќе се среди ако не цица. Чим моето дете што се будеше 5839395 пати спие, ќе спијат сите. Chill out малце, не се напнувај.
Кај моево ме боли нема да упали пошо стварно ме болеше многу едната града, во спиење ми ја наседна некако брадавицава и умирав од болка при допир, на моето немој мама ја боли и гледаше дека стварно се стегам праам фаци и она ич не реагираше. Добро со креони и кармини неам пробано, може ќе се уплаши за дека бришат со марамици некои имам слушнато залепи силиконски градници и речи и ти бубата ја лапнало брадавицата
Да Бела, многу убави и чисто збори, дури и цели песнички пее. Би сакала да можам да ставам видео да го слушнете. Стварно сум многу фасцинирана од неговиот говор. Знае и да брои, имиња апсолутно на сите што ги знаеме ги знае. Вчера дојдоа другари на мм, ги нема видено многу одамна и влегоа тие, вели здраво тета Ангиа и тетин Иве. Запомнува екстремно брзо, ама мислам дека сите на негова возраст помнат брзо. И англиски знае многу зборви и песни, веројатно од тв. И тетка му која има дете 5г, вели дека вакво зборење како неговото нема видено кај никој Некогаш искрено помислувам дека е можеби е надарен, ама не сакам да мислам уште сега на тоа, веројатно е само подумежлив. Ама генерално не е само зборењето, него понашање, невербална комуникација, некако се му е многу напредно.
Брат ми така зборел, од многу мал почнал. Ама тој и има рано преодено на 7 месеци. Баш се порано се дешавало кај него. Мене не ми е чудно кога слушам дека има деца така што си зборуваат течно.
Големиот така прозбори, ама на 3г, одма чисто јасно, само р и л ги мешаше. Јас не успеав ни со сенф ни со лута пиперка ни со кафе ни со креон, само да не спие до мене, за 2 дена се одбивме. А нервозен е ради денската дремка што ја отфрла, а прерано е реално.
Мене ми треба трик за одвикнување навечер по безболно? Како да не и дадам да цица кога вришти? Валјда треба да издржам 2-3 вечери,па ќе се навикне? Би можела да пробам со кармин за заспивање преку ден.
Мислам дека нема безболно. И јас сакав така ама гледам дека нема друг начин освен да се пресече и толку. Да се издржат тие неколку дена критични и после да се надеваме дека и нашиве ќе спијат цела ноќ. Тоа ми е желба. Зошто сакам да си спијам и ми фали сонче