Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.321
    Допаѓања:
    20.662
    Пол:
    Женски
    Сум видела деца на интернет што зборуваат на таа возраст повеќе, ама не течно и не со чисти зборови. Дефинитивно не е својствено да има чист говор на неполни 2, специфично е баш. Вака кога го опишуваш звучи како да имаш 4-5 годишно дете дома. :D
     
    На Giiirl23, 1209, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.321
    Допаѓања:
    20.662
    Пол:
    Женски
    Тука некаде е и твоето мислам како син ми. Веќе разбираат, пробај го мојот метод. Пред да спие покажи дека те боли, офкај глуми лудило. Секогаш кога ќе побара ќе викаш дека нема, мама ја боли. Јас се чудев како ќе го презаспивам без цицање, ама ете го трета вечер по ред си спиеше мирно. Мораш да стиснеш заби и да ја издржиш првата вечер без да попуштиш и да дадеш. Ќе плаче многу ама ќе се измори и ќе заспие. После секој следен ден ќе станува сѐ полесно. Син ми конкретно престана да плаче уште третиот ден. Вториот прокенка кратко пред да спие, ама за 5 мин беше заспан.
    Јас многу размислував како да го одбијам. Помислив и да го оставам со маж ми, мајка ми. Ама од оваа перспектива сфаќам дека тоа е многу погрешно. Детето страда во тој момент по цицањето, греота е да се остави да страда и по мајката. Премногу екстремен пристап ми е мене тоа и може да предизвика дополнителен бес кај детето. Вака он не ми беше лут мене, беше фрустриран што нема цице, ама утехата пак ја наоѓаше кај мама и пак заспа со мама и тато до него.
     
    На Sofi.ja, Giiirl23, Splendor. и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.925
    Допаѓања:
    6.064
    Пол:
    Женски
    Во групата на ќерка во јасли имаше дечиња и од 1,5 година што буквално како возрасни си правеа муабет. Со Р, Л вклучени.
    И за мене фасцинантно дури и често ја споредував со нив и се нервирав.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.321
    Допаѓања:
    20.662
    Пол:
    Женски
    Ама сега сфаќаш дека не си требала да ја споредуваш така? Дека е типично не е, твоето дете си е ок, тие деца се понапредни или не знам. Сум слушала за примери кога првото дете зборува уште од помало, а второто има побавно темпо и родителите се нервираат зошто првото поставило други стандарди. Апсолутно погрешно. Сите се наоѓаме во ситуација кога ги споредуваме, тоа природно си доаѓа веројатно. Ама ако споредувам ќе споредувам со дете со типичен развој за возраста, не со специфични деца. Ама сепак најдобро е да си ги гледаме индивидуално дали исполнуваат стандарди.
     
    На DaisyDream, Mother of 2boys, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.002
    Допаѓања:
    10.329
    @1209 сите ли букви ги изговара правилно?

    Ќерка ми е исто од тие што многу зборуваат, престанав одамна да и бројам зборови, пред пола година имаше нешто помалку од 100 зборови што активно ги користеше. Сега се многу многу повеќе. Не можам да кажам дека пее цели песнички, ама пее на пример дел од рефренот од неколку споени зборови. Она одамна спојува два збора, од пред некое време почна и по 3-4 да спојува во некои фрази.
    Од оние потешките букви добро ги кажува Х, Ч (некогаш меко ч користи), ф, ш. Има обиди за Л, во некои зборови поуспешно, во некои не. Далеку е од кажување Р и мислам дека нема да каже во скоро време.

    Пред некој ден и го пишувам на лист нејзиното име и ја прашувам што пишува таму и ми го кажа. Ќе се онесвестев :D ама после ми текна дека во градинка се им е обележано со име, ранецот, шишето, влажните. Не е дека знае да чита, ама визуелно знае да го препознае.

    Искрено никогаш не сум ја споредувала, ама сум сфатила од коментари на другите дека е нетипично толку зборување за возраста. Лично јас не можам да проценам секогаш од децата што ги сретнувам надвор, затоа што некогаш се срамат и ништо не кажуваат, а не е дека не зборуваат. И ќерка ми ако те гледа прв пат ќе ќути, па после ќе се опушти и ќе зборува.

    Како и да е битно е да се разбираме, вербално, невербално, се во свое време.
     
    На Nataliii, Bella_Stella, Mother of 2boys и 3 други им се допаѓа ова.
  6. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.909
    Допаѓања:
    23.869
    Пол:
    Женски
    Првото дете како почна да пушта зборови после година така сите ги кажуваше јасно и чисто, после 18 месеци беше експлозијата на зборчиња, вака како на бројче малото зборуваше, многу чисто, баш тој период на другарка детето кое имаше скоро 4 год мн лошо зборуваше, не се разбираше, овај мојов се зборуваше. До 2 год бројките до 20 ги препознаваше а посебно до 12, бидејќи љубов му беа часовниците :o: англиски, бои, форми, леле многу знаеше, ама да ви кажам дека заборави англиски ко престана да гледа цртани како кокомелон и слични кај што кажуваат тоа, форми, овошја, бои, дури и не ми се верува... Многу беше напреден тогаш ама многу работи сега наново ги учи на школо, бидејки ги имаше заборавено. Општо како предвреме пораснат беше, како старо мало што велат, дури и во однесувањето така беше, не одеше со деца да игра во група да не го удрат, турнат, никој не му забранил тоа ама ете таков си беше, и уште е... Многу размислува како голем од мал.
    Второво поспоро оди со говорот ама моториката му е многу појака спрема првото, прави се што тој не правеше. Скроз се различни, во се, освен во спиењето :devil:
    И не, воопшто не сум засекирана дека помалку зборува и не правам споредби, гледам дека е супер за возраста па еве 18 месеци е и тој можеби ќе пушти исто како брат му, засега сите зборчиња што ги кажува ги кажува чисто, само што е уште онаа фаза кога ќе го кажи зборот и не сака да го повтори, ја имаше и првото таа фаза. Другар на големото се вика Никола, некни се пресмеавме дојде детево Ниче Ниче му вика :rofl: така го викаме сите, па така изненадува сега :D
    Друго, немам време со него да седам и да "работам" како што му посветував внимание на првото, ама буквално истите работи ги прави сам, немало потреба да го учам како да става коцки во дупки од картон, сам си знае :D баш некни исеков една кутија му покажав еднаш и одма продолжи сам, неколку пати ја наполни кутијата и ја фрли не му беше интересно :rofl: како правеле животните, знае неколку, не ги знае како брат му повеќе ама не му мукав, рикав, завивав како на брат му :D сега од песнички ги учи. Моментално го бара да го гледа Дако (Дарко биберко) и игра многу на песните :D има ритам (се радуваме со мм дека можи едниот ќе испадни играорец како нас 8) ние 2цата профи играорци :wasntme:
     
    На Nataliii, Mother of 2boys, Carolin. и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.925
    Допаѓања:
    6.064
    Пол:
    Женски
    @Giovanna , значи не се онесвестувам само јас кога ќе ја слушнам ќерка ми дека знае нешто, што никогаш не сум мислела на 2 или пред 2 години ќе знае :D

    Реално ја споредував премногу посебно со децата од градинка со кои е секој ден. Не размислувајќи дека има деца и по 7-8 па и 10 месеци поголеми од неа.
    А за оваа возраст може и 1 месец да направи разлика, а не пак 10.
     
    На Erika.greeneyes, Nataliii, Carolin. и 3 други им се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.721
    Допаѓања:
    43.779
    Пол:
    Женски
    @Giovanna не ја изговара Р, може некогаш нешто слично ќе му се испушти во реченица, ама дефинитивно не ја изговара.
    Другите да, сега не звучат секогаш ептен чисто, знае и да меша и секако некогаш да не го разбирам, ама 90% од времето зборува многу јасно.
    Какво броење зборови, вчета ми вика мама читаме шумска еволуција, е буквално вака го кажа, ама мислеше на револуција.
    Да и он го препознава името, секако дека не го чита, ама препознава букви .
    Песните нани нани ја знае цела, јас сум медолино исто.
    Така кратки, ама речениците се дефинитивмо повеќе од 3-4 збора, користи и сврзници.

    И тоа се убава ама да сака да спие.
    Вчера пак исто, пак пукнав на крај.
    , заспа 8, стана во 11, а пред тоа гушнат спиеше не можев да мрднам, плачеше за се и сешто па се рашени и не спиеше до 2, сега де разбуди плачеше корнеше и пак заспа, сам.
    Не знам веќе што да правам, сериозно толку многу ми вилијае тоа што не спие. Се осеќам како фејл што две години не можам да фатам ред со спиењето кај детево. Буквално заспива кога он ќе сака и колку сака, па јас и салто направила.
    Не знам ни дали од болка не спие, ама денски не покажува знаци а болка, не знам сериозно.
    Ама ужасно се нервирам.
     
    На Nataliii, Carolin., Giovanna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.909
    Допаѓања:
    23.869
    Пол:
    Женски
    @1209 заб да пишам на претходниот пост, на 2 год ја укина дневната дремка, никако не можевме да го заспиеме, башка тоа касно заспиваше, 11ч го фаќаше ноќе, станат од 8. Навечер хорор, пиштеше никако не заспиваше од преморен. И ден денес така спие по 8 часа, најмногу 9.
     
    На Carolin., јolene и 1209 им се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.721
    Допаѓања:
    43.779
    Пол:
    Женски
    Не е спремен да ја исфрли дремката, ама веројатно е преморен и затоа не може да заспие.
    Денес ќе пробам да го изморам убаво па да дремне, имам план шетање во еден парк каде би требало да се измори убаво, па да видиме.
     
    На Carolin. и lackygirl им се допаѓа ова.
  11. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.702
    Допаѓања:
    7.998
    Пол:
    Женски
    И моето зборува многу, не до тој степен како на бројче, и не така чисто. Брои до десет, не ги изговара сите чисто ама е разбирливо. Л ја кажува а Р не... На место Р става Л. Ни ги кажува на сите имињата. А најинтересен ми е што почна да вика плачем, једем, не кажува повеќе плаче,једе. Мм се чуди дека не зборува повеќе во трето лице. Ама буквално се повторува периодов, и тоа и ние што си правиме муабет :lol:
    Пее дел од песнички, на пример почнува дин дан дин дан дин дан дон и одма скока глас, а иде звонче бие на цел глас.
    Кога сака нешто да ми земе од раце дај ми дај ми ќе кажува.
    Сите ќе зборуваат кое порано кое покасно :l:
     
    На Nataliii, Carolin. и lackygirl им се допаѓа ова.
  12. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.002
    Допаѓања:
    10.329
    @Miss_S искрено некогаш заборавам колку е мала, од друга страна па заборавам колку интензивно се развииваат периодов. И така некогаш ме фаќа онесвестувачка :D не си сама, веројатно така е со први деца, после навикнуваш :wasntme:

    @1209 супер, нека си зборува ако си е мераклија :inlove: секој со своите афинитети. Последно време ќерка ми почна да го сфаќа концептот на членување, па звучи како србин што се мачи со македонска граматика :D многу ми е смешна.

    За спиењево те читам подолго време, ќерка ми исто не е по спиењето откако е родена, ама некако успеваме да држиме ред. Немам што да те советувам освен да се стрпиш додека да решиш да го одбиеш.
    Пред да ја одбијам се будеше петсто пати во ноќта, откако ја одбив магично почна да спие цела ноќ, ги среди и дневните дремки, инаку спиеше како зајак.
    Сега си е на периоди, некогаш заспива брзо, ама еве последниве 2-3 недели е отров кога ќе дојде време за заспивање ама барем кога ќе заспие спие.
     
    На Nataliii, 1209 и Carolin. им се допаѓа ова.
  13. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.909
    Допаѓања:
    23.869
    Пол:
    Женски
    Малово за дај и на исто му е, Се му е НА :D ретко ќе речи дај, ама поќе е на.
    Многу битно е на му зборувате како на возрасен, Дојди кај мене, Ајде да те преслечам, што сакаш, а не Што сака детето, Ајде да се преслечиме, бебешки зборчиња никако, оти како не слушаат така учат. За првото нон стоп ги карав сите на пр свеки му зборуваше бебешки :wasntme: нон стоп ја поправав и се научи :lol: сега со 2рово исто некој пат му има зборнато бебешки ама знај веќе и се поправа :D
     
    На Nataliii и Carolin. им се допаѓа ова.
  14. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Јас таа грешка ја направив, викав “што сакаш, ова?” И еден период за се викаше “ова”. После преминав во конкретното и веднаш се исправи. Првиот бисер го имаме веќе, кога сака да пие вода/сок/чај вика “чичо”:rofl:
     
    На LiquidLuna, lackygirl, Mother of 2boys и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    @Carolin. Мислам ти пишуваше дека малото пие изопринозин? Како е?
    Цел месец и фазла е болен син ми. Денес завршува и 12 дневна доза антибиотик, повторно е со мрсули и затнат нос. Ја прашав матичната дали да го пробаме сирупот, рече добар е да го земам, ми побара крвна слика и килажа.Засега да давам 3х5мл 7 дена, после тоа ќе ми кажела како да продолжиме. Да очекувам подобрување? Крвнава слика цело време покажува вирус, таму кај што го боцкаме се смеат на син ми му велат што правиш само тебе те боцкаме..:whew:
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.675
    Допаѓања:
    104.655
    Пол:
    Женски
    И јас сум на мисла Изопринозин да земам. За 3 недели го повтори наод на плуќа, а претходно убаво беше зарибан.
     
    На Bebetoo му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.909
    Допаѓања:
    23.869
    Пол:
    Женски
    Ако имате повеќе вируси по ред земете, ама консултација со доктор, првото го пиеше по шема, 3 месеци, 10 дена пиеше 5мл после 20 дена пауза, така 3 месеци.
     
    На Bebetoo му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Се изначитав тука коментари, го земав и алое вера гелот, среќа ете матичната ми дозволи и за изопринозинот.
    Ова не е нормално што се дешава, и со детето и со нас дома. Вакво чудо никогаш не се случило, од 26-7 Јануари едно по друго цело време и син ми и сите дома со вируси сме, ќе скренам уште малку.. веќе не дава да го чепнам за нос, последнава недела на секое чистење од носот му течеше крв, и не го фаќам тој самиот си вади со прсти:rofl: само септаназал за одзатнување успевам на сила да му прснам..
     
  19. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.969
    Допаѓања:
    18.394
    Пол:
    Женски

    Добар е фала богу, се исчистивме од мрсули. Сеа кашла ама по ретко, ваљда се чисти што останало. Он пиеше 10 дена 3×5мл. Ми рече ако не е подобар да го носам пак, ама се средивме далеко подобар е сеа. И плус мм е сеа фатен со грипов се надевам нема да го врати пак.
     
    На kozuf и Bebetoo им се допаѓа ова.
  20. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Супер, ми даде малку надеж:D
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.