И големава моја е од 2г и месец два без дремка. Моиве не пиштат кога се уморни ама се досадни ептен, ги мава на нервоза агресивност лупаат со нозе само што кај големата беше бетер ко ќе станеше од дневна дремка, неподнослива беше наместо да стани ок оти наспана она 2 саати муабет не правеше намуртенаа ааа реков поубо без дремка барем понормално понашање имаш. @Bebetoo не ви ја знам историјата на болести/настинки ама спомнуваш вируси, па антибиотик, а тоа не оди заедно. Мрсули и затнат нос не е ништо, јачајте имунитет ама без антибиотици ако има стварно само вируси.
Синко мој качи температура во петокот вечерта, три дена константно под температура беше, и на лекар вчера црвено жар грлото. Антибиотик и спреј за грло. Падна температурата ама тој стана кенкав, а со температура како блесав трчаше низ дома. Малку и столицата се смени стана мека накај течна, давам пробиотик ама треба време изгледа. Носето малку затнато, а секрет нема никаде, низ столица исфрла. Прскам физиолошки и наривент. Нека минува само кај сите. Души мали жални се кога ги боли нешто, а не кажуваат сеуште што.
Неизбежен беше антибиотикот, се воспали увото од многу секрет и секретот почна да менува бои. Докторката на орл рече сигурно се работи за бактерија штом сменил боја секретот и мораше да пие трицеф. Сега е веќе проѕирен секретот..
@Bella_Stella баш ми е мило што одбивањето ви е успешно и толку брзо. Се надевам и јас дека така ќе биде и кај нас. Е сега, секој совет е добредојден. Како да ги намалам/исфрлам дневните подои? Ако сум тука за дремката заспива со цице. Се случува да не цица и по 11, 12 саати ама пример кога ќе дојдам од на работа одма бара. Со кое објаснување да не ѝ давам преку ден? Ми нема логика расипано е сега, а вечерта за заспивање да и дадам.
Јас му велам мама нема млеко, се потроши, кога ќе купиме ќе цицаш. Инаку да се надоврзам, имав голем стрес периодов, како млекото скроз да ми намали. Синоќа само еднаш му надојде млеко, покасно кога побара на празно поцуцла и се откажа за моја среќа без драми. Секако планирам да го одбивам. Дали сам си дојде моментот се прашувам.
Си одам дома цел ден не сум била тука, само ме гледа, не реагира, пдам да ја гушнам, дури знае и да се тргне... Татко и 5 мин го нема, пресреќна трча накај него штом го види... Не разбирам, а и не ми е сеедно, имал некој друг такви ситуации?
Второво е зависно од мене заради цице мислам ама се гледа дека му се радува повеќе на маж, мислам дека со него повеќе се разбира од колку дада со татко и. Големата и мм се сличен карактер, а малото е претежно накај мене, па затоа и се разбираат мислам повеќе. Според мене е многу нормално со еден родител да се повеќе приврзани. Мене не ме погодува тоа, напротив кога ќе му се залепи и мило ми е што ме остава на раат мене. Маж пример викаше за големата кога она него ќе го гушне како мене што ме гушка, па му родив негово галениче
Јас имав таков период, не сакаше сама не бараше да цица 2 дена. Третиот ден бараше многу и не бев доволно силна и решена да не давам, па се врати. Ако планираш да го одбиваш искористи прилика.
Ќе пробам секако да го искористам моментот, ама болен е и целиот ќенкав. Нема да форсирам. Ако самиот се повлече сега, од што нема млеко, ок, ако не кога ќе оздрави други методи ќе употребам. Не сакам сега каде неарен и да го трауматизирам.
Мајки, цела недела е со столица со многу, многу лош мирис и така, потечна. Не е течна како пролив, но е далеку пораскашкана. Во фрекфенција нема промена, 3-4 столици во денот, и претходно беше така. Ама мириса многу и еве денес му направи и ранички, цел е црвен на газето. Дали и ова се рачуна ко дијареа? Стомачен вирус или нешто друго?
Ако мириса лошо стомачен во прашање, уклучи пробиотик. Син ми кога имаше стомачен, таков мирис грозен немам осетено искрено. Секоја кака мириса, ама ова баш се осеќаше дека нешто се случува.
Моето ако побараше преку ден рандом, секогаш му давав нешто да си касне и забораваше. Кога не функционираше тоа, а треба да спие дремка пример, сум го вадела надвор да се измори и да заборави и заспива во количка. Викендов намерно темпирав да е надвор за време на дремка за да заспие без да бара зошто го одбивав.
Сега тек сфаќам за што зборевте пред некое време дека не сакаат да заспијат децата. Што е ова луѓе, обично во 8 беше кома, стануваше во 10 па во 12 пак она секако, ама барем заспиваше за 2 мин со цицање. Сега 10 и кусур не фаќа дури да се предаде. Па бега од спална, ако затворам тропа на врата плаче. Трча по дневната како пијана, се удри уште два пати на истото место, цело чело и е модро. Дневна дремка има околу 1 саат во градинка, викендов спиеше 2.5 саати па реков ај затоа, ама еве 4ти ден се бориме. Од 8 до 10 ми беше време за туш и да сработам нешто, сега нема. Ќе се комирам и јас со неа. Нешто ако ви успеало давајте ум што да пробам. Дури да напишам ќе стане секако
Мајки бебе е 14 месеци ,пие Аптамил 3.Се мислам дали да ја префрлам на кравјо млеко.Кравјо и давам во чоколино или некој каши.Пробав еднаш да и дадам од шише но не сакаше да го пие.
Ако не ти е финансиски терет, нека тера со ад. Премини на Бејбилав, ако ти го прифати, тоа знам е поевтино.
Јас не би давала кравјо искрено. Подобро е ад од кравје млеко... Јас да имам некој доверлив, козјо би му земала на моето да му давам, ама за жал немам.
Сакав барем да го намалам,се буди навечер по 2 пати за млеко.Морам да и дадам за да презаспие,не дека е гладна но веќе и е станато навика,пробав да и дадам вода но не сака.
Јас пробувам да давам кравјо навечер кога спие и не го осеќа. Секако дека после година можеш да дадеш и редно е.
Bebe e za nekoj den 15 m, ima po 1 dremka dnevno od 2 h i tolku zaspiva kaj 20.30 - 21.00 i stanuva vo 7 sabajle. Spored mene e mnogu mal da e so edna dremka dnevno vie kakvo iskustvo imate?
И моето е така од после роденден. Ако спиеше по два пати преку ден, ноќе многу касно заспиваше. Тој период прозорецот на будност ми е од прилика 5 саати. Таман е.