Јас тој период зголемив количина на дневни оброци, а намалив на количина на млеко ноќе. Од 180мл, па на 150 некој период, на 120мл, па 90мл потоа. Секако повеќе од навика и беше. Долг период од неколку месеци остана со едно станување околу 4-5 часот наутро. После 18 месеци и тоа го намалуваше, а околу 20-21 месеци комплетно прекина со станување. Со Ад млеко ова. Мојава ќерка го сеќаваше и во спиење ако е друго млеко. Конкретно ако пробавме друго Ад да дадеме или го плукаше шишето. Или ќе испие само 30-60 мл и тие со мака, па ќе се буди цела ноќ гладна потоа. Ова уште пред првиот роденден. Еден тип си сака и со тој си тераме.
Некако многу ми е будење млеко два пати, не за друго туку не е ни добро толку млеко да пие без разлика дали е АД или кравјо. Како ви е распоредот преку ден со оброци и млеко?
Сабајле кога станува доручек после давам ужина и пред спиење кај 1 часот млеко 180мл.Од кога ќе стане руча,до вечер ужина и вечера.Пред да заспие пак пие 180мл.И еве сношти пак ми стана преку вечер и испи околу 120 мл.А инаку јаде преку ден не е да не јаде.
Од вчера почна да качува температура, ама таква глупава 37.7-8. Беше расположен поручекта, само слабо јадеше, изеде само корки од две парчиња леб. Одеднаш клапна и ми заспа во раце во дневна уште во 18:50ч, а имаше само 37. Вечерта најмногу до 38 качи. Спиеше до 8:50 сабајле, 14 саати. Од сабајле е свеж, си игра, ама цело време е топол, а температура нема. Поткашлува, ама ретко. Вирус ли е ова некаков, го поминал ли некој? На болница не ми се носи одма, кс нема да покаже ништо сега.
Кај нас така почна Бела. Јас не го носев пошо немаше некоја висока темп ама кога почна да кашла многу после 2 дена ме фати страв и го однесов. Во глобала лесно помина, кашлица, затнат нос и некоја таква глупа температура која не одеше повеќе од 38.5. Вирус ни рече матичната. За околу 10тина дена му помина. Што и да е лесно нека поминува.
Вирус е, предходната недела беше син ми исто така. Еднаш ќе покажеше на топломер највисоко 38.7 некогаш го оставав без сируп сама ќе спаднеше и после тоа само топол беше цело време.. околу 5 дена траеше тоа, а носот уште е затнат.
До кога веќе со овие вируси аман! Почеток на јануари беше болен, сега пак. Таман сврза 3 недели во градинка, на четвртата пак болен. Ми се смачи. Му даваше ли нешто посебно или само симптоматски лечеше? Да исто и он цело време е топол дури се посомневав во топломерот, па споредував со живин. Носот исто затнат и водичка тече.
За темп не му дадов ја симнувавме со туширање и расоблекување. Ама после 3тиот ден фати ептен да кашла со шлајм се давеше. И го однесов на лекар ни даде изопринозин сируп и проспан за кашлицата. Водичка течеше и кај него од носот.Чистев и нос, ставав кромид у спална, рузмарин во навлажнувачот, лепенки лепев ама додека помина стварно мачно, а немаш што да правиш матичната ми рече не е за антибиотик ке се помачи недела две и ке помине. Клапнат беше ептен, одбиваше да јаде.. за 10 дена му помина.
И кај нас вирус, ама кај нас и грлото партал црвено. Едвај голта дете. Не кашла, мрсули нема, само е како затнат во носот. Нас антибиотик ни препишаа ради грлото. Јас три дена дома се справив ама никако не симнуваше температура и морав да го носам.
Јас го однесов баткото на лекар дека повраќаше и имаше температура нели, дури стигнеме таму 15мин дали имаше, качил температура и малиот, не многу, 37.5-8, ништо страшно, ама на плуќа наод. Активиран неослободен секрет од пневмонијата. Добивме Зинат. Од Сумамедот има поминато само 3 недели. Не е пример релевантен, ама да ти кажам дека и со ниска тт може да е лошо.
И без температура може да е лошо, јасно ми е. Ќе го следам па ако треба ќе го носам на лекар. Он до сега да не го урочам немал наод на плуќа, горен респираторен систем му е секогаш погоден.
Да, да. Не реков дека е кај вас исто, ти кажуваш, наод немал никогаш. Муабетот ми е некогаш може да е и нешто а да нема висока тт. Види денес ама утре ако не е добар појди на лекар. Викенд се ближи. Уствари ти најубаво си знаеш како ти вика интуицијата, верувај, мајка знае кога е дете за на лекар кога не е. Не знам како да објаснам, од внатре нешто ми зборува дека е за на лекар.
Моето дете е со една дремка од 10 месеци. Сите деца се различни, ако му одговара ритамот и функционира нормално, не е никаков проблем.
Знам, сите мајки ја имаме таа интуиција. Обично чекам 3 дена и следам, ако сметам дека не можам да третирам повеќе дома, носам на лекар. Особено ако фаќа викенд.
Да се надоврзам, дека без ни еден ден Тт, мојава има завршено со пневмонија. Пак ќе речам не значи дека кај сите е исто ама јас дувам и на јогурт што се вика. И со најмало кашлање следиме на доктор на 2-3 дена. @AngelOfArh , како се дечките?
Ќе си го довршат антибиотикот, бате со 10 дена, бебе со 7 дена. На бебе е стар секрет не исфрлен, се активирал. А на бате Стрептококата е досадна многу.
А можеби е само некој вирус што веќе го има поминато и го препознава телото и ќе помине така "полесно". Со помин на сите болни дечиња. Од понеделник градинка Господ напомош