Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Besbes24

    Besbes24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    2.072
    Допаѓања:
    1.814
    Пол:
    Женски
    Мајки на 19 наполнавме 1 год. Кога преминавте на 1 дремка и на аптамил 3??? Сеуште сме на 2 или да пробам со кравјо? Ќе се консултирам секако со педијатар.
     
  2. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.992
    Допаѓања:
    8.465
    Пол:
    Женски
    Веќе ова ме загрижува. Дојдовме кај деверот, прв пат. Заспа синоќа без мака,после пола саат стана со вриштење и бацакање на назад. Два саати не можев да го смирам. Заспа пак. По два саати стана пак вришти ама се смири брзо. Стана во 7 сабајле цел накострешен, недоспан, а не му дадеш нешто одма врескање. Се изнавреска пак едно пола саат, и заспа така липајки. Во сон онака дише ко да плаче. Баш е вознемирен. Веќе не знам што да правам со ваквите епизоди и тантруми. Дефинитивно ќе го носам на детски психијатар, па нека дава ум што да се прави. Плачам и пишам. Зошто ми е вакво детето. Се гледаме да биде ок. Јаден, спиен, прошетан. Ама тантрумите продолжуваат и се појаки стануваат. Не можам никако да ги избегнам, непредвидлив е во тој поглед. Само знам дека ме боли душата, се осеќам како да потфрлувам како мајка ;(
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.020
    Допаѓања:
    110.664
    Пол:
    Женски
    Има еден сируп овде го даваат на мали деца Калма Б, пробај да го даваш, може детето има некоја мака, му фали некој витамин нешто, ќе го смири малку. Не брзај со психијатар, појди на психолог, на психијатар малку поинакви се испитувањата. Моето не е до толку нетрпеливо како што кажуваш ти, ама е дефинитивно многу нервозно дете. Еве сега се скара со брат му ама вистински се скара, со тепање со се, за едни коцки.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    40.513
    Пол:
    Женски
    Големиот има такви епизоди кога нешто го мачи. Почна околу 2 години да му се појавуваат, првично кога се одвикна од пелени, ноќе кога му се мочкаше стануваше со епизода, додека не сфативме што е. Ќе се измочкаше и ќе продолжеше како ништо да не било. После тоа кога е прегреан или се разболува продолжи исто. Дали се заби, уво или регулар раболување, секогаш е со ноќни епизоди и веќе знам, штом има епизода утредента ќе е болен или веќе кренал тт пр. Еве го накај 8 движи секогаш кога се разболува е со епизоди ноќе.
    Видете што го мачи и како што ти пишала ангел, провајте со нешто што смирува навечер.
     
    На Ceneva и 1209 им се допаѓа ова.
  5. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.992
    Допаѓања:
    8.465
    Пол:
    Женски
    Ќе направам консултација со матичната за сирупов ако го има овде, ако не мк ќе си го купам. Психијатар/ психолог веќе ум немам искрено.
    Арно комшииве што не ни викна полиција.
    @Ano беше болен, завршуваме со антибиотикот, вака не дава знаци за болен. Повеќе е кога нешто не му се даде и ако не е тоа одма одма, почнува сирената на најјако. Класични тантруми преку ден. Ајде ова ноќта ќе препишам од возбуда, нов простор,имаат кученце деверот, па беше и му се радува и бега. Ама ова вака за се нешто што вреска почнува да ми смета.
     
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.988
    Допаѓања:
    45.751
    Пол:
    Женски
    Колку беше твоето? Малце помал е од мојот нели?
    Моево имаше вакви епизоди кога беше во регресија, накај 20ти месец, траеше доста долго од 18-19м па се до 21ви некаде.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.203
    Допаѓања:
    26.182
    Пол:
    Женски
    @Ceneva можете на разговор со психолог чисто да ви даде насока како да се справувате. Како што ти кажаа психијатар е нешто друго.
    Само да знаеш, кога има промена место,однесување ваше,градинка,гости итн. тоа е еден вид "траума" за нив и промената не можат да ја созџвакаат како ние, па мава на агресија или тага/плачење. Сега идате во фаза кај што татнрумите се најнормална реакција, а доколку ти си нервозна ради настанатата ситуација препушти некој друг да го смири, аку ти си мајка. Некоаш е многу полесно и подобро за нив да се повлечене ако сме негативни. Ако сте Мк па Србија, па менувате место на спиење/луѓе ствара нервоза. И едно најбитно, читам дека му даваш на ден/два по малце блачко, тргни скроз благо од мену и за една недела ќе видиш сменето дете. На дете полно со енергија, не смее да сњ дава ни пола животинско царвсто или попара со кекс и млеко.
    Ние од тоа си патевме, а немавме појма.
    Мојата е многу енергична, агресивна со баба/дедо, непослушна кога јаде благо. Она е моментално 2 месеци без благо и ненормална промена, еден ден јаде палачинка и низ нос ни го извади. Покушај. б6 исто давај
     
    На Fenix05, kozuf, LiquidLuna и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.992
    Допаѓања:
    8.465
    Пол:
    Женски
    21 месец во 22 рио.
    Ова е страшно. Немам појма што му е.
    @Bubish26 инаку мислев за психолог мислев. Едно мислам друго пишам. Под стрес сум, ама се лепи за мене и нејќе кај никој. Посебно не дозволува чичо му или стрина му да го земат. Кај мм оди ама кратко, и пак мама узи узи.
    Не е до благото. Овие три дена е посебно не дај боже. И дома правеше така, за се живо да плаче и да се треска. Ама ова сношти и сабајле беше надвор од секаква контрола.
    Мора да разговарам секако со некој.
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.203
    Допаѓања:
    26.182
    Пол:
    Женски
    Eee па не е проблем ако не остава некој да го зема, скорз нормално. Мојава уште големава не се гушка со никој, јас прв пат сум го гушнала дедо на 3г. Нема шо да го земаат. Ама да разговарај ќе ти разјасну некој работи.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.929
    Допаѓања:
    203.189
    Пол:
    Женски
    Кај моето поголемо дете на тригодишна возраст имаше ваква, многу пострашна епизода, и тоа беше предизвикано од антибиотикот што го пиеше, Амоксиклав. Му беше утната дозата, наместо 2,5мл ми рекоа да давам 5 мл оти имаше воспаление на уши, трето по ред во два месеци, го повтори ептен. На дежурен орл го препишаа лекот, и јас будала, давав како што ми кажаа, оти нели, знаат повеќе од мене. Детето буквално полуде, стана невидено агресивно, тантруми на најјако (имаше и претходно, ама не вакви, се смируваше брзо) што ништо, ама баш ништо не ги смируваше, ни со добро ни со лошо, немаше што не пробав. Почнав да го носам детето по психолози и други стручњаци, ама кога го прочитав детално упатството на Амоксиклав, сфатив дека е од него. Штом го прекинав, по исфрлањето на последните траги од организмот, детето се врати на старо. Денес е веќе 14 години, Амоксиклав не сум му дала повторно. И го избегнувам оттогаш максимално. Се сетив на ова кога го прочитав постот, и велиш дека привршувате со антибиотик. Да не му е од тоа, случајно?
     
    На Mother of 2boys и Ceneva им се допаѓа ова.
  11. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.992
    Допаѓања:
    8.465
    Пол:
    Женски
    Пие амоксиклав да. Вечер е последната доза. 4 мл пие. Баш ќе пропратам. Он има епизоди такви одамна. Ама ова е надвор од контрола. Фала на споделеното.
     
  12. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    3.149
    Пол:
    Женски
    Се уште има две дремки, некогаш и три зависи(но ретко). Инаку да, преминав на 3ка одма чим ја потроши 2ката. Јас сметам дека подобро е адаптирано него кравјо да пие. Според мене воопшто не треба кравјото да го внесува освен кога даваат во градинка
     
    На Besbes24, kozuf и Fenix05 им се допаѓа ова.
  13. LadyInPainting

    LadyInPainting Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    229
    Пол:
    Женски
    Мајки на 2 годишни дечиња што одат во градинка, што давате од витамини освен Д витамин, и дали гледате некаков ефект од тоа? Што викаат педијатрите за овие препарати за имунитет по аптеките? Ги има премногу више, стварно не знам да проценам дали се неопходни или не.
     
  14. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.372
    Допаѓања:
    6.290
    Пол:
    Женски
    Ништо не сум давала, освен Д и молерс. Мислам дека џабе е освен може Ц..
     
    На LadyInPainting му/ѝ се допаѓа ова.
  15. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.313
    Допаѓања:
    119.201
    Пол:
    Женски
    :D пресмешно
    Срц ... И да е заболекар, цел медицински имаат завршено ако не цел добри 3/4 имаат и сигурно знаат повеќе од другите шо имаат три статии на мајо клиник прочитано и знаат да гуглаат професионално.
    Точно, се сложувам со тебе дека заболекарите секако не знаат колку педијатар ама сепак имаат некое завидно ниво на знаење.
    И од мене знае повеќе дефинитивно иако јас само со лекови сум работела.
    Тоа е срц ...
    Поентата ми е дека меѓу лаик и заболекар (иако не е педијатар), подобро заболекар да слушам него лаик. Барем јас би слушала така.
     
    На LiquidLuna, Sofi.ja, DaisyDream и 3 други им се допаѓа ова.
  16. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    904
    Какво охрабрување и за мене :D дојдов да ве прашам кога поминува ова хахаха
    Сериозно, заспиваше до 18м во 8 навечер и спиеше без будење сееее до 11. Знам смешно е што се радувам на 3 саати сон што врзала, ама тоа ми беше време за мене, за дома средување, со мм да се видам. После се буди на 1,5-2 саати ама да не правам за тоа муабет. Сега и тоа го нема 10, 10 и пол не фаќа заспивање и пак си станува во 7 и кризира за спиење во 9-10, во градинка си лежела на под. Ама издржува до 12 за дремка, не спие никогаш повеќе од 2 саати.

    Во колку заспиваа/стануваа вашите деца на таа возраст? Да е задоволна она ајде ќе се помирам ќе играме до 10, ама малку и е сон, кога ибда заапие станува во 7. Ама вришти, се турка, удира глава од кревет, тропа на вратата и сака кај играчките, не сака да заспие порано. Гасиме светла, читаме приказни, цела рутина имаме со пижами, заби итн итн.
    Зошто упорно станува полошо бе па ;(

    @Ceneva праќам гушки. Обично тантрумите се полоши ако нешто не им е погодено, во случајов ненаспан, нормално е да знаеш..
     
    На Carolin., Ceneva и lackygirl им се допаѓа ова.
  17. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.992
    Допаѓања:
    8.465
    Пол:
    Женски
    Фала мила. Ете си дојдовме дома и малку се смири. Јас се надевам дека беше од премор и од нов простор плус кученцето, па оваа вечер мирно да ја поминеме. Ми треба да одморам и јас.
     
    На Giiirl23 и kozuf им се допаѓа ова.
  18. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.129
    Допаѓања:
    1.633
    Пол:
    Женски
    Жени, нешто се замислив денес.
    Малава моја знае некогаш некои денови да испие многу вода.
    Јаде нормално, и давам смоки да грицне и слично од грицкалки.
    Дали можеби и е премногу сол или нешто друго?
    Или да не си правам филмови?
     
  19. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.705
    Допаѓања:
    21.382
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е нормално. И син ми има денови кога пие повеќе, а некои помалце.
     
    На Sun&Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  20. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.313
    Допаѓања:
    119.201
    Пол:
    Женски
    Да не си правиш :)
     
    На lackygirl и Sun&Moon им се допаѓа ова.