Знам дека се дозира според тежина, ама не ги знам дозите на памет, јбг. Плус ми кажаа дека треба ударна доза да давам, за да се смири побрзо инфекцијата. Па ако одам на доктор, одам оти би требало докторот да знае повеќе од мене. А толку знаеше стар искусен педијатар во Козле што ми лупна доза од 7мл Оспен на 6 часа за двегодишно дете со 12кг тежина. Па и не дадов толкава доза, фала Богу. Знам јас доволно, не се секирај за мене. Вие давајте си антибиотици на секое, ене веќе Амоксиклавот 90% џабе го даваат, оти се скоро сите бактерии отпорни на него, а само дава нуспојави кои не се така наивни. Допрва ќе ги гледаме последиците од злоупотребата на антибиотиците, и ни останува да се молиме за решение.
Абе и за хемофилусот отворете по гугл ќе се онесвестите што се пишува. Дете на смртна постела буквално. А и с.пнеумоние и хемофилус инфлуенце се дел од нормална микрофлора, особено па во нос. Јас не ги третирам воопшто, секогаш кога ќе закачи вирус и паѓа имунитет и се појавуваат. Порано ставав антибиотски масти по антибиограм, ама беше маѓепсан круг, ќе излечиме па за кратко на ново пак. Откако престанав да третирам и само убаво правиме тоалета на нос не се појавиле и она ми е многу поиздржлива. Е сега последно мислам пред еден месец го закачи грипот и имаше продолжена кашлица. На брисеви испадна с.пиогенес иако нема симптоми за неа никакви. Тука нема компромис си пиеше оспен. Ама кашлицата продолжи, вирусна е.
Душии еве го плачеше денес пак ама не дадов, нема шанса сега, уште ноќните останаа, за нив уште неможам да пресечам, ваљда само ќе си дојди. Сега почна појаки ама се смирува брзо засега, после 2 год мислам појаки беа, кај првото најјаки беа од 3 до 3 и пол год. После намалија и од 4год навака нема воопшто. Затоа пишав пред некој ден, сега смешни ми се овие
Тантруми завршуваат негде скроз после 4та година. После 3 така се намалуваат ама има некој епизоди. Иначе мене првото ми било од старт плачливо, преактивно, палаво, тантруми на најјако со сред продавница или транвај да се треска, тежок карактер да калкулираш нон стоп што ќе кажеш или направиш оти од се прави проблем. Со јадење од старт беше ужас. Спиење дење само со мене. Второво беше како бебе како мутаво хахах не ни имав искрено време, дома 3г дете што му се менува све и ме треба повеќе него предходно. Ќе ја ставев во релаксатор или на под и ја заборавав она сама си се занимаваше. Преепребрзо ми помина и мнооогу полесно. Дали веќе навикната ама јас сум со двете по цел ден сама и мене не ми е сега напорно, а ми било со првото. И поорганизирана сум сега ваљда со искуството си иде и тоа. А релано многу млада ја родив големата и промената ми беше шок и за мене. Тантруми второво и да нема, знае да покенка да поплаче ама многу лесно се разбираме и послушна е. Си јаде се, се качува сегде сама, сама учи што е крава што е овца или па и дада и кажува, битно знае. Јас велам како моево второ можам 5, а пошо дада од кога наполна 5г почна да разбира повеќе, да сваќа што е стварно казна нема излегување или понашањето не ти чини,од кога поправивме исхрана со благото она е друго дете. Јас сакам 4 деца, маж ми крати и сака 3 . Со Господ напред за една година.
Добро кај син ми почнаа пред да наполни 2 години, време е да прекинат Најголема шок промена ми е мене бидеќи син ми до 1 година беше како второто, а после тоа како првото Веруваш дека до 3 месеци го капевме заспан а немаше жолтица воопшто. Неќеше во раце сам си играше на земја, си лазеше и неќеше да го паткаш, никогаш не отвараше по фиоки а и да пробал со еден збор знаеше да прекине. Имам кажано со инцидентот со дедо му, дента пред првиот роденден му ја удри главата во лустер/вентилатор, е од тогаш имам друго дете Смеата на страна, после првиот роденден детево е аждаја. Го интересира само да е во движење, ништо што е едукативно како табли и коцки не го интересира. Редиме пречки и тој вози точак, трактор, тротинет без да се чукни некаде. Трча по кревет, се фрла на земја… ете такви игри игра, затоа оди на дефектолог бидеќи фокусот му е нула и не можеш да му одвлечиш внимание, лапа муви во таван гледа и не ме регистрира
Кај нас тантрумите не се до толку, можеш да го смириш и имам емпатија и сум смирена генерално кога има тантруми. Мене што ми е тешко е давањето отпор за сѐ можно (држење за раче на улица, пресоблекување, ако нешто знае дека не треба тоа го прави, миење раце итн итн). Ама буквално како он да сака да се контра иако гледам да не му правам интересна реакција Цел ден се објаснувам зошто нешто е така како што јас му кажувам и веќе после 10тото сум изморена и станувам негативна. Се надевам ќе се смени тоа со тек на време (или моето трпение ќе се зголеми)
Ќе пишам тука. Скоро годинка ќе прави синко. Заспива само ако го шетам или нишкам низ соба со песна во позадина. До сега знаеше и да цица и заспие, сега цица и се качува на кревет, спална. Како ги заспивате вашите деца помали без нишкање? Пробав да легнам до него и мижам, дојде нурна со главата мислев ќе заспие и се тргна да се качува. После веќе стварно му се спиеше рикаше. Па чорапите ги вадеше и фрлаше и кога му ги облекував се виеше,.. Колку дремки имат вашите на година? Он е уште на две а е буден 3 до 4 часа измеѓу ама секоја дремка е борба. Преку ден не застанува, прооди од скоро, се качува се симнува од кревет, троши енергија... Ќе даде знак за спиење и кога го заспивам или се тегне или само ме гледа... Ноќе станува минимум 3 пати а некогаш и 5. И без цице не презаспива.. Нема преспиено ноќ од ко е роден ни еднаш.. Чаре некој?
Isto I kaj nas skros. Od edna strana sakam da kratam denski podoi, od druga nemam ideja kako bi go zaspala bez cice.
Малку е рано за премин на 1 дремка, но кај нас исто беше со дремките и решив да не се мачиме веќе и преминавме на 1 тој период. Едноставно мачно беше за сите еден саат успивање за дремка. Можеш да пробаш неколку дена така, не губиш ништо. За качувањето фаза е, неколку недели ќе си трае сигурно тоа. Ако му даваш да цица како што си пишала 3-5 пати ноќе според мене грешка правиш и треба да му ги тргнеш ноќните подои малку по малку и да продолжиш дење да си доиш. Ќе најдеш друг начин за презаспивање.
Колку се будни за една дремка? Он кога ќе стане за 3 саата дава знаци за спиење, еве денес стана 20 за 8, 10 и пол цицаше и спиеше. Ај да е среќен ќе го оставам нека е до пладне.. Нњ знам како да ги тргнам ноќните, колку и да јаде дента станува плачејќи и без цицање само се тегне кога го нишкам..
Знам, на почеток му беше тешко ама се навикна брзо со 1 дремка. Едноставно не заспиваше 2 пати па на глава да застанев. Ама многу порано си легнуваше кога премина на 1.
Милролајф безконтактен, 5 год го користам, задоволна, кажува точно со другиот, имам споредувано, супер е и за ноќе ко ќе спијат не се будат. Овај го имам. @Ceneva дали би стоел во уво да му мериш тт? Мојов на пр и од овај плачи и одвај му мерам тт
Јас и ти ко исто дете да имаме. Едната двете да ги родеше немашњ толку да се слични. Не плаче бега низ цела соба А јас навикната ко предходно да си седи па сеа се бркаме
Да бе мислиш бебе е ќе седи мирен затоа велам во уше нема шанса да му измерам, или ќе напрам беља да му дупнам тапанче скраја Иначе денес почна в градинка многу плачеше сабајле на оставање, плачел скоро цело време и нејќел ништо да јади, а дома цело време јади без прекин се јавија пред 12 да го земиме нејќел да спие... Па така ни почнува 2рото прилагодување
Леле јас бев решена за пролетва за градинка ама ме предомислија, не знаам сама не можам да пресечам дали сега или септември да си тргне со 2 полни на голема мака сум со градинкава Со лесно на бебо
2 полни, никако на 15-19 месеци. Тоа е период кај што адаптација е најтешка и најстресна. Или на година или над 2г, најидеално 3 ама кој толку да чека хаха