Изгледа мајка до мене и тебе е Толку сум фокусирана на секој негов чекор што некоја ваква нормална појава ме вади од памет Инаку истото е како што опишуваш. До сега му немам пуштено ТВ освен еднаш 10 мин кога ептен плачеше ради забите и тоа Дарко Биберко увидов дека го смирува кога ги слуша песниве. Но, се изненадив од толку мирно детенце, смешко на се живо и диво, стана агресивен. Не знам како да се справам кога е таков. И да, само со мене е таков на краток период, вчера со мене почна да вика, се нервира, дојде татко му почна да си се гали, се гушка со него... не знам што да кажам.. најверојатно се чувствува по слободен со мене да има такви реакции.. не знам..
Превентивно сум го користела како паста, со малку вода и ги четкам сите заби. За деминерализација, после миење заби се мачка само таму кај што е потребно, количина зрно ориз до зрно грашок најмногу, не се измива, најдобро да стои цела ноќ. Мали деца секако не плакнат и не плукаат. Тоа што пишува да не плукаат е дека поголеми деца сакаат да исплакнат со вода одма после миење заби, логиката е да не се измива за да делува подолго.
Значи ок го користам. Јас прво му мијам заби со паста, па после само на горните кецови и двојки што имаат знаци мачкам мала количина. После тоа легнува да спие и не јаде/пие ништо до сабајле, освен некогаш вода. Со цицање прекинавме.
Oд пред да излезат заби, зошто го чешаше па да му олеснам. Фактички кога почнавме со јадење, да мијам божем остатоци од храна и плус и да му помогнам со чешање.
Одамна не сум ве читала, сега гледам за паста муабетот. Некој од Германија да ми предложи паста каква да земам?
Мајлстоун од 18 до 24 месеци е скок во место со две нозе. Син ми пробува ама не успева уште со двете.
Бидејќи исто мислам дека си во Германија, се сеќавам дека на У прегледот на малиот пред 3тиот роденден имаше во прашалникот прашање дали може да скокне на растојание од минимум 10цм, ако мислиш на такво скокање. Исто и на разговорот за развој во градинка одма после 3тиот роденден беше скокањето наведено како битна точка. Така да, мислам најкасно до тогаш, а од кога баш почна, не памтам баш, мислам околу втората година.
Оке значи како за се останато во моторика, така и за ова ќе касниме Синко не се ни обидува. Ми текна онака рандом, има една песничка дома што ја пееме кај што треба да скокне во место, ама не е ни најмалце заинтересиран да проба.
Мојов пробува во место од пред месец, па денес баш "скокаше" и мисли дека скока, клекнува се сили и се исправа, а уствари воопшто не се поткрева ама пресреќен беше Првото негде на 3 год почна мислам @Lavender13 исто си беше за се спор во моторика... После се ќе прави, точак научи да вози во 2 недели без помошни, при тоа никогаш не возеше баланс точак..
Мајки на машки деца - дали им искочи главичката и дали после секое бањање отварате? Година дена е уште му е затворено, не е искочена главичката. Мора да признаам и ние не сме упорни секој ден, некогаш пробувам да отворам до каде оди до таму, некогаш заборавам. Дали сепак да го однесам на лекар? Ме фати паника дека е година дена а не му е искочена главичката..
Појма немам од кога, зарем и за тоа има временски рок? Пред некој ден го приметив дека сака да скокне ама не му одеше, а зема залет. Па му текна да се фати за столот и така скокна, држејќи се. Едит: @TammiB5 уште пред година мислам го отворивме иако имаше поделени мислења околу тоа кога е најдобро. Не го отварав редовно на секое бањање, па пак се подзалепи. Од тогаш на секое бањање отворам и мијам.
Ххаах да и моево мисли скока, а уствари прета во место и вика “кок кок” преслатко. @Lavender13 која е таа песничка? Не знам ни една таква со скокање.
Мојата од трамполина и стана интересно, па после на душег и сега пробува во место пред некое време. Искрено поима немам дали скока или не. Веќе не се ни замарам. Си се развива како што она си се развива и тоа е тоа. Има напредок секој ден и физички и ментален, тоа ми е повеќе од доволно.