Да не си чула до 500 мл максимум? 500 гр/мл што и да е, е премногу во секој случај. Мислам ни возрасен нема да изеде толку на ден. Премногу се оптеретувате да ви кажам. Давајте разновидна храна, зеленчук и овошје. Они од година треба да се провикнуваат полека на храната што се јаде во домот, само помалку зачинета и без шеќери што е можно подолго. Значи што јадеш ти, тоа и дете со помош во структурата ако има потреба. Знам дека нам ни се бебиња, ама ќе ни се цел живот.
Нема потреба тек на шише со цуцла да го учиш, после ќе те боли глава како да го одучиш. А од кравјо млеко, особено тетрапак нема некој посебен бенефит. Син ми за месец дена полни 2 години, пред две недели прекинавме со доење и не ни мислев да нудам млеко. Не пие воопшто, освен некогаш ако ставам во палачинки или голтка две од мое какао. Чисто млеко никогаш не засака, ама си јаде сѐ останато од млечни производи.
Моето пак луѓе душа дава за млечен производ. Се што е млечно сака, секој ден пие многу јогурт, грчки, кисело млеко, намази, зденки обожва, урда и јајца, кашкавал, пресно млеко…80% од исхрата му е млечно оти друго ретко сака. Житарици и јајце јаде ама јајце само во одредена форма и овошшје и зеленчук. Месо уште е само на ќебап и некогаш пилешка тортиља. Манџи јок. Дури и на чинијата ако ставам месо демек како обид да проба он ќе плаче додека не го тргнам и нема да јаде, вели мама тргни месо. Луѓе полудев веќе со заспивањето касно. Значи безразлика која и варијанта да ја пробам со станување до 11 најрани не сака да заспие. Вчера рекорд до 1 и на крај со кавги и плачки заспавме. Запсива рано само кога не дремнува. Знам дека е уште мал за без дремка ама мене ова заспивање касно под услов да дремне не ми е нормално. Се плашам дека ќе му створам навика да не спие по цела ноќ кога ќе стане возрасен. Мм е таков и тоа е нешто што најмногу ме нервира кај него. Стварно ум немам веќе штп да правам. Плус што јас станувам во 8, отсабајле еден куп работи, па на работа до 7, па со него па до 12 не можам да издржам, преморена сум.
Ако не преспие преку ден каков е? Не е нервозен? Јас имам другарка што го имаа истиот проблем, сега не знам точно од која возраст прекина да ја преспива ќерка и за да легнува во 7 навечер и спиеше цела ноќ до 7 наутро. Знам и во градинка им велеше да не ја преспиваат бидеќи во спротивно касно легнуваше навечер. Не знам точно на која возраст сте ама ако долго време ова го прави мислам да го оставиш без преспивање доколку не е нервозен.
Генерално не е нервозен, се дешава ама ретко, повеќе ми е дека спие лошо со многу мрдње, веројатно од премор, не е спремен да не дремне, следне месец ќе полни 2, ама буквално полудувам веќе оти не знам како да постапам, сите можно варијанти за дремнување и станување ги пробавме и само без дремка заспива во 8-8:30, дури ни така не сака порано, ако го заспијам 7, ќе се разбуди и ќе смета дека дремнал. Многу е терсене од мал за спиење и ете уште никако да фати ред. Читав нешто за фомо деца, наводно ваквите деца не сакаат да спијат ради fear of missing out, почнувам веќе да мислам дека може истото се случува.
Ова не се вари, мешаш со јогурт и нешто овошје и готов е. Се изнајаде син ми како бебе ова, јас за надвор му го зимав и го мешав со шмукалче, раат ми беше за да не е се на готови каши. Сега нејќе ни да го помириса
Фала ти ќе пробам.. Јас ја нудам постојано ама не прифаќа плука.. Лебчето и го маскирам со путер за да касне, а суво лебче обожава
Тврдо е зрното затоа мислев дека се вари. А може ли со варен зеленчук и месо? Така мислев да го правам.
Леле со спиење и ние имаме проблем. 1 година сме и заспива 11-11:30 дури некогаш се случува и во 1 по полноќ, мене срце ми спие на работа едвај функционирам. Преку ден им заспива накај 12 и спие до 2-2:30 и после не сака да спие до 11:30 и цела ноќ се буди за цицање ама се мислам дека и недостигам преку ден и затоа сака што е можно повеќе време со мене да помине. Пред да почнам со работа си имавме рутина во 8 ја бањав и во 9 најкасно беше заспана.
Не, омекнува веднаш штом го ставиш во јогурт, како пуканка е такво. Ептен ми беше раат и брз доручек или вечера. Јас ова секогаш го мешав со овошно а киноа “гепуф” има исто неа со зеленчук ја мешав или во манџа и супа ставав. Не знам зошто, некако мене амарантот ми е посладок со овошје, еве нека каже некој друг дали може
Е внука ми на негова возраст почна да прави проблеми, на 2 и пол веќе не преспиваше. Едноставно некои деца се такви, еве моментално е 7 години и едвај заспива во 10:30 а наутро во 7 станува и цел ден е активна без прекин. Син ми на 2 години два пати преспиваше и во 9 пак беше заспан. Баш снаа ми се чудеше вика моите на 2 почнаа да исфрлаат дремка.
Нека и кратат дневна дремка. Моето ако спие покасно од 13:30 ноќе не не оправа 12-1. Затоа сега спие од 12 до 1ипол и навечер 9 најкасно е заспан. Пробај вака јас мака мачев додека откеив во што е проблемот.
Епа им спие по 2-2:30 саати некогаш викаат и три саати, на нив им е полесно кога им спие. Кога им викам да не ја оставаат толку многу да спие ама тие секогаш викаат дека тоа е дете и треба да спие и нема разбирачка
Многу спиење и е денски. И јас да го оставам би одвалил 3 саати ко ништо ама будам во 1ипол обавезно. Малку ке кенка ама ке и помине. Ама знам како е кога не можеш да се разбереш. Верувам си се обидела ама пробај објасни им пак дека не е здраво за неа да си легнува во 11-12 ноќе, дете е сега преку ден нека си игра.
Среќен 8 ми Март мамасити мои. Да продолжете така храбро и упорно да чекорите низ мајчинството. Да бидете најдобрите за своите деца. Да газите на професионално поле со самодоверба. И да зрачите со позитивна енергија и љубов која ќе доаѓа од вашите партнери. Ве гушкам сите и да бидеме најсплотени, јаки жени годинава и понатаму
Среќен 8ми март, мајки, жени чекорете храбро и гордо секогаш пс. Палете патиките, количките и сите на сонце да уживате