Среќен 8ми март женски❤️ Него со нејадач што да правам? Искрено лудило ме фаќа, од бебе до година што јадеше сѐ, сега се раниме со сила по некоја манџа, ама буквално со сила. Месо никакво не сака во уста да стави, значи дете да не сака пилешки медаљони ми е несфатливо. 19м, веќе има јадено најразлична храна ама ептен е специфична. Сув леб и павлака може, павлака намачкана на леб - како лук на вампир да даваш. Шпагети болоњезе каша ок, домашни со истоте состојки, како отров да си и дал. Ја давам оваа каша и уште 2 има со месо што ги сака бидејќи само така внесува месо, и по некое залче со сила, ама грев ми е веќе. Полудев веќе, чаре?
Пилешки медаљони ако мислиш на тие замрзнати, што се пржат и онака не се здрава варијанта за храна. Немам совет што би ти кажала како да пројаде месо или што и да е друго. Освен со тоа што сака, да даваш и нешто ново со надеж дека ќе проба и нешто плус.
Ау моето спие по 3 часа дневно минимум и навечер во 9ипол е кома. Еве го сега четвртиот час го тера дремка. Дневна дремка до 5г е многу важна за напредокот, ако не ремети на ноќен сон нормално. Не јаде зошто даваш каши на големо дете веќе. Не давај каши, у тоа месо има едвај 10гр, ништо не е. Подобро спремај и блендирај отколку купечки. Тоа пилешки медаљони па никад не сум дала, од лошо полошо, најлошото од месото сплескано у форма и панирани. Големото е 9 скоро никогаш не каснал такво нешто. Се нервирам у школо им даваат фиш фингери, мртов гладен е кога има тоа, дека не јадел тоа никогаш не ни знае што е. Среќен празник жени убави! Среќни, здрави, весели и храбри секогаш!
Не спомнав ама медаљоните се домашни, со мелено чисто пилешко месо ама сепак се пржени. Нејсе, детето џвака и јаде ама тоа што сака. Тие каши што го спомнав се случува да ги дадам еднаш у неделата преку сила, само во очајни ситуации кога тој ден е многу слабо јадена. Јаде макарони/јуфки/њоки, без ништо, варени со путер само. А ставиш доматно пире/кечап,не дај Боже месо, проблем. Пржени кришки со јогурт/грчки/кисело млеко - заљубена. Јаболки и портокали, може, друго овојше, јок. Да може само тоа ќе јаде. Дојдов од дете што глодаше варено телешко само така, до нејадач и ќе се изедам жива.
@AngelOfArh , мојава и баткото се скоро па врсници. Минатава недела еден ден преспала само 30 минути, вечерта уште во 20:00 заспана без борби, без натегања. Само што виде кревет малтене. После 2 дена, ја оставиле 3+ часа да спие. Се натегавме до 23:00 да заспие. А за нивна возраст 23:00 е предоцна. Сакам да кажам кај моево многу влијае должината на дремката и во колку би се разбудила. Мала е за без дремка ама пак со предолга уште полошо е. Часовите на спиење и се тие околу 12:00 во деноноќие.
Кај нас многу влијае на ноќно спиење. Мене воопшто не ми одговара да си легнува во 23:00 или покасно. Си го сакам редот со легнување во 20:30 станување во 7-7ипол. И на внуката не влијае спиење од 2ипол 3часа, ама она си легнува 11ипол, станува 10ипол сабајле дремка има од 3 до 5ипол 6. Ама така им одговара нели
Ви одговарам и на двете заедно. Скроз ве разбирам, да ми влијаеше кај нас ќе кратев ама не влијае, напротив повесел е кога е убаво наспан. Синоќа заспа во 10 пошто спиеше 4 саата на пладне, ама искрено јас сум крива го заиграв убаво навечер, скокавме рипавме и престимулираност му дојде и затоа. Иначе во 9 во кревет до 9ипол кома.
Даваш Лоратадин, ако си сигурна дека е алергиски осип. Или ја би отишла на итна, ако од нешто многу се плашам, тоа е алергија.
Dadov sirup Letizen se smiri osip vrati i pedijatar rece deka od sonce bilo vcera bevme izlezeni cel den
@AngelOfArh, мојава е општо лоша за спиење. 20-30 минути наутро да стане подоцна, си ја поместува и дремката. А да стане порано нема мака, без проблем ќе си издржи. Пред 2-3 недели си се разбуди уште во 5:30 наутро, им напоменав на воспитувачките дека може порано да заспие ама ништо. Не и смени дали во 5 или 7 станала. Е да се разбуди околу 8 часот тогаш нема теоретски шанси да заспие за дремка на пладне.
За алергии. Во лето сите мачкаме фактор, сега скоро никој, еве јас денес у 12 надвор нит мене нит деца намачкав, а деца кои се склони на алергии ќе вивнат одма. Башка кожата уште не ни е навикната на сончевите зраци, уште студот у коски ни е, а тоа пече ко у мај и ете ти беља. Ова време тек ќе ни донесе здравствени проблеми мислам. Претопло е за март.
Дојдов да се жалам и да барам совет. Од мирно девојче, преку ноќ стана дете што ништо не слуша. Знам и очекувано е да дојде во оваа фаза и скроз природно и нормално ама кажете како се справувате со непослушност. На пример: наместо да седи, се качува нс стол и стои, и велам дај ми раче на улица, ми вели: самаа, самаа и бега, ќе и текне плаче за нешто што не смее да прави во момент ко на пример не смее да истура вода или носи стол да се качи на кујна, не дај боже да се изгори на рингла. Со маж ми се осеќаме дека цело време почнавме да и викаме не тоа, не ова, не вака. Ич не сакам да и забранувам ама некои работи стварно не смее да ги прави. Викендов ајде да игра со камчиња, пред да си одиме урлање и дерње да седиме уште. И треба да троши енергија знам, ја пуштив во градинка, после 3 дена се разболе, еве од вчера со температура. Некако се осеќам пресисана и без трпение периодов и не знам како да се однесувам со неа. Знам ќе морам да најдам начин зошто оваа фаза мислам дека тек допрва доаѓа и ќе си трае..
Забранувај со време, нема не сама , мораш, за после да не кукаш. Од искуство. И моето едно мутаво, едно мирно, послушно беше јагне сите го викаа оваа недела покажа роговите ѓаволски. Не и дава на дада ништо, писка за све и свашта. Од друга страна имам дете кое нема збор што преку ноќ не го кажува, некои разбирливо некои можам да ги погодам само јас ама се труди ептен. Ток ток викала за штрк на двор, никој не и кажал повеќе пати што е тоа туку еднаш помала беше и оти тука кога ќе стаса бебе и на балконите закачуваат штркови и и кажав дека е штрк, од тогаш меморирала. Ама исто сака се сама и вели амаа и да сд облече, слече, води кучето, качува секаде. Ужас ама мора забрана
Кај син ми ‘не така’, ‘немој’ и слично, даваат контра ефект иако по дифолт кога прави глупост ти доаѓа така да речеш. Ама сето ова што го опиша кај ќерка ти, е син ми си е таков од секогаш. Опасен своеглавец, инат, сѐ може сам, се знае итн. Позитивното кај него е што кога нема да му дозволиме нешто и ќе почме да плаче, речиси секогаш се смирува за брзо со дистракција. Ако нејќе да се тргне од нешто или да седне во кочичка, секогаш се лажеме со Биби. Му викам ајде да одиме да ја гледаме Биби и се смирува за секунда. Иначе е страшно темпераментно дете. Така си личи и јас така викав, ама кога гледам други деца на негова возраст, сфаќам дека е ептен бесно. Ако му викам немој он ме гледа во фаца, се смее и презадоволен продолжува уште толку. Вчера бевме на роденден, 5 пати ја бутна декорацијата, на аниматорите им ги реметеше сите игри и во 2 ипол саати не седна буквално ни една секунда.
Se mislev alergijata osipot da ne mu e od moeto mleko uste mi e na doenje 13 meseci, a bremena sum 15 nedela (4 mesec) istotaka sum na progesteronska podrska zaradi istorija so kratenje cervix iskustva da spodelite ve molam