@Bella_Stella , јас во било каков сок, дали цеден, дали 30мл обичен и мешам. Некогаш и грутчиња ми остануваат ама мојава не е репер. Во се можам да подвалам вакви работи. Пишува може во млеко, јогурт ама во тоа не би мешала. Не ми иде некако.
Зошто аверзија? Корисни се пребиотици и пробиотици повремено. Со здрава цревна флора детето си гради имунитет, бидејќи еден од главните фактори во имуниот систем е токму цревната флора. Секако дека треба да примаат природни пробиотици и пребиотици ( притоа не мислам само на јогурт, кисело млеко и кефир), ама најчесто децата не ги внесуваат нив, па суплементи се потребни.
Он со лажичка ги пие Молерс, Д3, Ц вит и Пробиотикот. Ама може да го пробам. Барав уште минатиот пат во аптека нешто друго, ама не знаеа да ми препорачаат.
Имаш и на провен прашачиња се, над 2 години може да се користат. Немаат никаков вкус во било што можеш да го измешаш и да му го дадеш. Јас можеби кај 6 месеци или и прекинав имаше тврда столица додека укапирав од што е недели поминаа. Сега давам само пред патување и за време на истотот. И нормално кога пиел антибиотик пиел и пробиотик.
Последно линекс џуниор ми дадоа во аптека. Давав ваја пред тоа ама некако во последно како да немаше ефект некој шо знам. Или ја така си мислев
Мајки на скоро 2 годишни деца, дали и вие имате период на “мама и само мама”? Јас не знам што е ова, ми зујат ушите веќе. Плачки се ако одам до вц, за успивање само јас, за јадење само јас, доаѓа само да се гушкаме и мазиме, мм кутар не може да ми припари, доаѓа детево го трга, му вика “не мама”. Сабајле станува и доаѓа веднаш во наш кревет, се гушкаме и навистина ми се полни душата, ама веќе ми е жал за мм, само го трга, не сака ни да го гушне ни да му се приближи. Си играат заедно и додека е внесен во играта е супер, малце ако има дистракција и види дека не сум до него веднаш доаѓа за рака да ме земе и јас да играм заедно со нив.
Ух шо збориш, кај мене и двете се мама, ако не сме заедно трите во вц, пред врата камповаат. Малово мнооооогу душа дава по мм ама мама си е мама. Имаше период кај што беше по него и мислев фала Богу ама не, пак се сврти накај мене. Јас во кујна она вели адење и да ја земам да гледа, не прифаќа да стои/седи без да ја држам. За преслекување никој не сака освен некогаш дада, па кутрото дете оно ја облекува хаооос. Патики сама си реди и акна, се врти едно 300 пати додека се облече. Еве пример мм требеше нешто да ми покаже без да џамкаат они, па затворв врата во спална и она мислела дека сум вц, отворила вратата виде мама нема леле која паника. Баба и дедо беа на гости, ќе излезеа пред зграда сите, ете ја неа ја враќаат по мама. Е моето не остава да се гушкаме со дада ама јас сум упорна и мора да свати дека не е само она. Иначе кај мене големото го туркаше на мм и не се гушкаше никако со него како со мене како помала, на блиц само и толку.
Да. Дури кога ќе дојде мм од работа место да му се радува го бутка и му вика да си оди. Се разочарува што ќе се подели моето внимание и на некој друг.
Моево исто е во тој период, мама мама и мама, ако сум дома неможам да мрднам само во мене е напикан. Тт имаше мин недела, му помина за 2 дена не појдовме на доктор, после од саботата ларингит има, ноќта неделата бевме во итна имаше напад неможеше да диши, му ставија урбазон и инхалација со дексазон, понеделник кај матичната, рече нема ништо да даваме само лоратадин, без инхалација, еве тераме со лоратадин и уште кашла кучешки, вчера почна и со шјалм, пак на преглед вчера ок е е нема ништо, вурусно беше на крвна слика понеделникот, ама кашлањево ларингитично не поминува. Преморена сум периодов, кај 3ките го мачат, кај болен, кај не спијаме со мм, по 3 сати. Само плачи луѓе, по цели денови плачи
А моево почна ептен да се плаши. Одиме во парк/продавница и види некој непознат за неа сумлив бара одма да се крене и плаче. Сестра и прави змија од слајм оваа се исплаши толку едвај ја смиривме. Јест да од неа учи да бега денек да вика аааа ама ова стварно се исплаши
Леле се изнамачивте и вие и бебуш. Да поминува побрзо. Не знам каде живеете ама ако можете качете го некој ден на планина на чист воздух, ке му помогне колку толку. На мм братучет малото со ларингит си има мака матичната стално им вели на планина да го носат. Со работа денеска колку можеш да го носиш.. нас Попова Шапка ни е тука па они одат гледам зимава почесто.
Моево беше мама мама цело време, сите викаа леле како ќе се навикне сега ти на работа, се убив од мислење како ќе биде, како ќе спие, дали ќе ме бара…ете втора недела терам, детево ама ич не ме бара, до толку што дури ми е криво и плачев цела недела. Без проблем спие со мм, повеќе јаде со мм, кога ќе си дојдам ќе ме гушне ќе се порадува и после трч горе кај баба му, обично тоа време секогаш се качуваше да ги види. Скоро и да не си го гледам детето и ептен ми е криво. Дури и си помислив дека сум лоша мајка штом само мене не ме слуша, а со другите и татко му е толку послушен и примерен за се. Ќе ми се јават на телефон и ќе праша мама шо правеш, ќе речам сине на работа сум, убаво ли ти е со тато, и он на тоа да видеме се после…. Не дека не сакам да му е убаво со татко му, ама некако не бев спремна дека наеднаш ќе дојде време кога ќе почне да го преферира мм од мене. Инаку вчера беше кај моите и мајка ми ми јави дека и бил топол и имал тт 37, ама после не станал потопол, јас мислам од игра бил загреан, ама затнат е во носот и диши така на нос, не качуваше пак. Ама некаде ми се мерна дека така почнува вирусот…да очекувам да се разболи? Од лето не бил болен и сега баш на работа кога тргнав… @Bella_Stella пробиотик давав до 1г, а знаеш моето е и со ант(профилакса) цело време за бубрезите, па сепак прекинав после 1г оти многу запек и мака со стомак му правеше иако пробав различни. До сега е ок немал проблеми. Давам само со ант екстра ако е болен, ама и тоа само еднаш пиеше така да…
Да! Он е многу приврзан и со татко му, по цел ден вика и тато и мама. Ама ако оди маж ми негде се брои на прсти колку пати се расплакал по него. А ако треба јас да одам, морам да се скријам зошто одма има плачки. Па знае да му текне и покасно дека не сум тука и да ме бара. На маж ми одамна не му дава да ме допре. Најзанесен да е во игра ако види дека ме гушнал одма дотрчува и го бутка налутен. Тоа почна сигурно пред 5-6 месеци кога зема еднаш да ме масира маж ми и од тогаш пред него нема масажи. Исто со мене доаѓа во вц, заигран е со некој друг па во сред игра му текнува на мене и вика мамаа мамаа мамаа, како навиен. Фаза им е тоа, за нив сега мама е сѐ на светот и нормално е да е така. И мене ми паѓа жал некогаш што го бутка маж ми, ама не можам ништо да направам.
И син ми почна да се плаши, не многу ама кажува цело време дека се плаши од нешто. Прво почна со едно камионче со музика, прави звук на палење возило и он оди го стиска копчето и бега и вика ‘дете паше’. На една друга играчка има був што прави некој звук уу уу и од него вика дека се плаши, а сам го пушта. Не е екстремно кај нас и нема плачки, ама си кажува дека наводно се плаши.