Сите мајки се чувстувале така. Јас ќерка прв пат ја оставив на 2 дена со мм и неговите на 2г и некој месец, преку ден се замимавала надвор, вечер дома плачки по мене, заспала некако со мм. Дојдов јас, мислев дека ќе ме изгушка кога она мртва ладна, ме гушна онака само и продолжи игра со нив. И требеше време да ми се одлути, па после се врати се на старо и кукав оти мама бара за се
И моево исто со плашењето, он бега и вика не се плаши За некои работи е екстремно, а некои сам ги прави да се плаши.
Живееме во мало градче близу Крушево, околу нас цело е шума, борови, планини, зад куќа е шумата, пред куќа планина, нема многу сообраќај, нема фабрики, сонце е скоро цело време, магли кај нас нема, почист од кај нас воздух имаат Крушево, бар тоа се предностите на мало градче од 2000 жители. Ама в градинка 2 дена и одма нешто фати знам, цела година вака ќе е, ама да си се пожалам Нормално е да се плашат, како ќе растат ќе појавуваат страв и тоа на најобични работи, ако до вчера не се плашат пд правосмукалка од утре ќе пиштат од неа...
Лепенка над лепенките. Ако ме нема тргнува у поход да ме бара Мама, кај е мама? И тропа мава по врати. Вц одење нема смисла без него, шминкање, готвење, облакање, пружање алишта, се е со него. Многу забавно се пружаат алишта со дете во рака, на нога обесен и така натаму.
И после 3тата година ги фаќаат вакви кризи, да ве утешам Седи на шоља додека се бањам Мочам и слушам МАМА КАЈ ЕЕЕЕЕЕЕЕЕ Сум тргнала у спална гаќи да земам - НЕЕЕЕ, НЕ ОДИ БЕЗ МЕНЕ И врвот - Седи на стол 3.5м оддалечена и јаде 100 саати, јас сум седнала ВО ИСТАТА СОБА на креветот - ДОЈДИ СЕДИ ДО МЕНЕ НА СТОЛОТ МАМАААААА
Ja идам да кажам дека седам, скролам и чекам да престане врескањето, па да ја измијам и да и дадам да јаде. Не знам точно за што плаче. Дали е оти и се издрав да застане да не ја прегазат и после си доби лекција, дали оти не и дадов да лежи во ходник и да се дере или оти ја мрзи да си го земе цуцето што е на 20цм од неа. И додека се дере, вика а тати а тати. Никако не плаче за мајка моево. И изгледа пак се разболува. Наздравје. Дали три дена беше без секрет.
Тема лепенка за мама.... Во вц оди со мене, само во раце ми е од што е се мама мама. Малку сега дур сме во мк е подруго од што дада и беба се тука па си игра со нив. Инаку оваа мамасита без грб е останата. Тема плашење.... Се плаши од неочекувани звуци, ѕвоно ѕвони он рипа и вика плаши узи ме. Еден период од една недела од се се плашеше,тоа плаши како во глава му се имаше врежано. Инаку го имавме носено во зоолошка предходниот пат кога бевме во мк тоа е пред две недели три така нешто. Вечерта не сакаше да заспие се плашел од коза . И сега кога и да го прашаш од што се плашеш како од пушка кажува коза.
Леле ова со седењето го има кај нас уште сега. Како некој командос е низ дома, сите не строи кај да седнеме и вика ‘сеееј’, ама строго кај шо он замислил дека треба да седнеш.
Сол после годинката по малку. Шеќер што може подолго да не даваш, тоа најубаво. Има и природни шеќери во храната, доволни се.
Абе вришти жива се дере Ако седнеш на нејзиното место кај шо седела пред 3 саати ти се дере дека таму седела она. И ние можеме комотно да си стоиме по дома зашо она секаде има седнато Еве ја моментално, у мене е пикната цела
Здраво мајки Мојата бебка е 15 месеци .Пие/ше адаптирано млеко Аптамил ,но се појави проблем веќе цела недела не сака да го мирисне , пробавме и со кравјо тетрапак првиот пат кога и дадовме пред да спие ноќта испи 120 мл потоа во текот на ноќта уште 120 но кога дакав наредниот ден да и дадам на поручек да пие пред спиење пак исто не сакаше ,не знам што да правам ќе се консултирам и со педијатар но сакам да слушнам и некоја од вас ако е имала исти проблем ,а храна си јаде нема проблем ама млеко не сака да чуе ...
Ако јаде се и други млечни производи не гледам зошто да и даваш млеко да пие. Кравјото млеко ама баш не е хранливо како што е било некогаш. Баш некни читав ако најдам ќе пуштам да прочиташ... Со овие зборови пишуваше кравјото млеко е хранливо само за нивните бебиња телињата. Кравите во последно време многу антибиотици примаат, и затоа и толку нетолеранции и проблеми почнаа да имаат новите генерации со млекото конкретно. Ако не сака ич не форсирај и уживај. Јас млеко на моево само со бисквити му давам и нормално кога правам нешто, палачинки, мафини, вафли, такви некој работи.
Од прилика на која возраст треба да се способни сами да се качуваат и пуштаат по лизгалки? Сум сретнала помали деца што без гајле лазат по скалите и се пуштаат, мајката само чека доле. Сум сретнала и 2+ години што го пазат горе да не се лизне. Ама што е просекот? Мојата се качува ама одам по неа дека знае да примети штрафче или ѓубренце или што било на страна, и да изгуби рамнотежа да падне од високо. Да знам дали да олабавам или да си правам кардио со неа и јас
Женски малата често во последно време вреска во сон. Мислам дека е терор ама не сум сигурна. Синоќа речиси и не спиеше, а не дека нешто посебно се имаше случено. Скроз обичен ден беше. Ама ноќеска барем три пати извика НЕ во сон и растревожена се вртеше. Прво мислев будна е. Јасно беше дека е на фазите кога и се менуваат во сонот, ама после видов дека уствари спие. Не се смирува ни кога ја шшкаме, ни галиме, гушкаме напротив агресивна како да станува. И после ке свикаме гласно и се смирува продолжува да спие. Мислам синоќа беше една многу многу напорна ноќ во секој случај. И друго, почна да не сака да јаде се, како што си јадеше. Преска имаше тестенини со сос од павлака и зеленчук и месо. Месо одбива веќе три-четири недели. Мислевме дека поради заби, ама сега јасно вели не месо. Во никоја комбинација што порано го сакаше не го јаде сега. Ни риба не сака. Уствари ама ништо веќе не сака од зеленчук и месо. Јајце и млечно јаде. Житарки исто. Во последно е на млечни ориентирана. Нормално ќе пробам да камифлирам со месо оти мора да го јаде, ама ќе помине ли фазата или почнува да бира. Пошто ако почнува да бира, ќе си седи гладна додека пак не почне да јаде. Овошја, смути и сл сака.
Преслатка и јас си се жалам како ме бара цело време, не можев да јадам денес на пример, ама како брзо растат бе клише ама ќе остариме и ќе си спомнуваме за ова време со носталгија. А до тогаш како да се остане присебен во моментот еве не знам А кажување кој каде да седи почна од првиот роденден со прстето, ама на места како пред влезна врата, пред врата на вц (тука кампува не дај боже да влезам), пред влез на зграда, пред излог. И еве уште трае тоа шефување