Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    898
    Немам совет ама жал ми е што толку се мачите со спиењето... Посвесни стануваат, повеќе работи знаат, нормално е да сонуваат и што им се случило преку ден (можеби месо сонува па вика не :D)
    За јадењето ние имавме таква фаза што траеше со месеци. Се што беше со месо и риба, или не сака да проба, или ако е камуфлирано ќе проба па плука. И со доста други јадења до душа. Сега да кажам помина, јаде ама малку количински. Со сила не може, а компромиси како цртани или трчање по неа да јаде не правам, па тоа е што е, се надевам и ова ќе се смени еден ден. Месо и не мора по секоја цена, не е страшно ако не јаде некој краток период, ама внимавај на балансот на другите нутриенти.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    7.461
    Пол:
    Женски
    Ќерка од 2 точно почнав сама да ја оставам и во главно се снаоѓа. Ок, сеуште на игралишта надвор стојам до неа, ама во игротеката каде што одиме и е безбедно веќе и раат си пијам кафе.
    Првично во разговор со мајки ми беше кажано дека од околу 2,5 ги оставале сами. Исто имам видено и деца помали од ќерка што се многу поснаодливи ама тоа е што е.
    Муабетов конкретно за лизгалка, лавиринти и слично.
    На секакви реквизити низ парк сеуште не се снаоѓа.
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.061
    Допаѓања:
    4.167
    Малово мое имаше многу страшни епизоди со ноќни терори, никако не се смируваше и некако колку повеќе се освестуваше, стануваше бесен и агресивен и фрлаше играчки од креветче и никако не можевме да му се приближиме. По она што читав околу тоа, вика дека најверојатно има некој тригер. Кај моево скоро па сигурна сум дека беше тоа што му беше топло во соба и од тогаш почнав пред спиење кај него во соба да исклучувам парно и не знам дали случајно или тоа топлото беше стварно тригерот, ама да чукнам во дрво, не сме имале епизода. Види да не има и кај вас нешто такво.

    За јадењето - шта речи, а не заплакати :rofl: И моево така, а и повеќето мајки околу мене исто ми кажуваат - до втората се си јадеше, е после…:x Еве го сега на четири почнува пак да се враќа во нормала. Екстремно нејадење не сме имале, ама вртење на неколку исти работи од кои омилена е - шпагети, ама без ништо :!: секој ден. Немам совет за ова :D

    @kozuf зависи колкава е лизгалката и реквизитите. Моево е 4, од мал се качува, ама сеуште сум до него да го надгледувам. Сепак скалите еве на лизгалкава позади зграда се сигурно 2 ипол метри високи и колку и да сум сигурна во него, сакам да сум блиску. Зависи каде е исто, внатре, надвор. На мала лизгалка во двор со неколку скалила уште од многу мал го остававме сам.
     
    На јolene, lackygirl и kozuf им се допаѓа ова.
  4. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.567
    Допаѓања:
    8.572
    Пол:
    Женски
    Значи сите деца прават исти работи на иста возраст :D
    И мојата исто прави.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Malo mace

    Malo mace Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2021
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Абр да во право си ,но некако наеднаш не сака и не сака се загрижив,за јадење јаде ама сега ако нр сака да пие млеко ќе морам да зголемам млечни производи
     
  6. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    11.714
    Пол:
    Женски
    За две недели ќе полни 2.
    Минатиот викенд бевме на роденден во игротека. Многу непристапно за возрасни, па се мушкав таму им се бутав на децата оти го гонев моето. Му се тресев цело време ама сфатив дека е доста спретен. Сам се качуваше на лизганиците, сам се пушташе. Опуштен е оти дома имаме лизганица и од многу мал му е позната.
    За пуштање сам рано ми е, можда накај 3 години. Не ми е сигурно, страв ми е можеби не толку од реквизитите таму, туку од поголеми деца што баш приметив, го буткаат, пудат, не внимаваат...
    Друга тема е тоа.
    Настрана тоа, еве баш во оваа игротека имаше скината трамполина. Поголемите деца знаеја да ја избегнат дупката, други намерно влегуваа во неа, ама моето е мало и само да го оставам без мој надзор.. Не можам.

    Јас правам кардио, еве овој викенд пак ќе правам. Среќа и маж ми е викан па на смени ќе сме.
     
  7. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    439
    Пол:
    Женски
    Дали користите перници за децата? Ако да, од кога почнавте? И каква имате?:)
     
  8. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.989
    Допаѓања:
    8.460
    Пол:
    Женски
    Не се грижи. Давај повеќе други млечни и уживај.
     
    На Malo mace му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.422
    Допаѓања:
    32.099
    Пол:
    Женски
    Просек не знам дали има
    Јас од година и пол ја оставав сама да се качува, стоев од страна
    Од две години не ни стојам. Таму каде што забележувам опасност ( скршена даска пример ), таму објаснувам 2-3 пати и чекам да видам дали ќе ја прескокнува даската. Ако да, пак си се враќам кај шо сум седела. Во игротеки оддамна не трчам по неа, не можам да ја стигнам :D
     
    На kozuf, Carolin. и Spidy им се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.981
    Допаѓања:
    45.699
    Пол:
    Женски
    Не ги пуштате сами да се лизгаат?
    Јас моето одамна го пуштам само, само внимавам на качувањето.
    А во септември значи некаде 16 м е бил бевме во игротека за поголеми деца и јас цело време трчав по него ама он буквално на се се качуваше и сам влегуваше во сите тие мрежи и чуда. Ама искрено и често паѓа оти многу мисли дека е нинџа, моето е од тие деца за кои велат уште на лустер се нема качено.

    Не му треба веќе млеко. Ова е исто како кога се одбиваат од цицање, после тоа не го нудиш замена млеко.
    Нема потреба ни од тетарпак ако не сака. Нека си јаде млечни и јогурт.

    Моето обожава млечни, ама саками млеко. Пие и тетарпак. Ние дома општо пиеме многу млеко, знам дека не е сјајно ама мераклии сме си на млеко.
     
    На Malo mace и kozuf им се допаѓа ова.
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    Сега го сака, потака може нема да сака. ОК е.
    Малку и се претерува со тоа за телиња е кравјото бла бла... Зборуваме за веќе потпораснати дечиња што јадат се'. Во палачинки и бисквити кога се става, и така е истото млеко за телиња.
    Малово уште не пробало за пиење зашто уште цица, а големиот знае да побара од мерак филџанче ладно млеко и исто ми се фаќа дали било со корнфлекс/бисквити или го пиел.
    Или чоколадно млекце со цевка, па кое дете не сака? Се' додека е умерено и повремено, не гледам проблем да се напие, не би го лишувала од такво задоволство. Никогаш не сум давала од шише со цуцла, никогаш не му нудам да пие. Ако побара, добива во мала чаша и никогаш не го пие цело.

    Некои организми не поднесуваат млеко, ама па не сите имаат проблем.
     
    На DaisyDream, Bella_Stella, Mother of 2boys и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.933
    Допаѓања:
    14.643
    Пол:
    Женски
    Ќерката на година ипол на локалните лулашки одеше сама, јас од далеку ја гледав. Стално шетавме со кучето и речиси никогаш не сум влегувала кај лулашките за да не се измоча кај што играат деца. Била внимателна и никогаш не се грижев дека ќе се повреди.
    Синот сега е година и 20 дена. Деновиве дека беше сончево првпат поминал подолго време на лулашки. Нема кај не се качи, на скали го оставав со лазење се качување, на лизгалка го седнував горе и го држев цел пат надоле. После неколку пати ај да пробам да му зборувам да седне сам, он се пушти главеечки. Така да ми личи дека барем годинава ќе одам по него.
    Генерално сум голем поборник да се оставаат децата сами што е можно повеќе. Кога сум видела дете од 4-5 год што го држат со две раце за да се лизне на метар лизгалка, не знам дали е за смеење или плачење. Со сила го прават неспособно.
    Јас се водам по правилото "оставете ги децата да прават опасни работи ако ги прават на безбеден начин". Освен ако детето без страв се фрла од лулашка нормално нема да го оставиш, ама ако се држи и не пробува главеечки да се лизга, остави го. Не се фаќај за возраста толку. Ако не на 2, тогаш на 3 ќе иде само. Ама мора да го пуштиш само за да научи. Ако го држиш за рака нон стоп, не може да научи ни по скали само да се качи.
     
    На DaisyDream, Panovic, Bella_Stella и 4 други им се допаѓа ова.
  13. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.292
    Допаѓања:
    119.102
    Пол:
    Женски
    Петарда е на сите се пушта не можам да го фатам и на високи оди. Ќе ме побудали. Па и на стомак се пушта |(
     
    На Bella_Stella, Carolin. и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  14. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.422
    Допаѓања:
    32.099
    Пол:
    Женски
    Следно е да се качува по лизгалките на стомак
    Не прашувај од кај знам
     
    На Bella_Stella и fana им се допаѓа ова.
  15. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Моево па колку е претпазливо, три пати мери еднаш сечи. 22 месеци, на лизгалка се пушта 2-3 пати кога одиме во парк. И тоа со држење, сам нема шанси. И општо бара цело време некој да е со него кога сме во детски паркови. Сака да истражува ама притоа да се држи за раче. Многу е срамежлив.
    А парковите тука се милина, да оставиш дете да се изнаигра без да се грижиш за безбедност. Ама ајде ќе почекаме да се одстрами и сам да почне да истражува.
     
    На Giiirl23, lackygirl, LivingGlam и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.190
    Допаѓања:
    26.132
    Пол:
    Женски
    Не престанува хаха мојава 5г уште има такви испади. Мамче мамче како расипана касета ушите да ти зујат. Бевме кај мајка на спиење, јас ја успивав малава, а иначе нема мака нема љубомора за тоа, и се спиело ама пошо пред спиење читаме книги и не сакала моите да читаат, па кога рекла мама мама пола саат без пауза , а јас за тоа време сум заспала, мајка ми кога виде дека и јас спијам мислам дека истиот момент ќе ме исфрлеше на улица од што не можела повеќе да слуша мјаукање, а мислела успивам дете.
    Она општо за се е напаст кога ќе науми нешто, во состојба е саат време или се додека сме продавница да повторува молим те или сакам.
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.323
    Допаѓања:
    19.509
    Пол:
    Женски

    Моево се качува на лизгалкава дома и се спушта сам. Научи во јануари да се качува по скали (лази по скалите) па сеа знае и на тие за лизгалка. Ама на високи лизгалки му е страв да се спушти и морам јас да го држам за рака. А оваа во двор му е помалечка три скали има и сам се качува и спушта. На крај си вели бавооо и плеска со рачиња :D
     
    На Bella_Stella, lackygirl, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Irimiri

    Irimiri Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2021
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    Плачењето мислам дека е од носот што и е затнат. Јас ја имам истата мака со син ми со денови.Затнат му е носот и никако не можеме да го одзатнеме. Цела ноќ се превртува и плаче и вика не.
    Моето имаше и ноќни терори ама тие беа ептен интензивни, многу вриштеше и не можеше да се разбуди никако. Сега плаче и вика не, а претходно го слушам дека не може да дише на нос.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    Е ова сакав и јас да пишам, има деца што се попретпазливи. Не мора да значи дека родителите се претерано заштитнички, едноставно им треба повеќе време да се опуштат.
    Мене ме нервираа такви баби, татковци и мајки кога ќе ми се тутнеа на лизгалки - Остај го детето да се бори, остај го сам да се качува. Епа ете нејќе сам, шо ме замараш и шо се замараш |(
    И се' уште е многу претпазлив. Не се пушта да бега на улица, оди до мене иако не ме држи за рака, се качува сегде ама не е толку спретен, едноставно поинаку размислува и реагира. Вози се' ама претпазливо и секогаш до мене, до количка на тротоар. Ќе се оддалечи нормално, ама ќе погледне назад и ќе ме почека.

    Малово е скроз поинакво. Уште не оди ама можам да замислам што ќе ме снајде кога ќе тргне.
     
    На Sun&Moon, lackygirl, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Таков му е карактерот. И мене ме нервираат сите пошто ми викаат дека јас сум го направила да биде зависен од мене. А нема врска, од мало си беше такво. И не е спретен толку физички, покасно и прооде, и општо од бебе не беше некој авантурист да истражува работи. На улица кога ќе се сретнеме со дечиња од градинка, се крие цел, се срами. А во градинка цело време играат заедно пример.
    И ако нешто научив досеа, тоа е да не го форсирам, кога се чувствува спремен за нешто се пушта и не гледа назад. Му треба повеќе време и тоа е ок, не секое дете е исто.
     
    На Giiirl23, SiMpAtIcNaTa, Mother of 2boys и 4 други им се допаѓа ова.