Колку значи споделени искуства, фала нај Гледам да проценам колку може, па малку и повеќе од тоа ја оставам да проба сама. Ама затоа колената се цееело време или модри или изгребани. И на челото има 1-2 модрици во секое време Таман ќе помине и пак се чука, ама не знае да оди, трча и не гледа каде. За тоа начинот е ваљда д ја оставам па да научи? И зборам секако ама не фаќа кликерот. А лизгалките барем маалски се се со поткршена ограда, некоја дупка и сл.
Најефикасен начин за да му се одзатне носот? Цела ноќ не спиевме, ништо не му е друго ама некаде горе им такви заглавени досадни мрсоли и не можеме да ги ушмукаме ниту со носко ниту со шмркање, не може да дише на нос и цела ноќ се нервираше и будеше. Може е од алергија или настинат е, кувнува чат пат. Ни со морски спреј не бива.
@Lavender13 првото дете вакво беше, можам да кажам дека се опушти после 4 год. Ама пак не целосно, тек сега после 6 год е повеќе опуштен и пак е со резерва, едноставно таков си е, тешко е што цело време ние бевме под некој притисок, како само моево дете не сака да оди да игра во игротека, седи до мене на родендени, по пат исто ако сретневме некое детенце нејќеше да зборува, ќе почнеше да плачи, да пцуе некогаш... Мене ми беше тешко така да го гледам, ама тоа е карактер и крај, таков ќе си биди нека е здрав и жив. Малово е спротивно од него и многу било полесно да си од другава страна, и неможе никој да те разбери што има дете кое е дружељубиво како е со дете затворено, дур не осетиш сам неможеш да сватиш. Затоа многу мразев исто кога велеа остај го сам, не го држи и така натаму... Само трпение и следете си дете. @1209 септаназл спреј или оперил, поќе од 5 дена не смее да се користи ама одма одзатнува.
Ова е многу точно и дефинитивно нивното однесување е поврзано со карактерот што си го носат, а не со тоа како ние сме ги научиле. Не можеш дете од неполни две години да научиш да седи мирно и да биде претпазливо ако тоа не му е дел од карактерот. Син ми често го дружам со девојчето на другарка ми што е помало 3 месеци од него, значи тука се со возраста. Он од секогаш е многу жив, радознал, сѐ да чепне, сегде да се качи, нема страв и мисли дека може сѐ. Ако седнеме негде јас сум како октопод на сите страни зошто он оди чепка, оди кај други луѓе по маси, во парк им приоѓа на други деца и ги закачува, ги гушка. Додека другарка ми комотно може да седи и да пие кафе зошто девојчето и е премирно и цело време е тука околу неа, не се оддалечува. Со маж ми баш се расправавме сега скоро за ова. Се шетаме во парк и он стандард забегува, а маж ми вика остај го не се врти, ќе дојде. Викам како да не си го знаеш детето, како да ти кажам дека нема да дојде и ќе си забега кај што наумил да оди. Уште сме во фаза кај што ние треба да одиме по него и мислам ќе си потрае зошто не му е гајле дали сме тука, он тера. Ради тоа сеуште не можам да се опуштам да го оставам сам. На родендени и во парк сум секогаш блиску до него и го набљудувам зошто не е баш внимателен. Многу често знае да трча, а да не гледа напред туку лево десно. Кога пробува негде да се качи прво гледам дали може да успее сам, ако не одам и му помагам.
Кога е затнат прскам септаназал или оперил за деца, инаку нема спиење. Спас се. Прв пат доктор ни ги даде, сега прскам и сама кога има потреба. Само да не се користат подолго од неколку дена, инаку не верувам дека се поштетни од непроспиени ноќи.
@1209 исто и јас немам некое си добро искуство со Септаназал. Сум прскала ама исто било и со него и без него. Оперил немам пробано до сега, види со нив.
Бактерија да проверите. Некои бактерии знаат да направат затнат нос само. Да олесниш можеш да истуширам со топла вода и после од оние мастите да го намачкаш на грбчето пред спиење. Не тече бидејќи е многу густ секрет. За неколку дена би требало да почне да тече.
Моево многу истражува, и не знае за опасно, од што не мисли на тоа. И јас го пазам. Од страна може делувам многу заштитнички настроена. Го пуштам да прави се што наумил ама сум покрај него. На тобоган сам се пушта, ама во Србија не се скали туку како дупки за качување и не знае на тоа,а стално му покажувам. Ама нема трпение да учи, сака брзо да се качи и спушти на тогадан, така го вика
Јас не сум го ни употребила поради други причини. Моја (ајде да не ја откривам титулата) ќе ја наречам познаничка. Живее во странство баш кога беше во МК детето и настина и дале септаназал. Го пробала вели абе Ерика за дете ли ова се дава па јас го пробав толку јак спреј ме изгори мене, главата почна да ме боли. И кажав дека јас го немам пробано тој спреј. На мојата сум и ставала оперил п се покажал ефикасен ама не го користам долго само неколку денови. И тоа до сега само 2,3 пати ако сум и ставила. Јаки спрејови се тие. Може и крв во слузницата да пуштат. Ептен само во неопходни ситуации. Инаку јас диво оригано користам, за ќере тоа е како магично стапче.
Ќе проверам ама мислам дека не, настинат е а и не му се дешава често да има затнат нос. Мислам дека имаше еднаш вака предходно после вироза ама за ден два му пројде, не оди во градинка, шансите за бактерија мислам се мали, ама ако продолжи да е затнат ќе проверам секако. Фала на сите. Ќе пробам со Оперил.
Маст со еукалиптус за мачкање на грб, гради, можеш и тука кај носот. Многу ни помага за да спие мирно, и за кашлање и за затнат нос. Специјално е за деца, прашај во аптека.
Како за моево да читам. Толку е независен што мислам дека било кој во парк да му рече дојди со мене ќе те носам некаде, одма ќе оди без да се сврти. И е исто многу радознал, сега е во фаза да прашува Што е нешто, и по сто пати во денот прашува, мамо шо е овоа, мамо а шо е тоа, а шо јадеш, а шо правеш, а дека одеш Смешки е. Вчера мм го носел кај пријателка на час кај големите деца, ми праќа мм видеа, на табла стои црта сите деца околу него раце му шлакаат, овој ќефен, цела ноќ мк збореше за тоа Екстроверт 100ка. Може и до хороскопот е нешто
Јас ви кажувам личен пример, малото е екстроверт и се така пробува се сам да прави, сам по скали се качува, сам јади, сам сака чорапи да облекува, секаде оди, се гали, смешки е. Многу е љубопитен. Не знајте колку е полесно со вакво дете, значи за ништо да не се секираш, да не се плашиш па сам да си бараш дијагнози секакви а при тоа здраво право дете да имаш... Какво олеснување и уживање ми е второво дете Додека првото уште си е повлечено, интроверт скроз. А предобра мила душа има. Мн е емотивен. Многу нерви ми стави со тој негов карактер.
Моето е исто. Освен, ОСВЕН се плаши од луѓе што прв пат ги гледа. Прво мислев се срами ама не он се плаши и бега. Вчера одиме на кај моите пешки и застана со кола една жена да се поздравиме ме стегна за раче и зеде да трча да бега на кај моите. Не знам од каде му дојде ова сеа искрено.
Сите деца имаат период кога бегаат од непознати луѓе. Кај моето кратко траеше. Моето сега тоа што прави човек од срам да пропадне. На сите им вади јазик. Му кажувам тоа не е убаво ама тој упорно се криви. Ми личи како од срам да го прави тоа. Таква некоја фаца има
Па зависи.. пример во игротека еве конкретно во Јоуland бевме кога бевме Мк, таму сама со сестра и се качуваше и спушташе ама строго со сестра и на лизгалка оти како партал лета надолу од што е лесна. Во нашиов парк пример не се класични скали и не можи да се качи без да ја кренам ептен се високи ама се спушта сама. Зимата се качуваа со сестра и по тие едни денек како скали направени како "планинарење" ама меки за да отидат накај лизгалката. И се качуваше без проблем се лизгаше исто како пртал, се дур само падна од некаде ние во тој момент се најдовме со едни познаници и за секунд се најде долу, дали од кај скалите, дали излета од лизгалката појма неаме и поарно што неаме вака не испаничивме многу. Сестра и на нејзина возраст беше по цврста така по јака ама не беше баш толку спретна и ден денес знае на прав пат да се сопне или од што не гледа кај оди во касана од вратана да се лупне цела. Малово е по спретно ама па многу е мала и слаба да ја има таа сила мислам дека ќе успее секаде без нас. Иначе мојата е 22 месеци од вчера, доколку сматраш дека може олабави се, поспретни се тие што се оставани сами ете ти пример со првото и второво дете.
Моиве деца не се авантуристички настроени. Не се качуваат, не скокаат, не се превртуваат, они на рамно до Германија ќе стигнат, ама на земја да е. Малово сака да истражува, полна ми е количката цветчиња, гранчиња, камчиња, па така последно џапнал и сув исушен гуштер во парк. Не се плаши од кучиња, мачиња, напротив иде по нив и им вика П(ф)атам јас тебееее... Циркузи! Големиот ко стринка ќе седи, евентуално ќе вози точак, ама не е по шетањето. Ќе се умори и ќе рече Јас не можам повеќе... Да ми е да знам од што се уморил ама ај. Не е спортист детето, тоа е, носи го на музичко 6 пати неделата ќе оди, на спорт ни еднаш не сака.