Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.159
    Допаѓања:
    2.048
    Пол:
    Женски
    Кога на моево му се затнуваше носот нон стоп ставав aqyamaris, но последниот пат не му помагаше ич. Матичната ми даде некои капки што имат и лек(од типот на септаназал и оперил), но кога отидов во аптеката, аптекарката ме предомисли дека треба да пробам со Special Kid.
    Тие се исто само солена вода, но имале поголема концентрација и поголемо влијание.
     
  2. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.981
    Допаѓања:
    6.151
    Пол:
    Женски
    Мојава од како знае да стои и скока. Де во креветче, по кревети, се качува до кај ќе стаса, на трамболини во игротека скока од како е проодена и тоа баш скокање стабилно. Борбена е до крај, екстроверт скроз што би рекла јас ја заменил некој во болница. Знае што сака и се бори додека не го добие.

    Пред некој ден со колешка од работа демек ќе ги носиме децава во игротека. Врснички се, па да се запознаат и дружат колку што може де, двегодишни да се дружат. Нејзината ќерка како седна на лулашка, пола час не стана. Мојава, до кај што стаса се качи, на сите лизгалки, на тамболина, низ лавиринти. На крај добив коментар дека тешко мене било, како сум се справувала со олку активно дете.

    На другата тема, за настинки, затнат нос пробуваме се што ќе ни дојде до рака. Нешто екстремно да и помогнало немам. Може септаназал 2-3 пати пред спиење што сум и ставила
     
  3. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    24.997
    Пол:
    Женски
    Ние сме со затнат нос од вчера, утре имам закажано преглед оти има и ептен ретка столица како вода. Иначе нас ни помага имам пишано када топла вода, внатре бања и од темјан масло против настинки. Исто и водени крпи кај што спие, па и на грпче/меше крем против одзатнивање. Има и лепенки се лепат на пижами ама тие се над 2г. Може ќе можете, за месец негде мислам правите 2 вие.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.770
    Допаѓања:
    44.033
    Пол:
    Женски
    Пробав со оперил, денес. Ама болен е дефинитивно, качи и тт 38.
    Не го скокна вирусот и него.
    Ќе видам утре со матичната.
    Кажете ми без кашлица спуштаат на гради?
    Ептен се плашам од тоа, не знам дали ќе го приметам, ама дефинитивно за сега не грчи на гради туку на нос.
     
  5. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    4.839
    Читав скоро една книга, вика родителите често се загрижени кога детето е многу приврзано за нив. Наместо да се радуваат што детето уште од мало е способно да оформи длабока емоционална врска со останати личности. Нешто што го земаме здраво за готово, а многу и од нас возрасните не знаеме како да го направиме.
    Кога ќе биде спремно, само ќе се оддалечи, па тогаш ќе ни фали.
     
    На DaisyDream, Sun&Moon, lackygirl и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.725
    Допаѓања:
    8.045
    Пол:
    Женски
    Е баш да ми фали со синко заедно во вц одење не знам :rofl:
    Инаку да ќе ни фалат кога ќе бидат поголеми и кога нема да не фермаат ѕоа поврќе од сигурно :wasntme:
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.360
    Допаѓања:
    20.730
    Пол:
    Женски
    Исто и јас го имам купено и се брои на прсти колку пати сум му прснала. Нема ефект кај него, а не е баш наивен спреј. Повеќе практикувам други методи за да го одзатнам. Диво оригано користам и јас, го прскам и сега пред и после градинка.
     
  8. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.981
    Допаѓања:
    6.151
    Пол:
    Женски
    Кај ќерка ми последно помогна начинот од @Ceneva што беше пишан.
    Ставив на шпорет тенџере со камилица да врие. И ние во близина седнати, да го вдишува испарувањето. Не над тенџере, туку некои 30-40 цм оддалечени.
     
    На Ceneva, kozuf и јolene им се допаѓа ова.
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.360
    Допаѓања:
    20.730
    Пол:
    Женски
    Можно е хороскопот да има влијание, ама и карактер си е, веројатно и гени. Маж ми е ептен екстроверт, народен човек со еден куп пријатели. И малово се гледа дека ќе биде такво. Он на роденден на 7 годишно девојче пред некое време беше центар на внимание. :D Го однесе една колешка до игротеката, кога одам и што да видам. Седнал на една масичка и шкрта со боички на лист, а околу него се собрале 5-6 школски деца, другари на славеничката и само шо ќе шкртне он они шлакаат раце, навиваат, се згазив од смеење. :D А овој превозбуден дека толку деца има околу него. :D Он дури и преекспресивен е во љубовта спрема другите деца. :D Оди и ги гушка, ги гњави, ги стиска. :tmi: Братучед му е поголем една глава од него ама он е многу мирен, овој оди го гушка одпозади и го бутка на земја како сумо борач некој. А да го видиш една мрвка месо е. (facepalm):D
     
    На DaisyDream, Giiirl23, lackygirl и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.360
    Допаѓања:
    20.730
    Пол:
    Женски
    Ова дете станува многу смешно. :D Синоќа во сред ноќ побара вода и откако се напи си го гушна шишето и не го пушта за жива глава. Легна врз него на меше, пробав да му го земам се кара и ми вика ‘мамааа спијјј’. :D И строго без капаче мораше да биде, ако ме осетеше дека ставам капаче мижејќи го наоѓа и го вади. :D

    Туку за друго дојдов да прашам. На 1ви Април патуваме надвор од државата. Он моментално е добар пу пу, си оди во градинка. Ама со оглед на историјата, кај мене работи анксиозноста на најјако и ептен се плашам да не се разболи баш пред патувањето, а на 11ти и роденден му е. Се мислам многу што да правам, дали таа недела пред одење да го оставам да седи дома, иако ќе морам да правам комбинации зошто одам на работа во канцеларија по 4 саати. Или да си оди до пред патувањето.. Што би направиле да сте на мое место?
     
    На Sofi.ja и 1209 им се допаѓа ова.
  11. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.642
    Допаѓања:
    114.909
    Пол:
    Женски
    Јас кога одев во Германија кај сопругот неделата пред одење не го носев.
    Сепак се разболи таму |(
    И сега да треба да одам некаде не би го носела.
    Не велам дека е правилно така, бидејќи тоа што не одеше во нашиот конкретен случај не играше улога, пак се разболи.
     
    На јolene и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  12. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    24.997
    Пол:
    Женски
    Мајка ние не сме никогаш на чисто, не па дете. Мојата одела секогаш до ден последен градинка.. ама ако ти е мисла и не сакаш ризик остави го дома.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.725
    Допаѓања:
    8.045
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што помогнало и кај вас. За чистење нос од секрет кај синко никакви инхалации и носко не функционираат. Само камилицата во тенџере.
     
    На 1209, јolene и Miss_S им се допаѓа ова.
  14. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.775
    Допаѓања:
    8.056
    Пол:
    Женски
    Ние следен петок патуваме. Денес ја однесов, од понеделник веќе не ја носам.
    Се мислев и за денес, ама многу работи имам да заврша, па ја пуштив.

    Инаку на мојата и боцнаа горните тројки и за тоа мислам беше и неспиењето и нервозата од некна. Сега се надевам ќе се смири малку и ќе одмориме сите до петки.
    Вчера беше невозможна и цел ден кај мене во раце помина, прв пат од заби и покрај ибупрофен. Не ја однесов ни во градинка, оти штом ја пуштев доле се плачеше.

    Ова ме води кон следниот муабет. Мене не ми пречи што е толку поврзана за нас двајца. Па родители сме и, и во нас има доверба само. Она си има човек за се.
    На пример јас сабајле и да сакам да ја облечам не можам. Пишти по татко и.
    Навечер мора јас да ја успијам.
    Дете носам сегде со мене, како за мене така и за неа. Ако биде биде, ако не здравје.
     
    На Mother of 2boys, lackygirl, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    18.566
    Пол:
    Женски
    И јас го носам сегде ама па на фризер кога одам немам што да му правам и морам у раце да го држам па така минатата недела си седеше со баба му. Го заспав за дремка и излегов. Мноогу ретко е оставан со други ама пак сватив дела многу е мирен со други, со мене аздисува. Станал, јадел и кога дојдов беа излезени да шетаат. Многу ми е страв мене кога го оставам од причина да не се расписка по мене што ке му прават, не се смирува. Па затоа наредниот ден похрабра го заспав за ноќно и со мм во кафана отидовме после скоро две години. Го премислев 100пати ама бадијала он си спел топ со баба му, 20 до 1 дома бевме не се помрдна цела ноќ :D На мм му велам ова сеа па за 6 месеци пак :drunk:

    Иначе сакав да прашам дали децата ви лижат лижавче? Ја виде братучетка му, луѓе пресреќен ко кој знае што да видел и лиже :rofl:
    Па тоа седнат го држи со едно раче пред уста па лижнува со јазикот, а бе радостии. Мене ми е страв да не му летне тоа да ми се задави само го гледам и викам пазиии. Сеа додека му помине меракот ке ме пукне искрено.
     
    На DaisyDream, kozuf, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.
  16. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.775
    Допаѓања:
    8.056
    Пол:
    Женски
    За фризер и депилација простено ти е Каролин :D. Не се секирај не ти пишам минус, уште ми си најчилакс:inlove:.

    Лижавчиња нема!
     
    На Mother of 2boys, kozuf, LiquidLuna и 3 други им се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.770
    Допаѓања:
    44.033
    Пол:
    Женски
    Моето лиже;( навика која му ја направи мм и за која многу се нервирам, сега веќе не ги форсира толку, ама имаше еден период јадеше секој ден.

    Ние сега идеме од доктор, воспалени се ушите, почна и зелен секрет да има. Ќе види кс ако покажува бактерија ќе направиме брис, ако не рече со капки само да тераме и за тт што давам.
    Среќа не качува тт на кратко, вчера во 1 па дури денес во 10 дадов, на 38.5, се надевам лесно ќе помине.
    Првиот пат од уши во болница завршивме, сега вака подобро делува.

    Инаку матичнава секој пат кога одиме многу ме пуни со самодоверба оти секој пат вели дека детето ми е прекрасно, многу убаво воспитано и многу паметно:D, ама секој пат толку ќе не испофали што излегувам од таму со друго ниво на самодоверба.
     
    Последна измена: 14 март 2025 во 12:57
    На DaisyDream, Giiirl23, Mother of 2boys и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    24.997
    Пол:
    Женски
    @Carolin. Лижи лижавчиња, ние посебно со две деца шо сме, оди забрани нешо на помалото ама купуваме од аптека као со витамини нешо, и бомбони исто гумени :?: аптека има и многу се вкусни.
    Кога ќе викне бонииии и рипа како зајче :rofl: иначе не е по благото ама бони сака многу
     
    На Sofi.ja, Carolin. и lackygirl им се допаѓа ова.
  19. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.159
    Допаѓања:
    2.048
    Пол:
    Женски
    И моето виде од едно дете и купив 10тина дома да има. Му имам дадено само еднаш дома од тогаш, се лепеше.. се беше лом. Нареден пат би му дала кога сме некаде надвор, еве може викендов на викендица.

    Претходниот викенд го оставивме со мајка ми на викендица, јас ставив еден куп алишта за секој случај.. цел ден бил по двор и многу се изморил не успеавме да го земеме на време заспал во 8, а ние се прошетавме со моторот целодневна 8):party:
    Спиел 12 часа од 20ч до 8 сабајле..
    Кога отидовме сабајлето многу се израдува кога не виде и малку закинка, но брзо му помина.
    Во вторник се спремаме да одиме на Здравко Чолич, па ќе видеме дали ќе биде се ок до тогаш :D
     
    На Carolin. и 1209 им се допаѓа ова.
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.254
    Допаѓања:
    57.013
    Пол:
    Женски
    Леле јас се' му давам од брат му, ама лижавче не, уште тоа му фали. Чипс, смоки, чоколади, може се' да проба. Ама големиов има навика секое излегување во чаршија во истата продавница да си купи лижавче, и само тогаш добива. И малово се научи и прво излегување од кола - лижавче лижавче
    Нема, му купувам Нутела бисквитки и не се буни.

    А почна да ми вели дека сум лоша. (facepalm)
    Пред некој ден бараше цртани, ГРИИИНЧ! Нема цртани нема Гринч, претеравте и ти и брат ти, му викам. Ова ме тупна со тупаничето по глава и ми рече ЛОША. :o
    И дека се изнасмеав, сега редовно си го користи ама скроз во контекст. После ко ќе го прашам дали сум лоша обавезно вели НЕ. :inlove:
     
    На Skyler81, Mother of 2boys, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.