Па го гледам големиов, загризува и со заби и прелошо е тоа за забите и само го опоменувам. А може и да се задави на крај. Ко мала се имам задавено со бонбона и од тие работи ми е премногу страв. Што подоцна тоа подобро. Тука имам кочница, големиот има 4 и уште не му давам бонбони, освен Пез или меки карамели. Лижавче скоро дури проба.
Same here На првото нз до 4 год не му давав од страв, ова проба на година и 3, 4 месеци, оди земи му го мајка ми му донесе од аптека некои со витамини, за имунитет нешто така, како елипсоидна плосната форма, па ќефој е, пресреќен Помина ларингитисот само со Лоратадин без инхалации, траеше 5, 6 дена. Денес го доби првото стрижење со машинка, баба му (мама моја) го истрижи стоеше мирен со телефонот, па сега како друго дете е, како голем многу личи Од новости тоа, уште цица ноќе, уште станува 2 3 пати, само не плачи сега, уште немат пробиено 3ките
Да започнам викенд со дете со температура. Како бе, како? Сабајле беше ок. Во градинка супер јадела, пиела си играла до последно, спиела убаво и ја земам на дома, доаѓаме дома оп температура . Не знам како е дури и возможно ова веќе.
Кај моево мин недела само од 2 дена беше со тт од понеделник пак ќе го носиме, да видиме дали ден ќе издржи Со помин сваќе
Мајки како идржувате со толку често болни деца, стварно е многу мачно. Серозно не знам. Ете моево ова му е 3ти пат во две год, јас два дена што не сум спие а веќе страшно сум уморна. Цел ден ми е во раце, ми се тресе снагата веќе од умор. Денес не отидов на работа, ама утре сум за таа сметка…
Мораш, тоа е, немаш избор, ќе издржиме, ќе помине и ова. Немав пишено неколку дена тука од што немав енергија некни, не дека многу имам сега, ама јас сум 6+ години со малку часа сон, можеби 4 до 6 во просек, некогаш и повеќе некогаш и 3 часа и веќе телото ми е навикнато така, еве на работа нон стоп сум, со 2те деца на 9 месеци се вратив, работев скроз до термин со првото, со второво 2 недели пред термин зедов одмор. Боледување само еднаш имам користено ко бевме в болница со малово. И пак на работа секој ден со луѓе, со пари работам, има денови многу ми е мачно ама поретки се. Со градинката е тешко многу вака првата година, стварно се болни нон стоп, без прекин, ама мора тоа да се помине Колку ми се спиеше некни, заспа малото 12, ама нема легнување за мене, првачето си иди дома во 12 и 20 ајде со него и така
Знам дека мораш, ама не знам дали можам. Јас сум со автоимуна и недостаток на сон ми влијае многу тешко. Вајда ќе навикнам со време…
Пред ќерка се случувало со малку часа сон да заминам на работа макар и од банална причина од типот пола ноќ сум гледала серија ама после ќе надокнадам, после работа тоа. Е сега со дете ни ноќе, ни после работа. Сум одела и со 2-3 часа сон на работа и после за следна ноќ сум се молела барем 4-5 без прекин да отспиеме. Се навикнуваш и тоа е. Некој да ми речеше дека со олку малку сон ќе функционирам, мислам во лице ќе се смеев. Ми се случило и намерно да пуштам пола час цртани само за да подлегнам без спиење. А сме имале, ноќи и ноќи повраќање, кашлање, ноќи со инхалации, дете што одвај дише итн. Уште потешко мене лично ми е болна да ја оставам на чување со други ама не можам за секој растечен нос да седам дома.
Навика е се, ама веќе години се кај мене. Стварно се функционира пак нормално да речам, обавезно се шминкам за на работа, фустани се изнаносив од ко сум вратена после породилно купувам ефтино во Сарита не купувам ништо за малото и тие пари на мене си ги трошам (најмајка) коса плетам во плетенка, спијам така и после имам фризура 2 дена, 1 ден собрана во реп сега сум во процес за црвена коса малку шарена сум ама ќе биди уште 2 фарбања иначе мама ме фарба. Ова за во мајчински е Ај да не сум офф скроз, почна повеќе да зборува деновиве, можи и затоа беше лудувањето денес за папоче вели патата ме пресмеа.
15 m. ја тресе главата лево десно и врти во круг често ,фаза или мора да се оди на лекар? суви уши нема ништо да излезе од нив за чистење.. нормално?
3 пати во две години? Блазе си ти. Издржувам шо можам друго. Јас рачунај немам ни помош од баби и дедовци, сами си го гледаме со маж ми. Кога мораш ќе издржиш, што можеш друго. Е сеа што јас лично здравствено потфрлам, тоа е друга приказна.
Знам дека издржувате и дека немате избор, сигурно и јас ќе немам ако зачести со болестите, не за алал да ви е да речеш, ама дефинитивно сте храбри мајки. Да Бела, еднаш беше со воспалени уши лани летото, после 3 дена имаше грло воспалено, и ете сега, ама не оди во градинка и веројатно затоа. Какоми да е многу сум благодарна што ретко е болен, ептен ми доаѓа шок. Инаку и јас немам помош кој знае каква, сите се на работа, само мм и јас го чуваме. Освен некогаш свекор ми што ќе зготви, ама ретко е и тоа.
Ахх е моите не ги гризат лижавчињата. А и цело лижавче не можи да падне.. Малото ќе полижи и ми го дава. Е јас од чипс па имам страв, пошо нема многу заби моето и се ми се чини дека ќе го изгреба грлото или некое парче ќе му застани оти се има така закашлано ете зарад дада и дадов и од тогаш чипс ни големава не смее пред неа да јаде. Со гумени до сега не сме имале проблем, како змија е ако не доџвака голта.
До тоа што не оди во градинка е. Деца што се во колектив нормално е да се разболат и до 8 пати во сезона. Јас лично се навикнав. На почетокот бев вака како тебе, како прегазена од воз. Дополнително зошто бев и поплашлива и неискусна. Како повеќе се разболуваше, така мојата самодоверба дека се грижам за него како што треба, растеше. Иначе за помошта што да кажам. Мислам вие во иста куќа живеете со старите, така да дефинитивно е друго кога имаш некој во близина што може да улета. Кај нас моите не се опција, во друг град се. Родителите на маж ми исто не се зошто не живееме заедно и работат во смени. Го гледаат еднаш неделно или еднаш на две недели, кога доаѓаат и одиме на гости. Јас не се жалам што е вака, се навикнавме и си фативме ред. Често сум преуморна, ама знам дека вака е само сега дур е мал и тоа ми помага да издржам.
Минатиот викенд патувавме, одеше во градинка 3 дена, на третиот почна со кашлање, класика. Ја повлеков, викам ајде да спречам колку можам. 2 дена дома, отидовме таму, саботата према неделата ноќта крена тт. Ако го чуваш, чувај го подолго, барем да ти се исплати. Т.е барем една недела пред тоа.
Ќе се навикнеш, на почеток е страшно, после е нормално. Секое разболување ќе му биде се полесно. Ќе помине за 2-3 дена само смирено и давај се што треба. Така децата растат.
Леле како се осеќам денес неубаво. Вчера бевме на гости, со 2 дечиња, девојчиња поголеми од ќерка. Стигнавме, малку седев со неа да се опушти дека нова средина, нови ликови итн. и викам ајде ќе одам да ги видам возрасниве малку. Ја оставив, затворив врата, како жално почна да плаче по мене, мислеше ја оставам. Што ми дојде да затворам врата, демек ќе ја учам на самосталност. Одма ми текна и се вратив, останав со неа, ја испочитував нејзината потреба и време за прилагодување ама многу ми е криво што не размислив пред тоа. Некако поведена од другиве мајки со поголеми деца и јас викам ајде, ќе бидам таква. 100 пати се покајав што не се слушам себе и детето. Не дека е биг диал знам ама така ми остана сликата во глава и мојата постапка. После се опушти, си играше и се како што треба ама ете ми е криво што и во 3 секунди направив да се почувствува така.