Пишав пред некој ден дека мала мрсулави, почна нешо да подкашлува имаше и нешто ретка столица ама помина без ништо, имав закажан преглед ама не отидовме подобра ми се воде. Исто беше весела и имаше апетит. Тоа ни се случило повеќе пати и со големата, доколку се весели ама само мрсулават и подкашлуваат не носам на доктор. Но доколку ти е на мисла нека го слушнат.
Поткашлуваше синоќа, ама ништо сериозно. Сабајлево е свеж, дур е буден уствари и ретко кашла, и вчера беше така. Повеќе е ноќе од секретот што се слева. Нема мрсули туку само проѕирно како водичка. Ќе оди денес во градинка, па да се надеваме дека до запчињата е.
Majki zdravo,jas sakam da prasam dali nekoja majka se soocila so slednava situacija. Maloto mi e 19 meseci, zaspiva vo 22,23 h navecer i stanuva vo 4,5 h sabajle..toa e mnogu malku spienje za tolku malo dete. Ova se slucuva periodicno i trae po nekolku dena,potoa si spie normalno si legnuva nakaj 21 i 30 i si spie do 7,8 sabajle.. Sto kje da e rabotava,dali e nekoj skok vo razboj dali regresija na son..
Женски малава од петок со температура. Денес носена на лекар, чиста на гради. Најверојатно вирус рече доктор. Не качила температура се уште. Сега стана од дремка и истече проѕирна течност од ушето. Претпоставувам секрет што притисна докторот да види. Ама не рече ништо дека и се воспалени ушите, а не приметив па дека има проблем со слух. Болка имаше ноќеска дефинитивно, ама мислев на грло е. Со пола доза ибу, оти немаше висока температура спиеше колку толку. Ама вака не ја забележувам да се тегли, освен што ми е во раце нон стоп де. Ќе се јавам да прашам секако сега кога пак ќе отворат, ама во меѓувреме искуство што имате за течење на секрет од уво што е?
Вирусот ли е таков, со има па нема тт, па пак има? Три ден имаше, воспалено уше, кс чиста. Само капки, два дена нема тт, затнат е, ама исфрла некогаш бели некогаш зеленикави мрсоли. Не кашла освен кога ќе завлече со носот секрет, денес пак тт 39. Да го носам ли да го чујат на гради пак? Онака е весел, јаде…
Носи го. Моето беше така еднаш по три дена тт, па пауза ден - два, па пак тт три дена, на крај ептен лошо поминавме.
Подобро да не ти кажам. Пнеумонија, воспаление на уши и препони. Се надевам кај вас не е ништо од тоа, ама носи го за сигурно.
На работа сум сега, ама вечер ќе го однесам на итна. Вака не диши тешко он, ноќта баш го пратев си дишо нормално. Досега не спуштал на гради.
И кај нас беше тоа прво спуштање, не бил ни моево дете што многу се разболува, ама јас не сум во Мк и тука правилото е после 3 дена тт дури ќе ти дадат термин. До три дена рачунаат дека е обичен вирус и ќе помине само од себе. Лошото беше што моево после 3тиот ден спушташе тт, два дена супер и пак качуваше. Еве сега имаше оваа зима пак пнеумонија, пак истото не снајде. 3 дена тт, чист на гради, два дена пауза, пак тт и пнеумонија. Кога има 6 дена тт без прекин полесно проаѓаме, обично е само вирус.
Ние завршивме со пневмонија.. Срце ми се кине, ептен мачно разболување, на респираторен панел излегоа две бактерии и два вируси, РСВ и риновирус. Во петокот почна да поткашлува, сабота веќе мн кашлаше и почна да крева температура, на гради чист и крвна слика мирна, ама ради лошото кашлање ни дадоа антибиотик и инхалации. Синоќа цела вечер со над 39 темп и сабајле на гради пневмонија и ни додадоа плус вентолин. Има шанси да се излекуваме сами дома пневмонија без хоспитализација? Паника ме фрка, на 9 месеци беше со пневмонија ептен тешко заглавивме во Козле и не сакам пак да минеме низ истото....
Ние излечи не дома пневмонија, ни еден саат во болница не бевме. Со инхалации на 4 саата и антибиотик.
Ние одевме на дневна болница, примаше инфузија со антибиотик 5 сена и си одевме дома, после сируп панцеф уште 7 дена. По 1 недела не хоспитализираа поради дехидратација, пролив. Испадна аденовирус. Денес пак в градинка, оста жна со спиење до 3ч. Не плачеше на оставање. Јадел, добар бил само налутен стоел.
Јас го носев денес нема ништо на гради, ама грлото партал. Ушите се добри. Ми даде ант. Ама ќе чекаме прво резултат од брис и кс па да дадам. Ако е истиов вирус од него и мене ме фати и јас сум со болни грло и сува надрзнувачка кашлица, а затнта цела, со повремена тт. Сигурно е истиов.