Има регресија ама и многу учат периодов, тука се со моево. Многу нови зборови пушта и тоа има голем удел. Гледај да следиш иста рутина ке се среди. Еве вчера на пример се фатил за главче а јас миев садови и ми вика "мамо гава" се зачудив, и после го прашувам а што имаш на главата и ми вели "коса" е буквално вака чисто го кажа коса ко од пушка, кој му кажал како му кажал појма немам. Периодов почна да гледа дарко биберко или биби и боби па може од таму нешо да научил.
Многу учат од тв, нормлано кога се пушта умерено и дозирано. И син ми секој ден ме изненадува со зборови што не сме се труделе да ги научи. Ама за нив доволно е и да ги слушнат во разговор. За косата исто и мене ме изненади. Јас го учев цело време, рака, нога, глава итн, а он еден ден набројува и се фаќа за коса и вика кооосе. Вчера не можеше да дочека да се изладат палачинките ги чепка и вика жеееЖко и дува. Се стопив. Некни ја кажа и првата реченица од три зборчиња, ‘мама даи јајце’.
Јас до сега му немам пуштано ептеен некогаш ретко. Ама периодов го интересира, се загледува македонски приказни на ТВ кога има обавезно. Пролистав што има како и дарко биберко гледа најмногу тоа го интересира со боите дури се научи да ги распознава ако не знае да ги каже и деновите од неделата, биби и боби ваљда мал е сеуште да ги разбира само питоми и диви животни му држат внимание, по 15-20мин гледа некогаш ни толку. Ама вршат работа кога нема што да му правам веќе дома. Ама ептен учи се изненадувам, јас на пример мислам мал е да знае бои ама он си ги научи, бројките ги бори до 3 ама знае да ги распознае до 7 и такви некој слични работи низ игра ги учи за кои јас не сум свесна дека ги научил.
Што да давам за кашлање навечер? Бевме минатата недела на преглед, свиркаше малку, правевме инхалации со вентолин, рече 3 дена докторката и доста е. Преку ден е ок, не и се слева, навечер ја фаќа кашлање и неможе да прекине. И течеше нос, сега веќе не. Што да и давам? Како да и помогнам да извади шлајм?
Имам детенце од година и четири месеци, од пред скоро време почна само да си го чука главчето со рачињата. На пример ќе јади и ќе почни да фрла храна на земја кога ќе му речам да не фрла дека не е убаво така тој почнува да се удира по главче со рачињата. Многу сум загрижена, пробувам на многу начини да му покажам да не прави така ама без успех. Ве молам да споделите дали сте имале ваков проблем и како се справивте?
Исто прави моево кога ќе му речеме не така кога ќе го "искараме" па после му викаме не се удирај мама само внимавај со "....тоа и тоа" Нормална фаза е
Кажете ми, последица ќе има или од тоа што денес кога го оставив да одам на работа многу беше вознемирен, се откорна од плачење, ми вели мама не оди, мама земи ме, се тегли по мене татко му го зема он плаче липа…срцето на милион дела ми се скриши, цел пат плачев. Кога е болен и кога му требам јас го оставив да тагува и да плаче по мене …ужасно се осеќам.
7 од 10 одења на работа ми се такви. Растресена и нервозна го почнував секој работен ден, ама веќе не. Го одлепував, му тргав прст по прст од мене. Отрпнав и искрено знам дека малку се и лигави. Кај мене таа е ситуацијата, ама јас одам на работа повеќе од 1 година, кај вас е новонастаната ситуација и уште привикнува детето. Ќе му мине. Јас си се изненадувам сама од себе што во некои ситуации останувам камен ладна, ама едноставно морам да одамна работа. Тоа е..
Ѝ излегуваат повремено како псоријаза нешто, не знам баш дали е тоа, се ми е тоа слично, ама веќе месец време нема ништо, чисти нозе и раце а се чеша крвнички. Не знам зошто сум скептик за такви масла колку и да се природни, за мало дете. Затоа прашав за мислење. Фала ти.
13 месеца, главата си ја мава од троседот кога нешто не му е по кејф. Јас си викам како не се мава од земја него тука на мекото? Зошто само драми. Вчера се удираше зошто не му го дадов далечинското. Не е дека којзнае што се нервирал. На возраст кога ни сами не знаат што сакаат, а не знаат ни да кажат, ќе има такви испади, тоа е.
Абе чоек и ние деца оставаме во градинка, вриштат, пиштат, ама па тоа е. Не можеш да не одиш на работа. Мојот веќе разбира убаво па си правиме муабет и сабајле се договаравме за да оди во градинка и издржа на договорот.
Какви се траскања имало во овие година и пол што ја оставам во градинка. Сега се се поретки ама знам дека ако еднаш ја вратам дома ќе си го врзе тоа во глава и ќе ми излези низ нос. Сум се јавувала и кај воспитувачката да прашам дали е смирена и секогаш ама секогаш во рок од 2-3 минути е смирена. И после работа нормално си се гушкаме, ниту споменала за оставањето наутро, ни ништо.
Секое искачање од дома сама е проследено со нејзино трескање и мислење дека нема никогаш да се вратам а сум отишла по цигари пример Нема последица да има, ама може се почесто да има вакви епизоди затоа што сфатил дека одиш некаде. До сега ако не се лажам беше само со него? И затоа му е малку тажно веројатно
Да јас и мм бевме со него ама повеќе јас. Две недели веќе работам и до сега немаше проблем, ќе кажам одам на работа ти седи со тато и он ќе си седе без проблем. Денес не знам што беше, значи ужасно чувство. Ама и болен е, веројатно за тоа, нешто и исплашен беше, нешто вознемирен што му се скарав оти еден саат го молев да го облечам…му се струпа.
Моето од пневмонијата навака е лепенка за мене, може и до тоа да е. Еве 2м ќе направи и повеќе е таков.
Мојов многу се пушти со зборување, се кажува, секое зборче го повторува, почнува и да врзува по 2. Многу ми е интересен, 19 месеци направи на 16ти. Денес пак до 3 си стоеше в градинка, сабајле малку на оставање плачеше, ама јадел, спиел.. Е сега ко ќе почнат да си ги земаат децата плачел, ама и други плачат тогаш, ја отворив вратата и со солзи беше, ко му викав ко ме виде уште поќе почна да плачи само до дома што го префрливме толку го видов, 2ра смена сум. Вака многу ми беше грдо и со првото, ко ќе сум 2ра не ги гледам ич жал ми е многу.
Ќе сфати дека секогаш се враќаш. Инаку и кај нас уште е со плачење некогаш разделувањето наутро, но после веднаш се смирува, само му е тешко да се раздели. Си плачев и јас долго време после оставање во градинка.
Враќање дома и почнаа плачките на велико. Дефинитивно си бара друштво. Печен е за во градинка. И криво ми е што не може да оди. Ама сега кога ќе се поднесува, ќе поднесам и ќе барам дебели врски да го примат. Дур бевме во мк ни еднаш не заплача, ама со дада и батко мали си играше само така. Со мерак да ги гледаш