Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.958
    Допаѓања:
    21.930
    Пол:
    Женски
    Па не мислам дека е загрижувачки зошто има доволем фонт на зборчиња за возраста, прашање на време е кога ќе почне да ги поврзува.
     
    На 1209 и Giiirl23 им се допаѓа ова.
  2. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.343
    Допаѓања:
    24.915
    Пол:
    Женски
    Ќе почни преку ноќ. Супер си е 50 зборчиња се таман за возраста.
    Мојов почна така преку ноќ се да повторува, а имаше многу бурен период, скок, регресија, не спиеше по цели ноќи плачеше и еве го резултатот, исто и првото дете така беше. Почна вака, Гого, мама, тато, сите споени, демек сите не кажа, па се смееше сам. За вода покажуваше кон шишето и само праеше ммммм, демек дај, сега пред 3 дена почна да вели Вода, вда поќе ја вели, некош ќе речи Дааај вда, Гого нана (за брат му), фом (слон) мн го сака Хикори дикори дак, таа дури и ја пеј, има слонче плишано и само со него е в раце, му направив саат и не го пуштија 2 недели со него играт, го качува слонот горе на сатот па прај Баам фом пана... Некни му се пушти цело го рече Хикои дикои дак, па прај Дан дан дан демек така ѕвони саатот :D
    Исто му се пушти, уан ту ти фо :rofl: тоа од песничките што ги сака. Дарко Биберко го вика Дако, Даај Дако и покажува на тв, Тв гледа претежно со свекор ми, кога го чува тој му пушта и така седи со него, кога сме дома сите не пуштаме, посебно со брат му нон стоп со него игра, се занимаваат сами. Ова ново што ми текнува сега. Рам сам сам многу ја сака ќе забораев, неа ја игра цела со кореографија и пеј сам сам сам гуи гуи :rofl:
    И уште нешто, нз како и ова дете се заљуби во часовници :lol: првото до 4 год од рака не пушташе, секоја нова година Дедо Мраз му носеше, за родендени обавезно 1 саат ќе купевме
    Слика од Биг Бен :D
    Screenshot_20250319_091444.jpg
     
    Последна измена: 19 март 2025
    На H.VAGA, Skyler81, DaisyDream и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.103
    Допаѓања:
    8.592
    Пол:
    Женски
    Денес купивме спортски патичиња, броевите пречудни. Адидас, нике, пума, скечерс 14 цм барав сите имаат различно бројче со таа должина на газиште, кој 22,23 или 24 хаха. Оди најди им крајот. Никаков стандард да се нема. На крај купивме што светат. Како да имаше со нив ќе си легнеше (facepalm):rofl: колку беше радости :inlove:
    Инаку тема говор, сите ќе презборат. Кое покасно кое порано.
    Моето е како папагал. Само повторува по нас што кажуваме. Врзува и реченици кратки прости што би се рекло. Дај ми вода. Дај ми бана. Убаво си бара. Смешен е кога вариме кафе и кажува мамина шоља, бабина, дедина. Кога си иде татко му кажув дошо тата. А бисерот кога излегов јас и се враќам и целиот таков улетан дошо мама :rofl::rofl::rofl:
    Ама и тоа научи дошла мама ... Прцул мал падежите ги учи :$
    Брои до 10 ама со боите имаме мака. Се ни е зелено. Некогаш ќе погоди ама пак си почнува после зелено и крај :?:. Не знам дали имам простор за грижа. Ги разликува тоа знам дека знае да спои жолта со жолта, зелена со зелена. Ама вака кога кажува се му е зелено (facepalm)
    Сите животни ги знае да ги каже и како викаат и се. Сите превозни средства исто ги знае и ги кажува.
    Исто бисер треба да ги запишам некаде натоњи вика на наочари :rofl::rofl::rofl:
    Ги има уште ама предолг ќе ми е постот.

    Мислење дајте за боиве да паничам ?
     
    На Carolin., lackygirl и 1209 им се допаѓа ова.
  4. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.102
    Допаѓања:
    15.060
    Пол:
    Женски
    На ќерка ми исто зелено се и беше до 3 години. Многу рано прозборе, не реченици со 2 или 3 збора, абе цели приказни пред 2от роденден раскажуваше. Ама бои никако. Што и да прашав каква боја е, зелено го викаше. И се заинатив една недела ќе учиме бои. И одма ги научи. Реално не беше мала веќе, супер збореше, не гледав причина зошто и бои да не знае. Само не и било гајле пред тоа, или јас не сум ја прашувала доволно за да знае точно да каже. Како и да е, мислам дека знаење бои е небитно. :)
     
    На Carolin., lackygirl, le.soleil и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.103
    Допаѓања:
    8.592
    Пол:
    Женски
    Читав дека за бои на три години распознавале за кажување. Ама што знам. Го учам. Имаме кругови во бои да ги ставиш на сталак. Јас му велам црвено стави тој фаќа портокалово. Некогаш ги погодува ама ретко. Форми знае. Ама со боиве хаос :D
    Одиме по улица и гледа црвен ауто и тој зелени ауто. Иди следен бел тој пак зелени ауто (facepalm)
     
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.210
    Допаѓања:
    46.815
    Пол:
    Женски
    :talk:
    Ете мојов знаеш дека збори многу, сигурно и на инста го имаш видено, ама бои никако да поврзе правилно. Еден ден ќе ги погоди, следен ден се му е портокалово, трет ден само зелено.
    Мислам дека нема место за паника.

    Кај моево плачките еден ден беа, денес пак ме испрати со барање да сум работела да сум земала пари и да купам бонитоп:D
     
    На Mother of 2boys, Carolin., Thinkerbell. и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.278
    Допаѓања:
    26.493
    Пол:
    Женски
    [
    Мојава со дада и учи многу. Пошо големава многу сака да бои и нон стоп бојците се на земја, па малово шкрта и тоа, дада и кажува и ја прашува каква боја сака, па гледам плава и жолта ги научила кој се.

    иначе за зборување пред недела/две имавме тежок период со плачки преку ден, непослушност, па после тоа преку ноќ почна да има огромен фонд на зборови и исто пофторува како папагал. Најважно е што зборовите не само што ги кажува туку и го знае нивното значење, па еве овие денови и почна да сврзува по два збора. Стои дада, пана тантата ( падна ташната), Аја адење такам
    си кажува битно дек е гладна хахах пресмешна
    Дада на нејзина возраст не зборуваше толку ама ела сега запри ја.
     
    На Carolin., lackygirl и Ceneva им се допаѓа ова.
  8. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.958
    Допаѓања:
    21.930
    Пол:
    Женски
    На мене па не ми ни текнало на бои да го учам, камоли да паничам. :wasntme: :D
     
    На Skyler81, Splendor., Carolin. и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.958
    Допаѓања:
    21.930
    Пол:
    Женски
    Не можам значи веќе со тие заби. Тројките ги вади од почеток на јануари. Еден период беше мирно, од вчера пак сме со плачки. Синоќа негде пред три се разбуди со такво плачење, душата да те заболи. Намачкав гел, дадов ибупрофен и се смири за брзо. Денес рано рано почна да плаче, уште околу 10. Плаче и вика бојееее, бојеее, кажува дека го болело, кутро детенце мое. Не ни знаев дека знае што значи тоа. Такво жално плачење, не знам. Само сум среќна што нема да го памти ова, ама мене срцето ми се кине. Еве вечерва ни гел, ни осанит, ни лек за болка не делува. Малку попушти и пак плачки. Набабрени се скроз, нека пукнат веќе зошто пукнав јас.
     
    На Carolin., Isabela23, lackygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.103
    Допаѓања:
    8.592
    Пол:
    Женски
    Ох душа мила. Се измачи он и ти со него.
    Еве го мојов се затна во носето, па така жално плаче да пукне човек. Се арен беше, почна да кива денес многу и кога заспа, по некое време оп го слушам почна да крчи на носот.
    Ќе видиме што ќе испадне, чеша уши, може алергија ( подолго време сумњам дека има ), рацете се му се пикнати во уста, чачка кај 5 ките долу. А не можам да видам. Не дава. Или некој вирус имаме собрано.
    Само нека минува оти жални се.
    Ве гушкам
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.958
    Допаѓања:
    21.930
    Пол:
    Женски
    :hug:
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.403
    Допаѓања:
    3.351
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella Истото деновиве и кај нас само со петките долни. Еден заб не извади без да го осетиме. Едвај чекам да и никнат сите.

    @1209 Мојава исто ми збори. И викам убаво да си поминеш во градинка, и ми враќа убаво работи мама и купи нешто (facepalm)
     
    На Bella_Stella и 1209 им се допаѓа ова.
  13. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.869
    Допаѓања:
    9.815
    Пол:
    Женски
    Мајки имам 2 прашања. Кога вашиве дечиња сменија на 1 дремка?
    14 ипол месеци е почна да ми се буди во 5 обично тоа го прави кога сака да скрати дремка а многу касно му се фаќа втора дремка па дури 9.30 заспива а се буди 6.30 7

    И второ зошто уште има само 4 запчиња?! Отечено некако кај тројки а ништо не излегува :^) да го носам на стоматолог или нема логика нешто внатре да растат криво млечни први заби?
     
  14. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.343
    Допаѓања:
    24.915
    Пол:
    Женски
    Исто и кај моево. Ниту една 3ка нема пробиено, рацете вчера цел ден в уста му беа, плачеше на периоди.. Ноќеска нз колку пати стана.
    Еве го стана со гурелки, му го исчистив со физиолошки дал ќе биди конјуктивит следно, па почна и да поткашлува, па плачи ништо нејќи, ни да го облечиш, ни да го слечиш, кога оди во градинка ваков е, некој револт одма покажува. Пак плачеше на оставање ама одма прекинувал внатре, си играл со децата, јадел се и спиел, па поубо од ова неможи да биди, од прв ден по пауза со спиење. Колку нерви искинав со големиот ни да јади ни да игра, само сам седеше... Е сега настинките се нешто што ќе си биди присутно цело време, ама и тоа ќе помине. Петок ноќта, големиот фати треска во 3ч, после тт крена во 6ч, пола апче парацетамол и толку, не крена поќе. Е вака ќе бидат понатаму, држте се мајки.

    Бои, мали се за бои, на големиот се му беше жолто на почеток, мн ја сакаше жолтата боја :D малово досега нема кажано боја.
    @Fenix05 секое различно, транзицијата од 2 на 1 дремка кај моето беше со месеци, почна така од кај 14 па до кај 16-17 не се знаеше, де 1 де 2 дремки имаше.
    3ките се најтешки за ваѓање, прво излегуваат 4ки па 3ки. Има 4ки твоето?
    Иначе со 3ките се мачиме, мачиме велам оти и ние се мачиме бидејќи плачи не спие, станува ноќе веќе 4 месеци, одамна почна еве го 19 месеци е уште нема пробиено.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    8.291
    Пол:
    Женски
    Од пред втор роденден разликува неколку бои, плава, жолта, црвена, зелена...
    Брои и разликува бројки.

    Сега на 2 години и 2 месеци, да седи со сликовница пред неа знае спрема сликите и цела приказна да раскаже.
    Или ако ја прашам пример Црвенкапа како му рекла на волкот, почнува
    - Бабо, бабо, зосто имас големи очи?

    Песнички кажува исто, со цели стихови.
    Е во разговор настрана од тоа уште и се со 2-3 зборови речениците. Не користи многу сврзници/предлози. Последнава недела почна да го вметнува И кога кажува повеќе работи.
    Плус попрецизно со бои. Пример гледа жаба во сликовница, со сега беше само жаба, овие 2-3 дена вика зелена жаба.
    Или кога јаде пример, имаме чаши нејзини во различни бои, знае да каже
    Х сака жолта чаша.
    Со граматиките е уште, еднини, множини, мешавини, и се останато.
    Најчесто е ајде јадеМе, ајде боиМе, Х јадела супа (за себе тоа)
    Знае да ми се обрати со мајка ти или да каже кон мене - Мајка ти гледа филм.
    Битно кога стасавме до овој степен, верувам дека и граматиките за некое време ќе ги средиме.
     
    На LiquidLuna, Giiirl23 и lackygirl им се допаѓа ова.
  16. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    20.298
    Пол:
    Женски

    Бела, имаше пишано на инста beautybyanica така мислам беше девојката, дека давала чепче ефарангал од 80мг. на малото кога биле неподносливи болките, ама во консултација со лекар. Па можеш да прашаш.

    На 15 месеци официјално беше на една дремка до тогаш бевме хаос, еден ден со една и ке легне во 7ипол 8 па ке стане во 5ипол 6 па тој ден е со 2 ке легне у 10 ке стане во 8 и така безброј пати додека не почна да издржува на пладне до 12 и да спие еднаш.


    За бои и бројки пишав погоре. Бои знае жолта, црвена, зелена и плава ама он кога сака и бројки распознава до 7 а брои до ти (три :D )


    На страна се ова, деновиве психички и физички ме теситра детево, станува пред 6 луѓе, цел ден е со плачки за се нешто. Еве сега бевме во двор, стапна во јадењето од мачорот се направи лом, му ставаше капа на мачорот играше и ајде сега да се бањаме, го носам плаче, го соблекувам плаче, го бањам плаче, облекувам плаче, идеме во дневна плаче. И го седнав на кревет и блеев у една точа добри 10минути чекајќи го да се смири. Се смири испи едно смути и сеа мамо дие нана.
    И мм кога ке ме праша што ми е, како јас да му објаснам што ми е.
     
    На 1209, Bella_Stella, Fenix05 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно најтешка транзиција за нас. Буквално секој ден беше различен. Еден ден 2 дремки, неколку дена една дремка.. можеби можам да кажам дури после 15тиот месец се стабилизираше на една дремка, НО се уште знае да се случи еднаш во две недели да мора да поспие и втор пат. Можам да ти предложам да го оставиш сам да си покаже и не го успивај додека навистина не покаже знаци на спиење дури и ако мислиш дека му е време за спиење. Многу пати поради тоа што поминале 5 часа будност сум пробувала да спие, но кога не сака не сака. Еднаш буквално го оставив да почне да се влече по земја да вози колички и тогаш го однесов во кревет.. :whew:
     
    На Fenix05, lackygirl и Carolin. им се допаѓа ова.
  18. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.343
    Допаѓања:
    24.915
    Пол:
    Женски
    Исто, за се плачи. Го мијам раце плачи, го мијам лице плачи, го преслекувам плачи, патики нејќи да носи ^_^ шо му стана со патикиве нз, одиме надвор седнува пишти, ги слекува и по чорапи сака, со 3 различни патики пробано со сите исто, в градинка носи од оние чорапчиња од ваикики како со подлога долу, нејќи топлинки.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    939
    Допаѓања:
    1.367
    Пол:
    Женски
    Види му го грлото, да не му е црвено. Мали се уште не знаат што е грло да кажат.
    Мојот велеше ме боли запчето, па после не можеше да цица и да голтне вода. После почна неутешно да плаче. Го однесов на дежурен излезе дека имал ангина ама мене не ми текна да го видам во грлото и да реагирам порано.
    Не мора да биде и кај вас грло, само споделувам искуство.
     
  20. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.103
    Допаѓања:
    8.592
    Пол:
    Женски
    Како беше со мрсуливе? Почнаа малку на жолто да му удараат. Повеќе се како вода прозирна ама и се појавува и жолто. Не се густи.
    Што беше вирус што бактерија по бојата?