3 години напраи, не ме рецка за боите Ги знае само како пример Жолто, и оди бара нешто Жолто друго и вика Овие се исти. Барем не е далтонист си викам, ќе ги научи ко ќе се испозамара Бројките и се 1,2,3,4,5,8,10. Другите не мора, уживај ќерче. На школо ќе ги научи ајде Ама затоа граматички е коректна во се шо збори. Не меша машко/женско, убаво се изразува
И кај нас од 10 февруари вака де темп де кашлица па плачки навечер веројатно скок заби. По 2 3 саати будни, досега не попуштав за тв ама во последно пуштам. Скренав, веќе цела недела е со мрсули, денес пак темп. Веројатно бактерија има ќе почнеме со панцев. Тоа е. Капак на се и јас веќе 1 недела со ужасна кашлица, секоја вечер по 3 саати ако сум спиена на коњ сум.
Не е грлото, забите се. Ептен се набабрени. Плус си знам веќе, ваков е до сега на секој можем заб што го има извадено, не можеш да утнеш. @Carolin. давам и јас чепче, нема шанси без тоа, ептен има болки. Ама ефералган не му делува, само Неофен. Вчера немав сум ги потрошила без да видам и ставив Ефералган, џабе, не делува за болка, барем не кај син ми.
Не е мерило бојата. Х пати имал зелени мрсули син ми, а имал само вирус. До сега само еднаш имаше бактерија во носе и тогаш секретот не беше ништо поразличен од тоа кога било вирус.
Нема 100% сигурност само според боја на мрсули. Најчесто зелени се заради бактерија, ама сум имала ситуација со зелени мрсули без бактерија и со жолти мрсули да има бактерија. За сигурно само брис. Ако има само затнат нос, без температура, кашлица, црвено грло, тогаш само прскај солен раствор и влечи со аспиратор.
И големиот и сега малово сами ја отфрлија дремката на неколку дена после прв роденден. Стави го во креветче-тој вреска, се исправа на нозе. Еве го сега веќе 2 недели како е на една дремка и гајле нема. Буквално прелесна транзиција, не ја ни осетив
И синко мој скоро 15 месеци, три дена една голема дремка мава, четвртиот фаќа две дремки. Последниве неколку дена со една дремка е, и сабајле 6 часот е кукурек. Мене ми одговара пошто рано станувам и да имам време да се спремиме. А за заби ич не се умарај, дали познаваш некое дете без заби? Некој дечиња прв заб на годинка , дури и подоцна вадат. Ќе никнат... На забар џабе ќе одиш, тоа што гледаш и они ќе видат, нема што друго да прават.
Фала ви на сите да не тагирам. Маката е кога спие. Инаку вака нема мака. Од едната ноздра само му излегуваат мрсолчиња. Прскам спрејче и го намачкав експулмо маст на гради и грпче. Се надевам ќе му помогне да спие полесно и дека само на тоа ќе остане и нема да се влоши. А иди викенд мора тогаш да се дешаваат вакви работи.
Мајки помош како да го одбијам, цица везден, и ден и ноќ. Плаче рика ако не му дадам, се треска зајдува. Он може цел ден да не цица ако не ме гледа,и кога ќе дојдам пак ко бебе се пика во мене... За забите ми е, почнаа промени на глеѓта, не можам да си простам. Најважно ми е ноќното да го прекинам. 15 месеци скоро е. Ноќе се буди , си седнува и плаче, додека не цицне, не заспива. Сум пробала неколку пати да го презаспијам со нишкање само, лулање, шетање и гушкање, со вода да му дадам, ама тоа вриштење страшно беше во секој наврат. Совет? Edit: Сенф не пали. Дали да го оставам да рика да плаче неколку дена. Некако друго чаре немам. Да го оставам со маж ми неколку дена шанса нема. Не сакам. Што да очекувам? Уффф
Прочитај ги моите постови пред месец дена. Исто вака како тебе се осеќав и мислев дека нема шанси да го одбијам. Он не беше презависен и дете што нон стоп бара, ама си беше уживател. Денски цицаше само пред дремка, ако е дома, ама ноќе веќе беше неподносливо. Константно будење и презаспивање строго на гради и никако поинаку. Јас пробав со сенф, не упали. Залепив ханзапласт, се ишкртав со црн креон и кажав дека бубата дошла и дека нема веќе цице. Првата вечер беа страшни плачки, страшни. Ама стиснав заби и издржав. Со нишкање, приказни, вриштење, пак нишкање, песни и не знам што уште не се презаспивавме цела ноќ, ама издржавме. После тоа секој следен ден беше сѐ полесен. Бараше пак, ама се помируваше далеку полесно и скоро и без плачки. И мене главна мотивација ми беше тоа што почнаа промени на горните запчиња и едноставно тука пресеков. Откако го одбив се преродивме сите. Од одма почна да си ја преспива цела вечер. Знае некогаш да побара вода, ама тоа е во сон. Се напива и продужува. Оставање со друг никако! Барем за мене тоа не беше опција. Не дека не ми помина низ глава од очај, ама кога поубаво размислив сфатив дека ако направев такво нешто тоа ќе ми беше огромна грешка. Во тој момент кога детето страда по цицањето, многу е жално да се остави и без мајката. Син ми беше лут и фрустриран што нема цице, ама утехата пак ја бараше кај мама. Само храбро, решително и ќе успееш. За неколку дена ќе биде одбиен, само ако си цврсто решена.
@DaisyDream Знам една пријателка стави црна лента на градите како X пречкртан и му рекла на малиот дека немало млеко, не работела млекарата веќеПробај, ништо не губиш. Јас сакам да прашам со зборувањето, гугањето како сте мајки на деца 14, 15 месеци? Што да очекувам од дете на 14 месеци , колку зборчиња? Знам дека е индивидуално.. Не знам како да ја почнам дискусијава. Еве вака, ќе пишам што знае мојата па вие кажете дали е нормално толку, дали треба повеќе, помалку,,, Знае: да каже кое животно како прави, звуците кога и барам животно на пример каде е кравата, ми ја дава в раце знае да имитира звуци како прави тато, мама, бато како рчи кога спие знае да кажи мама тата, баба, деде, дај, на, мафта за чао, вели чао,пие сок,,Друго, што мислите ?
Супер си е. Син ми на 14 месеци само џибериш зборуваше, и некои слогчиња без значење. Сега ќе полни две, оди сопри го, како навиен е.
Моево не ги имитира животните не знам јас не сум ни форсирала тоа да го знае и учи. Некаде од логопедиве читав дека малце подоцна следи зборување. Пример чао чао мафта Здраво прави Да пукне Браво Тапшин тапшин Две рачиња ја игра Како кашла мама - кашла и се чука сам да се искашла. Како кара мама? Вика "мммх ххххгмм!!!!" И прстот го пруша пред мене. Што и да прашаш Каде е слика/клима/тв? знае и покажува со гестикулација "м!" Од зборчиња Мама Тата Деде Тете Баба Дете Дај Ајде Не Ова И цел ден ломоти кинески на негов јазик. Мислам си е таман мали се сепак.. Логопедиве викаат да се учи тоа што е важно за него сега а не азбука бројки букви животни Пример : мама дали ти се јаде? Мљацка со уста и амамамам вика Жеден? Шмата. Цуце - си ццка со уста За какан викам- мама кака пелена менуваме?? И бега
@Fenix05 не форсирам ништо и јас, обични муабети си правиме, нешто мора да му муабетам, да се анимираме. Исто, знае предметите во собата кое каде е и покажува со прст. Наше е да стимулираме говор па кога ќе почнат тогаш..
И јас вака, денски не цица веќе неколку недели, ама ноќе уште сме со 2 3 подои, чиниш бебето мало а тој 17кг е, претежок е, 19 месеци. Од левата е одбиен еве веќе 5 дена немам дадено од неа, нема, не се полни поќе, сега останува да поплачи неколку ноќи, а мислам дека од вечерва ќе биди, таман сум дома 2 дена. Ноќеска мн тешко поминавме, деф е конјуктивит, цел беше залепен во очињата, 2те, одма капнав тобрадекс, исчистив со физиолошки, ама рикање ооо многу плачеше. Башка нос полн со секрет, од конјуктивитот и тој, па добри сме 4 дена издржа во градинка, денес е дома. Таман да помини викендов и од понеделник пак, јово на ново денес и до матичната да го однесиме да го види, оти и пак ко ларингитично кашлаше. Не ми текна да дадам парацетамол за болка, можи од болка плачеше плус.
Генерацијо и мојов нема зборчиња, мама само, и тоа некад меме ме вика (по цуцлата така ја викаше, и како згрешив што прво неа ја фрлив, сега јас во меме се претворив. Не знам зашто мислев полесно е да го обијам од цицање, него од цуцла ). Ам ам за јадење, и тоа ретко, толку сака да јаде. Мао- така правело мачето, аааа - за кучето, како се викаш- Ање И "Ајде" вика. Е тоа зборче го обожава. Све друго е баш џибериш, на негов јазик. Важно сè разбира, комуницира невербално, покажува, со ммкање и ржење, не знам дете или лав дали имам дома
Кај моево со овие симптоми бактерија во нос испадна и да си ја пренесува и на очињата. Чисто да си знаеш како опција, не значи дека е тоа.