Па можно е, пошто в градинка оди.. Ама нема кај нас за испитување, за брисеви дури понеделник Битола треба да одиме, ако не поминува.
Сваќе, како ќе се разбираат мојов и твојата за бои? Ќе треба картички у бои да покажуваат, еве ваква? Или како ја и маж ми, што се му е драп? (Поима немам која е таа драп боја иначе) Еве уште некој месец 3 ќе наполнат, таблица попрво ќе научат него бои, се откажав веќе и да ги учам
Нема да се разберат сваќе Јас ја учев која е љиљакова боја и се избаци маж ми со розево нешто и вика ЕТЕ ОВА Е ЉИЉАКОВО. Викам доста затни се, и онака не ги знае боите уште ти да ја буниш. И ме гледа "Па ова не е љиљаково?" Ауууу кај те земав без да знам дека боите не ги знаеш бе другар
Секако дека така мораше да се одвива. Качи и блага температура. А носето чешма. Веќе не дава ни да му го бришеме, му стана црвено носето. Сношти се будеше често и на крај успеав на перница да го подкренам и спиеше каде каде помирно. Ќе видиме оваа вечер како ќе биде. Инаку има ли нешто ефикасно да му потсмири тоа течењето на носето. Прв пат си го гледам мрсулаво детето до уста. Жален е. Само ми вели мама спавамо лежимо. Од што не е наспан како треба. Душа мала
Со што се играт вашите на годинка? Откако прооди веќе месец два само оди, пробав и ротирав играчки.. Само со топките знае да се заигра, да ги фрла. Кола вози и тоа. Читаме книги со зборови, знае како се чешла, знае да донесе и даде одредени работи. Ама сам да се заигра многу тешко..
Еве година ипол има, сега знае да земе да се заигра со некоја кола или камион и се тоа трае 15минути максимим. После морам и јас со него, а ако го занимавам можеме цеел ден да сме на подлога
Со ништо мислам не играше самостојно или долго време тој период. Баш онака ќе фати нешто, минута, две, па на следна играчка и така. Тек после година и пол, после 20 месеци детево се занимава со повеќе работи. @LiquidLuna , @le.soleil , мојов маж е во фаза, немој да го учиш детето плава, кажувај Сина, не лиљакова, учи ја виолетова. А од друга страна сите нијанси на црвено, портокалова, розово, му се црвени. За среќа не се метнала ќерка на него. Веќе разликува неколку бои. Ќе ги изучуваме полека и другите.
Заспивање најкасно до 8 е супер, но будење во 5 и 15? Ако спие повеќе преку ноќ, после не може да заспие во градинка и ги буди децата Треба да си ја прочитам книгата Клубот 5 наутро и да се навикнам
До 9 некако да издржите? Ти пишувам јас станата во 5и37 Уствари знаеш што? Нашиве деца се спремаат за промената на саатот па затоа сеа стануваат порано, нив излеа порано им се сменил саатот у глава
Ич не ми текна на ова. Еве сме и ние будни од 6 наутро. Веќе немам идеја што да се прави. Да сака да седи пред Тв ако не и пуштам долгометражен Дизни 1+ час да гледа еве. Ама и за тоа сега нема интерес. Ајде уште бар еден час да се провртиме низ дома и да фаќаме парк, игротека, што да е
Од 5ч 2 дена со ред станува, денес некако презаспа до 6, заспа 9 о нешто, плачеше и ноќеска, аман ми се вика, излезете 3ки Цицаше само еднаш пред спиење сношти после не дадов ама и не бараше, вечерва нз како ќе биди, сакам да пробам да го заспијам да не давам ич. Држете среќа
Ајде да биде успешно, пуштам среќа. Па да оздрави синко и ја му укинувам тоа едно цицање што го имаме ноќе.
Добро мајки кажете ми дали јас сум ненормална и не сум во право или свекор ми. Значи има еднен мал дел од дворот со малце земја и детето знае со камиончето таму да копа и да си фрла земја. Свекор ми е контрол фрик и му се кара на детево што копал дупки. Јасно ми е нивен двор нивни правила, ама како мисли он дека јас можам да му објаснам на детево да не копа кога му е интересно. Не дека ископува два метри дупка, мала е и обично јас ка закопувам пак после. И сбајле од кожа ме извади. Детето си игра и он он ми збори да не откопува тука да закопува. Детето секако дека не то слуша и он на крај стана изнервиран видно и вика да му ебам мајката бе деде послушај нешто кога ти се збори. Јас само го зедов детето и влегов дома, морав да излезам на работа ама вечер ќе му кажам на мм. Стварно крајно ме изнервира ова. Што мислите како да постапам.
Да му кажеш на маж ти. Да им се невиди некој пат значи. Срамотилаци. Наместо да се среќни и радост да им носи дека внуче дома им ровари и пакости право, они глупости. Децата, најмилото да ти е во куќа и пред очи и да мрчат. Да му јадат газот е тоа. Кај нас во кујната ѕидот е цел измачкан, изборен, измрсен и многу ми е убав. Така им велам и кога ќе ми искоментира некој. Будали. Демек стари и поумни треба да се. Ахам.
Свекор ми е ист, пази таму немој пиперот ќе го скршиш, пази таму патлижаните, пази ќе падниш, пред куќа е градината и се сади, тоа се убаво јадиме се домашно ама претерува, јас ретко седам пред куќа, горе на тараса си седиме, големка е има место. А во пролет, лето претежно шетаме не сме дома. Иначе исто сум постапувала ќе го земев и внатре ќе си влезев.
Ти си во право. Е заради вакви дешавки не ми се живее со стари. Колку сака арни да се, две три генерации не се за под ист покрив и тоа е.
Па и мене, затоа и одвај чекам да си одиме назад. Ама па Бела не мислев дека до толку ќе се. Значи моите цела игротека ви стан му имаат направено, овој за една дупка бе, дупка, во толкав двор, не можам да сфатам.