Пробај да не се нервираш, иако знам дека е посилно од тебе. Знаеш како викаат, на криво дрво и жарта му е крива. Ние на два саати ќе отидеме еднаш во две недели па ме вади од такт стариот, ама тоа е. Они па се во друга крајност. Некни малово им ја демолира цела куќа, им извади сѐ од шкафовите и почна да фрла. Јас му викам немој така не е добро, а дедо му ‘некаа гооо, нека растура’. Е како викам нека го, тоа дете треба да знае за граници. Дома кога ќе прави лом ти ли ќе дојдеш да ми чистиш. И на тоа добив одговор ‘ќе чистам, мене не ме мрзи’. Демек сака да каже мене ме мрзи. И си преќутев за да не биде голема. А и едноставно имам сфатено дека со него никој не излегол на крај, па нема ни јас.
Разговарај со маж ти. Би разбрала да крши нешто, да чкрта по ѕид, да уништува посадени цвеќиња или овошје/ зеленчук. Тоа веќе е разбирливо и да му пречи некому. Но, да копа дупки е толку небитно, а детето среќно. И да, треба да разговараш со маж ти. Дома кај нас, не го карав кога вози трактор, во негова соба имаше чкртнато итн. Сега е голем и не прави такви работи. Искречивме и тоа е тоа.
Ти си во право. Изгледа само мојот свекор е опуштен до бескрај. Се му дозволува Ама затоа свекрвата е контрол фрик да не речам Небо земја се различни. Тешко е со постари да се живее. Ама ти кажи си, не молчи. Јас не молчам. Не чекам маж да решава. Ако не им чини нека си бараат друго чаре оти јас никаде не планирам да одам
Вирус е ова што трет ден по ред еднаш дневно ми крева температура? 2-3 пати ми и поврати, а столицата е прилично нормална, 1-2 пати дневно, само што е по мека. Грло океј, гради океј, крв и урина океј... За колку време минува? Температурата оди до 39, ама дадов и на 38 Далерон оти многу ми клапнува. Првиот ден толку беше летаргичен што ме преплаши и само ради тоа го однесов кај матична.
Со шприц да пробаш. Иначе во право си. Дете е нормално дека ке игра што да прави да седне ма стол и кафе да пие? Богдачувабе. Во право е Бела, не се 2 3 генерации за под ист кров, иста песна сме и ние се му дозволуваат кога се со него он прави беља они се смеат он мисли којзнае што арно прави и после се тоа му е во глава, дојди докажи им. Ама јас за друго се нервирам, едни планови имавме се наопаку отиде. За тоа некогаш друг пат.
И другата крајност се пресекува одма: не и крај. Јас пресекувам секаде, не може никој да поткопува мој авторитет. Син ми е поголем па е поопасно, повеќе разбира, ама со ова разгалување се почнува од мала возраст. Мојот збор е последен. Ако кажам нема, нема и крај е.
Така е. Јас имам поставено граници за се. Ако почитуваат сега покасно и кога ќе се иселат ќе го гледат секој ден ако сакаат. Ако не се почитува ќе го гледаат поретко. Тоа што е забрането мора сите да забрануваат, оти дете во спротивно ќе се збунува. За такви работи фала богу почитуваат сите и моите и на мм. Се надевам така и ќе остане. Ама старите со годините се опуштаат и разгалуваат тоа е ефакт. Имав случка во маркет, му велам на синко стој овде не чачкај ништо. И една стара бабичка еее вие мајките ништо не им дозволувате, мал е уште. И се насмеав од мал се учи на норми и убаво воспитување. И си излегов. Од страна на старите сме бабароѓи , а заборавиле дека и они биле исти. Може и бетер. А ги има и такви како на бројче што леле редот и мирот ми го ремети детето. Во смисол јас изгледав деца и толку, сега сакам мир Две крајности, ретко кој се златна средина. На кој какви се паднало, тоа е, промена нема. Пријателите може да ги бираме ама фамилијата не. А животот е така краток што мој совет не се замарајте многу, држете се до своето и капата на страна , а тие како сакаат
Во петокот сабајлето окцето му беше малку отечено и залепено. Се јавив на матичната и одма почнав Тобрадекс и веќе нема ништо. Она ми рече да ставам пет дена, ама не знам дали да ставам или да прекинам зошто му е исчистено. Што мислите? Не го однесов зошто вака си е свеж, си јаде, само носето му тече ама тоа си е стандард. Оваа недела ќе си седи дома, мајка ми ќе дојде да го чува. Во вторник одиме во Италија на роденденско патување, па да го исчуваме дома и да си биде здрав се надевам.
Не прекинувај. Зошто после може да се случи да не делуваат. Ќе бидете добро и најубаво да си поминете на роденденското патување
Кај мене е ваков татко ми. Дома кај моите е стерилно, човекот нема ставено шајка во ѕид, се е бело. Кога и да сме МК и одиме на гости, секогаш е не таму, не чепкај ова, немој телевизорот, зошо сега ова. Еднаш ме напна и станав се собрав си заминав сосе дете. И јас му викам отворено, или ќе му дадеш слобода на детето да биде дете или ќе се гледаме надвор во парк, кај шо ќе може да истражува. Јас не викам дека е ок детето да прави хаос и да уништува работи, ама на крај на денот е дете и е љубопитно. Тука во градинка нели цело време се надвор, сум праќала слики како најчесто го земаме во градинка, цел од глава до петици закопан во песок. И секој ден чистам скафандери, чизми, усисавам песок на влез. И кога и да му пратам слика, човеков место да ми каже Еј супер што децата имаат активности и им се дава прилика да бидат деца, он секогаш ми вика Епа кој ти е крив што го запиша во таква градинка, сега чисти си и не се жали. Бог да чува.
Друго прашање. На малиот пасошот му истекува во Август, нема 6 месеци пред истек. Јас мислев дека треба да има 3 и си спиев на тоа уво. Ама сега сестра ми ми направи стрес, немало да не пуштат, да сме ваделе по брза постапка. Има ли некоја сигурно инфо како е точно, пуштаат ли или евентуално број на кој што можам да се информирам? Не ми се даваат сто евра за брза постапка, ама ако мора…
За капките веќе ти одговориле, продолжи со терапијата. За пасошот ако не сум грешка мислам имаше пишано Италија дека одите. Овде вика 3 месеци https://www.italia.it/en/italy/practical-information/travel-document-italy
Конкретно да и јас сум за тоа да не му се дозволува се, за некои работи строга сум и јас, а и моите и свекорите не дозволуваат да прави се и се има граница. Ама ова побогу е играње со песок, мислам не дека копа два метри дупка или дека ги уништува цвеќињата и бавчата. Тоа секакод не би го дозволила ниту јас, ама земјичкава е буквално мал дел кој предходно го ископале веројатно кучињава и он таму си копа, после секако јас ја затрупувам. Значи имаме огромен двор, а на детето во него не му е дозволено да биде дете… Кажав вчера на мм и рече дека ќе земе две вреќи песок и ќе му направи сендбокс. 3м е, не си прави стрес џабе. @Lavender13 ист е и свекорот, има некое окп искрено, дома како што е средено не смее да се помести ништо со години, годинииии, значи ако детево земе некоја играчка од горе и ја донесе долу да си игра, човеков ја бара да ја вратиме, верувала или не. Болест.
Секако не можеш да седиш во друга држава подолго од 90 дена, зошто би барале пасошот да е важечки повеќе од 3 мес? Немам искуство, ама по моја логика треба да е 3 месеца, не 6.
Мајки, утре е во план да се става мрп. Кој критериум го бркавте за крвна слика и што од симптомите се појавија кај вашите деца? Има ли некоја hint што помогнало да се ублажат? и колку време после мрп ги пуштивте во градинка? Фала ви