Првото дете ми е 6 год и сеуште не спие на перница. Има, ама едноставно не ја користи, иако бара да има. На 3 години и дадов кога почна да спие на голем кревет. Малото е 13 месеца, исто немам намера да му ставам перница додека не побара сам. Двајцата спијат претежно на стомак, како татко им, верувам и тоа е фактор.
Од пред еден месец користи зошто идеше да спие на нашите и пред заспивање ни ги зимаше и покажуваше знаци дека сака. Зедов од дормео алое вера анатомска перница, има опција да се вади памукот и си ја прилагодуваш висината. Јас го извадив сигурно некои 90% и ептен убава излезе за прва перница многу ниска, речиси како да нема ама тој е задоволен дека спие на перница Препораки за неа позитивни, ја чекам пак да падне на цена и да ја земам и на нас. Вака скапичка беше јас ја зедов за 600 денари за блек фрајдеј
Здраво, се префрлам овде бидејќи направивме 12 месеци. Кажете ми некои работи што треба да следам за следниов период за неговиот развој? Сѐ би ми било од корист. Исто сакам да ве прашам, ни се поремети спиењето. Не оди во градинка, има две дремки, ама почна да се буди во 5. Вади втора двојка, одбива да јаде исто…. А да, и во скок сме ))) Треба ли да спие на перница? Што треба да купам за него сега?
Ние не користиме перница. Периодов болен е и пробувам да го поткренам на перница ама не прифаќа. Инаку имам читано дека дете е спремно за перница во случај кога лежи на страна а главчето не му е во линија со телото, туку како клапната надолу му иде, свиткан во вратот. Ако најдам слика ќе постирам. Инаку синко мрсолав веќе неколку дена. Едвај спие ноќе. Чистам нос колку што може со носко, прскам спреј физиолошки и наривент, го мачкам експулмо маст. Но ете сношти и ларингит си фати. Ќе го носам на лекар секако. Се надевам дека е чист на гради па да не добиеме антибиотик пак.
Ние сме 19 месеци и веќе два дена некако омалаксан и носот му тече, валјда од мене го префати ставам спреј за нос ама се мислев дали да му дадам Виранто сируп? Или имате некоја препорака за сирупче или витамини, не сум давала до сега ништо плус освен д3 со омега.
Не сум давала до сега Виранто. Чисти го носето редовно, ќе помине за неколку дена. Ако гледаш дека не се подобрува, крвна слика за да се види што е. Сирупи не би давала на своја рака.
Мајки off topic. Дали треба некаква дозвола од полиција ако детето патува само со мене надвор од граница? Дали треба полномошно од другиот родител?
За која држава е? Одредени држави бараат и 6 месеци. Пример Турција. Најдобро е да прогуглаш или во амбасада да прашаш. Не е универзално правило. За Шенген зона е 3 месеци. Турција Египет Емирати е 6 месеци.
Пак црвено грло. Аман ... Нешто како не зареди. Втор пат антибиотик. Сега пак борби плачки за да пие. И плус инхалации со пулмикорт еднаш навечер. Е за тоа тек има да биде борба. Нос чистам на сила, капки ствање на сила. Сега и ова ... Да ми дава бог сила да го совладувам и да помине побрзо, оти па како е кенкав и само по мене е и в раце ми е. Капнав
Можам да кажам дека официјално е одбијан малиот петокот вечерта последно цицаше. Не бев уште спремна изгледа ама сепак планирав пролетва и ете се заврши уште една доеничка приказна која траеше 19 месеци. Мене ми е многу тешко признавам, сега ми се плачи дур пишам, многу ми е тешко овај пат со второво. Петок поминавме ок, цицаше за заспивање и толку после еднаш стана во 4 и не му дадов со нишкање го презаспав. Др ден сабота вечер, пробувам со нишкање не оди, плачи, се мава, се фрла наназад премина во тантрум... После одвај некако заспа со мм в раце, дури во 23ч. После ноќта беше јакото, пак во 4ч стана, го зедов јас, дотогаш со мм спиеше, не се смирува бара да цица, плачеше мнооогу, премногу, од 4 до 8 и пол плачеше на 20 мин, в раце кај мене цело време, ако го оставев се будеше и плачеше поќе си плачев и јас со него. Многу тешко таа ноќ, вчера и преку ден ми побара ама му велев дека ме боли, дека нема поќе млеко, ок поминавме, сношти пак за заспивање никако не се смируваше, ја викнавме свеки таа го заспа за 10 мин. Потоа во 3ч стана и јас го презаспав в раце, малку поплака ама не долго. Спиеше до 7 и пол денес. Така да си велам дека најтешкото го поминавме и јас и тој. Вчера малку се одмолзив оти мн ми беше тешко во градата, еве денес полесно ми е, ако имам мака до вечер пак малку ќе одмолзам. Сиве дена жештини ме фаќаат ама не сум кренала тт. Со првото беше полесно, не бараше тој а и помал беше 14 месеци. И него тогаш заради здравствен проблем го одбив непланирано наеднаш иначе сиг ќе се влечев и поќе На крај, уште 3 родам ќе ги дојам ете тој тип сум јас тешко, мачно ама преубо чувство. Иначе не планирам поќе да раѓам можи и затоа потешко ми беше ова одбивање
Големиот на 3 год прележа, имаше тт неколку дена, осип имаше само во устата, неможеше ништо да јади, плачеше за јадење и штом ќе ставеше нешто в уста плачеше и плукаше. Така помина, после месец-два му се се луштеа слоеви од ноктите, имаше и дерматит плус херпеси, многу му го турна имунитетот.
Ние да ве почастиме торта вчера направивме 2 години. И да ве прашам како се справувате со тантраумите кои се на најако посебно одткако бев во болница и се породив и не бев дома скоро 2 недели малата плаче страшно што предходно не беше толку изразено сега додека не добие тоа што сака не прекинува се фрла,вриште мава не можам веќе страшно е ова пробано до убаво,со игнорирање не помага никако,предходно ќе се насмеев и готово ќе поченеше и таа да се смее престануваше,има изгубено ред на спиење на јадење на се,незнам што да направам,па и капак на се до сега не беше болна сега ја фати и стомачен вирус среќа 2 дена само траеше,па денес ја пратив во градинка,ми се јавија дека кашлала има задински мрсули,утре ќе ја носам на лекар денес немаше кој да ја однесе.Најмногу се плашев од ова за во градинка ама не можам со 2 дома.
Среќен роденден. Тантруми и мојов има ама да не го урочам како малку да се смири. Кај вас се може поизразени од целата ситуација во која сте. Си бара внимание. Имајте трпение друг совет немам. Зошто и сама не најдов начин да го смирувам кога ги има. Игнорот и кај нас повеќе не функционира.
Мамасити инхалациите имаат ефект кога плаче корни за време на нив? Се одра од плачење. Едвај го додржав. И само мама мама нече готово. Душата ме боли што морам да го малтретирам. А пуштив и омилен цртан ... Ма јок џабе.
Може ли ушињата да се воспалат од тоа што вади заби? Четирите тројки ги вади од еднаш, две веќе пробија пред некој ден. Сабајле кога стана беше кенкав и почна да се фаќа за увцето и да вика ‘мама уше, мама уше’. Го однесов одма и тоа увце што го фаќаше е воспалено. Одма почнавме со капки Тобрадекс, исти како во окцето што ставаме. Докторката рече дека ќе пробаме локално па ако не бива ќе даде орален антибиотик. Има ли шанси да се среди само со капки? Он од сабајле се нема пожалено дека го боли. Btw не ми се верува дека детето ми порасна и само ми кажува што го боли.
Кај нас коњуктивит и воспаление на уши, помина само со капки во очи и уши, не дојде до пиење антибиотик.