Биодерма користам најголемото шише скоро 1 година ми трае а бањато ми е детето редовно ако рачунаш вкупна цена поделена со број на користења, не е скапо
Мустела користивме подолго време и сигурно едно големо шише па и 4-5 месеци ми траело, со редовно бањање тоа. Моментално од Bellina козметика пробувам и Corine de farme од Зегин сум пробала. Ама вторава не и одговара многу на ќерка.
На бејбилав шампонот од раѓање, прво ултра сенситив, после тој со камилица. Лосион малку ретко на хип ставам.
Исто, за големиот ја користам Биодерма од 2 месеци, сега е 6 год, цела година ми трае. За малото веледа користам и досега за 19 месеци имам потрошено 2 паковања. Целосно ги капам 2 пати неделно, газе мијам секој ден. Ноќеска ја преспа цела ноќ, не стана ич, мрдаше, се превртуваше ама спиеше не ми се верува уште и не сакам да се радувам пред време. Јас навикната да станувам, се будев и неможев да презаспивам само да не се врати несоницата ама веќе не дојам па ќе си барам чаре ако треба и со апчиња.
Аман бе, да не се бањате и вие со мустелата? Јас користам 750мл точно 9м, односно ова ми е трето шише откако е роден а ќе полни за некој ден 2г и 3м. Почнав со Алверде, сменив многу кратко го користев, дали 3м, потрошив 2 тубички зошто лошо многу беше и течно многу лесно течеше. Толку. Се мие газе и мишки секој ден, еднаш пумпам за газе, еднаш за мишки и раце замивам со иста сапуница и толку. Бањам целосно во среда и недела и тогаш, една пумпа за коса и лице, глава цела, една за телце, една за газе, една за ноџиња. Толку.
Јас газе мијам на секое какање, кака мојов 3 пати обавезно (усерко го викам ), целосно капење како вие два пати неделно и пак ми трае 2-3 месеци 500 мл. И раце му мијам со таа купка. Значи ја користам баш. И не ми се потрошила толку брзо како членката.
За едно миење 4-5 пати стиснуваш? Не ли е многу мама тоа? Никој не те напаѓа, туку се преслушуваме. Мене ми делува дека многу ставаш. Јас еднаш стискам за раце. Убава сапуница се прави и доволно ми е. Исто миеме раце доста често. Деца се се валкаат, нормално нели.
Ја бањам комплет со коса веќе и е баш долга, со цело тело, секој втор ден и пак месеци поминуваме. 4-5 пати за цело тело трошам, не само за раце. Баш прави пена мустелата. За раце обичен течен сапун што имаме во бања.
Јас така едно добри 2 недели, станував. Ела сеа да станам, спиам ко заклана не можам да се освестам кој ке стане сабајле
Ооо дај Боже да ми се среди сонот, ќе частам ама не ми се верува дека не стана ич цела ноќ мене и млеко не ми иди поќе, само еднаш одмолзив неделата и толку. Ама жештини што ме фаќаат сиве дена, вчера помалку, првите дена многу како во климакс што се жалат Раце го мијам ко ќе си дојди од градинка и толку ако е дома после цел ден не го мијам, освен ако не се зашлака со нешто И нормално ако е надвор секое влегување дома го мијам. @јolene сваќе кај сте вие, ве нема?
Мамасити лусион/млеко за тело користите? Се мислам да му земам што има од дм на babylove. Дали имате користено. Сакам лесно да се размачкува.
Мустела стискам пумпица само за газето кога го бањам и ако е во корито една пумпицс. Плус го мијам газе на секое какање значи да речеме 3-4 пумпици во денот и ми трае повеќе од 3-4мес.
На мустелата исто. Макар што после бањање ставам. Не ја шлакам на секое. За станување ќерка повеќе од 5 месеци не станува ноќе. Долг период ми требаше јас да се навикнам да не станувам. Т.е сеуште јас знам да станам и да видам дали е покриена или не.
Користиме да, земи си од Uriage, јас сум презадоволна. Прв пат само купив Мустела и после веќе не, нема споредба. Јас си викам се додека јас го мачкам, убав ќе си е и мазен со најмеки образи. Исто и за лице имам од Uriage. крема.
Не на малото воопшто, ниту еднаш досега не е мачкан со ништо. Освен на одмор со фактор. Додека па првото дете од раѓање со атопичен дерматит е, за него уште биодерма атодерм лосион, таква му е кожата него, цела зима е со егземи, дури и кортико мачкам по потреба. Значи ако нема потреба не мачкај ништо.
Оф топик ама како миете само газе на тодлер после какање завршуваме истуширани и двете од глава до пети