Пишува дека смее, иако мене некако ми е страв од сирупи. Да не направам полошо. Вас ви има ли помогнато овој?
Јас давав на првото после 2 год, сите години тој го користам Лихен форте, после 2 оти тој тогаш почна в градинка и тогаш почна со настинки. На малово му дадов еднаш зимава. Иначе и моево е со течни мрсули, од 3ките ќе да е, оти сите заби со мрсули ги извади. Значи премногу го измачија, аман, дадов и блокмакс малку пред спиење, давам и осанит и џабе, раце цели пикнати в уста и течат лиги Сношти имавме пак лоша ноќ, премногу плачеше пред заспивање, ајде заспа со мене, после во 4ч како ноќен терор да имаше, се плашеше в сон и стана и премногу плачеше дури гласот му се фати и почна ларингитично да кашла, дали од плачењето или ќе излези пак некој вирис ќе видиме. Го оставив дома.
И моево плаче ноќе последниве 2 вечери како да липта не знам подруго како да го опишам. Ем спие ем цел е напрштен и плаче. Кај моите сме ама предходните вечери не плачеше па не верувам до тоа да е. А и не му е прв пат да спие тука. Вечер ке одиме дома па ке видам дали пак ке плаче.
Колку траат плачките навечер за цице? Година е дете. Секое сабајле у 3 станува, вчера го заспивавме со маж ми од 3 до 5... Вечер е ноќна не знам дали ќе можан сама..
Бевме на контрола. Подобар е. Да го допиеме антибиотикот. Инхалации нема потреба веќе. Уште малку носето го зафркава ама минува. @Bella_Stella како сте вие мами. Бевте на контрола?
Кога се буди навечер сака да цица, со песни нишкање се расонуваше сношти.. Преку ден заспива нишкајќу и не бара.
Бевме мама. Увцето е добро, уште два дена ни кажаа капки да ставаме. На плуча е мирно, нема наод. Ама носот е чешма, вода му тече не се сопира, лиги плус. И од окцата пак ко жолт секрет му се прави, не знам што е сега тоа, ако знае некој нека каже. Јас ставив пак тобрадекс од што не знаев шо да правам, а пет дена ги примаше, вчера сабајле ги завршивме. Денес му се појави поручек кога веќе бевме вратени од болница. Не му дадоа ништо освен инхалации со синомарин. Јас земав сируп Хербион од исландски лишај и плус сега пред спиење му дадов Рупафин, па да видиме. Забите ја прават цела збрка, уште две тројки се мачат да пробијат. Нигде не ми се брза, обожавам што е тодлер, ама кога ќе ги извади сите заби ќе славам во кафана жими се!
И мојот е иста возраст, ама од раѓање до сега се буди за цицање. Цица и продолжува. Се расонува само кога е болен, го мачат заби или скок. Провери 4ки да не му растат или 9ти скок да не ви почнал. Инаку преку цела ноќ спие? Не се буди воопшто?
Ќе дојдам и јас в кафана за поддршка, и за други маќи со синко. Со заби немавме некој проблем. Ама затоа спиењето му е хаос. Се преживува луѓе, не се буди да цица, ме тера да шетаме низ куќа и исклучиво во раце да ми е и да стојам. Не смеам да седнам. Кај никој друг нејќе. Капнав буквално. Кога ќе заврши ова лудило не знам. Ама и јас ко ти ќе славам.
За цицање се буди ама сакам да го одбивам и мислам од ноќните да скратам па после само ќе ми остане утринскиот и тој пред ноќно подој. Проблемот е шо нема преспиено ни една вечер и не се издржува веќе. Сега станува минимум два пати. У 8ми скок е сега, излегуваат доле 2ките ама многу е ако чекам сите заби да му излезат. Ако цица коха ќе стане одма заспива. Ама точно станува у 3 сњкоја вечер шо мислам од навика е ..
Охх рано е за неиздржување.. мислам дека во оваа тема нема мајка што на година детето и спиело цела вечер Иначе, прво дење треба да се одбие, па после ноќе по правило. Ако тргнеш да одбиваш нема назад, затоа или темпирај кога е маж цело време дома или издржи. Иначе после годината скокот знае да е многу терсене и одбивање за време на скок или растење на заби според мене е погрешен тајминг. Тоа човече мало поминува низ огромни промени, болка, бара утеха и сигурност највеќе во тие периоди и мислам дека не му е потребен стрес додатен, но на крај одлучувате вие.
Се согласувам со Бубиш. Избери период за одбивање кога нема да е во скок, да вади заби или да е болно. И точно дека прво е посоодветно да се тргнат дневните подои, па утринскиот, па тој пред спиење и ноќните. Тешко дека ќе успееш ноќе да не даваш ако даваш преку ден и за спиење. Погрешни сигнали ќе му праќаш само на детето.
Јас ставав 10 дена ама препишани од специјалист. Му отече окото и црвено му беше, плус и маст навечер стававме. Инаку мислам дека може 7 дена да се ставаат. Кај вас штом има толку секрет од носот му доаѓа. Да пробаш да ставаш во нос? Мене така ме советуваше матичната за малиот кога имаше секрет од очите.
Смее ли тобрадекс во носот? Прочитав сега упатство пишува дека смее до 10 дена во очи, он примаше 5, ќе продолжам уште 5. Се нервирам многу, и температура качи сега, а кашлицата од сува како да станува влажна. Во вторник треба да патуваме, а сега види што се случува. Како за инат секогаш во петок се глупостите, а во понеделник па и неработен ден е. Не знам, немам памет што да правам. Се нервирам ептен.
Пиши плус една мајка за во кафана. Би ти препорачала ако има опција во болница за крвна слика и брис да го однесете баш ради патувањето. Кај моево со овие симптоми испадна бактерија. Не значи дека и кај вас е тоа.
И моето е со коксаки. Првите мозолчиња му беа во понеделник во пеленска регија. Се исфрлаше до вчера,значи 5 дена. Ние со ништо не третираме. Единствено може со хиперманган рече матичната,ама кога мм ја наполни кадичката со розева боја дете се исплаши и не сака да се бања така. За во грло прскам прополис. Докторката рече кога излегуваат мозолките им е мака,тогаш може Б6 таблета. За јадење по неутрална и мека храна. Каков шампон користите? Користиме корин де фарм,ама некако му е сува косичката.