Веројатно имаш пробано да спиете со запалено светло? Не мора во соба, во ходник на пример и отворена врата, да не се плаши кога ќе се разбуди во темница?
Имам светилка како маче. Не сака да му свети. Бара да ја гасам. Не е до тоа. Не знам што се немам пробано. И не можам да увидам што му смета. Веќе помислувам греењево иако на одржување дува дека му смета тоа. Треба да пробам да го гасам скроз, ама пак на крај нема да спијам зошто се ќе е откриен, како и обично. И затоа работи греењето. И да се открие да не му е ладно. Не сум паметна искрено. Ама тешко е
Доволно е, кај моиве ларингит така лечиме со инхалации, последно сега малово само еден урбазон прими ноќта и 1 инхалација таму во итна, после само Лоратадин 5 дена пиеше па му помина. Сега еве го пак е болен, почна со мрсули па кашлање со шлајм, вчера и тт почна да крева, пак до итна да го видат, грло црвено на плуќа чист. Ни дадоја антибиотик, и се јавив на матичната рече да почекаме, ноќеска крена на 2 сати, што е многу рано, од 2 и пол парацетамол во 4 и пол пал почна да крева. Па ајде некако до 6 и пол го држев раслечен па тогаш му дадов блокмакс, во 9 почнав со Алмацин, така рече матичната, ама овај пат е многу полошо, мн кашлицава ме плаши, викат од мрсулите е, секогаш чекам за антибиотик ама овај пат осеќам дека е, а нема пиено ант од на болница ко лежевме од октомври. Сега еве пак крева, треска има моментално, в раце ми спија.
Од прв ден заедно ги перам алиштата од сите, со ист прашак (не детски, Ариел, Персил... некогаш и капсули, црните со течен) досега немал проблеми со кожата.
Никогаш не сум перела посебно алишта, дури ни кога беа бебиња, сега па ич. Прашок или течен зависно што перам, најчесто од ДМ ги земам. Омекнувачи не сум користела и нема ни да користам, ужасни се по здравје. За флеки Омино Бјанко, по потреба прашок како Вениш во фиоката со обичниот прашок.
Дали некогаш ви трчаат децата на прсти? Правен редовен ортопедски преглед кај Талевски пред некој месец, сѐ е супер. Но минативе недели почна да поттрчнува на прсти. Израснат е бос, носи топлинки во градинка. Не знам дали има простор за секирација
Има фаза кога мора да оди на прсти, дел од нормален развој е. Проблем е само ако не може да стапне со цела нога. Инаку е нормално.
Моево второ е еден месец и како можело да се спие на галама, а за првото мува да поминеше се будеше. Грчеви по цел ден вришти, нормално е. Цица 5 мин, нормално ми е, сигурно внесува се што треба. Со првото бремена кога бев за секоја болка трчав по лекари, а со ова се е тоа нормална болка. Првото обавезно со машни и триста глупости го изнесував од дома, ова само ми е битно да е во чисти алишта. Првото не оставав да плаче, ова си поплакува додека да го завршам почнатото со големото. И сега сфаќам дека скроз изгледам како немајка за второво.
Со фрош, прашок и средството за флеки. Имам и други пробано ама фрош дефинитивно ми е најдобар. Омекнувач не ставам. За патики, има едни на рибок ги утепа од носење а купени на попуст 700-800ден, за трчање се. Пери носи буквално. Имаше адидас бабл што се тие поклон му ги донесоа и тие лесни убави се. И сега најк му земавме бебешки се напред како со ѓонче подкренато, ептен лесни изгледаат и оди убаво во нив. Ма да најубаво гази во рибокот според мене. Имаш попусти сега во мегаспорт можеш да одбереш нешто убаво а не скапо.
Јас ги гледав тие бабл ама некако како да не се виткаат. Макар што не сум ја пробала ќерка како ќе оди. Треба со неа да почнам по продавници за обувки да шетам.
Убаво одеше, трчкаше, ама ептен точен број му ги имаа купено и 2 месеци ако ги проносе, како нови останаа.
Женски мисија одбивање-failed на велико. 15 месеци скоро е мали. Викам 3 дена дома, сега му е мајката. Прв ден, намачкав сенф. Си го излижа си продолжи. Намачкав оцет, ко ништо да не сум ставила, си продолжи да цица. Наредните денови проба маж да го успие, рикаше мама мамаааа и плачење до зајдување без прекин долго време над пола саат, викам ќе се умори ќе му заспие, јок. Пробав еден ден и кај мајка ми отидов, пошто супер заспива со неа. Ама џабе. А дојде време за спиење иста приказна. Заби иначе мислам вади 4ки веќе 100години отечен е модар а никако да пробијат. Да никнат па пак ќе се обидам... ете тоа. Тешкотии.