Кај ги има? Баш barefoot се пишани? Да видам и други бои ако се наоѓаат. @AngelOfArh Edit: го гледав јас овој модел ама во градов ги нема кај да пробаме дека немаат ни лепенка, ни врвки. https://www.dsport.mk/deca/obuca/za-bebe-0-4/monofit-minnie-i-ih6313 Мислам ќе треба кнап број да земаме, да не и испаднат
Не знам зошто не стои никаде како barefoot , кога на гугле тогаш кога гуглав ми излезе баш овие дека се такви. Им нема рамни, предобри се, одобрени ни се и од ортопед. Ќе најдам линк ќе ви пуштам.
Ги имавме црните најк и предобри се. За лето пак ке му земам,сега не му земав такви дека се платнени,не ми се за дожд. Сега му земав спомнав скечерс, тие се како обложени со кожа, еве слики подолу.
Скечерс имаме ама баш нешто од типот на , barefoot барам. К-К и Здрави стапала немаат бројки на избор многу. Т.е бројот што нас ни треба го немаат.
Не перам посебно одамна, со прашок за деца перев до скоро, сега веќе не, перам се заедно со течен за шарени и темни за на 40, со обичен за бели на 60/90. Омекнувач не користам одамна, мислам дека тој беше причина за постојано интимно чешање и прекинав и вистина неам тегоби од тогаш. Ставам некогаш само на јакни, ќебиња и такви ствари.
Најк овие што ги пуштив ти се скоро па исти како оние што ги пушти ангел. Сите ортопеди и физијатри ги одобруваат моделите за трчање. Така да баш босоноги ако не најдеш и такви да земеш нема да згрешиш.
Исто само што моево 2ро беше премирно бебе, не плачеше ич и немаше ич грчеви, дури си мислев нешто не е ок со бебето дека мирно и многу е посамостоен од мал. Алишта не купив, само неколку комплетчиња, се носи од брат му, количка, хранилка, седиште, буквално ништо не купивме сега. Не си ни ти спремна уште, дај си време, јас така месец дена пред да го одбијам 18 месеци беше, зедов 2 дена одмор за 4 дена да сум дома па демек ај ќе го одбивам, неможев, ама бар тогаш намалив со подои, не давав денски, само навечер и ноќе. Па така 1 месец и 1 недела терав, па си реков доста е, мин петок последно цицаше, поќе од 10 дена има како е одбиен, уште ми бара, па сега дека затнат со мрсули, болен, ми е криво дека не цица, одма му се одзатнуваше носето со цицање. Јас неспремна баш го одбив и некако ко криво ми е ама мораше еднаш да се помини и тоа па така ми поминува кривото
Здраво мајки Моето малечко има 20 месеци, треба да патуваме со авион и него тоа ќе му е прв пат. Летот трае 2 часа, но сум многу исплашена, како ќе го прифати сето тоа, да не има некој проблем со ушињата итн. Споделете искуство како сте поминале вие што сте летале со бебе, некој совет дали сте давале нешто на полетување и слетување, дали сте давале пробиотик ради промена на клима, итн..Кои работи треба да ги понесам со себе превентивно, освен сирупче за температура..Секаков совет ми е добредојден и ќе ми помогне. Ви благодарам.
Уште големата носеше најк револушн и малово продолжи. Но, гледајќи ја дада мораше и она денес да купи џиџи миџи патики со светки,па одбравме скечерс и ептен убаво оди. Детево толку многу ги сака што денес цел ден ги носеше, се дур не рече нано, тогаш ги слече и гушната со нив заспа. Кај сите се јави да каже: Пати нови имам
Ништо не ти треба, само цице/цуцла на полетување и слетување и тоа е тоа. Не е страшно, не си прави стрес. Ако темпираш да заспие за време на лет уште поубаво. Имам искуство со над 40 летови со бебе/тодлер
Здраво Малата ми е скоро 20м.Уште цица,не пие млеко а останато се си јаде,пу пу да не ја урочам Ама...Не можам веќе со тоа цицањето во смисол само ме тегне ,корне за брадавиците ме утепа веќе,на секои 2-3 часа се буди,не е врзала некој саат мислам од кога беше некој месец.Пробав да ја одвикна од цице тешко оди Совет некој ,како да ја отргнам од тоа кубење за брадавиците? Некој кој е или е бил на иста "мака"?
Спонтано две ноќи со ред не цица. Нешто и не бара. Леле ако вака лесно се одбие без додатни плачки, ќе славам. Ама будењава не престануваат, и само се шетаме и нишкаме низ цела куќа. Носот пак затнат и чешмичка. Хаос
ние имаме гнојна ангина пијат оспен денес е 5 ден и уште хрчи со носон не толку многу ама сепак хрчи, дали ќе и помини со оспенот, оспенот треба уште 5 дена да го пијат или ќе треба нешто плус да и се дајт.
Мојата е помала малку, тоа го прави кога вади запчиња, гризе и тегне. Зборам дека мама ја боли и не смее така, дека треба да си цица мирно и полека, а за гризење има глодалка. Два пати кажувам и ако не послуша ја тргам. Па имаме тантрум ама не попуштам. 1-2 пати така ќе се изнарика и после прекинува да гризе (со потсетување на почеток). Тешко е ама морав да ја ограничам, рани бев целата како новороденче да имам. Инаку бевме на пат на одбивање ама се разболе лошо и излегоа 3 запчиња заедно, уште 3 се на пат. Ќе стискаме заби уште малку, ова е најтешкиот период до сега.